А шо ти е гајле тебе кој за шо плачел, има луѓе шо се поемотивни и едноставно полесно им е да се исплачат, има луѓе кои некои случки ги потсеќаат на некое нивно неубаво минато и ќе се расплачат... едноставно ако ти сметаш дека не треба да плачеш, не плачи никој со сила не те тера.
Поради тоа што е безобразна и ги малтретира патниците шоферот требало да застани и да ја избрка напредњачкава гитла надвор, пак нека трапа со штиклите после пешки.
Задњи добри генерации и здраво ткиво се оние до 81ва 82ра макс што растеа во 90ти пред да навлезе цел западен шљам овде, се надолу особено после 90ти секоја генерација излегува се полоша и полоша од претходната без намера да вреѓам некого и јас сум генерација 90ти и лично со свои очи сум го видел тоа одсуство на емпатија, себичност, цинизам, саркастично и зајадливо однесување... додека кога сум дружел со постари тоа било друг свет друг ков на луѓе многу подобри и многу поквалитетни луѓе
Сите викате родителите се криви, не ги воспитале децата, само телефон им даваат, а не зборувате како тие родители трпат по цел ден шефови/газди кој лечат комплекси врз нив, доаѓаат дома уморни, и се што собрале од цел ден за да не го истурат врз децата, одбираат да не поминат време со детето намерно, и му даваат телефон.. Викате родителите се виновни, ги браните децата, а родителите кој да ги одбрани? И не само на работа, одиш на лекар, ти вика нема термин, одиш да извадиш извод, ти утнале име, одиш во пошта, софтверот не ни работи, одиш во полиција, ти вика ако не е над 500€ вредноста на телефонот, не го бараме, као мене да ми паѓаат пари од небо ако телефонот не 25 илјади.. Луѓето не знаат како да се справат со сите фрустрации кој ги собираат од сегде..
Затоа постојат стручни лица, кои можат да ти помогнат да се ослободиш од негативната енергија, да пребродиш тешки моменти. Проблемот е шо на Балкан психолог е табу тема и ако побараш помош те прават или ти мислиш дека си луд. Напротив, при секоја промена во животот доколку тешко можеш да се сносиш, треба да побараш разговор. Се е тоа во ред, знам дека не секој е финанскиски стабилен за да не работи толку, нити можда да плати стручно лице ама мора човек да бара нешто што го исполнува барем на пола саат во денот или макар во неделата. А тие што се финансиски стабилни, а се фокусирани само на кариера, единствена тема дома е парите и работниот ден, работа-дома-работа, имаме пари, ќе купиме тоа што сака, оди во топ школо, сме завршиле работа бреееј јакото родителство. Ако не е родителот крив што не се посветил на детето, кој е? Освен да му се обезбеди дом и храна на детето, најголема обврска на родителот е да го истави на прав пат, не мора да е високо образовано, сите летаат на Балкан со тоа дека моора на 18 да се запише факс, мораа да заврши, мора брак, мораа деца, не ништо не мора, нити да е точно на време. За мене е гершка и да се форсира дете да знае се, да посетува разни курсеви и да е најдобро во клас, за мене детето треба да е дете, а не опседнато со тоа колку постигнало на 7-10 години. Ајде пушти го нека прави што сака зато што си ти нерасположен, фристриран и немаш време да се занимаваш со сопственото дете. Сите убици, силовачи.. се психички нестабилни со дијагноза, а тоа е највеќе така затоа што од рана возраст имале некои трауми, секој различно си ги доживува ситуациите, ако се развеле родителите може за дете да е толку трагично и да се осеќа напуштено, што доведува до пореметување. Мора да мисли родителот што кажува пред дете, дали да гледа расправии или да избегнува напнатост во присуство на дете и мора да го спрема за големи чекори и крај. Тоа му е обврска.
@simoncelicius Кога ќе му ги споредам фотографиите, мене лично ми изгледа како нешто да се случило или променило. Едно дете ми е на сликите во црвените панталони и од лани таа, каде има смеѓа подолга коса. А на сликите од овој Април, погледот му е друг, скроз сменето дете, дури и послабо. Се надевам надлежните ќе си истражат детално се што било.
Епа се работи за период од една година, за дете кое влегува во пубертет. Мене не ми е нелогично дете вака да се менува, затоа што имам брат кој е десет години помал од мене и обично кај машките е така. Во еден период нагло се извишуваат и слабеат. Исто и он беше вака како ова дете, еден период пополничок, за нагло да се извиши и ослабне за неколку месеци. И кај него коа ќе ја споредам таа фаца од тогаш и после извишувањето исто немаат врска едно со друго. Плус таткото на Коста е доста висок така да тука нема сомнеж за висината. А и на сликите од лани, ако добро заприметиш колкави му се рацете долги несомнено е дека ќе биде висок коа ќе порасне. Инаку вака кога ги гледам сликите јас само две три дечиња можам да распознаам од лани и сеа, Ема, Мара и Андрија. Другите исто не можам да ги распознаам.
@simoncelicius Не ме разбра. Не е буквално ни за тежина, ни за висина. Погледот, темен, чуден. Повлечено дете, на екскурзијата мислам само тој седи сам. Ете кога ќе споредам сликите на другите деца од претходно и сега, тие се исти. Точно, пораснале, ама пак нема таква некоја промена. А за висината, не е кој знае колку висок. Споредено со другите деца, и тој е баш дете. На стаклото е неговиот одраз. Тука е на другата маса, позади тоа со црвениот дуксер. Чисто за споредба во однос на другите (ова од сега од Април)
Тие родители денес се зафатени со кариера и борба за егзистенција, некои од нив веројатно не му посветуваат доволно внимание на децата но да разграничиме една работа не увек родителите се виновни ако децата тргнат по лош пат. Јас не верувам дека некој родител да го учи детето да биде тепач, силеџија, да биде безчувствителен и т.н. има и такви ама се ретки. Кај најголем дел од родителите кривицата е во тоа што уште од мали на децата им купуваат смартфони, децата имаат пристап до интернет, социјални мрежи а родителите воопшто немаат контрола врз тоа што детето гледа преку овие медиуми. Затоа доста често децата гледаат идоли во разни јутубери, лајф коучеви, старлети, пејачи, глумци и разни други проблематични ликови, имаат пристап до порнографија, играат разни деструктивни игрици и т.н. Ти можеш да бидеш и најдобар родител но ако немаш контрола врз тоа што детето ти гледа на интернет и телевизија битката ти е од старт изгубена. А и да го воспиташ детето најдобро што можеш на школските клупи повторно ќе дојде во контакт со овие настраности бидејќи останатите родители не водат сметка за овие работи и им овозможуваат на децата се што ќе посакаат и децата ги воспитува буквално интернетот и улицата а родителите имаат се помало влијание врз нив. А проблемот со булунгот и општо со училиштата е долга и широка тема имам отворено и дискусија за тоа на форумов и апсолутно се залагам за home schooling. Образованието вакво какво што е треба да претрпи сериозни реформи за да биде добра средина за развој на децата. Формалното образование уште од моментот кога е воспоставено како систем за едукација не произведува добри, квалитетни и емпатични луѓе туку напротив продуцира психопати, исфрустрирани единки, компетитивни и завидливи луѓе кои кога ќе поминат низ таков систем на едукација не излегуваат ни образовани ни квалитетни како битија. Така да проблемот е повеќеслоен и не можиме да ги обвиниме само родителите и да се правиме дека се останато е во ред.
На страната на училиштето ги има,од екскурзии,натпревари и сл. Кога ги гледам какви се деца,невини ,уште во раст и развој не ми се верува дека се ова се случи од детеДушички
Ако се прогласи за непресметлив нема да излезе од психијатрија, што е полоша опција за него отколку затвор, смета Фила. https://a1on.mk/region1/toma-fila-za-deteto-ubiec-nema-da-izleze-od-psihijatrija-ako-go-proglasat-nepresmetliv-podobro-20-god-zatvor-otkolku-da-odite-tamu/