Некако ми е пренагласено ова немало булинг. Веројатно имало,ко што има во секое школо,но никој не знае во кој размер бил жртва. Детево е жртва прво на татко му за кој мислам дека е со нарцисоидно пореметување и типично за нив створил наследник, доколку е така мајката ниту некој од страна можел да се справи со нарцисоидно пореметен човек, не ни можела да спречи да го носи на пукање. Можат да ја обвинат за занемарување но ако живеела со нарцис и самата била беспомошна жртва. Затоа можеби Коста и бил лут на мајката. Што не го спасила од оној кој го мачел… Треба добро таткото психијатри да го испитаат. Но бидејки е близок до политичките кругови на Вучко тоа не се случува. Кај него е одговорот зошто тоа дете направи масакр.
Мене навистина ме фaќа страв од децава. Имам работено во образовна институција, со македонци, роми и албанци. Сите предрасуди што можеби постоеле потсвесно беа заменети со нови - кон „нашите“ (глупо звучи) деца. Албанците беа тие што се понашаа најпристојно и до ден ден ме поздравуваат на улица. Ромите (иако преовладуваат на ова место) беа занемарени и можеби тие беа почести жртви на булинг, ама баш тие се тие деца што немаат прекрасен семеен живот, што ги исмеваа, што, нели ако го задевале, имаат право да направат x, y, z... па кај е тоа „очекувано“ однесување? Погадно и поподмолно нешто од дете (зборувам до 18 години, иако ако е веќе тргнат возот - тешко враќање) немам видено. А баш тие се тие деца со сите петки, видни родители кои им се број 1 другари и поддржувачи и оспособувачи и виновници, и не знам ти што друго. Тие што изиграваат најголеми жртви се ништо повеќе од обични гомна и причината што не работам веќе во образование. А вистинските жртви сами си знаат колку трпат и што трпат, како што и јас имам трпено, а веќе не сакам да трпам од деца на таа возраст. Толку од мене. Со среќа и со памет, на сите сегашни и идни родители.
Пред да се случи оваа трагедија гледав филм со слична тематика... Момче, глувонемо го бркаа низ училишниот двор, го малтретираа, група врсници.... Тоа на двапати го забележа пријател на мајка му(М. Фајфер ја играше таа улога). Еден ден пак истото и впери пиштол кон нив.... Сега ќе си речете, е па кон виновниците вперил пиштол. Не, не само кон нив, туку и кон пријателот на мајка му кој притрча да помогне, кон другите кои врска немаа со булерите. Среќа што беше близок, му веруваше на овој човек па го разубеди да го спушти пиштолот. Беше гневен и бесен кон сите поради хендикепот, поради булингот. Ова однесување е можно и кај Коста... Ќе речете го жалам, да, уште повеќе жртвите и нивните родители, иако и ова не мора да е вистина. А виновниците, кои се? Склоп од повеќе околности, личности, генетика,би рекла. Да не осудуваме, никој не сака детето да му го вратат во ковчег од училиште, ниту убиец да стане. Не знаеме животот што носи, нам ни останува да ги воспитуваме и учиме децата да си помагаат, да се поддржуваат и другаруваат вистински, искрено.
Баш пред некој ден пишав дали ви е страв да патувате во Србија. Еве дечкото од Македонија што е ранет синоќа во Белград, сосема случајно бил таму. Значи одиш да се шеташ, и добиваш два куршуми во грб. Отворив на time.rs да ја најдам веста, пишувам Македонец, и ми вади вест дека овој месец на Македонец во Белград му украле 300 евра и мобилен. Планирав да одам во Србија скоро и нема да одам баш поради ова. Нека си се средат, нека намалат со црни хроники, ова е лудило.
Колку вистинито и точно кажано... Најстрашно е што булери може да се и возрасни и зрели, оформени личности. Една познаничка вели, кога паднавме на муабет за оваа тема, е ќе се потсмевам кога некој е чуден, не ми се допаѓа,нема да го дружам. Таква е карактерно, ужива да потценува, навредува и омаловажува. Кај неа не е развиена емпатијата кон послабите, беспомошните.Би се запрашала какви деца воспитала таа, какви деца воспитуваат овие родители?
За жал, наставниците се слепи и глуви во најголем дел од времето поминато со учениците. Секоја чест на исклучоците како мојата стрина која помогна на дете со говорна мана. Нејзина учителка беше, ја прати на психолог и дефектолог, девојчето почна да зборува течно. Родителите презадоволни, а стрина ми пресреќна.
Па затоа велам криви се институциите, школото и родителите. Прочитај ја мајката, очигледно е дека кај детето имало некои проблеми, вели на родителските ништо не се внесуваше во забелешка. И им се обраќа на родителите, а не на детето. Очигледно е дека вината е кај нив. Нешто се случувало со Коста.
7 дена спиел стуткан на фотеља. Ова оти бил супер прифатен од златните деца?! Уште некој родител да пише статус, тамам за целосна слика. Ова исто дополнително отвара други прашања. Дали децата имале сите двокреветни соби на располагање секое за себе, во што се сомневам, оти не верувам дека би биле без цимер/ри во соба, али он повторно сам имал двокреветна соба на располагање. Ако е така, како го дозволиле тоа? Па и нас во основно и средно професорите не дека се замараа со булинг, ама по екскурзии никој не беше сам. Ако не успеевме сами да се групираме, професорите не групираа по соби никој сам да не е. Велам, уште некој статус и се ќе се каже.
И тие деца биле посебни. Дури и во момент на тага и болка, преовладува надменост и тоа дека биле посебни. Јас втор пат не можам да го читам писмото на мајката од што ми создава бес. Таман, уште еден статус и полека ќе излезе она што го зборуваме и што коментираат рандом деца.
Коста е производ на времето во кое живее и на околностите во кои живее. Ние ќе продолжиме да мижиме и е ни биде полесно да мислиме дека се родил монструм. Не ги читам изјавите на родителите на убиените деца, ама го следам однесувањето на преживеаните деца и на децата кои директно/индиректно биле дел од трагедијата, и да... имам доста прашања за нивните родители, може и за нив треба некоја изјава да се даде и некој статус да се пише, бидејќи се наѕира ненормалноста, ама ете, сите си ќутат, особено родителите, сметаат ваљда дека е ок QA на тикток после масакр, воден од седмооделенци.
Ова со пренагласување на себепосебноста, ми е скроз чудесии. Верувам дека се во длабока болка и сочувствувам и дури оправдани им се и неразумни потези и мисли, ама токму поради тоа што се под будно око на јавноста не ми е јасно како адвокат ги нема советувано да не изнесуваат детали. Оти еве вака… едно сакала да каже, ама несвесна за пишаното, кажала многу поише работи успат.
Секој родител за своето дете ќе каже : Моето е фино, не е такво.. Ама, факт е и дека децата особено во пубертет, се едни дома, други надвор. Јас не кажувам дека децава биле лоши и заслужиле вака, боже сачувај никој ова не го заслужува, ама исто факт е дека детево (Коста) трпело нешто во тоа школо. Дали од овие деца, дали траума од другите деца пред овие со кои се дружел.. не знаеме.
Да, ама еве и на форумот, не го разбрале сите тоа што го напишала. А мајкава кажа многу. @nena2010 трпел и во школо и дома очигледно. Или дома не му помогнале соодветно. Против мајката е поведена постапка. Мислам дека е во склоп на самата процедура, мора ЦСР сега се да испита, ама и дома и во школото детето било малтертирно. Овде не се работи за обичен булинг или проблем е што одел на стрелиште. Не требало да, ама во позадина има друго нешто. Сега кога и мајаката кажа, очигледно е дека имало.
Чекав да слегне целава ситуација и да пишам коментар. Ко прво мора да нагласам дека не читам вести по кликбејт порталчиња кои настанов им дојде ко порачан за да си штанцат кликчиња со вести од типот шок фото+видео. Мене ме занима феноменот што довел до вакво нешто. Најголема вина наоѓам кај родителите кои потфрлиле у родителствувањето и одма би им одзел старателство и би ги пикнал у ќорка на некоја година да се свестат што говедо чувале дома. После тоа слична ако не и иста одговорност има и образовната институција која што ја посетувал убицава, матер му ебам педагози сте и треба да работите со децата особено со проблематични случаи. Али не, најлесно е префрли го у друг клас и остави го само на себе да се снаоѓа како знае. Па после булинзи, масовни убиства и слични срања. Ова исто важи и за нашево општество и сличните проблеми што ги има и тука. Само коренити промени у образовните методи и работа со наставниот кадар и негова едукација. А не секој подлизурко што дреме по штабови да се дочепа до работа по школиве. Тешко на родителите на жртвите и на децата што биле сведоци на сето ова, рани што никад нема да зараснат. Нека почиваат во мир и се надевам дека никогаш нема да се повтори.