А во Австралија со раширени раце ќе го пречекаат со досие дека убил 9 луѓе.. Онаму Гватемала, Зимбабве, Конго, можат само да го носат, по афричките сиромашни држави, по европските држави, Австралија, Америка нема шанси, или евентуално некоја сиромашна држава во Азија..
Нормално дека ќе се во тајност, се работи за дете, малолетник. Не е ова исклучок туку законот е таков. Детево нема да одговара кривично што значи она нема да има досие. Никаде во системот нема да стои дека е убиец. Јас мислам дека ќе биде или во Србија затворен во установа или надвор. Детево преставува опасност. Татково го затворија поради јавноста, инаку може да одговара прекршачно само. Толку.
И што е важно дали во Србија или Германија рецимо седи во установа? Поентата е да не се врати меѓу народ, што силно верувам дека нема. И според артиклов, не се тргнати, туку психолози и криминолози ги советуваат да заминат. И јас за семејството би рекла исто искрено, посебно затоа што има уште едно дете во приказнава. Коста е друга приказна, не мислам дека треба да им се дозволи да имаат старателство воопшто за него.
Што за оружјето Си имал тој дозвола Не може да одговара за постапките на синот …. Не е осудуван, законот не го гони ради годините
Не може да одговара, ама може доживотно на психијатрија да седи. Верувам не се толку луди да го вратат на улица. Нема да ме изненади во тој случај следни баш родителите и сестрата да бидат.
За жал може. Не смее да е на дофат на малолетно дете, не смее да учи дете како се пука, многу работи има утнато таткото..
Така кажаа на тв за постапките на синот нема да одговара, оружјето било чувано под клуч со сеф се брани со тоа што шифрата од сефот не знае како стигнала до синот, учењето за да ракува со огнено оружје како спортска рекреативност
Да, ама за тоа не можат да го судат не знам колку. Можат да му наоѓаат се' и сешто, ништо да го задржи во затвор озбилно. Најмногу што можат родителиве на настраданите е да ги тужат родителите на Коста за претрпена душевна болка, тоа е цивилна постапка и да добијат оштета. Кривична одговорност нема да им најдат, а и реално немаат, не пукале они ниту му го дале пиштолот во раце иди пукај во школо. Морална одговорност имаат огромна, ама за таа не се лежи во затвор.
Неколку страни пишав за случајот со Џејмс Булгер . Децата што го убија беа многу мали. Мислам дека нешто одлежаа по клиники и после тоа им сменија идентитети. Никој до денес не знае кои се,освен пред некоја година кога некоја која била во врска со едниот дознала бидејки самиот и кажал ,па веднаш мораа пак да му сменат идентитет. Не ми е јасно зашто ваквите се крајно заштитени али ете се.
И Аndrew Golden исто така, тој починал во сообраќајка во 2019. И за Коста така ќе биде ќе му сменат идентитет кога тогаш.
Господе прости ми ама не заслужува милост.. од почеток барав нешто да го сфатам што го натерало на ова. Ај да не е од дома, ај да не е булинг, ај да не е нешто трето. Ама како врви време ова е класика психопат. Класика. Бил темпирана бомба која ете пукнала..9 души зеде, 10 фамилии зацрни (и сестра му исто како да ја уби кој знае како и е неа).
Кога пишав дека ќе ги пратат надвор со сменет индетитет се смеевте. Ако сакаа да го затворат ќе сменеа закон одма ќе спуштеа граница за да може да одговара. Никој немаше да рече леле греота ќе го затворат детето туку сите ќе прифатеа. Во Себија закон носи Вучко, можеше одма да стави да стапи на сила, а не да драми по телевизии. Закон за ваква работа одма може да се смени дури и устав. Нас уставно име ни сменија па не можела Србија закон да смени за нешто.