Ете го тоа што од старт се сомневавме неколку души на темава, дека никаков булинг не трпел монструмов од децава. Иделе заедно по екскурзии, играле карти до доцна, пееле и се смееле. Затоа и кога почнал да пука девојчево му истрчало и го прашало што прави. Немаше логика да пука во рандом луѓе, немаше логика да пука во чувар кој сите го сакале, во учителка и во деца кои не биле на списокот. Значи преживеаниве деца добиваат закани дека заради тоа што се булис ќе ги докрајчи некој друг. Имаше и други деца на списокот. Коста беше претставен како малтретирано дете па затоа се одлучил на ова. Што не е вистина. Еве кон што довело тоа. Емпатизирање со убиец, добивање на поддршка дека други ќе го завршат тоа што го почнал за да ги снема тие што му правеле булинг. Од сам старт викам дека за овој човек не требаше емпатија. Како што немам емпатија за ниеден масивен убиец, така и за овој немам. Емпатија имам само за тие деца што го преживеаа ова, има деца што уште не можат да зборат после случката, деца што не можат да спијат. Битно на Коста топ му е, си доби емпатија, си доби популарност, ѕвезда е на тик ток.
Абе вие разбирате ли дека кога некој е спобудален, агресивен, во инцидент, настрадуваат и луѓе кои не се претходно ТАРГЕТИРАНИ? Во тепачка најчесто го јаде тој што се обидува да ги спречи, затоа што и двајцата се агресивни и маваат се пред себе. Исто и со убивањето на чуварот, па и оние кои не го малтретирале. Нема логика, не треба ни да ја барате. Не му испаднал планот како што замислувал, и почнал да пука по сите. Колатерална штета, не оправдувам, треба да си лежи по институции или болници. Ама никој не се понаша така како него, без да биде прозван. Никој не прави таков список и план, од што му било досадно, па тоа му било домашна. Значи треба да се најде тригерот, да се најде причината за тоа. Се надевам ќе прозбори некад за тоа некој. А највеќе оние кои се преживеани, а биле на списокот. Нормално, ако не лажат.
Какви глупости. Тепачка која е во афект и ладнокрвно, едномесечно планирање на масакр врска немаат едно со друго. Нема зошто да лажат преживеаните, кога буквално сите родители на починатите што јавно кажаа за случкава, кажаа дека децата сите се дружеле, излегувале заедно и никој не го закачал. Андрија, убиеното машко му бил најдобар другар. Колатералната штета како што ја нарекуваш имаат име и презиме. И фамилии. И нема некој кој си е по заслуга, а друг колатерална штета. Никој не го заслужил ова.
Не би рекла дека има колатерална штета. Прво ладнокрвно ги убил сите кои му биле препрека, чуварот, девојчињата кои дежурале и наставничката, па прешол да го реализира списокот...успат го убил девојчето кое се обидело да се спротистави... Толку е монструозно испланирано, да во неверица се обидуваме да разбереме. Ама нема што да се разбере кога сме соочени со чисто зло.
Ima mnogu svedoci koi potvrdija deka bil dobro prifaten vo toa oddelenie. Nastrana od odlicniot uspeh sto go imal detevo bilo mnogu awkard i site toa go zabelezuvale ocigledno. Splet na mnogu nesrekjni okolnosti e tragedijava.
Кате, за ова не можам да се согласам со тебе од причина што булингот најчесто е сокриен, суптилен. Може некој да оди на сите екскурзии, да излага со сите и пак да е жртва на булинг. Не го кажувам ова како оправдување, да се разбереме, само дека ова што е изнесено не го поништува веројатниот булинг. Јас имав соученичка, кога ќе се спомнеше кафе и ќе тргневме сите, ако се појавеше она другиве почнуваа да бегаат. Буквално. Кога ќе седевме во друштво имаа смислено интерна шала и си ја кажуваа без девојчево да има појма дека зборат за нејзе, пред нејзе. А она одеше секаде со нас. Децата знаат да се многу злобни и почесто е така отколку отворено и гласно. Искрено не го следам случајот и не знам што изјавуваат моментално, ама памтам уште на почеток неколку деца изјавија дека бил исмејуван. Не верувам дека во таква состојба, непосредно по пукањето, би лажеле.
Повлекувам паралела, вадам пример од дадена ситуација, не ги споредувам. Абе и мои соученици коа беа тепани, родителите на тепачите викаа дека така си играле, не мислеле ништо лошо. Значи, кој и што како убил, веќе нема назад, и лошо е што се десило, да не се повтори. Сакам да кажам дека не може да се разбуди и да рече е сега ќе ги убијам затоа што ми е досадно во школо. Значи чим правел планови, скици, пребарувал закони, сигурно имал мотив/причина/тригер да го направи тоа. НЕ ОПРАВДУВАМ НИШТО ОД СТОРЕНОТО, ама мора да имало нешто што претходело на таа последица. А тоа упорно тука се премолчува. И родителите нормално (поготово на оние богатите деца) нема да знаат што им се случува во нивното школо или на нивните деца, едноставно затоа што се презафатени и не се грижат за своите деца доволно. Нормално дека тие ќе кажат дека се дружеле, сигурно нема да рече, па син ми го малтретираше Коста од време на време, ама ако, нека му е. Пак ќе речам, 146 страна дојдовме, а булингот е упорно незабележлив во целата оваа ситуација. Како било разговарано неколку пати со вработени од училиштето и родителите на Коста, ако родителите на убиените велат дека е прифатен и не бил закачан? Сигурно не пиеле кафе со педагогот и класната, од курташак. Чим доаѓале, чим се жалел, чим се понашал чудно, нешто се случувало. Најверојатно никогаш нема да се дознае вистината. Коста си е крив, и треба да си ги сноси последиците. Ама од тука, од тој момент, треба да почне сериозна борба/кампања да се намали булингот. А не напротив, допрва да зема замав, бидејќи одговорните лица велат "деца се они, остајте ги да си играат." Се додека не им се случи тоа на нивните најмили.
Изјава од тамошните надлежни по повод видеото од врсничко насилство од пред некој ден. При видео се негира, не па инаку
Не е масивен, туку масовен. И добил емпатија од сличните како него, не од нормален свет. На пример доби емпатија од многу тинејџери(чак и од самото училиште, така што ние можеме до утре да си мачкаме очи дека таму се собрани сите најсупер деца), а богами и од некои соученици, ама нивните родители не пишуваат фејсбук статуси за тоа колку се фини децата, се прашувам зошто. И бидејќи ништо нема да се реши, ќе чекаме да се "деси" пак нов Коста за одново да го почнеме муабетот, ама повеќе од јасно е дека сме каткализмично неспособни нешто да промениме. Сѐ било супер, ама спиел у фотеља. Сѐ било супер, ама го преместиле во друг клас. Сите го дружеле и многу го сакале и све потаман било. Мислам.... разбирам дека е полесно да се соџвака траума со тоа што ќе посочиш со прст дека царот е гол, ама стварно, сѐ ќе си остане по старо, и во тоа школо, и во сите други школи.
И да имало булинг, не е булингот тригер, бидејќи не се случувал во одделението во кое пукал. Никој не го спори булингот кој е голем проблем во училиштата. Ако се инсистира дека пукал поради булинг, треба во постојан страв да живееме или што е уште полошо да го намалиме стореното злосторство.
Еднаеста жртва во целава трагедија е сестричката на Коста. Девојчето ни криво ни должно цел живот обележано, и трауматизирано.. а ако им ја одздмат на родителите ќе има допочнителна траума.. страшно.
Ај прочитај што сум напишала. Не сум инаку плашлива, само не ми се допаѓа што тинејџерите се обележуваат како мали монструмчиња, а тоа и покрај се не е вистина. Треба да се зборува за булингот, да се работи многу со деца кои се були и со оние кои се жртви, но во врска со темава ,од се што ни е пласирано, се работи за нешто многу полошо.
Доказ дека булингот не е тригер не е тоа што пукал во друг клас. Дури и да не е тригер булингот, нешто мора да е. Сфаќате дека ние збориме толку за Коста бидејќи тој одлучил да убие некој друг, а не себе. Еве денес нова вест дека се обесило 12 годишно девојче во Србија, ама таа вест ќе трае колку едно кафе, бидејќи имплицира дека не ни е страв од некој што се самоубил, кујзнае што ѝ било. Мислам себични сме ужас невиден. Ако се обидуваш да го метаболизираш тој постојан страв, и да рационализираш дека сигурно не е ради булинг, иначе тешко нас, можеш да мислиш, слободно. Само да не се изненадиш непријатно. Пс. Медиумскиве прикаски веќе не се за верување.
И тоа ладнокрвно, профи....да, треба да се открие како е возможно тоа да се случи. Невкусно е да се споредува со многу други трагични судбини и со деца жртви на булинг. А ако после изјавите на родителите на убиените деца сметаш дека ни недостасува емпатија , не знам што да кажам.
Па не сите, ама има добар дел што дефинитивно се. Мене па не ми се допаѓа што цело време работава дека сите тинејџери се несфатени и напатени, невини суштества. Ама апсолутно еден солиден дел од нив се монструмчиња. Овие работи сега што излегуваат по медиуми не се ништо ново. Сигурно и повеќе и бетер работи се случуваат. Ама кој да им се замара, деца се тоа, ќе им помине. Сигурно е само фаза кај што си играат.
Ништо не сте разбрале од писмото. Штета. Спиел 7 часа стуткан во фотеља? Неколку пати се обраќа и кажува дека нешто е ставано под тепих и затоа се случило ова. Монструм па монструм. Ај прочитајте поубаво. За булингот пак ќе кажам, сигурно нема овие родители да кажат ги малтертирале. Иако и јас мислам дека не се го, дека невини се во случајот. И децава биле посебни. Пак форсирање и нагласување. Не, сите деца се посебни. Сакам да кажам, Коста очигледно е жртва на сопствените родители и училиштето. Запоставен, а бил болен и очигледно е дека имало знаци. Дозволиле да стане убиец. Жално, трагедија. Жал ми е за детево, оти не му помогнале. Виновници има, а тоа се родителите и институциите. Зарди нив се убиени децата и тоа од дете.
Како и во секоја генерација, нели? Само е сега се повидливо и понагласено, брзина на живеење,побарувачка.....