Никој не може да остане индиферентен на таква невидена трагедија, тоа што се случи во соседна држава ја прави уште потрагична, повеќе емпатизираш и од таму потребата и да разбереш што се случувало. Мене ме зачудуваат сите стручњаци, адвокати, психијатри кои излегоа пред камера и со часови ги коментираа лажните изјави од медиумите а од нив најмногу треба да се очекува да познаваат што е етика.
Така е, првпат вакво нешто се случило во регионов со такви актери. Не велам индиферентни дека треба да бидат, но имам впечаток дека македонската јавност премногу се бави не само со овој туку и други настани во Србија. Како да ја нема Грција, Бугарија, Албанија за сосед... и како да нема нешто позитивно што се случува во Србија и другите земји на Балканот. Голем број мислења не емпатизираат, туку садизираат, напросто драго како да им е што се случило па сега имаат храна за своите умствено-писателски егзибиции. Своите сопствени нерешени конфликти и стравови кои ги имаат во психата и фамилијата ги пресликуваат во своите ставови полни со агресија, несвесни дека и самите имаат проблем и дека не придонесуваат кон решение, утеха, заштита, превентива - напротив, тоа придонесува кон ширење и зајакнување на злото. Некои велат дека мислите се енергии кои тендираат да се реализираат во некоја форма. Имаше и тема на форумов таква. Каде одат сите тие тастатурни изливи на бес, омраза, осуда? Тоа се енергии кои потоа вибрираат во атмосферата и програмираат нови трагични настани таму каде што некоја група луѓе можеби се приемчиви за такви нешта. Можеби на некој спортски натпревар, или ноќни клубови, или на некое бојно поле низ светот. Ако е точно дека во крајна линија сè се враќа, на каков поврат можеме да се надеваме ако испраќаме поттици за насилство, па макар во форма на постирање мислења низ социјалните мрежи? Навистина е така. Тие би требале да бидат каков таков столб на општеството и да даваат здрави смерници а не да разгоруваат улични спекулации. Нашите медиуми потрчаа да ја пренесат и веста (не за прв пат) дека дете нападнало родител со секира во Србија. Тоа ни во Србија не би требало да биде вест, освен во локалниот полициски билтен. Ниту има врска со масакрите, ниту се случило во Македонија, ниту ја тангира регионалната безбедност или економија. Ама ете сега се спомна и на форум во истата тема...
Па не е вистина дека сите коментираа официјално недокажани изјави. Некои ги коментираа официјалните дотогаш презентирани, а некои само теоретски објаснуваа каков е законот и што би можело и какви последици и санкции да има во случаиве. И тука има постирано дел од интервјуата, баш тој човекот што беше со големо искуство во цср објаснуваше што може и која е надлежноста на центарот. Стручно и конкретно муабетеше без да вметне некакви лажни вести. Ама да има и такви кои не само од етика оперирани се и од стручност. Еве и на темава вадат дијагнози од ракав ова бил, тоа бил, а убаво е наведено каков е законот, особено кога станува збор за конкретна малолетна личност.
Се сложувам дека не е ниту место ниту време вакви повремени напади да добиваат толку на медиумски простор и значење и тоа на вести, но програмското уредување на тие програми е под уредничка палка. Значи што смета уредникот на вестите дека треба да оди во етер тоа се пушта и најчесто се презема од конкретно соседиве во овој случај и често се прави и за пополнување време, ама пред се треба да се размисли какво значење од поголеми размери има конкретно таа информација. Ама спомнавте погоре некои се тотално оперирани од етика и професионалност. Што да се каже за вести каде што се просеа водителите? Читам вчера во темата за Евровизија се исмеваат за просењето на нашава претставничка на Евровизија па како е тоа поразлично? Не е, исто е, пикање се и сешто во несоодветен формат, на несоодветно место, како и многу други нешта, ама тоа е што е. Затоа бираме на кои новинари и медиуми и информативни програми ќе си го посветиме слободното време и им подариме доверба во информациите што ги споделуваат.
Знаете што е најстрашно што дебилниве девојчиња прават фан тик ток профили за психопатчево и пејат мама ајм ин лав уит а криминал
Па затоа нов живот некаде. Со нов идентитет оти од грижа на совест нема да се спасат секако, посебно татко му оти негово оружје. Не му треба уште толку малтретирање, како родител потфрлил, ок, ама не ги испука тој децата, ниту верувам било кој родител да е, на крај памет ќе му падне дека за ова му е способно 13 годишното дете. @fana точно, тоа дете не е ништо виновно, заслужува нова шанса во животот.
За жал девојчето кое беше во критична состојба починала... Нека почива во мир. Десета жртва на монструмчето уште една фамилија во црно завиена, уште жалете го дете бил.
Не бе памет не им доаѓа. Отвараш курир и прва вест и секој детал за судењето на Веља Беливук. https://www.kurir.rs/
https://www.kurir.rs/crna-hronika/4...la-se-i-uprava-za-izvrsenje-krivicne-sankcije Лажна вест за обидот за самоубиство. Се надминаа Србиве значи. Чудо колку лажни вести објавија.
Коста не заслужува нова шанса за нов почеток. Уништи 10 фамилии а некој го жали? Воопшто не покажал каење. Тие што го жалат нека размислат како би им било да почувствуваат ( не дај боже на своја кожа) .
Кој го жали? Значи едни та исти коментари. И каков ти е овој коментар, да почуствуваат? Не го жалам, жал ми е што дозволија дете да убие деца. Прежално е.
Отвори социјални мрежи како твитер и ќе видеш самата. Повеќето коментари беа - и него го жалам, жртва на булинг, бла бла бла. Обидете се да го сфатите, и тоа дел беа коментарите од возрасни луѓе. Не колнам никој затоа реков не дај боже, да беа на местото на родителите кои изгубиле деца во масакрот не знам дали така ќе велеа - сфатете го. Ете, тоа е проблемот. Душа ми плаче за децава.
Дали овие што пишуваат и тој е жртва истото ќе го речеа тие да си го погребаа детето наместо некој друг? Или тогаш први ќе скокаа за смртна казна