Мн сме ‘јаки’ психички.Секој втор пати од депресија денеска или анксиозност или панични напади.Секој трет е на антидепресиви јер мн сме јаки тие генерации.
Значи сепак го дружеле? Колку можеме да веруваме дека навистина бил жртва на булинг? Многу нелогичности, ама ајде, ќе го разбереме, сирот.
@bicycle Не можам од фотографијата да заклучам дали го дружеле или не. Кога нa екскурзија е организиран така ручек во ресторан, вообичаено е претходно резервирано/ сервирано на кои маси да се седне. Односно се седнува заедно, не седи кој каде ќе му текне. А ете во автобусот на снимката колку што видов, тој седи сам. Останатите сите се здружени. А ако го дружеле толку многу, нелогично ми е една слика од екскурзија и една од школската клупа цело време да се вртат. Нема слики од по лични дружења.
Сите портали објавиа дека го убил најдобриот другар Андрија.А кај Андрија на профил нема буквално ниедна заедничка слика(веројатно воопшто и се немат дружено).Ама има слики со сите убиени девојки(Ема,Мара,Софија и Петра од листата).Веројатно си се дружеле овие приватно меѓу себе мн.
Реков "бевме" . Што понатаму и зашто некој би развил панични ,има мал милион причина ,меѓу кои немањето физичка работа и активност. И Пак се враќаме на истото.
@joy1 Да, баш така. И кај преживеаното девојче гледам објавува слики од децата. Се разликува која и била само соученичка, која другарка. Ама луѓето, како и медиумите, обожаваат да филуваат приказни, за кои видовме, дека и не се најточни. Може времето ќе покаже што е вистината.
@Polyincognito имам еден пример во средно кога бевме на екскурзија, една ученичка од мојот клас беше жртва на булинг, сите школски ја изоставија, никој не сакаше да биде со неа у соба, на појадоци, сеедно, освен јас и уште една ја дружевме. Така да некогаш и плановите од училиштата и резервациите некогаш паѓат у вода.
@bicycle Зборувам за кога масите се организирани така, како што е на фотографиите од екскурзијата. Така седат сите заедно. И кај нас кога биле по екскурзиите така, и основно и средно, така беше. Па тогаш сите заедно, вклучувајќи ја и ученичката која беше малтретирана од група машки, седеше со сите. Ама во автобус, на прошетките или кога не беше стриктно организирано, претежно сама или со уште едно девојче. Ќе видиме со случајот на крај што е вистина, што не.
Детево цел месец и пол не бил ни на училиште. Баш спомна адвокатот дека тоа медиумите не го споделија. Навидно корона имал. Родителите не се разведени. Не знам што ќе излезе ама дека има причина и те како има.
Не бил воопшто булунгуван од овие што ги уби. Според претпоставки, и тоа е и мое мислење (што не мора да е точно), се осеќал инфериорен во ова одделение. Не е сржта на проблемот тука, многу е поназад и не мислам дека е само еден фактор во прашање. Ама пред да прашаш зашто ти или јас и скоро сите сме биле во даден момент булингувани, зошто ние не сме отишле да убиваме или себе да се убиваме, мораш да сфатиш дека не сме сите исти. Ова дете било болно и несреќно од претходно, увиделе па одел на психолог, ама не направиле доволно. Не ми треба да знам дали трпел булинг или дома го булингувале, дали физички некој бил насилен, реалноста е дека и многу помали изливи на насилство, а не пак во оваа мера, и од возрасен и од дете, се случуваат кога и самите се воспитани во насилство. Здрава структура нема да посегне и по туѓ ни по свој живот, што ти објаснува зошто ти сепак си одлучувала да живееш. Не може да не ми е жал за дете, кое сака нека е, какво сака нека е... Дете е. Не викам и не мислам дека треба било кога да е повторно слободен, не мислам дека е воопшто свесен за тоа што се случи (затоа и има отсуство на каење, нели, пошто за да се каеш за нешто прво треба да си свесен за погрешноста на постапката), нема емпатија во себе, засекогаш ќе биде опасност по останатите. Го жалам и тој од Младеновац, не мислам дека треба да излезе од затвор, ама да, жал ми е што живи луѓе низ таква несреќна призма го гледаат животот. Замисли која празнина треба да постои во една личност, да може да малтретира немоќна животинка? Колку треба да има дупка за да не осети милост, жал? Токму тоа - емпатијата и сочувството нас не' разликува од Коста и останатите како него. Имаме нешто што тие не го имаат, и ради тоа нешто може да ни биде жал, и за животинче што цвика, а не па за човек. Како што напишав поназад, токму тоа што ми е жал за него, е суштинската разлика меѓу мене и него. Јас еве да речеме имам причина да го мразам и да сакам да го убијам, но нема, затоа што мојата структура не ми дозволува да осеќам омраза или потреба од насилство кон никого.
Не знам, прашај некој од тие што се за смртна казна. Јас знам дека ова дете не е жртва. Жртви се тие 10 деца, чуварот и нивните семејства.
Не сум за смртна казна,Зашто тоа би му било награда. Сум за доживотен затвор каде нема да му биде баш убавко
Безобразно е едно те исто 'поставете се на место на родителите на убиените деца'. Не постои човек кој не жали по убиените деца и чуварот, да тие се жртвите на убиецот. Ама никој од вас не рече 'поставете се на место на родителите на Коста', оти како да не може нашите деца да се убијци, само жртви. И да, и Коста е жртва, на системот и на семејството.
Tocno Kosta e zrtva na celioto opstestvo a ubienite deca prvo gi ubile svoite roditeli a posle Kosta ne opravduvam nikako takov zlostor, no imam razbiranje I za Kosta pod takva tortura sekoj bi go zagubil razumot
Она што можам да го заклучам е дека Андрија се дружел со Коста. Тоа го има потврдено и девојката што преживеа. Истата кажа дека не е точно дека Андрија го малтретирал.... Има една слика/стори кај Андрија, повеќе другари на неа и тагнат е и Коста.
За неговото семејство не знаеме ништо конкретно, какви биле како родители и дали можеби го малтретирале на било каков начин детето што придонесло за да дојде до пореметување кај него, така да нема потреба засега да ги жалиме и нив, без да знаеме било што освен дека се доктори.
@simoncelicius Вртев тогаш на почетокот и не видов некаде Коста да е тагиран. А и сега баш извртев, и пак, не ја гледам сликата И во хајлајтот Friends и во останатите.
Бог да чува, каква тортура? Зборувате од памет буквално без било каков доказ. Секој да го губеше разумот под таква "тортура" не знам дали ќе бевме олку бројни на светов ама добро
139 страни истиве реченици ги вртите, до сега сто пати ќе разберевте да сакавте. Да бе, не ми е жал ни мене. Убиец е и одбирам да немам емпатија за него, иако можам да имам. Тоа не го менува фактот дека во некој друг момент бил жртва што придонело како еден фактор во одлуката да земе оружје и да изврши масакр. Не е квантна физика.