1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    Од наша гледна точка многу е лесно да се коментира, не дај боже да сме им во кожа на тие родители кои пуштија дете на школо, а им се врати во ковчег. Дали така лесно би рекле дека судат, без да размислат. Можи за некои Коста е жртва, прашајте родител ете ако препоставиме дека овие деца кои ги убил му вршеле булинг тогаш прашајте фамилија на чуварот дали они ќе пробаат да го сфатат Коста или ќе го осудат
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.822
    Допаѓања:
    40.928
    Пол:
    Женски
    Зошто ги игнорираш постовите кај што се објаснува дека не се бара оправдување?
     
    На elenaa0805, Medea., JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    9.093
    Пол:
    Женски
    Таа па таа.. .жртва бил ,го разбирам.!(facepalm)
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.954
    Па 485 се објасни, џабе е некогаш.

    Ни ти не знаеш да одговориш на едно прашање:

    Еве монструм, гомно, гнида.
    И? Чаре?

    АмА јАс ТрПеВ булинг е што? Еј подобра сум?

    Што е чарето според тебе? Да го убиеме? Кој ќе има фајде од тоа?
    Како ќе превенираме друг Коста во иднина?
    Вие не сте родителите на тие деца.
    Ама може да сте родители на "убиец" или "убиени".

    Како лесно влегувате во улогата на жртва, никогаш дека вашето баш не може да е "лошото"?

    Што ќе правиш ако е твоето "коста"?
     
    На *Amethyst*, elenaa0805, No Makeup и 8 други им се допаѓа ова.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Ако моето дете е Коста ќе си ја превземам вината што не сум го согледала навреме проблемот и што сум уништила живот на уште едно дете, животот на неговата сестра е уништен. Ако моето дете излези монструм кој е виновен? Јас како родител што не сум превзела ништо, јас како родител што сум направила да е достапно оружјето, кое дете од 13 години одговорно тврдам дека не треба да знае да го ракува, не смее да знае дека има оружје, а камоли да знае да ракува и да го наполни. Ако јас сум потфрлила и не сум превзела ништо, а моето дете трпи булинг, јас потфрлив како родител. Ќе се борам со сите сили да му помогнам, ако школото не сака, јас ќе го преместам, знам дека има проблем, оди на психолог? На гла ќе му светам, ќе разговарам, заедно ќе пробаме се да решиме. И јас имав проблем знајш кој ми помогна? Моите родители, ни школо ни наставник никој..
     
    На Aнонимус_ и manako1 им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    А ќе се сложиш да добие смртна казна?
     
  7. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    Да, ако е таков законот, уништи 10 фамилии буквално ги уништи, а да не зборуваме за другите деца кои беа присутни.
     
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Енџи, не знам по кој пат ќе одговорам

    Имаше на твитер и фб такви што го оправдуваат, срби, ама разберете го,му било вршено булинг, попуштил,од високо образувани луѓе, одамна сум на твитер, и следев што се пишува, сега баш и не користам.
    Дечишта што го прават крал, шо го возвишуваат.
    Колку треба да немаш у главата памет да го пишуваш тоа? Ако тие не мислат, кај се другите да реагираат? Утре тие се потенцијални насилници.

    Воопшто ништо не игнорирам, бидејќи и јас бев жртва пробувам да се ставам на негово место, ама некако не успевам.

    Планирал месец претходно, следел се и сешто, одел на стрелиште, воопшто не се каел за стореното дело.
    Доколку се случи во иднина излезе колку се безбедни останатите околу него?


    Не сум за смртна казна, бидејќи тоа нема да го реши проблемот, но му треба лекување, на неговото семејство нов живот далеку од овде.
    Треба промени и строгу контроли.
    Посета на психолог или психијатар, на секој насилник или жртва на булинг, но тоа е тука табу тема.

    Од некаде да се почне, а не да се негира и молчи.
    За Коста нема да зборувам пошто неколкумина ме нападнаа.

    @CameliaMiller доколку бев на место на мајката на Коста тоа би било најголем пораз за мене.
    Секој ден гледам како некои се однесуваат со децата, барам совети од мајка ми, и од некои примери сфаќам каков родител не сакам да бидам.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.013
    Допаѓања:
    328.016
    Пол:
    Женски
    Го прочита ли некој интервјуто на Миланка Негич(мајката на убиената Софија).Секоја чест на стабилноста на жената во ваква ситуација.Ја опиша Софија какво дете била,за што сонувала.Била во вц за време на пукањето ,но истрчала во ходник и ја убил.

    Но во ниеден момент не го спомнува Коста.Ниту упати навреди.Го обвини школото и системот по кој работат

    IMG_8432.jpeg

    IMG_8431.jpeg
     
    На elenaa0805, Bezimenka90, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.316
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже да сме им во кожа на родителите што го пуштија детето на школо и по 1ч му се јавија дека тоа дете изврши масакр. Најчесто како родители сме многу субјективни, пристрасни и слепи, дури и за очигледни работи. За тоа говори фактот што најголем број се поставија на место на родителите на убиените, оти секој попрво би го видел своето дете како жртва, отколку како убиец.
    Неспорна е одговорноста најнапред на родителите, па на училиштето, на сите возрасни во животот на Коста, ама јас сум убедена дека никој не му рече на Коста 'еве ти пиштол, оди убиј ги сите'. И покрај носењето на стрелаштво и достапноста на оружје (за кои што секако има одговорност родителот) јас верувам дека ни на крај памет не му било на таткото дека го учи неговиот син како да стане убиец. Не познавам родител шо сака неговото дете да е пропалица.
     
    На lovely91, Ana.brojka, *Amethyst* и 10 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.013
    Допаѓања:
    328.016
    Пол:
    Женски
    Џизс


    каков текст
    и танцови способности на Вучко
     
    На Bratot, JuLleE и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Ама законот во реално време не е таков. Значи на Коста ќе му се суди во рамките на она што законот го предвидува.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.954
    Абе ти збориш што ќе правиш пред.
    Мајка му и татко му мислиш тоа очекувале? Дека нивното дете ќе биде најмлад масовен убиец во историјата?

    За пред, сите родители прават најдобро што знаат. Тоа не значи дека навистина знаат. Не се родителите педагози, психолози, социјални работници. Затоа постојат, замисли, механизми во државата што треба да контролираат како се чува, воспитува едно дете. Затоа градинка, основно, средно се ВОСПИТНО образовни установи.

    Прашањето беше за ПОСЛЕ.

    Што после? Ќе се осеќаш лошо, ужасно, оќе. И неговите се осеќаат така.

    Ама дека своето ќе го бесиш на плоштад, каменуваш, убиеш... плс.
     
    На elenaa0805, Stressed Out, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.954
    Каква врска имаат тие по социјални мрежи со темава? Во темава кој го оправдува, брани?

    Мислиш неговите се гордеат што направил синот? Не се осеќаат како најлоши родители на свет?

    И на тие што им се мртви децата, и на овие, најголем можен кошмар и страв како родител им се оствари.

    Овие моралната казна, пораз, вина, во гроб ќе си ја носат. Нема поголема казна. Вината на детето како своја ќе си ја носат.
    Знаеш, имам родинина, за ненасилен криминал лежеше затвор во др. држава. Мајка му душата си ја изеде, тој и одлежа и продолжи со живот, таа не се опорави ни ден денес.

    Ниедно "каменување" нема да спречи насилство.
    Мртвите нема да станат. А со насилство, џандари пред школо како во затвор да се, а не во школо, не знам какви драконски казни према децата, само ќе родат уште насилство.

    Тоа што малолетници по Тик-ток го поддржуваат Коста, пак доаѓа до тоа дека се без никаков надзор од никого.

    Родителите може не се "писмени", ама државата и те како има "писмени" кои може да ги вклучи да работат со тие деца, та онлајн што прават, та генерално да се работи со нив.
     
    На elenaa0805, Stressed Out, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller јас не очекувам дека школото мене дека ќе ми го воспита детето. Во клас каде има над 20 деца на кого попрво да се обрне внимание. Најважни години кај едно дете се првите 7, тоа е факултет кој се спрема од дома. Школото колку може да помогни толку и можи да одмогни. Тие замисли можеби функционираат некаде ама на балкан не функционираат. Кај мене во основно психологот беше самата за на психолог и сите си правеа мајтап со неа, од неа јас не очекувам дека ќе помогни. Тој систем кај нас во пракса не се спроведува, и ако не се спроведува ти си должен на своето дете да му помогниш. И секогаш нас како родители некој друг ни е виновен, сме му дале на малолетник мотор направил сообраќајка виновен ни е цацко...
    Нигде не реков дека ќе го бесам, каменувам, ниту па дека родителите сакале да биди он убиец таман работа.. али дека би го прифатила после такво нешто нема грешка, особено да го пуштат и да живее во иста куќа со неговата сестра аха да
     
    На LadyD и bicycle им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.954
    А кој, каде и кога рече дека ќе го пуштат или нешто слично посака/побара?
    За во темава прашувам.
     
    На Angie1432 и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.401
    Пол:
    Женски
    Не разговараш со нечии твитови, разговараме овде и овде никој не рече браво Коста убаво направи.

    Ајде на страна како завршивме претходно, на страна дрскост и лоша енергија. Најдругарски ти пишувам. Како на другарка, како мајка на друга мајка (или идна мајка), како родител на родител или иден родител.
    Од напред се извинувам ако во некој дел излезам надвор од темата.

    Значи, од настанот навака, случајот беше објаснет од еден куп експерти. Од психијатри и психолози од психички аспект, од правници и кривичари од правен аспект, од социолози, сума експерти. И ниеден од нив не го нарече детето монструм. Сите го нарекоа детето-убиец. Не клика тоа ништо? Не за џабе е дете и не за џабе подлежи на поинакви закони од возрасните. Неговиот мозок е сеуште во развој. Тукушто влезен во последната и главна фаза на менталниот развој - пубертетот. Колку само малку можело нешто да биде поинаку во неговиот живот (никогаш веројатно нема да дознаеме) за Коста да порасне во здраво-разумна персона. Ама исто така можеше да биде и многу полошо. Можеше да ги искористи и бомбите и да има и многу повеќе жртви. Во еден момент сам се запрел.

    Е сега, делото му е и те како монструозно, ама тоа е различно зошто сепак се работи за дете. Еве една паралела, фазата низ која проаѓаат 2 годишни деца некогаш се нарекува и terrible 2. И сега и тука имаш исто така мајки што разбрале недоразбрале и што се затепуваат - ама како може дете да биде терабл бла бла бла. Детето апсолутно не е терабл. Ама фазата низ која поминува и те како знае да е.

    Мислите дека ако збориме за Коста од аспект на жртва се намалува битноста на убиените жртви. Тоа не е точно. Ама суровата реалност е таа што тие се завршена приказна чии што крај нема начин да се промени.
    Зошто мотивот на Коста и се што придонело до него ни е многу битен? Оти мора да ни биде. Оти сме родители или идни родители и од тој аспект за нас тоа е најбитно. За да се исправиме каде грешиме со нашите деца. Можеби не одгледуваме иден убиец, ама можеби им ја уништуваме самодовербата, потпомагаме кон анксиозност, депресија, агресија… ред други работи. Зошто нашите деца и идните деца се сегашност и не сакаме да имаат таков крај или да придонесат кон нечив таков крај. А за да знаеме како да го направиме тоа, мора прво да разбереме што го довело Коста до тој степен да убие.

    Е сега, цело време ги спомнувате родителите на убиените деца и како тие се чувствуваат, ама го промашувате фактот дека родителите на 10те убиени деца, мора да поминат низ истото. Тие за жал, најмногу мора да ги разберат мотивите на Коста оти дел од нив имаат и други деца и тие треба таа траума да им ја обработат правилно на тие деца, за последиците од истата во иднина да бидат што помали. А најмногу, за да спречат некој одмазнички поход во иднина. Затоа, без разлика колку сурови некои работи ни звучат, едноставно се процес низ кој мора да се помине.


    И после тука имаш коментари: абе ајде тој е монструм, зацрни еден куп семејства, бесилка. Енде.

    Епа ако сите ние ставиме енде тука, тоа не само што е безобразно наивно, туку е страшно игнорантно и само значи дека идни потенцијални костиња ни трчкаат по дома. Ајде за оние што уште немаат деца па и да не го сфаќаат целосно тоа, ама оние што веќе се родители, да ставаат крај после монструм, точно треба да си го преслушаат родителството.
     
    На st-el, Sleepy, Ana.brojka и 14 други им се допаѓа ова.
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    Цело време препишуваш нешто што не сум го кажала, јас си изнесувам мој став не реков дека некој кажал цитирај каде реков дека сум кажала дека некој напишал такво нешто, мислам сериозно
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Ни трчкаат Костиња по дома, ахам. Сите се(сме) потенцијални масовни убијци, се што треба е еден тригер или два |( И дома ако не му рекле -сине, не е убаво цело школо да го стрелаш, веројатно е пошто не му биле дадени прави информации дури растел. Или игрици играл, од кај да знае дете од 13 години дека не е исто игра и реален живот? |(
    Не растеме деца во некаква извитоперена комуна каде само одредени психично болни особи имаат пристап. Накратко -не сме во лудница без надзор. Од мали се учат на ваков или онаков начин што е почит, што е другарство, што треба, што не треба, што е казна, што е пофалба, што е добро а што не...низ секојдневни навидум банални примери, сите знаеме што треба а што не. Од дома, до градинка, до основно, секаде има правила кои не смеат да се прекршат, и ако се прекршат сме свесни какви последици носат.

    Такви ко Коста имало и ќе има, не се од денес и нема да завршат со него. Но не е ни заразна болест или тренд па да се плашиме дека утре и нашите такви ќе се, онака, од чиста мира.
    Да збориме и реагираме ако гледаме дека нешто сериозно не е во ред со нашите деца, институции и одговорни особи сериозно да си ја сфатат работата, тоа е тоа.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.