1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    1. Кој по Богу би примил масовен убиец во друга држава? Најсериозно? Малку ми се нелогични муабетите дека цело семејство ќе избега странство.

    2. Што ви е, ве читам, и се чудам. Зборувате за некоја мајка што финансиски била обезбедена, па не морала да работи, да седела дома со децата. Од една страна се бориме како жени за еднаквост, за наша безбедност и стабилност, од друга страна немајки оти одат на работа, ги игнорираат децата, па убијци имало. Господе Боже.
    Значи родител (не само мајка), треба да работи и слободно време да поминува со децата. Ако примети нешто чудно да си го прати детето на психолог, а не работа да напушти. Решениево вришти. Имаш пари, остај ј работата, децата гледај ги… какви совети на другарките им давате бе. А психолог пример? Нешто нормално да се предложеше, или скраја да е?

    ајде напрајте сега дека психопати има оти мајките работат и да ја затвориме темата.
     
    На sunshinebabe, Gosh, MandyLane и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Си има процедура во полиција за смена на име или презиме, ама тоа не е така плукни залепи, има критериум. Бидејќи ја потпишав петицијата за укинување на Пинк и Хепи, синоќа ми стигна на мејл дека Жељко им наредил на учесниците на Задруга 15 дена да бидат културни додека да се стиша и после по старо. Имало снимка. Кој ќе ги врати во колосек бре сега. Ќе почнат сите општествени аномалии да испливаат на површина, а на Вучиќ срам да му е за таа фотка каде се дуплираат. Неодговорен.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Веста за масакрот се прошири со брзина на светлината низ цела странција, и нашите медуми известија, они ќе бегале Јужна Америка.

    Ј.А. ко да е пустелија без никаква индустрија и баш нив привилегирани ќе ги примат и ќе им сменат идентитети и ќе лежи Коста по клиники. Yes, my ass.

    Намалете со филмови и крими улоги ала Ла Вегас ЦСИ.

    А дека некој би газел по мртви деца сетете се дека во Палестина, Непал и Авганистан, да не речам Ирак и Иран каде загинуваа деца во војни и газеа преку нив тоа ништо не е оспорувачко туку факт. И не би ме чудело и тоа да испадне вистина дека е наместен масакр со некоја задна намера, односно неговите да знаат нешто што не треба па да биде исценирано за јавноста.

    Такви исценирани местенки има често по USA колку да се каже дека некој мора да одговара и ако испадне да е вистина тогаш е жално што деца мораа да учествуваат и да настрадаат во овие нивни игри. Ама бидете свесни дека некои немаат осет за емоции, ниту емпатија и тоа се учи. Да,се учи!

    Друга работа што е неоспорна е дека Србија и нејзиниот народ е најпроблематичниот и најомразениот во цела Еу и ова не го измислувам јас туку е факт и можно е да е само политички напад кон цела држава и баш дека во тоа школо одат деца на угледни луѓе.

    Како и да е, треба да почнат да ги бришат овие квази порталчиња и новинарчиња без нула образование што пишуваат вести за кликови и лајкови, лажни информации и објави. Оние вистинските професионалните би дошле на ред и се би било пренесено како што треба.
     
    Последна измена: 14 мај 2023
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Милош Вучевиќ, министер за одбрана моментално на Пинк ги брани реалити шоута. Абе седни со разузнавачи и види тој косоварот што ти се заканува дали ќе ја дестабилизира Србија, а не ќе ми ги браниш помиите на Жељко.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Многу наивен народ има во државава затоа и ни "цвета".
    Инаку Жељко Митровиќ лично ги овавести задругарине дека ќе го укине шоуто. Конечно!
     
    На CameliaMiller, elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    259.168
    А демек Задруга е виновна за убиствата? Или Јужни ветар?
    Пораснавме со Роки и слични акциони филмови, еве ако не да се вратиме години наназад пред ерата на технологијата.
    Сите се криви, само не родителите кои го занемариле своето дете и не приметиле дека прави молтови коктели, училиштето кое си молчело на пријавите за булинг, или психологот кој не приметил дека дететво очигледно има некое пораметување. Системот и општеството ни се гнили, ама не од Задруга, туку од многу други работи.
    Не можеме да го запреме развитокот на технологијата и место да пишуваме и шернуваме статуси по фб какво било во наше време, треба да седнеме и да си ги воспитуваме децата и да се носиме со новото време.

    Па и теориите на заговор, лицево му било покриено, кај биле камерите. Не бе, еве јавно на Пинк ќе ги објават. А не дека така налага Законот.
    Коста ги уби и тоа е факт. Зошто, нека откријат.
    Еве ново убиство имаат, 13 годишник со секира убил мајка и дете мислам.
     
    На sunshinebabe, Gosh, azelea и 10 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.223
    Допаѓања:
    124.494
    Пол:
    Женски
    Ги заборави и децата на разведените родители.. прво кога тоа излезе дека наводно се разведени одма Е па тоа е.
     
    На Oneo, sunshinebabe, MandyLane и 6 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.223
    Допаѓања:
    124.494
    Пол:
    Женски
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    50.861
    Пол:
    Женски
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Па сега ќе почнат сите психопатчиња да излагаат на виделина и ништо нема да им прават дека кутри деца се греота.
     
    На MandyLane, MeowMeow, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.375
    леле колку е труло општеството посебно во Србија..:worried:
    ова предизвика домино ефект.
    Ако не реагираат брзо властите и стават контрола , ќе предизвика пресликување и во другите земји.
    Страв ми е веќе.
    Тешки болесници има и кај нас само што успешно се прекриени.:|
     
    На MeowMeow, simoncelicius и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Си погледнала Задруга што прават тие таму? Тепачки, секс и се тоа пред камера се дешава каде што деца гледаат. Зошто тоа да се прикажува на тв? Колку и да сакаш да го контролираш детето да не гледа такви работи не можеш целосно. Ти ќе дозволиш на свое дете да гледа задруга?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    50.861
    Пол:
    Женски
    Не се разбирам многу во закони ама пример можат ли да го сменат законот и малолетници да одговараат кривично?
    Вака многу за замав ќе зимаат сите, ќе знаат дека нема да одговараат никако.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Ама така е... јас сметам дека кариеристи родители не се најдобро нешто за децата, затоа што 24/7 посветеност на работата, стварно влијае на децата и на психата, а и не можеш да си го видиш детето дали е во ред или не. Ама да не претеруваме.

    Мајки што работат, разведени мајки - тоа било причината децава што вршат масовни убиства.

    А после ќе читаме по форумов - мажот ми не тепа со децата, немам работа, пие, не малтретира, ама нејќам да се разведам заради децата греота се.
     
    На Oneo, sunshinebabe, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    259.168
    Не гледам Задруга, ниту дома сум пуштила. Не гледам ни Звезде Гранда, син ми не слушнал за нив, ама еве внука ми ги знае оти мајка и дома ги гледа.
    Сакам да кажам, децата се огледало на родителите, што ќе им дадеш, тоа ќе земат. Поголема контрола, внимание треба. За жал не можеш да ги заштитиш од се што не чини, ама можеш да ги научеш што е правилно, а што не.
    Тоа ни е обврска како родители. Сеедно дали работеме или сме разведени. Секоја ситуација си бара работа. Ништо не е оправдување.
     
    На IRBBB, CameliaMiller, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Плукање, пцуење, навреди, тепачки, истурање на храна на под, секс секој со секого, е тоа го има во реалити.
     
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Тоа да ама секој родител едноставно не може да се снајде исто, некој не можат и да бркаат кариера и да посветат доволно време за детето. Какво време дојде каде што многу родители не можат да си дозволат да бидат повеќе време со своето дете заради егзистенција, а некој па едноставно не се замараат воопшто што и како детето се однесува. Затоа барем ако ништо више да нема такви идиотски емисии на тв.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.681
    Пол:
    Женски
    Се додека Шешељ им е секој втор ден на тв и дава секакви анализи од корона до општествен систем ,сега ќе го опфати и воспитниот дел.
    Се додека не гледаат проблем во “Задруга” и јавна тв.промоција на убијци,криминалци,рекетари.
    Се додека секое дете од 4 год знае кои им се главни ликови на навивачки групи во Србија .
    Ќе си имаат насилство и убиства.
    Кое дете кај нас знае кои се водачи на криминални групи или навивачи?
    Во која емисија гостуваат нашиве од криминални банди (што се пукаат за дрога)
    Во никоја!
    Ниту албанциве наши па не ги промовираат по нивни телевизии.
    Е тоа не е случај во Србија.
    Што гледале и било одобрено и рехабилитирано со години доаѓа на наплата и сега чаре нема.
     
    На sunshinebabe, Gosh, Ahoy и 8 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    259.168
    Тоа што се гледа во Србија, се гледа и во Мк. Ист менталитет, исти идеалогии. Нема разлика. Може само да се тешиме дека кај нас е поинаку. Не е.
    Секаде има се и сешто на ТВ, по интернет, одбираш што ќе гледаш и што ќе гледа твоето дете.
    На крајот пак се битни родителите и околината, училиштето.
     
    На sunshinebabe, Stressed Out, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    @Cosmi @JuLleE
    Тоа е она што не ми се допаѓа - копирањето на медиумските глупости од Србија но и другите пораншени југословенски републики, иако српското доминира.

    Веќе и темава што се испиша сто и кусур страни на нешто што не би требало да ја тангира премногу нашата улична јавност. Институциите превентивно да, но обичната јавност не. Ама веста беше трагична сензација а многумина паѓаат на такви работи и уживаат во квазианализирање, честопати без да ги знаат сите факти.

    Македонија никогаш не се дистанцираше од тамошните трендови, забава и медиуми (на пр. македонските кабловски оператори нудат збир канали од ѓубревизија „Пинк„). Ретко гледам некој да се бави со збиднувањата во Грција, Бугарија (освен глупостите на нивните политици на тема Македонија), Романија... не велам дека треба со нив да се бавиме, туку дека се бавиме честопат и премногу со настани во Србија.
    Веројатно пресудни се и јазикот, роднинските врски и заедничката историја (мислам на Краљевина Ју и СФРЈ).
     
    Последна измена: 14 мај 2023
    На Angie1432 и Аргентина * им се допаѓа ова.