Па битно е зашто ни се обраќаш на нас со тоа што си го прочитала таму. Нема логика. Никој тука не напиша дека делото треба да се оправда, што ми е гајле што пишувал некој на твитер што не го ни читам.
Сметам дека можело да се превенира. Ако сериозно се работело и со детето, и со родителите. Само што, кога родител носи дете на психолог, ќе каже се' што “не чини“ со детето, како да го “поправиме“ детето, но во реалноста прво родителот треба да се “поправи“ за да може и детето да се “поправи“. Е сега, на возрасен човек кога ќе му кажеш дека не чини неговото однесување прво, дека прво тој треба да работи на себе и како личност и како родител, прва реакција е - отпор. Само по форум читај, малце да пипнеш мајчинство на некоја, тоа е навреда од невидени размери. Исто е и во реалниот живот, кај психотерапевтите. Психологот не чини, родителот чини. Со сила никој не може да те натера да го тераш овој процес. Факторот на огромна суета и субјективност е присутен, за жал, уште повеќе кај луѓе кои и генерално се перцепираат себе како успешни. Ако си успешен доктор, професор, што да е, не значи дека си успешен родител. Тешка вистина за прифаќање, ама можеби чистачката е поуспешна како родител, отколку ти, докторот. Така што, дали можело да се превенира? Да, можело. Нема ни еден психолог што ќе предложи како семејна активност пукање, воопшто, а не па кај дете кај кое постои несигурност, незадоволство итн. Впрочем, еве еден многу добар психолог што има да каже на темата оружје https://www.instagram.com/reel/CsVvLx7NCUW/?igshid=NTc4MTIwNjQ2YQ== На крајот, психопати има многу, најголем дел од нив не се опасни, не убиваат. Гадови од луѓе се, навистина. Успешни и ужасни истовремено. Коста можеби е психопат. Можеби. Ама срединските фактори и те како довеле каде што довеле. А пошто не можеме и нема сигурно да им правиме МР на сите тодлери за евентуална потенцијална психопатија, поедноставно решение е да се едуцираме сите. Не само родители, туку сите вклучени во животот на едно дете.
Твоите постови на тема за масивно убиство се упорно напаѓање на сите родители и е очигледно некој твој тригер или општо малограѓанско гледање на ваква сериозна тема. Нормално е да се спомне и тој дел како фактор но без докази за конкретниот случај дека родителите придонеле а уште помалку дека сите родители одгледуваат потенцијални Костиња, малку повеќе претерано е и ја спушта темава на муабети на сред чешма. Подобро да се префрлиш во соодветни тема, има доста за вакви и онакви родители родители и деца, тантруми, закачање и слично...
Напаѓање на сите родители? Не би рекла За се што зборувам лесно можеш да провериш, ако сакаш, нормално
Нема што да проверувам, голем дел од работите веројатно се точни и ги има во секој сајт за родители и деца, на детски родендени, оговарање на кафе пауза...затоа реков да се префрлиш таму. Не во сајтови за масовни убивства.
Мојата перспектива е јасна, да се коментира конкретно за случајот без рекла казала муабети, лечење лични комплекси и филозофирање какви се денешните родители.
А за конкретниот случај знаеш нешто што веќе не знаеме? Ниту коментирам “денешни родители“. Она што знаеме е дека пријавувал булинг, дека сам изјавил за проблеми со мајка му, дека татко му го носел на стрелаштво, дека посетувал повремено психилог. Толку знаеме. Од изјави на соученици знаеме дека бил закачан, но никој, па ни девојчево чија мајка се дереше на новинари не го перцепирале како чуден, нападен. Претходно нема пријавени проблеми со него, никакви. Тоа е се што знаеме. И дека дома спремил бомби и ги однел во школо.
Ако земеш во предвид каде се случува настанот, Србија, каква е процедурата за проблематични или деца со сомнеж дека имаат психички проблеми и дали воопшто ја има...плус фактот дека бил дете на битни луѓе а сите знаеме како се третираат деца на битни луѓе на Балканот посебно кога одат во приватни училишта, ништо чудно што не е документирана ниту една појава надвор од нормалното.
На што алудирав наназад Дека и да имало показатели, биле прво непризнаени од неговите родители најверојатно (оти суетата е огромна кај овој кадар на луѓе), а второ, да, баш бидејќи е Србија, јасно ми е дека е бетер него овде. На што и алудирав поназад, дека психологот, педагогот итн. и да имале сомнежи, рацете им биле врзани. Затоа кажувам дека сите како општество треба да се преиспитаме, а не само изолирано неговите родители и неговиот случај. Соучениците негови по тик-ток се глупираа, еден куп деца онлајн се глупираат. Зборам за деца 12-15 годишни. Чија вина е тоа? Еден е крив? Сите сме криви? Ако нешто зборувам, тоа е спротивното што го тврдиш - не ги обвинувам ни случајно само родителите. Апсолутно се најважни, но сите колективно сносиме одговорност за децата. Не само родителот. Не живееме во планина кај што немаме интеракција, имаме, во разни ситуации влијаат на едно дете различни луѓе, сите колективно сме одговорни за каква иднина ќе имаме.
Не е приватно училиштето, државно е, ама оделе деца на богати луѓе наводно. Плус Коста месец и пол не бил на училиште. Така спомна адвокатот поназад постиран.
Самиот факт што не било приватно училиште туку државно, а оделе деца само на богати, кажува за каква држава станува збор. Во државни училишта треба да имаат пристап сите, и ако се делат по нешто тоа треба да е по знаење, не по богатство на родителите.
Бриџ, ако си од Скопје, и овде има “елитни“ средни, па и основни Што се согласувам, зборува за државата, која ја потенцираме наназад ептен многу како главен виновник, нАли. Само што сами си ги бираме тие горе. Како и во секоја држава.
Ова го има и кај нас во Мк, во Скопје се цели училишта, во помалите градови се бираат паралелките. Со амин на директорот, психологот и педагогот. И замисли сите сакаат децата да учат таму. Демек одбрани биле. Јас тврдам дека тоа се истити родители кои се 90 посто и на форумот. И после децата биле булингувани. Нормално. Не ни можеме да замислиме што се случува таму, грозно е. Затоа, не ни е така далеку Белград.
Па од родител кој е були (уствари кога си возрасен не си були, само си дрзок, директен, фаќач на врски, ју нејм ит) какво дете очекуваш? Еве не знам.
Elitno ne znaci deka e za bogati, idele i siromasni u toa skolo, elitno e radi uspehot i razlicnite aktivnosti koi gi nudi skoloto, ima dvojazicna nastava, razni natprevari itn.
Ради сталежот е. Не се вика елитно заради оценките, ќе се вика успешно. Самиот претседател им кажа какви деца оделе. Башка Врачар е мислам елитна населба во Белград. И скроз нормални родители сакаат да се децата во тие одделенија. Заглавени сме во тој ментален склоп “Знаеш ли кој сум јас”. И тоа е тоа.
Мхм, Врачар Е елитна населба во Белград. Кога можеше дебилон од претседател да излезе на тв и тоа да го дрнда истиот ден со масакарот, што повеќе.
Дали ве фаќа страв сега да патувате во Србија? И не е само Србија, почнаа по некои изолирани инциденти во Босна, Црна Гора, Хрватска. Полуде народот. Мене ми е малку шубе.