Зошто би плачеле ? Секој ден умираат луѓе. Се сеќавам кога умре Тоше да жално беше ама не сфаќам зошто би плачела. Зошто не плачеш секој ден ? Затоа што секој ден умираат луѓе или тие се небитни?
Не е дека се небитни, едноставно не си свесен за нив. Ако си свесен за нив можи да предизвика низа реакции кај чоек и то е скроз нормално. САД лани имаа преку 600 school shootings и сите осеќаат нешто, жал за децата, страв дека можи да се повтори итн. Ако не се информирани за ова во Србија, нема како да осетат шо било за то, вака просто кажано.
Zavisi i kolku si privrzan za taa licnost i kolku ja pratis, za Tose mi bese zal no ne placev, ednostavno ne go pratev, ne go slusav a i mi smeta licemerieto na ostanatite, posho ne bese pocituvan tolku koga bese ziv.
Може Задруга сакаат да укинат, оти ова реално шоу треба да се емитува (За таткото на убиецот од Младеновац)
Таткото на убиецот од Младеновац прво објавија дека умрел од срцев удар, а денеска на вести видов дека го апсат. Има ли некаква контрола бре на медиумите во Србија?
Нека одговараат сега сите кои споделија слики од малолетните деца и детали од истрагата. Реков, Законот е јасен, особено кога во прашање се малолетници. https://kanal5.com.mk/sovetot-na-roditeli-ima-7-baranja-za-masakrot-vo-uchilishteto-vladislav-ribnikar-detalen-spisok/a581321 “Бараме да се утврди одговорноста на лицата кои ја објавија листата со детски имиња што го обиколи светот како и слики од родители и деца и тие да бидат санкционирани.”
Важен е и нивниот прв предлог (И ако е точно, да истражат зошто директорката и дел од другите вработени не биле тоа утро на работа).
Училницата во која се случи нападот нема да се користи повеќе за предавање, туку ќе биде меморијална училница посветена на жртвите.
Па никаков кодекс не почитуваат српскиве медиуми. Сензации си прават, си објавуваат лажни вести, објавуваат фотографии од малолетници, имиња, презимиња, па и грешат и никаква одговорност нема. Циркус.
Сведоштво од продавач блиску до школото. Дошла сестрата на Коста пред некое време да купи нешто. А ос џебот случајно и испаднал нож. Кога продавачот ја прашал од каде и зошто и е ножот ,одговорила дека е на брат и , наишла полиција па и го дал нејзе за да не го фатат. Некаде околу 23 минута....
Овие сите фамилијарно луди..ццц Којзнае што се се крие во ова семејство,и што се се случувало,сиротото дете најдебелиот крај си го извлече.
Мене само не ми е јасно зашто портали и јавно не се објавува ова конкретно еве за сестрата ? Зашто кријат? Јас сум убедена дека професорката и продавачот не лажат.
@Misskirova На канали чии коментари им се исклучени, а очигледно на сите се им е за гледаност, сега секој втор е во емисија со рекла-казала муабети.
На официјалниот сајт на школото стои дека објектот е обезбеден од два обучени професионалци на двата влеза. Значи требало да има уште еден од обезбедувањето. Плус пишува дека училиштето е обезбедено со видео надзор, кој освен они, го следат и од полициската станица Врачар. Значи полицијата 24 часа, секој ден имала увид над камерите и она што се случува во училиштето. Така да не ми е јасно зошто родителите до сеа не се запознаени што се случувало него бараат реконструкција на настанот.
@Misskirova За да се релевантни, да ги има. Ги познавала сите продавници и сите продавачи. Тогаш нека посочи која продавница, кој продавач со име и презиме, и да се истражи. А не само, "и влегувам јас во продавницата итн". Седнале таму како трачарки на селска чешма и си прават непотребни сензации. Edit: @simoncelicius А точно ли е дека токму таму, на приземјето се сите канцеларии? На директорка, училишна амбуланта, обезбедување итн? Може ли да се провери информацијата?