Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    958
    137 страни подоцна, не успеавте да сфатите дека никој не пробува да го оправда ниту да му го опрости направеното, туку дека поединци, меѓу кои и јас имаме разбирање за детето. Не зборувам тука дека тоа требало да го направи, туку дека имало причини кои го натерале на такво болно размислување, а потоа планирање и реализирање на делото. Вчера баш зборев со блиски луѓе за случајот, и едната личност исто како мене го сфаќа и не го оправдува делото, а другата рече смртна казна. Кој е во право? И двајцата.

    Со смртна казна, ќе му направиш услуга, нема да му е лошо на него мртов сигурно. Со доживотна казна се согласувам, да гние у затвор и да не ни помисли дека може да искочи. Али што после него? Зарем он е првиот и последниот масовен/сериски убиец, последниот атентатор, последниот криминалец?

    Треба да се спречи/казнува психичкото малтретирање кон сите, а поготово кон луѓе кои не се добри со паметот. За сите големи криминалци/убијци, заеднички се повеќе работи:

    1. Потекнуваат од сиромашно/дисфункционално семејство од родители со ниска свест, образование, или пак заглавени на пороци.
    2. Престрого се држени како деца, казнувани и малтретирани за било која ситница во домот.
    3. Малтретирани од мангупите во школо, понижување од професори и слично.

    Посочете ми еден криминалец од ваков размер, а да нема барем 2, а ако не и сите 3 точки од горенаведеното. Не го оправдувам направеното, ама некој насобраниот бес, лутина, гнев, омраза према луѓето ја канализира на различни начини, а овој за жал е најпогрешниот што можел да постои.

    Треба да се решат првите 3 точки, да се третират/лечат луѓето кои очигледно имаат психички/физички проблем, да се зборува со стручни лица, и така ќе се направи едно понормално општество. А за жал, на големите и моќни луѓе, најмалку им одговара население со здрав памет и нормален релаксиран живот.

    Утре кога вашето дете ќе го малтретираат во школо, не се жалете во школо, само кажете му на детето - прави шо ќе правиш, само не ги убивај. И мислам дека така ќе го решите проблемот.

    Несериозниот пристап кон булингот како сериозен општествен проблем меѓу децата до 18 години, не само што не го решава проблемот, туку дополнително и го влошува. Да не зборувам за подмитување стручни лица и институции, за да се заташкаат даноци, криминали, убиства. Булингот ќе му дојде како гола вода во споредба со овие останатите.
     
    На sunshinebabe, Autumn Love, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.938
    Допаѓања:
    130.287
    Пол:
    Женски
    Имаше екстремни коментари.
    Ама, и разбирањето е оправдување и жалење. И капакот е на тоа што упорно некои се фаќате за една теорија, а ги има повеќе. Тој што не го оправдува и не го жали, ги дискутира сите теории, не се фаќа за една.
     
    На Misskirova и bicycle им се допаѓа ова.
  3. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    958
    Оправдување и жалење за ситуацијата во која се наоѓал и наоѓа, не за стореното дело! За какви теории зборуваш, кога сите од форумов што го осудија на смртна казна или доживотен затвор, беа едногласни дека само он е крив и никој друг. Ниту институциите што не му помогнале, ниту соучениците, ниту никој друг. Едино тука го кривеа таткото што го учел да пука. А ако сечеле дрва во село, и им влегол со моторна пила после тоа, и тогаш ќе бил крив таткото, класика.

    Погледнете ги децата од школото. Им го уби пола клас, они снимаат за на тикток, и даваат изјави на телевизија како да се случила тепачка со гребаници, а не масакр кој е најтежок и најболен во историјата на човекот.

    Тука би рекол дека не е само Коста ненормален. Само што другите не се експонираат јавно.
     
    На sunshinebabe, Kolache na mama, elenaa0805 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @BraBru Баш така. Пред некој ден, едно девојче од преживеаните во класот си правеше Q&A на Инста за настанот :drunk:
     
    На sunshinebabe, elenaa0805, sino.o.oka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски

    Родителите на Коста не биле разведени, дефинитиво медиумите се едно големо зло
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    @BraBru 6-7 години бев жртва на булинг.
    Психички и физички.
    Од ученици, до наставници.

    Многу пати ми било преку глава.
    Зошто не посегнав по нивниот живот?
    Мислиш лесно ми беше кога со плачење излегував у кафич, школо?

    Одете зборувајте им за разбирање на родителите што изгубија дете во масакрот.
     
    На sunshinebabe, MeowMeow, Afrodita* и 5 други им се допаѓа ова.
  7. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    958
    Како некој што бил постојано под булинг 4-5 години, те оправдувам комплетно за било која постапка како последица/одговор на тоа што тие ти го правеле. Ако тие не те ценеле тебе и твојот живот, не треба ни ти да го цениш нивниот.

    Ако родителите нивни не сакале да го увидат проблемот, или се правеле дека го нема, и тие не треба да живеат. Многу едноставно.

    Тоа со разбирање на родителите што изгубиле дете е булшит. Нормално е дека ќе немаш разбирање, зависи од која страна си на реката. Ако имаш ниви и ти врне дожд, ќе триеш раце од среќа и пари. Ако имаш поплавен дом, ќе плачеш.

    Ако Коста се самоубиеше, мислиш родителите или другарите на булито ќе сочувствуваа и ќе тажеа по жртвата? НЕ!. Еве гледам колку им е жал на соучениците за тоа детето што се самоуби од Корчагин. Исто како што не му беше гајле на ниту еден родител на тие мангупите кога бев јас малтретиран, или кога беа другите малтретирани.

    Тоа што загинале невини деца е колатерална штета, и од тоа нема бегање, ниту враќање назад. Ама сега збориме за целиот случај (причини, тек на настани, последици). Ако така гледаш, само тој што шверца дрога е крив. А тој што ја произведува и продава, никому ништо, нели? Или оној што го нарачал убиството не е крив, само тој што е платен за тоа е крив, нели? Нема логика. Па така и ова :)
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.012
    Допаѓања:
    328.009
    Пол:
    Женски
    До 8 мо одд имав школски со кој бевме мн блиски приватно.Во школо заедно седевме,дома си идевме на гости.Неговите беа во тој период(пред некои си 15) доста богати и звучни на име.Угледни,школувани меѓутоа мајката го тепаше детето(другар ми) со кабел дома,за секоја оценка помала од 5 ка.Он идеше на школо со модро лице и тело често.Во тој период немаше како денес пријави насилство,Соц мрежи па сите ‘мудро’ ќутеа оти беше ‘нормално’.

    Другар ми поради неа разви говорна маана.Почна да дтка и тоа му остана дo денес.Од стрес и страв.

    На еден голем одмор додека он беше искочен ,јас му прочепкав под клупа.Имаше писмо сакав да видам што е,али ме фати.Во тој момент мислам дека се претвори во за мене нешто непознато.

    Ме турна со цела сила меѓу клупи и почна да ми се внесува во лице со дерење.Со нога шутираше ранци,столици,клупи.Мене од маса ми избутка насилно се,а од ранец ми извади книги,цртежи и ми искина буквално се.Буквално сиот бес насобран во него го фрли на мене.Немаше да престане да не влезеше учителот да смири ситуација.

    После тоа уште мн мн пати имаше вакви ситуации каде гневот и револтот и притисокот од дома го вадеше на нас во школо и друштво.

    Одговорно тврдам дека карактерно беше мн фино дете.Копнееше по родителска љубов.Али за жал мајка му го упропасти псхички.До ден денес не е женет ниту има деца.Што можеби е и подобро доколку траумите не му се излекувани.

    Еден норвешки психолог тврдеше дека псхопат не се раѓаш туку стануваш со тек на време поради некои околности кои длабоко ја реметат личноста.

    Ја мислам дека како родител што може да израсне прекрасно човечко суштество, истиот може да израсне и монструм свесно.

    Коста на видеото како дете не дтка.Од после почнал.Веројатно поминал низ ‘нешто’ .

    Инаку мене ова школо што го прават елитно ми е све освен тоа.Од она што можев да видам на тв таму се собрани куп невоспитани , разгалени деца без грам осет(со исклучок на некои).
     
    Последна измена: 16 мај 2023
    На VDT2906, christinnn, sunshinebabe и 33 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.825
    Допаѓања:
    274.949
    Што сака нека е позади, за да направиш вакво нешто треба да си многу болен и несреќен.
    Да, жал ми е за болните и несреќните. Жал ми е за родителите на умрените. Жал ми е и за живите оти тешко ќе продолжат.

    Ако ми е жал не значи дека оправдувам и поддржувам и веќе не знам дали да нацртам за да ви влезе во глава.

    Пак ќе прашам 100 страни подоцна.

    Еве да го убиеме Коста.

    Кој и што фајде ќе има од тоа?
     
    На sunshinebabe, Stressed Out, elenaa0805 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.825
    Допаѓања:
    274.949
    А зошто ти не посегна по својот, а пречесто жртви на булинг посегнуваат?

    Од скроз иста причина зошто не си посегнала по туѓ.
     
    На sunshinebabe, Stressed Out, elenaa0805 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Да, многу деца поминуваат низ "нешто" заради желбата на родителите децата да им се совршени и најдобри во се.
     
    На Stressed Out, manako1, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    958
    Вие наместо да воведете казни кои ќе бидат спроведувани за оние кои ќе возат побрзо од дозволеното или ќе поминат на црвено и ќе убијат некој, вие би ги убивале само оние кои што газат луѓе.

    Системски е проблемот, не е само до поединецот. Како бе у Швајцарија на некој не му текне да вози 150 км/ч на булевар у центар или да дрифта кај ќе му текне? Парично може нема да го изгорат, ама ќе му земат возачка и ќе го пишува во сите евиденции дека направил прекршок, нешто што не е случај кај нас.

    А нели е полесно само да ги убиваат, наместо да ги казнуваат и да им се замараат? Очигледно дека тоа не е решение на проблемот. Па така и за овој во Србија.
     
    На potatoface и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.012
    Допаѓања:
    328.009
    Пол:
    Женски
    Ама не се децата криви.Им се дава чувство на пониска вредност,чувство дека не се доволно добри за да бидат сакани.Чуство дека мора да се борат за родителска љубов и признание преку успех во школо.Како очекувате таквите деца да се развиваат нормално ?
     
    На VDT2906, azelea, Oneo и 14 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Се изборив некако, не знам.
    Не дека не размислував на тоа.

    Мене нешто не ми е јасно, ако Коста бил жртва на булинг зошто го викале по родендени?
    По нет вртат слики дека бил на многу родендени.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @bicycle Каде има слики од родендени? :?:
     
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Се вртеа по тик ток
    Слики од екскурзии и родендени, лично Коста.
    Ако ги најдам, ќе ги постирам.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    @Polyincognito Screenshot_20230516-192701_TikTok.jpg

    Малку нејасна слика, ова успеав да најдам
    На клиповите што ми излегуваа со оваа слика имаше и дел од жртвите
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.316
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    А вие шо скокате за смртна казна истото ќе го правевте Коста да беше ваше дете?
     
    На Konfetka, Stressed Out, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @bicycle Ова е фотографијата од екскурзијата сега од Април, за време на тој ручек. Односно, не е од роденден.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Женски
    Ајде кој е овде ( а знам дека ве има ) до 15 години да ми каже дали правилно го користи интернетот и социјалните мрежи ,дали чита книги,дали чита списанија ? Поголемиот дел НЕ.
    Ние бевме деца кои растевме вез интернет. Растевме на улица. Со кришка леб. Се тепавме? Оооо и тоа како. Ме натепале ? Ооо . Сум натепала? Оооо и тоа како.
    Децата денес не растат на улица! Тоа е главното школо кое треба да го имаш ,па после се останато.
    Седите на интернет по цел ден. Бело светло гледате само на школо коа ке се иде и за искачање.
    Ние читавме списанија. Пишувавме.
    Имав дневници и дневници дома.
    Сето тоа закачање,тепање,вреѓање го имало и кај нас ама бевме јаки психички. Како? Така што читавме . Многу читавме. И не учеа дека светот надвор е розев и дека нема сите да те сакаат и тоа е сосема во ред.
    Едни ке те сакаат,други ке те избегаваат. И тоа е сосема во ред.
    Детето се учи дека ке станува ама и дека многу ке паѓа. Таков е животот.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.