Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    1.586
    Пол:
    Машки
    Ali pisuva deka u tie sceni mazot e ponizuvan od zeni...
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @Aнонимус_ Даа, моја грешка. И затоа демек бил фрустиран кон женскиот пол. Нешто имаше поврзано и за неговата мајка.
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Леле не знам како не ти е досадно упорно и упорно да доаѓаш на темава и да шириш теории на заговор.
    А оваа "адвокаткава" со фотошопираните силикони и сликите од нозе во хулахопки баш изгледа професионално, онака да и верува човек.

    И не знам зашто се праите упорно слепи.
    Има преживеани.
    И они го идентификувале напаѓачот.
    Коста не носел фантомка па да се шпекулира он бил, не бил он.

    Или дај земи отвори си тема со теории за убиствава и таму постирај си вакви глупости.
     
    На spacegirl92, mkdvesna, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.738
    Пол:
    Женски
    Од 25та минута натаму човекот (родител и претставник на совет на родители) објаснува зошто бил "преместен".

     
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @Wideperpetual Што адвокатка ќе беше, да не го сфатила ни човекот што и пишувал (ако и пишувал).

    Станува збор за фотографијата каде татко му на Коста е сликан со група, облечени за пукање. И некои медиуми погрешно пренесоа дека еден понизок човек на сликата е Коста. А сликата е сликана пред 7 години. Тоа беше целата фама.
    Тој зборува исклучително само за таа фотографија.
     
    На CameliaMiller, mal.ecka, Aнонимус_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што го зборам од сам почеток.
    Не се работи за никаков булинг.
    Погледнете го само Андрија. Детенцето што го застрела.
    Му бил на списокот. Зарем некој навистина би помислил дека такво детенце некого ќе провоцира?
    Не знам дали некој ги има побарано и останатите деца од списокот.Сите се од 7-2.
    Не знам ни кога би имале толку време да го малтретираат кога он со нив почнал од оваа година да учи.
    И од сам старт ми беше нелогично да некој кој е првак како што е Андрија да го малтретира Коста зошто е добар ученик. Мислам целото одделение 7-2 се кој од кој подобри во нешто и сега такви добри ученици да булингуваат некој кој е исто добар ученик.
     
    На MeowMeow, VDT2906 и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.938
    Токму ова.

    Толку му е надвор од план масакров, што се' ми паѓа на памет освен дека е платен или не знам, наместен.

    Баш тоа што за никого не прашува, освен кога ќе излезе, укажува дека уствари нема поима од реалноста, одвоен е, нема поима што уствари направил.

    И те како треба да си остане во установа, а не во затвор. Во затвор очекувам да страдаат други од него.

    .

    А овој другиов, само чекал прилика. Си имал историја на насилство, убивал миленици, познат на полиција, дома арно уште тенк не им најдоа.
    Сакал да се искурчи де, толку му сечело.

    Па бегал, па се криел, па мафијашки фимови... овој гарант мислел дека толку ќе се фокусирани на децата што нема ни да се замараат со него.
     
    На *Amethyst*, elenaa0805, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.208
    Допаѓања:
    258.561
    Ама и Коста изгледа невино, според изглед на мравка не би згазил, а он масакр изврши. Да не се водиме според изгледот. И според изјавите на родителите. Што очекувате, да излезат да кажат дека нивните деца го малтертирале?
    Не, сосема нормално е дека ќе ги отфрлаат овие тврдења.
    Мене ми се порелевантни изјавите на рандом децата кои ги даваа изјава непосредно по масакрот.
    Пак ќе повторам, не може детево од ништо да стане убиец и да си ги убие соучениците.
     
    На *Amethyst*, elenaa0805, IRBBB и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    Би сакала еднаш да излезе некој што директно го познавал Коста и родителите. Што бил во секојдневен однос со него или слично.

    А не, секој втор во емисија стандард, не го познавал лично детето, ниту неговите. И сега со доказ се тврди дека му сметале поуспешните од него или само уште една претпоставка?

    Ако е точно, тогаш како тоа го манифестирал, покажувал и слично. Ете, би сакала да знам.
     
    На LadyD, IRBBB и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Да ама ако внимателно слушаш ќе слушнеш дека децата велат - го малтретирале затоа што бил штребер. Која е логиката одделњние полно со штребери (7-2) да малтретира некој затоа што е штребер?

    И зборуваа дека бил малтретиран па затоа се префрлил го друго одделение. Што се покажа како лага - се префрлил затоа што од 7-мо почнуваат со билингвална настава.

    Значи како и да земеш во обзир испаѓа дека го малтретирало старото одделение а он први список и убива деца од новото.
    Кај ти е логиката?

    И ако го погледна видеото ќе видиш дека родителот призна дека го закачале зошто бил штребер. Така да...

    Во однос на изгледот - тој невин изглед го има на старите слики.
    Овде имате неколку поста од членови кои напишаа дека на поновите слики изгледа доста сменето, дека погледот му е чуден, однесувањето, дека изгледа како да не е во ред...
    .
     
    Последна измена: 11 мај 2023
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.938
    Родителиве ич не ми се веродостојни, слушав изјави од деца, сами пред нивни очи што бил малтретиран, нели "закачан".
    И јас и ти знаеме какво е "закачањето" тогаш.

    Без оглед, и малце да е закачан, и многу да е закачан, не ја објаснува целата постапка.
     
    На sj *O*, IRBBB, Medea. и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Anjaaaaaaaaaaaaa

    Anjaaaaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    45
    Па не е од ништо фала богу, да имав и јас психичко пореметување ќе го направев истото ама немам и ете затоа не ми паднало на памет да направам нешто слично.
    Булингот, сериите, игрите, фамилија и се околу никогаш не биле ниту во овој случај се главниот мотив за убиство. Можат да се тригер, ама САМО за болен ум. Да речиме дека трпел булинг, дали сите други што трпеле станале ладнокрвни убијци? Цел свет ги игра тие игри и ги гледа тие филмови и серии па ниедна ментално здрава личност не била инспирирана од нив да земе пиштол и да пука во кого ќе стаса. Така да, сите овие можни причини што се наведуваат можат да поттикнат само човек со психопатско пореметување.
     
    На MeowMeow, elimkd, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Ама и родителите и децата го велат истото.
    Бил "закачан" од старото одделение затоа што учел.
    Ако булингот му бил тригер би ги убил нив прво а не овие новиве.

    Како и да е, точната причина може да ја дознаеме единствено од него, ако некој некогаш се одлучи да го интервјуира.

    До тогаш жалосно за семејствата на убиените дечиња. Останаа без деца, без да знаат зошто некој им ги одземал, а згора на тоа им ги обвинуваат дека они се делумно виновни за исходот.....
     
    Последна измена: 11 мај 2023
    На MeowMeow, elimkd, mkdvesna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Anjaaaaaaaaaaaaa

    Anjaaaaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    45
    Btw. Девојчето од ова одделение што успеало да побегне имаше кажано дека не бил исмејуван и сите нормално се однесувале со него, бил викан на родендени и други собиранки. Друг негов другар кажал дека бил повлечен и секогаш се држел настрана, по своја волја а не дека некој го исмејувал и одбегнувал.
    Тие децата што ги интервјуираа први и кажуваа дека бил малтретиран не ни учеле со него а не го ни познавале, а од нив излегува муабетот за булингот.
     
    На MeowMeow, Ahoy, mkdvesna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.938
    Луѓе, сите деца изгледаат невино. И се невини, посебно па толку мали, 5 годишни.
    Тоа што сакал да се "пофали" е прилично најнормална работа, јас уште не сум запознала дете кое не бара да се пофали со тоа што направило, нацртало, наредило коцки итн.

    И пофалбата е важна, кога нешто е добро, тоа е ок.

    Еден од најужасните сериски убијци, со ќерка му.
    Скроз нормален татко, никој ни грам сомнеж немал.
    Што има чудно во татково со неговата ќерка?
    df1954463a325469.jpg
     
    На elenaa0805, IRBBB, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    23.270
    Мене па ми изгледа дека сепак имал план да ги убие тие од списокот ама намерно пукал насекаде само за да има поголема веројатност да бидат тие повредени.
    Оти ако нишанел на секој посебно, дур ги бара со очи и погоди, некој ќе го турнел, ќе му го земел пиштолот. Вака голема штета би направил ама битно они ќе се застрелани меѓу тие.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @Munchmallow20 Според една наводна изјава од ученик, тој и бил турнат и паднал на земја, па пукал во плафонот. Па така, повеќето избегале.
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.938
    Па не одел по планот секако. Толку бил бесен и полн омраза и кон тие што го булингувале и кон овие према кои се осеќал инфериорен.
    Овие му биле криви оти он се осеќал помалце вреден.
     
    На sj *O* и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  19. Anjaaaaaaaaaaaaa

    Anjaaaaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    45
    Ј
    Јас пак ќе кажам, да нормално однесувње е тоа за дете од 5 години. Ама еве со пример да споредам што нема врска со ова, кај мали дечиња на возраст 2-3 години, работи како што се одење на прсти, скокање, мафтање со рацете, подредување играчки и сл. можат да се главни симптоми при дијагноза на аутизам. Истовремено, не мора да значи дека секое дете (нели нормално е дете да скока и да мафта со рачињата) има ваква дијагноза.
    Ова е пример, по мое кај ова дете уште од мало се забележувале сигурно и многу други суптилни знаци ама не било обрнато добро внимание.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.938
    Кога викаме дека тригер може да е булинг, никако не значи дека е тоа причина, или дека заслужиле.

    И да го булингувале не смеел да ги убие. Ги убил затоа што не е психички здрав.

    А децата, без оглед дали биле или не биле булис, во никој случај не заслужиле да бидат убиени, ниту се причината за она што било длабоко под површина кај детево.

    Затоа не гледаме секој ден масакри, затоа што не е нормален одговор на булинг. А булинг не да има, друга скроз тема е.
     
    На *Amethyst*, IRBBB, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.