Дали сериозно ми поставуваш вакво прашање умираат секој ден луѓе да ама Тоше и Борис беа сметани за национални херои Тоше беше оплакуван од цел балкан во мојот клас и мојата генерација и двата беа оплакувани со денови особено Тоше која генерација си ти вака извини баш ме интересира ?
1997 ,зошто што е битно која генерација сум ? Основно бев кога се случи тоа го паметам уште денот. Зошто Тоше Проески народен херој?
Шоу е начинот на кој се известува.Ќе се правело реконструкција, па ова, па она, у реду е, не мора директен пренос од истрагата.
За децата ќе воведат мерки, ќе ги чешлаат кое какво е, а возрасните кога? Пак пример за "no comment" (од Србија), од денес: https://twitter.com/DjurovicBlazo/status/1656342424149426198?s=20 Нема само малтретирање меѓу децата. Ама исто така, нема од каде да земат пример за подобро.
Затоа што Тоше беше патриот и најголем промотер на Македонија низ светот ни беше нешто како амбасадор иако јас не бев негов фан и не го слушав. А од 90сетти надолу почнува таа декаденција и недостаток на емпатија кај младите и мојата генерација беше крш ама случаевите со Тоше и Борис ги памтам како примери кога сите колективно сме биле во тага и жал, атмосферата кога почина Тоше беше траорна просто кажано и беше неизбежно човек да се осеќа нажалено дури и да испушти некоја солза без разлика дали го слушал или не. Денес младиве не осеќаат емпатија ни кон другарчињата што им починале како во случајов со Коста а камоли да почине знаменита личност дали пејач или било кој едноставно се оперирани од емоции што е страшно.
Добри предлози им дава. https://n1info.rs/vesti/biljana-srb...ria7S8y5Izivnft_PqunMWN3g4OAAB7d5Ofcep6MEVGrA
Типчето си имал изгледа идоли, баш читав за Andrew Golden (11) и Tim Kreschmer (17) и на двајцата родителите ги носеле од мали на стрелање, извршиле убиства со оружјето на родителите во школите каде што учеле.
@Bubish26 Ендру барем можеле да го спречат. Бил познат по тоа што ги малтретирал останатите ученици. Односно веќе го знаеле однапред како проблематичен. Дури се заканувал дека ќе убие некое девојче, и убил нечиј миленик со пушка. Три месеци пред настанот кажал дека има намера да ги убие учениците.
Никој ме ги сфаќа децата сериозно, очигледно. Си мислат дека ако се деца нема шанси да убијат некој, поготово не да нападнат цела група.
Ама не сфаќам зошто би плачела затоа што починале ? Тоа што бил патриот не го прави да вреди повеќе од некој друг човек. Секој ден умираат луѓе ,ако не плачам за сите не значи дека имам недостаток на емпатија. Едноставно не ме погоди нивната смрт не ни сфаќам зошто би. Жално беше но сепак тоа е живот ,секој ден умираат се раѓаат луѓе, животот продолжува. А тоа со емпатија немале мојата генерација а па едно емпатија што имаат постарите генерации ни емпатија ни култура.
Кога умре Тоше, на работа сите бевме во шок, една колешка велеше „Не ми се верува бе, сите ние сме живи, а тој починал“, а друга плачеше, не можеше да прекине цел ден. Очите и беа подуени од плачење и црвени. И јас плачев за Тоше, кога ќе му ги чуев песните, со месеци така. Запознав ликовен уметник на колонија, Србин, кажа дека ќерка му недела дена плачела за Тоше.
Секој ден умираат луѓе ,секој ден ли да плачам ? Ајде ако не по цели денови ќе плачеме сите секој ден.
Aко е некој близок кој ми значи нормално ќе ми биде тешко тоа не го негирав ,јас зборував за нив конкретно.
Конкретно за ситуацијата, кај децата (а и добар дел од возрасните), не е оти не плачат. Не мора да плачат сите на плоштад. Секој за тоа е различен. Туку едноставно отсуството на емпатијата се познава по тоа како активно се глупираат на социјалните мрежи. Се за внимание. Не знам кој е по бетер, тие фановите на Коста или тие што глумат за лајкови дека им е жал, а веќе второ стори е журка и гол задник.
Да ама секој ден не се раѓаат луѓе како Тоше и Борис, еднаш и толку згаснуваат прерано, а ние остануваме како неми сведоци. Не да е жално, прежално е