Кај нас секако ќе си ќутевме...па колку луѓе изгинаа последниве 2 години живи запалени...излезе некој? Деца во болница умираат излезе некој? Ќе ги исплачеме ќе ги изжалиме и толку...Туку татково бил бивш ЈНА осуден за некој воени злосторства ама заштитен...
А еве чисто ме интересира кои знаци би можело детево да ги дава кои би укажувале на вакво нешто ама биле игнорирани? Сериозно прашувам. Мирен и повлечен ваљда не е едно од нив. Или играње игри со пукање. Сите сме играле кантер или слични игри и со Том и Џери сме пораснале па еве, не сме убиле.
Еве Вучиќ на прес изјави дека детето ќе биде сместено на невропсихијатрија, додека мајка му и татко му се уапсени, со тоа што татко му ќе се гони кривично за (веројатно) неправилно чување на оружје и озвоможување на пристап до истото на малолетно лице, како и носење на стрелање. Друго, можно е да се намали границата за кривична одговорност од 14 на 12 години, нешто што ќе било предложено допрва. Нешто друго што ми падна во очи, ги цитирам РТС: ,,Рекао је (Вучиќ) и да дечак никада никоме није претио и да је планирао да баци молотовљеве коктеле како би спречио улаз било коме другом са стране док не обави свој монструозни посао. Међутим, уплашио се код првог молотовљевог коктела и зато је одустао од тога."
ај вака. Иам дете шо појавува симптоми дека е налудничав, психолог не помага, ЦСР не се замараат. Шо да праам? да го пуштам у школо? па ја ако сум малце нормална, нема да дозволам да шета меѓу други луѓе и да ебе матер некому. Ја ако глеам серии вие не знам шо праите. Ја сум бар реална. Мое дете да е, ќе барам чаре. И не е за јаки или не, у основно сегде се најраспиздени децата. Тогаш поише сфаќаат, поише осознаваат, поише разбираат. Имаат на интернет Сѐ.. ама баш сѐ. ако не помогнале нивните институции, требале да го носат негде да се опраи. А не у школото да го вратат кај шо му напраиле трауми. Ја дома не кажував. Сама се борев со тоа. И ја до ден денес памтам шо ми праеа, некои ги имав и во средно, сега ги иам и на факс. Ама они гарант не памтат. Да идам сеа, кампусот у ваздух да си го дигнам? не. Било шо било, треба да се трудам шо помалце да влијае на мене И се трудам. Тешки трауми иам, и многу ме смени тоа како човек во средно, ѓубре невидено бев, и само ја си знаев зашо сум таква. Ама бев ѓубре со тие шо требаше и не колев и тепав кого стигнам. Пошо моето рацио, секад си работи и си врти. Неговото изгледа е умрено
За да се реазлизира сето ова сценарио што го изнапиша, прво треба да ми одговориш на неколку прости прашања: Како се приметува дека некој е психопат? Кои се знаците? За детево ко што читам никој ништо не приметил, така што... џабе везеш тука и си праиш филмчиња. Ама ај, разбирам... млада си. Ќе пораснеш
Абе ти нема да го пуштиш во школо, ама кога ќе те зарепкат казни шо се поголеми од нашите плати, па и недај боже во затвор да те стаат, да видиме шо ќе прајш. Затоа муабетот беше дека треба се да се смени од корен.
Ова можи со салам родители. Збораме за чоек шо сам го учел да пука и чувал оружје дома како да е не знам шо, а не доктор. Има многу шо немаат време за децата, има други шо се горди ако детето знае да пука и тепа, има такви шо не знаат да проценат. Ти викаш дома ќе го затвориш, супер, уште толку да се разгневи.
Ова се последици на патолошко друштво каде е нормално јавноста со месеци до детал да ги разглаба месарите и кланот Беливук и останато подземје,каде е Аркан народен херој,каде Задруга е настан,не е последица на никакви западни вредности зошто Србија е далеку од тоа. Кога во такво креирано друштво се воспитуваат деца кои не треба да бидат емпатични,туку треба да бидат насилни и бескруполозни,нарцисоидни (со нели моето е напаметно и најдобро на свет,да не му падне самодовербата) за да бидат фаци,кога се воспитуваат да газат се пред себе ,а во исто време кога во газениот ќе акумулира бес долго време,ке експлодира вулкан. Тој вулкан е експлодиран кај детево -убиец. Целото друштво потфрлиле. Плус достапноста на оружјето. Зошто воопшто некој треба да чува пиштол дома? И сите ние доколку воспитуваме деца да газат без чувство кон другите ќе допринесеме на вакви случки и ова ке биде секојдневно. Училиштата е време веќе да ги заштитат децата кои се малтретираат од деца-насилници.
супер, тогаш нека го носат кај знаат и умеат, затвор, психијатрија, не ме интересира. Попрво у службен весник ќе се откажам, него да ме апсат за убиство најјаки сте со она гледање филмови ама ај не ме знаете, затоа ви ,,простувам'' за муабетите ја мое дете и би задавила ако е психопат. Нема овде да го оплакувам и бранам
Кривично не можат да го гонат, затоа што е под 14 год. Најверојатно некој поправен дом…На оделење за малолетна деликвенција е. Има Вучич прес
Никако Ана признавам, онака сакав да му реплицирам. Океј? Инаку, треба да се разгледа и семејната ситуација. Не само тоа што било детево научено да пука, туку дали било и жртва на одреден тип на насилство и траума од дома. Верувам дека ќе дојдат до одговори наредниов период, ама се зачудив дека не беше спомнато никаде меѓу сите теории.
на невропсихијатрија е кое ослободување на морфиум треба да го стаат и кетамини, да нема сила пенкало да крене, не па пиштол
Темата од ментална патологија на поединец се претвори во омраза кон Србите. Сега ќе и пишам на Инстаграм на Рада Манојловиќ да го откаже концертот во Скопје и Кавадарци зашто и се спрема егзекуција
Сепак е дете, не претерувајте.. Психички проблеми си се лечат со психолози и психијатри, за да може детето да се ресоцијализира и да се интегрира повторно во опшеството, а не после 20 години кога ќе излезе пак да убива..
Се некогаш некој ни е крив. Ко да се основа вчера државава и овој одма нападна. Секогаш имало филмови и филмови за возрасни, па немало до оваа мера вакви работи. Ова ти е исто ко оној шо оди казино, тој не презема одговорност, туку казиното го криви шо е тука. Ко демек то го молкни внатре. Ви се молам, ај.