Не знам дали само јас така го сфатив, ама тоа посебни го имаше напишано во смисла на академски успешни?
Значи според тебе, децава се ненормални, а убиецов е само почеток....следи хорор... Јас мислам дека е бес и шок во прашање и дека сите што погрешно изреагираа всушност молат за помош... И да, верувам дека има некоја грешка во неговите гени, штом успеал да го реализира ова престрашно злосторство. И верувам дека можела да се канализира истата, но очигледно е дека не е препознаена....напротив, нахранета е, за жал. А тоа дека имал траума, веројатно ја имал...родителите треба да ја кажат...ако и самите не ја имаат.... Се сомневам дека само 7 дена спиел во фотеља згрчен, поверојатно ми е дека му била вообичаена навика...
Не во школо за да учат, туку за да не се изолираат едни од други. Апсолутно не мора да имаат класична настава, но (ако можат) е убаво да го поминуваат денот заедно, местото им е меѓу врсниците. Родителите одат на работа, децава зарем дома сами по цели денови да седат. Не зборувам за учење, туку за интеракција со своите врсници, со нив преживеаа нешто многу трагично и ги врзува искуство што само со нив им е заедничко. И да, несомнено се случувало многу "под тепих" (родителите негови биле благодарни дека е прифатен?) и спиел 7 дена? стуткан на фотелја сам во двокреветна соба? и ни наставник изреагирал, само се чуделе? Тоа девојчето престанало да се дружи дека бил фин и досаден (или можеби и' бил чуден, ама не знаела да објасни), еден куп деца истиот ден со масакарот изјавуваат дека знаат дека бил "закачан". Андрија не знам дали му бил најдобар другар, ама немал баш кога да му стане ако навистина се запознале во септември 2022, а освен тоа на детево е профилот отворен и повеќето ги има, чудесно најдобриот другар го нема. . Од се' што кажаа до сега (изјави официјални + родители + деца), толку многу црвени знаменца има во приказнава, прво од тотално ноншалантното понашање на родителите негови, до очигледна несвесност на другите родители дека децата им се булис (*не убиените деца, претходно), до неговата единствена изјава што ја знаеме "психопат сум, морав да се смирам" (што значи бес, а не баш рандом ладнокрвност). После овој статус уште поубедена сум дека детево од мало имало потреба од помош, покрај двајца живи и образовани (доктор и биолог!) родители, одење на психолог, одење во школо, сите бре толку ноншалантни се, и ќе испадне дека на крај ги убил оние што ги перцепирал како "подобри" (покрај случајните - дежурните, девојчето во ходник). Колку повеќе се дознава и се зборува од реални извори - толку повеќе се "слика сликата". Крем де ла крем. Од памтивек најголеми психопати и социопати од крем искачаат. Другиве (мудро) си молчат, добро знаат дека не бил рандом нормално, прилагодено и неизбегнувано дете. Уште да поведат сметка дека QA децава по тикток им прават.
Се сложувам со се, за нив е заедништвото најважно во моментов. Само нека им обезбедат друг простор, не е многу компликувано.
Академски успешни во 7мо одделение? Во државно училиште? Се однесуваат како школово џанам Харвард е, не уште едно државно училиште. Академски успех и идни водачи на држава, абе седи раат, седмоодделенци. Не знам какво е образованието во Србија, скоро имав прилика да видам учебник физика за гимназиско образование 4та, во Македонија, па дали се бре нормални, тоа имам да прашам. Речиси 500 страници учебник беше во прашање. Не гледам причина основци да ги замараат со академски успеси, нека обрнат внимание на луѓе да ги направат, науката нема да им избега и е секундарна во однос на функционално, здраво човечко битие. Ама како што и самиот им претседател изјави, со цел памет, дека "крем де ла крем" (плус примања на родители) учеле тука.
Извини, ама што да мислам за однесувањето на многу деца (а особено за нивните родители) после трагедијава, дека е начин да се справат со неа? Што е тоа 24 часовно "висење" на Тикток, преноси од "местото на злосторот", "браво мајсторе" и слично, и после родителите ќе кажат абе супер деца се? Па да, во родителските очи дете што известува ден-два после трагедија од катаклизмични размери на социјални мрежи е нормално и супер дете. Сите се супер, сѐ е супер, ама таму каде што сите се супер, и сѐ е најнај, дете убило свои соученици, контрадикторна е случката со изговорениот збор "супер". Сме мислеле дека е сѐ супер, ама друга е реалноста. Во мојата перцепција, премногу работи се пореметени (не само во тоа школо, туку во контекстот родители-деца), и токму на тоа тло никнал Коста, а да, прашање на време е што друго ќе никне, бидејќи дека се "било супер", тоа само да се утешиме може.
Па првично беше дека сакал да се премести во тоа одделение затоа што баш таму имал 3ца другари, од кои едниот бил Андрија, ако нема слики не значи дека не се дружеле, можеби немал ни профил на инста па и затоа не го тагнувал. Секаде пишеше дека уби 8 деца и чуварот, меѓу кои бил и неговиот најдобар другар.
Можеби јас грешам во сфаќање на контекстот, ене го писмото на минатата страна, ама ако е така мнооогу е невкусно да се споменува. Да беа слаби ученици помалку тажна ќе беше ситуацијата?Или тоа им била вредноста на децата, успехот? Може и јас малку го преувеличувам ова, но така го разбрав.
Неговиот најдобар другар скокнал и избегал. Има по ТикТок коментари дека во претходното одделение му била скапана устата. Бил малтертиран заради петелечењето. Исто и во Школата за глума бил малтертиран. Во собата бил САМ. САМ. Седел сам. Спиел во фотеља. Битно бил одлично прифатен. Немало булинг. Колку што се откриваат детали, толку поболна е вистината. Никој не заслужи да биде убиен, ама и на детето требало да му помогнат. Идиотите го направија убиец. Се надевам дека барем малку не освести трагедијата. Да станеме посвесни за нашите деца. А не да ни е битно дали е монструм. Не е монструм. Уште во првиот пост кажав, и он е жртва. Болен, со толку товар на себе. А дете.
Во смисла дека се дружеле меѓу себе и биле добри другари. Во тој смисол ја опишува посебноста. Јас не гледам некој проблем во напишаното, можеби навистина биле сложен клас во кој сите се дружеле освен Коста.
Јас за овој дел мислев Ovde nije u pitanju samo lična tragedija, već kolektivna tragedija jednog društva jer su stradala izuzetna deca koja su bila na pravom putu da postanu sjajni ljudi i koji su sa nesudjenim sopstvenim porodicama trebala da budu zalog ovom društvu.
Па добро и тука нема некоја невистина во напишаното. Пр.Момчето што беше убиено Андрија навистина било капацитет како ученик и пијанист/композитор и навистина нивното друштво изгубило голем талент,тоа е факт. Децата од тоа одд. колку што сфатив по написите биле прваци на многу дражвни натпревари па логично е да се очекува дека тие би биле утре успешни во едно друштво како научници или уметници. Инаку најспорен дел и најневистинит за мене е тврдењето дека немало булинг. Тоа не може да го тврди зошто не го знае. А и крајот каде вели дека ке се молат за спас на нивните души.
Токму така, ова е голем шамар за општеството, за сите нас, за родителите...треба поука да извлечеме. Бев повикана на родителска средба по повод овие настани. Никој од родителите не постави прашање за одделението, за неговото дете, за училиштето, само јас. Прашав пред сите дали има некаков проблем во одделението, со моето дете, а и воопшто во училиштето. Ми беше кажано дека сѐ е во ред од класната. Останав запрепастена од незаинтересираноста на другите родители.
Детето очигледно има некакви трауми според ова кажаното со спиењето во фотеља, петелчењето(што го немал како помал) и жал ми е што морал да помине низ такви работи какви што поминал ама дали тоа значи дека неговата траума е нормално да предизвика уште десетици трауми кај толку луѓе и семејства? Не можам да го жалам во моментов воопшто. Можело да се спречи...се сложувам можеби ако му се укажело доволно љубов од родител и внимание прво од родители па од стручни лица можеби немало да дојде до ова. Ама можеби. Во ваков случај нема место за можеби. Можел и да не стане ладнокрвен убиец нели?
Покрај истакнувањето дека имало булинг, прочитав неколку пати и слушнав изјави во видеа, дека Коста бил повлечен. Сам се држел на дистанца. Седење сам во автобус, сам во соба. Па уште и спиење на фотелја, при кревет на располагање. На некој начин бил чуден, можеби за тоа бил исмеван? Обично ги напаѓаат поинаквите, што не се вклопуваат (посиромашни, повлечени, со одредена физика карактеристика) Булингот го имало ама не верувам дека тоа бил тригер за вакво нешто. Затоа што настрадаа невини деца, тие што се дружеле со него и тие што по несреќна случајност излегле пред него, а не тие што го исмевале. Нешто било чудно, ненормално и пореметено во неговата психа. И коренот е од неговото семејство, родителите, воспитувањето. Но, тој не ги уби членовите на семејството туку отиде во училиштето. Врз основа на што ги одбрал и означил децата на списокот, не знаеме. Можеби еден ден сам ќе раскаже се'.
Родителите на убиените деца сега во се ќе бараат кривица. Нормален процес е тоа. Болката е незамислива. Андрија бил единец.. другиве имале братчиња и сестрички па за нив ќе живеат родителите.. а неговите.. страшно. Нејсе. Не верувам дека ова било пррку ноќ.. не верувам дека нема и друга страна на медаљата ама, според мене родителите на Коста со тоа што му дале допир со оружје, учење на стрелање, величање на орујето буквално како да му помогнале да го направи ова..