Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Но, со самото тоа што дома имало оружје, му било давано да го држи, да се почувствува близок со тоа оружје, постои огромен ризик за ваква трагедија. Кога се имало блиски средби со оружјето, нему му се родила и патолошката идеја, од било кои причини, од било кои мотиви, небитно.
    Многу несериозно од доктор психијатар да каже дека мотивот за креирање патолошка идеја е небитен, ама најбитно е тоа што детето одело на стрелиште, тоа било да посакаш некого да убиеш. Повеќе штета отколку корист од вакви недоречености.
     
    На VDT2906, Ana.brojka, elenaa0805 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.954
    Костиња и те како трчкаат по дома.
    Мислам, само 1 дете да убие/повреди со трајни последици, едно дете премногу е.
    Едно дете да се самоубие ради нашето були што е дома златно, едно дете премногу е.

    За останатото се согласувам оти тоа и се збори. Не знам во "твое" време како било, ама во "мое", булис беа и примерни ученици, со многу културни вака родители. Немаа поима какви им се децата кога не се во близина.

    Оти не збориме за тодлери, ова се деца на возраст каде што веќе имаат некаква автономија, не се под лупа 24/7.
     
    На *Amethyst*, elenaa0805, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Не знам кој даде официјални информации дека Костињата убиваат заради булинг од типот дебел си, ушите криви итн итн...па да се претвори темата во психијатарски кауч за сите што биле некогаш исмеани во школо. Ако беше тоа валидно ќе имавме многу повеќе масовни убивства во "мое време" а уште повеќе во времето на моите родители пошто како што знаеме свесноста на народот за булинг и слични девијации и "детски болести" се зголемува со тек на годините.
    Никој не вели овде дека треба да се игнорираат овие појави, но да се бара масовен убиец во секое разгалено детиште што е во години кога не е свесно и тешко можеш да му докажеш дека е глупо и разгалено детиште, ми се чини е лечење на нечии фрустрации и трауми од детството.
    Ај да ги казниме сите што некогаш не биле фини со нас со тоа што ќе ги споредиме со Коста или со неговите "непријатели".
     
    На Tinaaa, sonuvana, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Искрено, треба да нѐ плаши дали имаме Костиња по дома. Прашање колку децата го усвојуваат ова сѐ ти што го наброја, бидејќи од реакциите на некои соученици и на богами не мал број ученици и тинејџери (општо во Србија), мене тиха језа ме лази, а не зборуваме за одреден број тинејџери и млади, туку баш за позамашен број најрепрезентативни егземплари на децата и околностите во кои растат. Го спомна @Polyincognito пред некое време девојчето што имаше Q&A за масакрот, не знам родителите и службите дали реагирале, али нивото на ненормалност е загрижувачко. Ко бели мечки да станаа нормалните деца. Тоа што ние како родители сакаме да го припишеме на "генерациите се такви" или " во денешно време е нормално" е ваљда некое незнање или мрза или нешто трето, ама предалеку е отидена работата. Ова што се случи е само the tip of the iceberg.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller, tanjaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Да, немало масовни убиства во "наше време" , ама тоа време ги создало денешните родители (и родителите на Коста). Сѐ што се случува во животот твој/мој има ефект на структурата на личноста. Да, не сите што биле исмевани дека се дебели станале криминалци, ама да бидеме реални, овие деца ги воспитуваат тие родители кои биле исмевани дека се дебели. Тоа е домино ефект за кој треба многу ментална работа да не се случи.
     
    На CameliaMiller, IRBBB и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @Abel И сега пред 20-тина минути тоа исто девојче на стори ја има објавено оваа фотографија.
    Screenshot_20230518-174935_Instagram.jpg

    Дали со ова им одговара на тие деца што прашуваа ако може слика од училницата, посликовито да им било, I wouldn't know :drunk:

    А нели пред 1 месец се префрлил во оваа паралелка? :?:
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    И сега јас вака дрско и хипотетички би прашала кај се мајка ѝ и татко ѝ? Не знам озбилно што више да кажам на темвава.
     
    На Stressed Out, IRBBB и Polyincognito им се допаѓа ова.
  8. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    958
    Абе ако имате шумски пожар, вие ќе вработите 100 нови пожарникари за следното лето, или ќе барате тим од стручни лица да ги отстранат причините (или причинителите?).

    Ако ви капе некоја цевка во домот, ќе го затворите вентилот да не тече вода, или ќе купувате легени дур не ја соберете целата вода на светот?

    Така е и случајов со Коста. Треба да се направи се што е во наша моќ, да се спречи појавата на новиот Коста, а не да се смислуваат кинески тортури за новиот Коста.

    Како се спречува појавата на нов Коста? Едукација, образование од најмали нозе, стручна помош таму каде што треба, и ваквите трагедии ќе бидат сведени на минимум.
     
    На VDT2906, anggell, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    17.096
    Пол:
    Машки
    Да, и се што кажа е така.
     
    На CameliaMiller и joy1 им се допаѓа ова.
  10. Anjaaaaaaaaaaaaa

    Anjaaaaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    45
    https://vm.tiktok.com/ZM2RSdSJ4/
    Какви генерации.. жалосно. Каква врска има видеово што се снима со описот и настанот, денешниве деца воопшто немаат осет.
     
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @Anjaaaaaaaaaaaaa Ја пее песната што ја ставаат на видеата за настанот, па демек таа е поврзаноста.

    Секако видеото само по себе ми е како филтерот со сликичките од децата - ненормално. No comment really.
     
  12. Anjaaaaaaaaaaaaa

    Anjaaaaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    45
    Да, знам за песнава ама видеото.. позира, се смешка и става опис што благе везе нема.. исто ко соученичката што снимаше лајв и q&a за настанот
     
    На Aнонимус_ и Polyincognito им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Во неговото однесување и тоа како имало ред флегс. Тоа што неговите родители не забележале е не знам, друга работа. Мислам, од една страна разбирам, кој за своето дете би помислил вакво нешто нели, ама од друга страна и тоа како требало да се реагира.

    Напишал есеј за скул шутинг, школото реагирало кај родителите, ама ете останало само на тоа. (?!) Мислам она, баш класика, деца се, ништо не е, само фантазија. Фантазија која на жалост станала реалност.

    И мислам дека ова со есејот било некој месец пред нападот. Бил депресивен и суицидален. Имал дневник во кој го пишувал истото. Мислам, пишуваш дека сакаш да се самоубиеш, поприлично долго време, а родителот не знае.

    Искрено, не можам да не се запрашам, што знаеме ние родителите за сопствените деца? Буквално, слепи на очи сме!

    Година уназад пред нападот, заедно со Ерик, имале проблеми со законот. Побарал пиштол за Божиќ, на што секако дека добил не за одговор. Сакам да кажам, ако се друго не било забележливо, ова е!

    Мајката има напишано книга во која има дел од овие работи. На почетокот била во denial.

    Од друга страна, родителите на Ерик, дури и со експлозив (подготвен во домашни услови) го фатиле. И не го пријавиле, пошо нели да не глави, оти бил на условно за претходни дешавки. Имал веб сајт на кој отворено пишувал за масовни убиства, природна селекција, како сака да ги убие сите и отворено се заканувал за убиство на некое дете. Родителите на тоа дете пријавиле. Од полицијата биле свесни за се што пишувал Ерик, ама ете, пак останало само на тоа.

    Фатална грешка е направена со овие две деца, прво во однос на нивното ментално здравје, а после се друго. Имаат оставено снимка пред нападот во која ги објаснуваат нивните мотиви, ама се уште не е објавена во јавноста од страна на овластените.

    После Columbine, направени се многу промени во училиштата во однос на булинг програми и слично. Ама останува натаму и еден од главните проблеми, контрола на оружје!

    И на жалост, овој масакар многу пати послужил како инспирација за следни. Ништо не сме научиле!
     
    На VDT2906, Cosmic Girl, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Anjaaaaaaaaaaaaa

    Anjaaaaaaaaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    45
    Кој е Ерик? Каков проблем имал Коста со него?
     
    На simoncelicius и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.822
    Допаѓања:
    40.928
    Пол:
    Женски
    Можеби и не. Ако и самите биле ужасни луѓе, нема да се осеќаат.


    @bicycle на фемина сме, не на твитер, не на фејсбук. Нема полза да продолжи дискусијава кога си пишуваш она кое што ти си го замислуваш дека другите го мислат и упорно ја промашуваш поентата тука. Не знам кој сугерираше дека не треба да оди во затвор? - ко скроз од нигде никаде го извади тоа.
     
    На *Amethyst*, elenaa0805, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.954
    Масовен убиец е толку ретка појава, посебно кај толку млади и очигледно, не е војна, што нема ваква друга ситуација за споредба.

    Се' што треба да се гледа е малку, што знам, критички и кон своето, кон секое. Секое може да е були, секое може да почне со девијација, нели, затоа има родители пред се', да корегираат однесување.

    Никој не тврди дека баш булингот од врсниците е (главна) причина, најверојатно е склоп на повеќе неубави настани, лошо склопени коцки, оти дете просто не се раѓа лошо.

    Моето лично мислење веќе го кажав, може тотално да грешам оти нели, не сум дел од истрагава, но мислам дека најголем булинг имал прво од дома (односно бил приметен само ако е "добар" и "првак" и се' помалку од тоа било повод за разочарување и лишување од љубов од родители) што го довело да осеќа толку омраза и чувство на инфериорност.

    Али да, секое е потенцијално "коста", во смисла секое може да биде малтретирач, само што сите "нашето" прво го гледаме како жртва.

    Пак околу секој со свое искуство, од моето 30 пара родители просто не сакаа да прифатат дека децата им се булис, одма беше реакција "како нашиве 30 се лоши, а таа една добра".

    Оти да бидеш прифатен и дел го стадото е многу битно за тинејџер, некои од нив не беа самите по себе булис освен ако "фраерите" не беа присутни.

    Повеќето жртви на булинг не се убиваат и не убиваат, но им остануваат трајни последици. Така што, моментално се соочуваме со нешто што нашите родители не се соочувале кога ние сме стекнувале автономија, а тоа е уште еден + паралелен свет кој е битен фактор за денешните деца. И не е ок да глумиме и да споредуваме, нашиот круг беше неспоредливо помал него кругот и реално, достапноста на сешто што ја имаат денес.

    Ова се најпрвите генерации кои растат "фул онлајн" па покрај она што е во реалниот живот, интеракцијата на паралелниот, виртуелен свет мора да е под силна опсервација (што се покажа како очигледно после настанов, пошто негови врсници свашта се снимаа сами себе - без некој да ги контролира).
     
    На azelea, *Amethyst*, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Дали сите сметате дека ова можело да се превенира? Или дали можеби само би се одложило, ако соодветно се реагирало. Се смета дека психопатите најчесто имаат биолошко нарушување во мозокот (генетско, наследно) кое под дејство на некои тригери може да доведе до ваква ситуација. Не го кажувам зборот психопат како навреда, туку како термин. И океј, не ја открив Америка секако, сигурно и повеќето тука сте го прочитале истото, ама по муабетот сметате дека проблематичниот карактер му е последица на околности и на воспитување.

    Верувам дека родителите некаде, или можеби на многу полиња, погрешиле, нешто не виделе или се залажувале дека не е тоа предзнак на нешто толку сериозно. Но, прашањето е дали ако си го носи тоа човек, некој може долгорочно да го спречи. Зошто сите родители грешат, многу од нив имаат високи очекувања од децата, но фала богу ретко кому му се случува вакво проклетство. Дека било се целосно игнорирано од нивна страна не можеме да знаеме, нели имаше инфо дека посетувал психолози. Ако е точно, значи нешто се преземало. Дали има лек за овие состојби и ако да, колку често може да се излечат и држат под контрола? Исто, се прашувам колку како луѓе и родители сме способни ваквите промени кај децата смирено да ги прифатиме и да работиме со нив така што тоа ќе донесе позитивни промени, а нема да биде контрапродуктивно. И да се побара стручна помош, најголем дел од времето детето го поминува со родителите дома, а не со стручните лица. Многу луѓе кога се уплашени од постапките на своите деца, или немоќни, не знаат да го најдат правилниот пристап. Зошто и тие како деца биле сјебани од нивните родители, а на 30 плус не се учи толку лесно нов образец на справување со проблемите.

    Мене би ме смирило сознанието дека може да имаат на се влијание родителите, ама не сум сигурна дека е така. Чувството на немоќ е најлошо и меѓудругото затоа се бараат причини и начин да се влијае. И треба да се реагира. Ама не верувам дека таа превенција може да ги спречи секогаш тие што си го имаат тоа во себе.

    Е, има една работа која веројатно би превенирала барем малку, а тоа е да се дава многу помалку медиумско внимание. Ама за тоа треба и опшеството да реагира, а не само родители поединци.
     
    Последна измена: 19 мај 2023
    На Ana.brojka, *Amethyst*, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 побогу, шо е битно кај сме?
    Небитно, ај вие сте во право, сите други не, нема да се објаснувам.
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.539
    Пол:
    Женски
    Снимката на 4 год кажува се.
    Несреќно згрчено дете со страв да не погреши. Робот од мал.
    Опсесивно компулсивно пореметување, перфекционизам, желба за докажување и експонирање.
    https://senzacija.ba/2023/05/16/kak...BslI0uK3CKOKVi2wAFG7B_R_rbn64g8_o-kiGPY2FaXfY

    форсирано од болно амбициозен татко кој и самиот високоинтелигентен со своето нарцисоидно пореметување створил наследник.
    Нарцисите често имаат наследник.
    Таткото гО створил монструмот и убиецот.
     
    Последна измена: 19 мај 2023
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Многу е ретко ова нарушување за среќа, но генетиката тврди дека постои ген на убиец...0,5 % го имаат.
    Генетиката на убиецот Коста е оптеретена и доста специфична...многу успешни луѓе има во неа, многу амбициозни, доктори и војници,спортисти......симболиката е голема борба, живот и смрт...

    Да....пример е писателот со исто презиме,кој е во сродство со малиов убиец. Ако некој ги читал неговите книги, може да види дека тематиката е воглавном врзана за траума на дете во рана тинејџерска возраст, траума која е толку јака да детето буквално занемува од неа. Јунаците во делата на Кецмановиќ или немаат татко или имаат лош однос со него и тој мотив е многу битен.

    Да не бил обучен да ракува со оружје, веројатно би израснал во врхунски лекар или нешто слично...но татково решил да му ја крене самодовербата на погрешен начин, секако ненамерно, но испаднало фатално во случајов.
    Многу делчиња се склопени погрешно, и ја предизвикаа оваа незапамтена трагедија.
    Сите се битни и секој е крив, од амбициозните родители, преку психолозите кои го третирале, можеби е тригерот во некоја погрешно изречена реченица од некое дете, но сигурна сум дека и генетиката одиграла значителна улога.
    Не успеал да се избори со пореметувањето кое го носел и кое било додатно зголемено од се досега набројано....доцна е за него сега...не треба да се заборават неговите жртви, чии животни потенцијали најсурово ги одзема едно дете кое се претвори во монструм....
     
    На Гладиоли, VDT2906, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.