Кај деца е скоро невозможно ваков тип на патологија, речиси нема да најдеш мало дете со дијагноза "нарцисоидно пореметување" или "антисоцијално" итн. Баш затоа што се мали човечиња во развој, ништо од ова до сега истакнатово не е индикација. Не бил насилен, не правел проблеми, бил културен со соседи, другите деца не го доживувале како нападен, ете таа девојката го откачила оти и' бил "досаден и фин". Сите што лично го познаваа, а дадоа некаква изјава, за никого детево немало "црвени знаменца". Црвено знаме е дома молотов да направи, а да не приметиш, точно, пошто тоа кажува дека не си влегол во соба. А двајца научници родители од одма би сфатиле што е. Така што не, не мислам дека на 5 години било кој би сфатил, повеќе ќе речам минативе 2 години да му разгледаат историја по нет, ќе најдат одговори. Аутизам е сосема друга состојба, спаѓа во пречки во развој, детето не достигнува milestones и затоа се приметува. Антисоцијалните личности ги перцепираме како високофункционални, оти нивното пореметување станува јасно кога ќе почнат да повредуваат, без каење. Некој како тој од Младеновац ќе почне со куче, бубачка, некој како Коста за жал ќе почне вака. Кај овој првиот одамна имале прилики и прилики да делуваат службите, кај Коста за жал немале, затоа што не биле свесни едноставно, бил многу нормално дете.
Овие деца се најверојатно колетерална штета. Не знаеме и дали ќе дознаеме кој и зошто го малтертирал. Може и му е собрано, го повредиле толку многу што не е свесен и затоа се одмаздува на нив. Ако е точна изјавата дека сака и они да ја почуствуваат неговата душевна болка. Мене ова најмногу ме погоди, пред се како мајка. Колку болка има во оваа дете што успеале, кој и да е, да го уништат емоционално.
Примерот со аутизам, сакав да кажам дека можно е две деца на две години да ги прават тие работи а кај едното дури подоцна (а во тоа време е сосем нормално) да се испостави дека е симптом за аутизам. Ова што прво го прашал кога го испитувале, дали сите разбрале/прашувале за него и дали бил популарен - нешто во таа смисла, укажува на нешто. Нема многу црвени знаменца што укажувале дека нешто не е во ред со него уште од порано, ама имаше исто така изјава од некои пријатели на семејството дека кај К им било чудно тоа што скоро никогаш не бил насмеан и немал типично однесувње/карактер на дете, бил пресериозен за годините.
Каква некултура по тоа тик ток видеата цц. Штета што не приметиле родителите на време што спрема детето. Па случајот со уште еден масакр, па лажни дојави... Без зборови. Да не се повтори.
Е баш вакви ми се медиумите овие денови Прост пример: Ја не знам уште што остана дека кажал, дали бил популарен, па сега фирер, оф дио мио И после немало да апсат мртовец
Sekako pisanive mediumi ne gi smetam za relevantnen izvor, eventualno samo svedocenjata pred kamera od tie sto go poznavale i komentari od strucni lica...
Ја више ова Тик токов не го отварам. После овој ^ следното видео ми беше од погреб во Романија. Ете дознав дека цел камерман и жива музика имаа Што убаво си живеев неинформирана.
Овде со камења го маваат дали си играат така или на источна го маваат и дали е и тој, ама секаде пише дека е Коста. https://vm.tiktok.com/ZM2J2RwXT/
https://a1on.mk/region1/majkata-ne-...aLoRrPHzh6fkAfaUrosJmXgNIlA3HJ8xvFr75OJwC10Ps Јас никогаш ама никогаш не би се откажала од своето дете, дури и во ваков случај. Очигледно е дека јас како родител сум пропуштила нешто и дел од вината е и моја и во никој случај не би го оставила сама. Срамота, срам да им е. Убиец е да, ама и дете и упм. Она го родила, она. Син и е болен, уби деца, и он е дете. Никој да не го посети, никој да не праша зошто? Далеку дека јас го жалам и оправдувам, напротив, ама не ми влегува во глава дека мајка му нема потреба да го виде, да виде бре во која состојба е оти очигледно не е нормално да убиеш толку луѓе нели?
Леле значи 1000 верзии ке прочитаме. Па нели мајката беше со него кога го притворија дека малолетен?! Па сакаше наводно и дома да си го земе. Ова веќе не е нормално.
@JuLleE Медиумите дефинитивно треба да ги стават на пауза. Нормални били нису. Од првиот ден пишуваат дека е со мајка му, што на сослушување, што на клинката. А ќерката кај роднините. Вчера-задвчера пак, беше веста дека таа со ќерката отпатувала од Белрад. Денес пак ова. Исти глупости како и тоа што тој демек лично изјавувал
https://www.republika.rs/hronika/hr...ce=rpfb&utm_medium=referral&utm_campaign=rpfb Одвратни одвратни сатанистички медиуми не престануваат со бљувотиниве гарант и ова е измишљотина да го иритираат народот
Не знам што е точно, ама ако навистина го оставила, не ме чуди што не приметиле дека детево прави молтови коктели. Син и уби свои соученици. Детево престаувава опасност, а не може да одговара кривично. Србиве помизерни и од нашите медиуми се.