Не може кривичен закон да важи ретроактовно. Има сличаи за други закони, да, ама кривичен не може. За жал не може да го осудат никако. Дете е. Единствено да го држат по институции. Детево преставува опасност. Кај и да е, верувам дека ќе е во установа. Може и неговите да ги убие. Не знам што ви стана, демек политичко дело е па ајде нема да одговара. Сфаќате дека нема закон според кој може да одговара. Не верувам дека некому му е сеедно што уби 8 луѓе па еве ќе го пуштат.
Мене не ми е јасно како може да нема официјални информации се е само со шпекулации,емисии 1001 со претппставки и приказни. Има некој излезено како денот на убиството што излегоа и кажаа со план со список со се што нашле кај Коста? Разбирам деликатна тема е ајде јавноста океј жедна е за вести ама и овие од семејствата на децата што се најпогодени и упропастени за цел живот не знаат ништо?
Како да е важно во која држава Леллелелеле. Ајде нека се договори сам со себе кое е конечно името на убиецот? Затоа што училиштето не постои. Дава три пати различни имиња на убиецот. Значи и ова масакар во кафич покрај училиштето- не се случил никогаш. Денес кој стигне става контент на секоја платформа и шири тероии. Ама па и тебе не те разбирам што сакаш да кажеш со видеава.
Масакр во кафичот покрај Рибникар немало, туку 2 од повредените деца се засолниле таму и еден од лекарите таму ги третирал. Односно, не е одделен случај.
Јавноста е исклучена оти се уште трае истрагата и оти се работи за деца. Ама ќе кажат што и како, сепак ова не е мала работа и јавноста чека и има право да биде информирана. Верувам кога ќе заврши истрагата, ќе излезат со официјални информации.
ова за тенисерот Миомир Кецмановиќ е се точно, и роднини се. Така да многу веројатно е сето ова да е вистина.
Премиер, председател и министер за финансии, 7 дена после два масакра, во кои се убиени 17 особи, од кои 16 деца, на возраст од 12 -20 години. Од тие два масакра едниот се случил во основно училиште на само 100 метри од нивно работно место, каде што се убиени 8деца, и една возрасна псоба која сакала да ги заштити. На се ова да не споменувам дека за помалку од 5 месеци, од почеток на годинава, се убиени 17 жени, како жртви на семејно насилство.... Народот се крева на протести против насилство, а они имаат само ова да им го порачаат. Дека им се смеат.... Ова е газење преку мртви деца. И да, ниеден од нив не се удостои да клекне и да запали една свеќа за истите тие деца......
@simoncelicius изгледај го уште еднаш видеото најверојатно не си го гледала како треба. Колкав вовед за едно прашање, па апла се гледа дека е режирано и самото интервју, каде што дотичниот прво се упатил во кафичот зошто имало ранети момче и девојка ама незнае у колку саат и во кој точно кафич... Во школото лежел чуварот и две-три девојки? Две или три? Будали се само оние кои се купуваат за сендвичи,испрани мозоци, кои веруваа у Ковид претстава може да ве веруваат и у овој недокваканиов,што му наредиле странски служби да рецитира. Незнам дали на снимката кога го носат примети дека Удба во цивилка е а не марица? Сменети патики прво бели па беж, изгледа одма е транспортиран на аеродром. Изготвениот план му е напишан пола на ќирилица пола на англиски, плус тоа ракописот не е идентичен каде што е списокот на имиња со планот, каде да се движи и да напаѓа ... А и зошто му е план воопшто ако таму учел 7 години? Патики чисти суза а покољ напрвил. Зошто му е главата покриена кога сите го виделе дека е тој, што кријат? "Директорката баш тој ден не била на работа и камерите изгледа тој ден не работеле" -ова прикаски за мали деца. Дотичната можеше да даде барем изјава ликот да и го види јавноста. Сите што даваа изјави беа ко монтирани дури и девојчето рече " пуцали су", значи не е еден. Онаа Саваресе е исто прича за себе се убаци ко не повикана со веќе претходно приготвена изјава. Отвори да видиш кај се има работено. Имаше и видео од дете кое тврди дека пукал човек во маскирни панталони а не дете. Увидот беше завршен за 25 минути, и уште пред да дојде полиција,брза помош и конкордија сите беа таму - СТРАШНО... Новинарите први уште пред да го изведат К.К. Патем зошто толку лажни слики,да се оправдаат сами себе а ние све да проголтаме оти така е најлесно,да ама не и за секој. Дновинари поврзани со власта. А не е ли малку језиво девојчето што само се пријаво дека е жива и си ја тргна сликата.Мене морници ме лазеа кога читав и сега дур пишувам исто чувство имам. А не е ли случајно тоа што се убиени баш 8 души тие 2 дена на 5 места во светот? И секаде 8? Сатанистите сакаат симболика прогуглај ќе видиш што им значи бр.8. Протестот го финансира фондација на Ротшилд - "Крени-Покрени", многу случајности,м ? Неможеа да запалат свеќа,све до еден сатанистичка багра, удри кај што боли највише за да спроведеш агенда,зошто од хаосот произлегува ред! Патем отвори да видиш кои се закони ги донеле на тие 3 дена додека ние јадни читавме све што ни пласираат дновинарите, па може ќе ги тргнеш розевите наочари! Еве уште нешто за дотичната директорка. https://srbin.info/drustvo/advokati...r-majka-uhapsenog-vracarca-postavio-je-ruzic/ Се е претходно испланирано, да се деси вакво нешто, затоа има толку пропусти и сомнитени околности.
Де бе, ако толку знаеше дека ќе се деси, што не се обидовте да спречите ти и твојот извор на информации. Ко временска прогноза, отпосле сите знаеле уствари дека ќе паѓа снег у Мај.
Аманн со тие теориите на заговор. И да ковид не постоеше, кажи им на сите што изгубија некого од Ковид, и на сите што се борат со последиците кои ги остави дека не постој. Премногу филмој се гледат....
Да де не сум го изгледа како што треба, знаеш ти. Докторот убаво кажува кој кафич, оној веднаш покрај училиштето. И имало две деца со прострелни рани. Уште одма беше кажано дека две деца успеале да избегаат и да се засолнат во околниот кафич. Голема работа што не го знае името на кафичот. Стварно мислиш дека паралелно на масакрот во училиштето имало уште еден во кафичот ама никој не приметил и никој ништо не известил? Не постои уште еден масакар. Интересно како ја спомна короната, затоа пто сите овие теории што ги наведе кружат насекаде по македонски српски хрватски форуми.... И најверојатно истите што тврдеа дека короната постоеше да не чипираат се тие што ги шират теорииве. Ова за патиките ми е најглупата теорија - затоа што на видеоти каде што го апсат Коста се гледаат патиките е сеа снимката не е од два метри па да можете да разликувате нијанси на бела- сива боја. Него е снимано од околните училни сигурно на растојание од 20-30 метри. Не знам каков изострен вид имате па можете да тврдите дека биле еднаш сиви еднаш бели патики. Па уште и дали имало или немало капки крв Ова прашањево зошто му е покриена главата додека го спроведуваат пред триста новинари и објективи само ми укажува дека врска си немаш со законите кои важат за малолетници. Во однос на панталоните, еве живо ме занима ако веќе решиле да местат као што вие заговорниците на теорииве тврдите, што им било толку тешко да ги усогласат панталоните? Зошто напаѓачот и Коста не би имале исти панталони? Инаку јас не видов ниедно видео каде што некој тврди дека се маскирни панталони. Исто како што не видов ниедно видео некој да тврди дека снимки од камери не постојат. Напротив имаш видео од одговорниот на компанијата која го обезбедува училиптето кој кога изјавува дека колегата кој обезбедувал е меѓу убиенитр вели дека се е снимено на надзорните камери и снимките се предадени во полиција. Исто те молам образложи ми зошто власта или било кој би го избрал баш ова училиште каде што одат деца на најјаките фаци од цела држава ете баш нивните деца да ги убијат? Зошто не е одбрано друго училиште, и не се одбрани деца на "обични смртници"? Убиствата на тир деца би можеле многу лесно да ги заташкаат за разлика од овие "угледниве господа", доктори, политичари, професори, спортисти..... И зошто некој би се согласил да си го уништи својот живот, животот на своите деца, сопругата и целото семејство, и би прифатил детето да биде одговорно за нешто што не го направило? Која корист ја има Коста или мајка му или татко му за да се вмешаат во ова? Татко му е меѓу најпознатите доктори во земјата, мајка ну доцент на еден од најдобрите факултети, и сеа луѓе со такви кариери би го ставиле на стенд бај, и само така би прифателе син им да биде оцрнет и ословен како психопат и да го мрази цела нација, за што???? Ајде да беше од некое семејство кое трпи за леб па као заради парите се согласиле. Ракописот исто да не го коментирам затоа што и ти немаш ист ракопис на кирилица и на латиница. И најважното од се, како ќе го побиеш фактот што наставничката и сите преживеани ученици го идентификувале напаѓачот? Јасно тврдат дека Коста пукал. Значи не се работи за убиство во кое никој не преживеал па сеа да може да предпоставуваме и нагаѓаме. Имаш преживеани очевидци. И јас им верувам на нив а не на децата кои во тоа време имале физичко и не биле во таа училна. Сите овие теории само затоа што не сакате са прифатите дека некој со 14 години може да биде спремен на вакво нешто. Како да до сеа не постоеле деца на 14 години кои го направиле истово. Така да розевите наочари што ги спомнуваш треба да си ги тргнеш и да согледаш малку од поширока перспектива.