Почни од него само, колку е трула државата. Не сме поарни. Всушност цел Балкан е ист. Па и пошироко. Ако сме искрени. За жал, луѓето се вреднуваат по сталежи и тоа е нешто што не верувам дека ќе исчезне. Само да не е во толкава мера како на Балканот.
Зашто страв? Нели имаше убиства во еден ресторан во Ск пред неколку месеца? Не може дома да се затвориме и да мислиме на некоја потенцијална опасност. Опасност секаде има.
Не ми е страв, ако така размислувам не треба да седнам зад волан, а богами ни некој друг да вози. Не знаеш која будала дента решила начукана да вози.
Оди после наставникот или психологот нека му даде укор на некој, има да го нема. Во Тетово и на 12 годишни деца им се носи дрога во училиште, веќе не се тепаат со клоци и тупаници, туку користат ножеви и оружје
Во Тетово имаше две случки каде деца беа фатени со пиштол во училиште. Македонските деца таму како одат на школо не знам. Имаше на Кајгана мислам некој си Македонец од Тетово пишуваше дека му ваделе нож, пиштол, ама самиот имаше пишано „што да правам, во школо ли да не одам?“. Ова поодамна го најдоа преку гугл и го читав. Македонска работа, се помирува, како е така, е.
Според форумските експерти, Булинг е само населено место во САД, а не и еден од најголемите проблеми во нашето труло општество, особено кај најраната возраст. Нема потреба ништо да се презема, ќе го убиеме сторителот како и да е, така е најлесно.
Не е зголемен бројот на случаи на врсничко насилство или слично, само е фокусот ставен сега на сите нив, заради оваа случка во Белград. И пред неа имаше насилство и булинг и секакви грозни случки, не дека немало. Знаете колку пати ми пришле родители да ме прашаат за стручен совет за детето а проблемот бил булинг и како да се справат со него? Знаете колку пати сум чула од нив дека не наидуваат на разбирање од другиот родител или на помош од училиштето? Сега се се сфаќа сериозно па се реагира и за помали инциденти... За жал, треба да се случи од поголем размер трагедија за да се подигне совеста кај луѓето за некои проблеми. Жално ама вистинито! Пред слукава дискусиите за булинг и деликвенција беа досадни и никој не сакаше да се замара на тие теми. Општото мислење беше дека таквите инциденти се случуваат ретко и само во некои си таму дисфункционални семејства или само во некои средини каде условите за живот се субстандарни. Си мислат сите дека тоа нив не може да им се случи, дека тие имаат се под контрола, додека мирот не им го разруши ваков страшен настан. Кога ќе се случи во вакви услови каде се било навидум нормално и во подобро стоечки семејства, тогаш се јавува еден општ шок, па страв да не се повтори, па интерес зашто дошло до тоа, како, заради што... Жалосно е што се доцни со ваквата реакција. За греота сме ние луѓето како вид, споро учиме, ограничени сме од својата себичност, егоизам, предрасуди, материјализам и тотално отсуство на грижа за другиот. Отворив тема на форумов за адолесценцијата и пубертетот пред една година. Многу е помалку активна од темите каде се зборува во детали и во страници за теми како спиење , јадење, шопинг за нашите бебиња... Разбирам дека повеќето членови сте помлади на форумов, па ве интересираат помалите возрасти повеќе, зошто децата ви се сеуште мали. Не го велам ова за да обезвреднам нечии грижи или да ги подценам одредени проблеми, ама верувајте дека не се споредуваат овие проблеми со тие кај поголемите деца. Башка родители сте...секако утре децата ќе ви пораснат и ќе се соочите со предизвиците што ќе ви ги постави вашиот тинејџер или пубертетлија. А за некои од нив да не се појават требало да се реагира додека растеле и додека биле помали. Се преиспитуваре зошто бебето сменило навика а на пубертетска возраст е и тоа како ќе ви се сменат децата. Многу подрастично него кога се помали, нема да ги препознаете своите деца. Нема да знаете што да правите во такви ситуации, зошто нема да ви палат старите финти. Или зошто касно палите... Зошто толку незаинтересираност за овие проблеми претходно? Воопшто на психолошките теми за различни патологии не се покажа интерес, не па за тие кај адолесцентската возраст. Кога пишував некои членки ми рекоа дека филозофирам, те по книга сум кажувала... Епа нема плукни-залепи. Децата не се машини и нема инстант решенија кога се воспитуваат. Психолозите не знаеја ништо, сега наеднаш сите ги бараат за врсничко насилство да им објаснат. На бајачка прво се одеше. Или само таму. Работилниците и конференциите за булинг се преполнија да се слушнат психолозите.. училиштата се разбудија од зимски сон. Ене сега ќе правеле вонредни состаноци за булинг ситуација што се случила пред една година... Тоа е веќе ситуација која или прогресирала или се разрешила. Реакцијата е задоцнета. Кај беа тие наставници пред една година? Зошто е во училиштата еден психолог на стотици или илјадници деца? И тоа во најдобар случај. До скоро имаа само еден од стручната служба или педагог или психолог. Штедеа ли? Лута сум на сите во моментов. Извинете ако некого навредив ама стварно ми пука филмот. Ги следам сите околу мене како реагираат и не знам дали да плачам или да се смеам.
На оние кои се во процес на тагување им треба професионална, стручна помош од страна на терапевти или советници кои се обучени за работа со лица кои се во процес на тагување. На полесните случаи може да им е потребно само советување (grief counseling) а на другите лица кои имаат посложени облици на тагување им е потребно терапија (grief therapy). Лицата, пред се децата, кои се во истрауматизирана состојба имаат потреба прво од терапија за справување со траумата. Зошто и тие прво се жртви на насилството (без разлика дали им бил животот под закана или биле само сведоци), а потоа се и некои што загубиле блиска или за нив значајна личност. Дури после работата врз траумата, ќе следува нова терапија која треба да им помогне во процесот на тагувањето и загубата. Судејќи според ова што е пишано како реакции на децата кои биле ученици во школото, тие се сеуште во таа состојба на шок и истрауматизирани. Вакви типови на терапии може да прават само стручни лица, со соодветно образование (психолог, психијатар) и да имаат обука и искуство во ваков вид терапии (за траума и за тагување), зошто станува збор за посебен вид на терапии. Лицето што добива помош, за да има ефект терапијата, треба да има доверба во својот терапевт и да знае дека се наоѓа во безбедна средина кога е на терапија или советување. Никако не се прави со собирање на децата од ходник, рандом. Мора да има волја самото лице да оди на вакви третмани, а бидејќи се малолетници во прашање, треба да биде со дозвола на родителот. Родителот истотака има право да знае што се прави на тие сеанси, како напредува детето и сл. нешта кои ќе му ги даде како информација терапевтот, при тоа водејќи сметка како ќе го изведе тоа, а да не ја наруши довербата на детето. Дополнително тоа треба да е терапевт кој има искуство во работа со деца или адолесценти. Ако дотичната била невролог или некое друго медицинско лице, не значи дека е во ред да советува и лечи за работи за кои не е стручна. Дури и дополнителните дообуки од разни техники и видови терапии може да не се доволни, зошто може да не се соодветни за проблемот. Нека си ги практикува таму кај што смее, нека не се докажува преку жртвите. Ако завршила медицина, тоа треба да и биде јасно како ден, зошто сите учат етика и знаат многу добро што се смее а што не. Многу е сензитивна и озбилна целата работа, и воопшто не е лесна.
Прашање е дали со терапија можат да се извлечат емоциите на болка и тага и револт и страв, кои во моментов се сигурно присутни кај тие деца, било да се директно или индиректно засегнати со оваа трагедија... Можеби е доволна само поддршка и не претерано форсирање на терапија, бидејќи кај секого е индивидуално и е потребно некому помалку,а некому повеќе време да ја покаже таа доминантна емоција која го боли. Имам впечаток дека и првичните реакции во кои му даваа поддршка на убиецот се реакции на страв и огромен бес, канализирани погрешно поради неочекуван шок. Заедништво и љубов им се најмногу потребни сега, а кога ќе се "отворат" и покажат емоција ,многу од нив ќе побараат и терапија сигурно. Некако ми се чини дека не е добро сите оддеднаш да имаат чувство дека се под присмотра , било дома или во школо....долго е грешено, долго ќе трае и оздравувањето....
Децата мораат да се вратат во школо, за да добијат некаква "нормалност". Но не сакаат (и не треба) да ги форсираат во моментов со тестови и слично. Терапија е и спорт, терапија е и дружба, постојат многу терапии што нема да делуваат како терапија и присмотра, а полека ќе ги враќаат во нормала. До крајот на годината има многу малку, нема логика сега да ги остават дома. А за од септември нека му ја мислат, имаат проблем што со полиција не се решава.
Проблемот е што не е само тагување, grief e и од болест кога ќе изгубат некого, овде не знам како успеале рандом докторка да донесат. Посебно обучени психотерапевти што не само со тагување, и со птсп што се занимаваат треба. Оти децава преживеаа нешто непоимливо за никој, не само нас, ниту нивни роднини, врсници, родители, никој нема слично искуство и никој не може да се справи баш најдобро. Како преживеани војници се, само 13-14 годишни. Одма сега и да не пројавуваат симптоми никакви, тешко дека некое од присутните ќе пројде "негребнато", а и општо, сите деца од смената што биле присутни и слушале. Подлабоко е од тагување ова..
Децата не мораат да се вратат во школо, особено што е ионака крај на учебната година....какви се тие глупости да се трауматизираат додатно, без оглед што многу од нив изгледаат " нормално" навидум.... Овој огромен шок не смее да се забашури само... Секако дружење и заедништво е најпотребно и најзначајно за нив во моментов, но не во тоа школо, прерано е... Исто мислам во врска со полицијата, маскирање на проблемот....
Во Америка е веќе очигледно дека не е изнајдено решение како да ги контролираат овие бесмислени масовни убиства, преку кои самите извршители бараат начин да се прослават, правејќи култ на негативен јунак, кој преку ноќ станува планетарно познат. Губењето на смисол, релативизацијата која е присутна во сите општествени сфери, полека станува се поприсутна и на нашиве простори. Поради тоа не смее да се прејде преку овој масакр како преку обичен инцидент. Во Русија е воведена една книга " Дигитална хигиена " како учебник, која ги учи децата на кој начин да се заштитат од сите опасности кои се кријат позади екранот, во дигиталниот свет, кој е нивна реалност. Напишана е од врвни научници, после масакот кој се случи и кај нив пред неколку години. https://standard.rs/2023/01/15/digitalna-higijena-kako-se-zastititi-na-internetu/