Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Јас прочитав дека Коста не изразил желба за родителите, туку го интересирало само колку бил популарен и кога ќе излезел.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ќутам на темава пошто и после толку денови сеуште не можам да се приберам...
    Што да се каже? Од кај да се почне? Постојат ли зборови за тие дечиња златни? И воедно гледајки на каде оди цивилизацијата за сите деца кои допрва треба да живеат?


    Касно е сега да се бараат кривци.
    Дали се медиумите дали се родителите, јас би рекла и двете подеднакво...

    Повеќе ме загрижува фактот што сите гледаат во кого да пружат прст и да го окриват а никој не се запрашува на каде оди денешницава... Сите се вадат со познатаа реченица "такво време дојде". Времето не дошло само, сите ние сме го направиле такво. Почнувајки од мене па до секој еден од нас. Затоа и само ние ќе го смениме. Ама нема. Пошто ние нејкеме да се смениме. Се тешиме со "нека гледа во компјутерот треба ручек да напраам па треба да јаде".
    "нека поседи на телефонот морам кафе да пијам глава ме боли"
    "па што ако ме удри ајде сега кој ќе се расправа уморен/на сум и онака само 2 год е ништо не разбира, има време ќе го научам"
    И да не должам многу....
    Жално за нас, колку потфрламе како луѓе а пред се како родители, ама од се нај жално е за идните генерации, нека ги чува Господ. Пошто ние очигледно не можеме.
     
    На Sielo❤️, VDT2906, Daisyyyy и 8 други им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.290
    Допаѓања:
    278.044
    Пол:
    Женски
    Јас би ги затворила на некое време сите српски медиуми .Или забранила да напишат било што во врска со случајов додека официјална изјава од надлежните(полиција обвинителство лекари)не се добие.Ако воопшто и тие некогаш ќе го направат тоа.
    Ова е веќе нехумано и злонамерно.
     
    На RainbowButterfly, VDT2906, Maca Macka и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.457
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Јас па некаде баш прочитав дека прадедо му (со иницијали М.К. мислам беше) бил познат инфектолог кој во времето на епидемијата со вариола вера добил орден за заслуги.
     
  5. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    Кога се случи ова што се случи со Коста, веднаш помислив на дете на една пријателка. Детето има 10 години, но е анксиозно од мало. По цел ден е внатре со телефон, насилно е спрема брат му, а во училиште не сака да оди бидејќи вели дека трпи булинг. Многу пати и посочив на мајката да остави работа (реално воопшто нема потреба да работи од финансиска гледна точка) но таа ми рече дека ќе полуди ако остане со децата дома. И одговорив дека бира детето да е такво какво што е да не речам полудено. И се јавив по случката и и реков дека ме асоцира случајот со детето и таа рече исто помислила. По неколку дена ми доаѓаат на гости и помалото, исто такво насилно, ја удира тепа, мене ме изгребан итд, има 5 и пол год, и му дадов да црта. Нацрта човек што држи нож и вели ова сум јас, ќе ги заколам луѓето криминалци и ќе им земам пари:| го прашуваме од каде му е идејата, вели од играта на бато..
    Шта речи повеќе за ова...
     
    На sj *O*, RainbowButterfly, spacegirl92 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    9.147
    Пол:
    Женски
    Јас да можам финасиски да сум спремна ,секогаш би одбрала да останам дома да работам со децата. Барем додека се мали.
    Зашто еве од случајот видовме џабе доктори ,кариери,свашта кога детето може да те заврши засекогаш
     
    На Sielo❤️, *Amethyst*, elimkd и 12 други им се допаѓа ова.
  7. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Жалното е што има многу такви деца за кои родителите немаат поим што прават. Ќе бидам можеби малку груба, ама навистина ако ова не не разбуди нас родителите не знам што ќе не разбуди. Има премногу неприсутни родители не зборам само за оние кои работат туку и дома што се се некако отсутни. Да се смеам кога дете мое ќе пцуе , кога ќе мава на мене или на други деца па и на возрасни ,затоа шти дете било и му било интересно за мене е еднакво на лудост. утре тоа дете ќе крене рака на тебе, нема да те праша дали да излезе, ќе су зема ножеви оти ќе си замислува дека така треба и никој ништо не му може. Не знам зошто некои родители ако им речеш дека дете се воспитува до 5 6 години викаат е како да не мало е не разбира.А, знае да пцуе и да мава. Можеби не сфаќа дека тоа не е убаво ако е опкружено со луѓе кои се смеат додека го прави тоа. И на 5ипол такво го праќаме во училиште кај што мисли дека треба да продолжи така. Тешко на учителките искрено со такви деца. Ама, од друга страна и сами се виновни затоа што не се кренат заедно туку се сите иапокарани од која партија се кој одел на проект кој не. И оваа што го натепала детето. Да можеби заслужило, но веројатно тоа во счлучајов е оној момент кога пукаме во себе. Зошто да не се разговара со педагози , психолози , п и психијатри, па има секое училиште нњли прво педагог. Е сега многу вжно прашање кој е педагог во училиштата :). Колку се стручни и колку знаат и сакаат д работат со деца. Зошто не се вработуваат социолози во училиштата? Крај краева ова е баш отварање на пандорината кутија, текндопрва ќе ни се враќаат шамари од се што се молчеше . Нели наставничка со дрога фатија во Скопје,гугна некој нешто , директорката даде оставка , министерот ? Не ги кривам наставниците за се но имаат огромна одговорност. и на крај бе што бараш во образование колку само да му земеш место н некој стручен н некој со трпение итн. Родителите се друг приказна, ако нем петки ќе се јавуваат по партии по овај онај и ќе се закануваат. Треба обединување и на наставници и на родители , и поддршка , за нашите деца се работи. Само, тоа многу малку веројатно ќе биде. се додека не спука некој нов Коста. Се извинувам ако бев груба , но ова е многу загрижувачки...
     
    На IRBBB, Мамичка, spacegirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Ме потсети на еден цртеж од второодделенец.
    Нацртани гробишта,луѓе со ножеви и мечови во раце,луѓе со пресечени глави и распрскани капки крв насекаде-убаво и педантно избоени.
    На прашање што е тоа на цртежот, вели: дел од игра.
    Истото дете имаше обиди за мастурбација за време на час. Во разговор со родителот, прво негира а потоа признава дека и дома тоа го прави,вели што да правиме на работа сме во смени ,немаме целосна контрола (патем 3 деца,од кои ова 10год помало од поголемите).
    Ние со тетрис и чипичан што пораснавме изгледа глупави сме, денешниве деца многу моќ и знаење од мали нозе покажуваат.
     
    На *Amethyst*, mal.ecka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    https://www.telegraf.rs/vesti/srbij..._campaign=Djaci_beogradske_gimnazije_sami_smi

    Кога средношколци умеат да размислат и вообличат на оваков начин, добро е. И треба да се попаметни од возрасните. Можеби овој шамар ќе донесе отрезнување. Сите би требало да имаме малку повеќе доверба во децата а не само осуда за нивната неемпатичност и размазеност. Има многу добри деца, погрешно е секогаш да ги нагласуваме најлошите.
     
    На sj *O*, Billy Idol, Мамичка и 3 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Мајка му не е детски психолог. Детето има потреба од помош, ама какво е - од дома му е.
     
    На sunshinebabe, *Amethyst*, Medea. и 5 други им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.264
    Допаѓања:
    50.860
    Пол:
    Женски
    Најголем виновник во ова се неговите родители, не воделе доволно крижа за него и ете до каде стигна работата.
    Толку да не приметат дека направил молотови коктели е знак за недоволна крижа кон детето, сигурно тие коктели дома ги е чувал.
    Да се виделе на време немало до ова да стигне ќе се излечил, ќе го носеле на психијатар, а сега и они го изгубија своето дете веќе нормален живот нема да има, плус уште еден изгубен живот има и неговиот.
     
    На sunshinebabe, lovely91, Billy Idol и 12 други им се допаѓа ова.
  12. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Не им верувам на медиумите, лажат и ја користат трагедијата само за кликови. Тешко дека ќе ја дознаеме целата вистина и што било низ мозокот на ова дете за време на убиствата.
     
    На elimkd, Aнонимус_ и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.183
    Допаѓања:
    124.319
    Пол:
    Женски
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Убаво реков јас овие ќе си одат од Србија зошто живот за нив таму веќе нема. А голема шанса да биде и Коста со нив само секако нема да откријат.
     
    На sunshinebabe, Ugly Duckling, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.183
    Допаѓања:
    124.319
    Пол:
    Женски
    Исто и јас размислувам..
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    2.768
    Пол:
    Женски
    Видовте вчера на протестот колку луѓе имаше? Е тоа е протест.
     
    На azelea, Sielo❤️, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.274
    Допаѓања:
    259.069
    Некаде читав дека мајката и таткото преку адвокатите им, се обидувале да го извчлечат и да се преселат во Австралија, Јужна Америка. Нема да го остават сигурно оти сепак не може да одговара. Ама тука не остануваат.
     
    На sunshinebabe, lovely91, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.942
    Допаѓања:
    8.532
    Ако е точно дека не бил сам во ова т.е дека тој не е глава на операцијата, може уште сега да е веќе на друг континент.

    Бидејќи и онака имаше изјава дека ни вработените во институцијата немале пристап до неговите податоци. Односно, поради деликатноста на случајот се се наводно држало во висока тајност.
     
    На elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.980
    Допаѓања:
    13.749
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Каде сте сега сите вие што тврдевте дека нема така лесно да се извлечи од земјата Коста со семејството?
    Уназад страници го пишав истото што го пиша и Сашо, ќе смени идентитет и правец под нозе и онака никој нема да го препознае, ќе си остане како црна дупка за Србија и историјата како еден ужас од настан. Крај на приказната
     
    На sunshinebabe, Ugly Duckling, lovely91 и 7 други им се допаѓа ова.