Кој оправдува бе Феминке? Јас не прочитав таква изјава тука Не вадете муабети од контекст. Тоа што се дискутира и за другите аспекти на убиствава, не значи дека некој ги оправуда. Или да си ќутиме и да се правиме слепи и глуви дека ништо не функционира и дека вакви трагедии првенствено се производ на нефункционалното општество?!
И според тебе и овој типов на сликава кои вредности треба да ги прифатиме за да живееме? Еве може некое објаснување на нас со западните вредности на живеење?
Да имаше Србија стварно западни вредности, ова немаше да се случи. Ова се случува само во САД, и само поради нивната gun culture. Останатиот запад нема никаков проблем со школски пукања.
Не бе таман ми е коментарот зашто го памтам членов по други мислења, а тука напишал како не може да го осуди убиецов. Жити се.
па самиот муабет, води кон тоа Ама малтретиран бил ама му рекле дека е психопат Многу гледате Џокер. А за децата зборите цело основно сум седела сама, ни другар ни другарка имав, психички ме уништија со плачење сум одела накај школо и дома, физички ме малтретираа. Да, влијаело кај мене, да се сменам ко особа. Ама НИКАД не ми текнало да земам сеа на факс да ги сотрам. Шо ми се они криви? Ако на време не му се пружила помош, таму да ја барате кривицата. И у родителите. Ако глеам пример дека психолог, психијатар, ЦСР не помага, а детето ми забегува. Сама ќе превземам работа бе. Од дома нема да искочи. Или ќе го однесам у некој поправен дом и нека се слика
Ако ти како адолесцент не знаеш кои морални вредности треба да ги прифатиш, ликови од форум ли треба да те учат? Глорифицирање на убијци, крадци, измамници, поттикнување на насилства, физички, психички малтретирања, сигурно не треба да се прифатат.
На тик ток ми излезе клип каде Кристијан Голубовиќ им бил гостин во училиштено, држел "предавање" на децата.
Убаво рече некој поназад. Детево утре од шефот ќе се изнервирал и ќе го убиел и него. Или жена му. Или комшијата. Или газдата на станот кај што би бил кираџија. Ако имаш краток фитиљ до степен убиец да станеш, само прашање на време е кога ќе извршиш убиство. А не дека без булингот детево ќе си било све нај.
Па кој рече дека српските вредности се исправни? Тие вредности доаѓаат од Запад. Таму има највеќе овакви масакри и убиства по школи. Буквално секој месец по неколку се случуваат затоа што оружјето е достапно на секој чекор. Секој психопат може да влезе и да си купи пиштол како што купува чипс. There have been 380 school shootings since Columbine in 199. There were more school shootings in 2022 — 46 — than in any year since at least 1999. https://www.washingtonpost.com/education/interactive/school-shootings-database/
За тие шо велите не е криво детето, малтретирано било. Еве да речеме, од булингот му се скурчило, и решил да се одмаздува. Зошто пукал во обезбедувањето, зошто пукал во дежурните ученички ни криви ни должни?
„Таму“ ти го вклучува само САД. Еве Холандија, Норвешка исто имаат западни вредности, ама немаат школски пукања. Тоа ни укажува дека проблемот не се западните вредности, туку самите пиштоли, кои во САД се застапени на преголем број, исто како и во Србија во споредба со другите земји.
А каква врска има тоа со западни вредности? Западни вредности можат да бидат и владеење на правото, работнички права, компетенција, почитување на интелектуална сопственост, чиста средина, квалитетно здравство,образование и така натаму. Вас во Македонија ви создаваат баба рога од западните вредности за да можат локални шерифи да се изживуваат врз вас како сакаат. Еве требаше да дојдеш кај мене на гости да видиш западни вредности за 1ви мај каде на улица 50000 народ протестира за работнички права.
Леле со тие западни вредности. Еве гледам на (блиски) исток оружје со очи не виделе, безбеден си на улица сам. Аха. Русија, арапски земји и тие околу нив ептен е мирно бе.
Полошо е бидејќи не е убиство во афект предизвикано од моментална нервоза туку испланирано. Мора да постојат вродени/развиени тенденции за некој да испланира вакво нешто, без разлика од каде потекнуваат. Булингот си извршил улога, ама дефинитивно не е само тоа.
Уште откако ја прочитав првичната вест сабајле, знаев дека причината не е кецот по историја, тоа е можеби повод, а причината е врсничко насилство/булинг. Случајов е школски пример за тоа што може булинг да направи. Убаво би било да се освестиме како општество особено ние на Балканов и одамна требаше да ни биде јасно дека ако ,,игра мечката во комшии” односно во Америка, кога тогаш ,,ќе заигра” и кај нас. Школските системи ни се застарени, службите во училиштата не си ја бркаат работата, а старите методи не влијаат на денешните младинци. Ако не се преземе нешто во скоро време, сѐ почесто ќе гледаме вакви сценарија. За родителите и нивната клучна улога во воспитувањето и развојот на децата и за социо-политичките и економски фактори се огромен фактор да доведат до ваква трагедија, не сакам ни да почнувам…