Не може да излезе оти непресметлив е состојба која не може да се излечи. Туку се лечи да се држи под контрола меѓутоа не е доволно да се лечи на слобода пошо уште претставува општа опасност по околината. На психијатрија има редовни терапии, нема социјализација, нема дружење, меѓу луди е. Во затвор од друга страна, има социјализација, може да си тера хобија, играат баскет, имаат библиотека, имаат и мобилни, во нашиве затвори па тераат и гозби, и плус за добро однесување по години добиваат и викенди дома, топ би му било во затвор. Толку многу истражувал да го избегне затворот, на крај ќе излезе дека ќе го бара сам.
Од она што е во јавноста излезено, мене ми личи на истрениран платен убиец. Сериозна сум. Велат смирен е и не прима никакви лекарства. Слушав нивни експерт зборуваше дека до 18 години законски не може да добие дијагноза туку ќе го водат со непозната етилогија. Ич не сакам да споменувам теории, он е убиецот, ама причините зошто и те како се сомнителни. Многу ми е филмска опцијата, но ми паѓа на памет да е врбуван за да изврши масакр. Следен, одбран и обучен. И он и Урош.
So ogled na nivnoto minato ne deluva deka se obucuvani. Kosta maltretiran so godini u skolo a drugiov maltretiral i ubival zivotni, pravel problemi imal kriminalno dosie...
Тие родители се трауматизирани деца, пошто со ќотеци и воспитни и тотално отсуство на емотивен одговор од родители растеа. И директорот и чистачката денес се родители кои се така воспитувани. Хом скулинг е едно од полошите работи за развој на дете, прво и основно затоа што му се потребни врсниците. Врсничко насилство не се решава со тоа што ќе ги изолираме децата, второ родител ако е нели, тој што ги образува дома, не треба да работи, што ќе доведе до уште поголема нееднкавост финансиска на жените и мажите. Итн, врска нема ова со темава, да не одиме повеќе офтопик.
А уствари ние ништо не знаеме, со оглед на бројот на дезинформации и тоа како се медиумите контролирани. А нелогичности куп. Да е нешто можеби испланирано од други, возможно е. Ете, претходно и тука и таму и во околните земји, цело време беа актуелни пријавите за бомби. Сега пак секаде се пријавите за деца со списоци.
Па не случајно да се одбрани. Што знам, еве Коста, стрела перфектно, ладен, не покажува знаци на каење, не прашува за никого. Не знам, ама секако причината е многу подлабока.
Секогаш стои како опција некој да е врбуван од некоја служба и обучен да изврши одредено дело. Но оваа метода веќе застарува па сега имаат многу понапредни и поделотворни методи за пикирање на луѓе погодни за извршување на одредена операција. Денес постои и е високо развиено психотронично оружје, mind programming каде одреден центар на моќ може да те следи да ти процени карактер и ментални склоности и буквално да ти направи hijack и да управува со тебе и да те наведи да извршиш одредено дело звучи језиво но постои. BTW незнам како на никого не му паѓа чудно 2 масивни убиства во два дена а претходно никогаш вакво нешто не се десило на наши простори работава смрди од глава до пети. https://www.facebook.com/reel/199680985756816?mibextid=9drbnH&s=yWDuG2&fs=e Свештеников уште од Октомври ги предупредува да се чуваат во Мај. Ова исто како со короната кога на точен датум најавуваја кога ќе избие бран и на крајот навистина испаѓаше според кажаното . После зошто луѓето верувале во теории на заговор па затоа што скоро сите "теории на заговор" испаднаа точни после извесен период
Платен убиец паѓа во вода поради поише моменти. Прво пукал во кого ќе стигне, ако е платен убиец има конкретни таргети и не убива никој надвор од тој список, тој се пробал така ама на крај летале куршуми по секого, потоа битна му е неговата популарност што е типичен знак на психолошко пореметување, тоа што бил смирен и не примал терапија може да значи дека тој веќе подолго време се имал помирено со делото пред воопшто и да го преземе. Лично сметам дека е deeply disturbed person. Ако се земам себе за пример растејќи со мајка која дома сакаше да и биде средено и чисто во секој момент и се што ќе исчистевме ние другите никогаш не беше доволно добро за неа, па понатака низ животот развив нели погрешни трауматски одговори на ситуации што бараа нешто од мене. И ако продолжам да одам во тој правец, со мајка перфекционист од која имал притисок во различни области, при тоа неразбран за своите чувства, притисок од околината, децава денеска се прилично многу компетитивни меѓу себе, не само за учење, туку во се се мерат кој во што е подобар, плус говорна мана која се користи за константен булинг, плус татко кој место да го ислуша и советува уште толку му го потпомага гневот, дете со кревка психа само што влезено во адолесценција, па и ако имал некое “лошо генче” е равно на темпирана бомба. Обично никогаш една работа не доведува до ваква ситуација. Како што за убави работи треба да се наредат коцките, па така и за лоши многу коцки треба да се поклопат. За жал, некогаш се поклопуваат и имаме што имаме…
На страната на училиштето. Вака кога ќе ги отворите страните и кога ќе видите колку училиштето било посветено во однос на активности надвор од часовите, тешко ми е да поверувам дека во таква средина можело да има волку забегано дете. Толку секции, одбележувања на денови на ментално здравје, посети на музеи, обуки, па ликовни и литературни средби, спортски и музички настани. Промоции на автори и книги.... Буквално не постои сфера која не е опфатена. Не знам дали кај нас постои училиште што толку посветувало внимание на вон школски активности.
Како човек, возрасен или дете, сеедно, се однесува и како размислува после извршено убиство, говори доста за него. Работат стручни лица со него, не треба се' да се изнесува во јавност ама добро е да му ја дознаеме официјално дијагнозата, еден ден. Јас мислам дека детево е опасност да биде некогаш пуштено слободно. Кога тогаш пак ќе направи нешто.
Во затвор ќе треба да го чуваат посебно не верувам дека добро ќе му биде таму. Многу големи се шансите да го убијат и да излезе "се самоубил".
Не верувам дека во затвор па ќе е многу безбеден. Во затвор имаш и убијци и силувачи и секаков друг тип на луѓе, сите на куп.
На психијатрија имаш исто убијци и силувачи кои плус имаат и дијагнози. Во малолетнички затвор е прашање колку долго ќе го чуваат посебно. Дур стаса за во затвор за возрасни нема да биде посебно. Хипотетички.
Никаков булинг не е мотивот за ова што го направи 13 годишниот монструм. Родителите секако имаат удел, до која мерка не би знаел никој од страна. Детето уште од мал има давано знаци на некакво пореметување во психата кои неговите родители или не ги приметиле зошто не му се посветиле доволно или ги игнорирале тие знаци. Тоа што од мал го форсирале да се покажува и докажува исто очигледно не се испостави дека е во негова корист. https://vm.tiktok.com/ZM2J8bM51/ Уште од оваа возраст почнал да пати за внимание и желба сите да го знаат. Од невино детенце до монструм.
Детево К.според податоците што ги изнесуваат можеби има нарцисоидно пореметување на личноста. Но е премлад, не е завршена структурата,тешко ке се постави дијагноза. Најсурови убијци се со нарциосидното пореметување бидејки има комплетно отсуство на емпатија. Другиот убиец требало одамна да е во затвор, но го вадел татко му исто насилник и учесник во војни во екс ју каде убивал, имал научено однесување.
Грешка сте. Мешате поими. Не е состојба туку растројство. Психичките појави може да бидат психички процеси, состојби или особини. Психичкото растројство е некаков вид на нарушување во мислата, емоциите или однесувањето заради кое човекот не може да функционира нормално во секојдневниот живот.