А не можат со СИТЕ деца да зборат? Коста не бил баш само дете. Малку пријатели имал, ама имал. Го булингувале, да, ама не е дека немал со кого збор да прозбори. Комшиите изјавуваа дека им се нудел за помош, да им носи кеси по скали и слично. Значи не збориме за дете што со наведната глава шета и бега од сите да не го приметат. Така што, може да си работат со сите деца, а не да пикираат деца. Така самите ги делат на "проблематични" и "плачковци". И ова е настан кој ги засега баш сите ученици. И да, има доста огромна разлика меѓу асоцијални и антисоцијални. Асоцијални накратко се повлечени, интроверти генерално, не уживаат во социјални настани. Антисоцијални ти се психопати, социопати и останати патологии, кои прават штета на другите. Затоа во списокот бараат асоцијални деца, односно повлечени деца кои можеби се жртви на булинг.
Ок е, се пее за настани што се случиле. Разликата е огромна, овие имаат стил, лично мене ме тера да ми е страв да го извршам истото, а турбо фолк рапот е булшит безврска тролање за дрога, пари, к**ви итн.. како успеа да им навлезе до толку во мозочињата на денешните деца/тинејџери..ги охрабрува, сметаат и убедени се дека животот треба да се живее според текстовите и видео записите на “к**ве,дроге,паре бацим”, по тежок збор од “Cringde” за ова да не има? Колку домино ефект имаше самиот настан, секој ден по нешто ново.. нови списоци на “жртви”, пиштоли на дијаболи, засрамувачки и застрашувачки тик ток видеа со играчки оружја секако во позадина со некоја песна од стилот: “Црни син грех ме прати.. хочеш мајку да убијеш”
Имаше ама не беше толку влијателно, сега ги има безброј и на мајчин јазик, уште “појако” да звучи и за децата кои не разбираат друг јазик.
Тогаш и да бевме, сме мислеле како да зафркнеме некого што не повредил, да го надмудриме со нешто што ќе го памти и ќе го боли, а денес директно кон убиство се цели.
@CameliaMiller Скроз се согласувам. Meanwhile ова ми излезе. Итс гивинг ме "saucesce svimaaa" вајб До мене ли е или ова е нормално меѓу тинејџерите/помладите денес? И едно од девојчињата од класот (тоа што даде изјава), гo отварам прееска. Активно по сториња, па си рекламира некој производ. Coping mechanisam ли им е ова, оперирани од емпатија ли се, јас ли не ги разбирам, не знам
Битно журче има. Сите испооткажаа концерти за не се знае кој датум, оти не е само три дневна жалост. Битно се журкаа и си поќутеа минутка. Браво. Секако дека животот мора да продолжи, ама барем нека не се глупираат вака. Барем.
Гледав и јас сега исечоци од лајв на тик ток од девојчето погоре соученичката. Собрани другарки прават лајв за случката, притоа се смејат, а нема ни недела од трагедијата, преживеале такво нешто, прескокнувала мртво другарче, најдобрата другарка и е една од жртвите кажуваше претходно, други деца се борат за живот уште, а до нив ништо од ова да нема допрено, како во виртуелен свет да живеат, страшно е што се случува со овие генерации.
За нив е coping механизам. Уште не им е јасно што преживеаа. Сеедно, деца 12 годишни, не знам како после настанов од дома не им објаснија малце да одморат од социјални мрежи.
Дали е тоа или навистина се оперирани од емпатија кој знае. Барем после се родителите да ги контролираат повеќе, не требаше воопшто никое да дава изјави или да објавува на социјални мрежи детали, нели би требало тоа за изјава за полиција да е, ама па од кого да учат децата кога и Вучиќ и докторите и сите пред време се истрчаа со изјави и интервјуа.
Луѓе 3 дена како реактивирав Тик Ток. Абе ова не е нормално. Значи буквално ми излезе видео од украински војник, мртов, во сандак. Нецензурирано, без предупредување за sensitive content. Имам видено доволно мртовци за мене да не ме вознемири, ама ако можеше алгоритамов од лајкувани кучиња овде да ме донесе, очигледно може секого. Е сега, инстаграм и фејс имаат доста ограничувања што може да се постира воопшто. За цицка слика ќе ти избришат. Очигледно не е случај со Тик-ток. Јас предлагам сите што имате деца, не им го бришете одма, земете видете што им искача. Озбилно. Пошто ич, ама ич не е нормално нецензурирани погреби и мртовци, пропратено со говор на омраза да им искача. Не знам кој го поседува Тик Ток, кој и да е, нема ни најмалце проблем со содржините. Јас би потпишала петиција да се банира искрено, без око да ми трепне. Прва сум за достапност на информации непречена, ова не е достапност на информации. Ова е некрофилија, а читам на вас ви излагаат дилери и проститутки, ви верувам дека е така. Ништо паметно што не може на барем грам побезбедна платформа не ми излезе. Од пола саат скролање, едно видео од малтезери. А во interests имам ставено миленици. Дефинитивно не погреби, војни и мртовци. А да, ми искочија и некои девојки (повеќе видеа), средношколки сите до една, со ботокси и чуда и лајв прават? Останатите 90% беа за масакров + рандом некој некрофилски шит. Едит: а да. Има и "Коста брате со тебе сме", "Чекај ме Коста и јас доаѓам". Боже ме сачувај. Ништо лошо за децава немам да кажам, ама... имаат ли бе родители?!
Тоа одсуство на емпатија и безчувствителност кај децата започна од генерации 90сетти родени јас од лично искуство почнав да забележувам ваква тенденција помеѓу врсниците. Некои што биле постари од мене низ муабет што сум им кажувал се чуделе со некој работи што ги правела мојата генерација, за нив биле тотално непознати ама и покрај се не бевме дотолку за никаде памтам кога почина претседателот бев шесто одделение цел клас плачевме корневме имаше молк во училницата неколку денови, исто кога почина и Тоше сите до еден плачевме и бевме во шок. Денешниве генерации не само што немаат емпатија за другарчињата кои беа убиени во масакар во кој воедно и самите беа сведоци туку го немаат ниту тоа стање на шок,неверување, тотално се оперирани од човечки вредности што е запрепастувачки. Како што одминува времето секоја генерација излегува полоша од претходната. Причини... Ги има многу веќе ги набројавме тука на темава а дали ќе стане подобро?... Искрено не верувам праксата покажува дека одиме кон полошо и светов ќе стигне до одредена точка на вриење од која сите што сме со малце повеќе свест и разум ќе бидеме се повеќе и повеќе запрепастени од тоа што ќе го гледаме допрва.
Мене кога ми почина другарче кога бев ученичка, и тоа од болест, не од ваков минструозен чин, времиња не можев да се опоравам, не па мајтапи да си правам. Стварно нешто не е во ред со генерацииве. Емоционална интелигнеција нула. Куче што е куче ќе жали по близок починат, не па човечко битие. Мора да се работи на емпатија со децата, оти очигледно изгубена е скроз (ма да тоа требаше природна човечка карактеристика да биди, ама ете успеавме и тоа да го искорениме)
Ми има излегувано погреби од деца... и тоа снимано од родителите. Најбизарно нешто што видов е во живо во болница дете буквално умира ( болно од рак) мајкава го снима и се снима како плаче...во живо... Мислам немам зборови, како и текнало во тие моменти да земе тел да снима... и после се чудиме зошто децава се такви и нема никаква емпатија..Лајвот беше пријавен па го тргнаа фала богу. И не е само тоа многу има такви си ги снимаат децата во болница во лоша состојба, бизарно по бизарно нема и тоа родител..
И мене ми се чудни тие видеа кај што ги снимаат луѓето буквално во последните моменти од животот. Ај што ги снимаат, туку која е потребата од објавување такви видеа.
Побизарен е трендот со играњето и одговарање на прашања. Имаше видео со мајка како игра, воедно одговара на прашања за смртоносната болест на нејзиното дете. Какви глуперди мајко мила.
Исто мене ми е морничаво кога се снимаат на гроб на некој близок, сепак треба да се оддаде почит на мртвите, не е тоа место за кое треба да се собираат лајкови. Премногу се изместија вредностите во последниве години
https://www.kurir.rs/crna-hronika/4...-mladenovca?utm_source=facebook&utm_medium=aj Еднаш починал татко му од инфаркт сега го апсат боже боже сапуница напраја од настаниве