А вака да те прашам Коа шеташ надвор ти прпа дека ќе настрадаш од некој рандом зашто има некоја жичка? Оти за тебе е нормално тоа де, од "жичка" да убиваме кого стигнеме.
Ако не му направам ништо, нема зошто да ми е страв. А ако некоја будала реши утре да прави масакр, немам како да се одбранам ниту заштитам. Затоа треба превенција, а не лек! Сите психопати во болница, сите криминалци во затвор. А не после војска, сите генерали.
Озбилно? Епа ај со секој што ќе нѐ изнервира ќе се фатиме за гуша и ќе се претепаме. Чисто за да му вратиме. Мислењава ти се језиви.
Mu gi izvrtevte mislenjata, ne go mislese toa sto go kazuvate, Instituciite ne si ja vrsat svojata dolznost pa zatoa ima takvi sto pagjaat vo iskusenie da si ja prevzemat pravdata vo svoi race.
EPA Ednas Ako ne iznervira ke premolcim vtor pat pak e veke posle ke si Recis dosta r I ke vozvratis ne mora da e so kjotek moze I verbalno.... Ova so Kosta ne se slucilo samo Ednas so godini traelo ejj so godini kolku I da si zdrav ke popustis na sekakov moze nacin od zdrav go uptopastile go razbolele od kjutenje od ne prevzemanje nisto od mizenje pri oci seto toa boli mnogu dusata boli, I posle ke se cudime zosto vaka psihopat umobolen seto e taka ama go razbolele ne se rodil takov
Тоа и го зборувам. Ситуацијата на Пале е оправдано убиство, самоодбрана е. Се' друго е казнивно, па и убиство во афект да е - а ни тоа не е ова. Нема оправдување, може да бараме и најдеме објаснување со цел да превенираме, можеме да сфатиме што довело до овде. Ама да оправдуваме див запад и секој правда во свои раце, не.
Не зборам бе за нервирање, зборам за кражба, упад во дом, психичко или физичко насилство. Другар мој му го расцепија носот, има лузни, па ете се влечка 4-5 години по институции. Напаѓачот подмитува доктори, за да го ублажат делото. Доктор, демек благородна професија. На крај може и крив да испадне затоа што напаѓачот има врски во полиција, здравство, и има многу јак адвокат. И што сега? Голема работа, нос му расцепиле. Дише? Да. Ајт, случајот у фиока и чао. И кога напаѓачот поминува неказнето, зарем мислите дека истиот тој нема да си земе сила, да расцепи уште еден нос утре? "полиција, здравство, и има многу јак адвокат." - Во која од овие институции да си ја бара правдата?
Кривичните дела, па и патологиите, иначе се “рангираат“. Со причина. Ич не е исто, а плус во самоодбрана во предвид земаат и дали си можел да се одбраниш без да убиеш, на пример, те тепа жена ти, ама ти си грамада некоја, а земеш пиштол и ја упуцаш. а таа само со раце те удира, веројатно нема да биде баш самоодбрана, оти прекумерна сила си употребил. Не е ова Тексас па да изрешеташ некој оти ти прошол низ двор, ај малце освести се што правиш муабет. На крај краишта, едно е да се степаат деца, сосема друго да планираш убиство, да земеш оружје и да испукаш насумично 40 или 60 куршуми, да исфрлиш насобран бес. Да е возрасен човек во прашање, нема тронка да имам емпатија затоа што како возрасни сме свесни дека имаме потреба од помош (а и до 20+ години веќе и на околината и те како и е јасно дека ни треба помош). Единствена емпатија која ја имам кон Коста е неговата возраст и тоа што е дете, кое не добило помош каква што му е потребна. Не само да го одбранат од евентуален булинг, туку и други проблеми кои ги имал, булингот сам по себе не е доволна причина едноставно. Како што луѓе не се самоубиваат САМО поради булинг, иако има улога, не е фер да покажеш прст само кон една работа, а другото да го игнорираш. Коста од порано имал проблеми, не бил насилен, но имало индикации дека детето страда, и тоа секако е замачкано според она што знаеме. И затоа ми е жал. затоа што мислам дека можело да се превенира, не само 9 изгубени животи, туку и неговиот да биде нормален живот.
Тоа не е никакво оправдување ниту причина за да застанеме на нивна страна. Не треба да застанеме на страна на убиец. Ако сме нормални.
Ако видам дека некој ми го краде точакот и балгослов ќе му дадам ако веќе решил, до кај се сведе еден човечки живот за еден точак крволочно убиство… пак сите колектовно да го заробеле и силувајте го на крај. Споредба нема врска човечки живот на дечиња е во прашање, згаснаа души невини. Како да спречиме уште еден Коста? Да го стават на електрична столица и јавно да го погубат пошо и онака си го сје’а животот. во болдираното што е нормално? Ги уби и тебе таа постапка ти е онака нормално? Сослушување, акција, реакција…. Како не, убедена сум дека немало никакво психолошко малтретирање ниту булинг, ова дете има некое прикриено пореметување, дете од еминентни родители, професор, доктор ќе дозволи детето да му е малтретирано како не, да се родителите некои отепани, општи работници ќе му речат на детето сине ќути трај ништо не можеме, немоќни сме на крај и криви ќе испаднеме
Мајка Тереза глумење во МК и не е баш добра работа. Тоа не се буквални примери, сакам да ти ја доловам поентата, дека не треба да дозволиме некој да те краде, тепа, понижува, само затоа што има врски во полиција. Нормално е, што е твое ќе си браниш, не е толку тешко да разберете. Значи сеа некој рандом лик ако е поврзан со полицијата и нема да биде казнет, тоа му дава што сака да прави? Утре ќе влезе дома и ќе ти рече да си најдеш друго место за спиење, и ти ќе си речеш, па добро бе што има врска, ќе се снајдам, седи ти тука. Ти ќе го убиеш Коста, ама тоа не го спречува појавувањето на уште еден. Ако имаш повеќе од 13 години, би требало ова да ти е јасно. Деца на еминентни родители биле сите таму, не само на Коста, па на никој друг не му текна да прави масакр. Зошто си убедена дека нема булинг? Еден куп изјави беа дадени на телевизија дека детето е малтретирано, дека било пријавувано по службите, било и преместено во друг клас. Тоа со болдот сите погрешно го сфативте. Сакам да кажам дека е честа појава во било каков инцидент да настрада некој што е невин. Значи кога ќе го загубиш разумот (како Коста), тогаш ти станува буквално сеедно, и само сакаш да го извадиш бесот од тебе, па пукал сѐ пред себе. Да сум бил и јас пред него, и мене ќе ме убиел. Прашувате зошто ги убил тие од неговото одделение, не тие што го малтретирале. Едноставно, зошто не стигнал до нив. Да не му паднел ранецот или што и да беше причината, ќе продолжеше со неговата замисла. Да се самоубиеше Коста, ќе беше само гревче, греотка душичка. Од утре пак сите во школо и тоа е тоа. Не сакам да ме сфатите погрешно, ама со мислењата дека булинг не постои, и дека онака му текнало него од чиста мира да убива бидејќи е монструм, не само што не го решавате проблемот, туку го продлабочувате. Несериозното пристапување кон булингот, значи појава на нови Коста-ликови во блиска иднина. Утре на вашето дете ако му биде шутиран ранецот, или го заебаваат дека носи наочари, или не дај боже малку побавно ги сфаќа работите, ќе видам кога ќе ви доаѓа дома секој ден со плачење, ќе видам дали ќе сакате да го решите проблемот со пријавување во служби, кои и така ништо не работат.
Зошто би бил гревче доколку би извршил самоубиство? Пак исто сценарио само со плус една жртва. Велиш дека детево нема пореметување и дека злоделото го направил чисто ради одмазда? Зошто тогаш вакви дешавки не се секојдневие? Психично насилство не е нешто ново во школите
Те молам објасни ми како е ова нормално? Малтретиран си и нормално е да пукнеш некаде? Па макар било во чуварот на работа пошто шефот те малтретирал?
Ели, буквално го имам ова направено Ми го дрпнаа точакот од скали во влез. Ја земавме видео снимката од надзорните камери и со маж ми ја гледаме и го гледаме крадецот како ноќта ја обива влезната врата во зградата, го краде точакот, си го јавнува надвор и си го одвозе негде. И јас викам -е, со здравје нека си го вози. Маж ми само ме погледна и ми рече како така зборуваш? Ми беше мака да држам негативни емоции и омраза во себе, штознам. А бев во полиција, има ја дадов снимката, сосе ЦД со програмот за да ја отворат, се по ред тоа го направив. Не го фатија, рекоа личело на едно дете од дом со историја на кражби... Дали сум мајка Тереза? Шала на страна, мене и за убиците ми жал, зошто и тие се луѓе. Сметам дека треба да се казнат за кривични дела но дали казнениот систем ни е модерен или примитивен и дали се согласувам со него е дискусија за друга тема. Не би да навлегувам..
Не, зборот ми беше наместо да направи масакр, само се утепа сам, тогаш ќе ви беше жал. Ќе имаше ли тогаш медиумска фама? Не. Ќе имаше ли испитувања? Не. Како што се решиле сите самоубиства така ова. За самоубиство никој друг не е крив, нели. Да, нормално е да пукнеш, да се изнервираш, да се пореметиш. Не е нормално, туку е честа појава да настрада некој невин, како во сообраќајки, не знам како да ти кажам. Зависи колку долго траела тортурата. Кажав, сите различно се справуваме со неуспех, тага, малтретирање. Никој не го оправдува стореното, само искрено имам разбирање за неговиот излив на бес. Да, бес може да биде и пцовка, бес може да биде и со кршење на некој предмет, па и со убиство, или повеќе убиства. И да е психопат, не е помалку вреден од мене или од тебе, за да биде малтретиран од страна на богати разгалени деца. А ако бил психопат, а не бил згрижен од страна на институциите на време, тоа е пропуст на истите тие институции, што цело време ви зборувам дека НЕ РАБОТАТ! Не го решаваме проблемот ако се препукуваме ние тука. Треба да се поработи со луѓето, децата, со институциите, да се прочешла кој и како и зошто работи. Булинг постоел, постои, и ќе постои, затоа што не се сфаќа сериозно. А сите големи промени во човековото постоење, во начинот на функционирање, дошле како резултат на претходно случена трагедија. Се надевам дека оваа трагедија од ваков тип ќе биде последна, и ќе се работи сериозно.
Дечки, тука е проблемот. Денес е за точак, утре ќе биде за кражба во стан. За месец дена ќе утепа пензионери за 200 евра. И тогаш ли ќе личи на некое дете од дом со историја на кражби, и нема да го гонат? Како и оние што газат луѓе на пешачки, пошто биле синови на некој си мангуп во Скопјево. И така, ќе се помириме, нели? Не викам сеа буквално за секоја ситница тепање и убиство, ама да се има почит. Да се знае до каде е границата. Само во нездрави држави се толерираат крадци, убијци, под изговор дека ништо не им можеме. Епа им можеш, па макар и по цена на својот живот, нормално таму каде што треба да се жртвуваш. Во Норвешка исто има богаташи, па не гледам на вести дека убиваат луѓе на пешачки и си седат на слобода, бидејќи имале врски у полиција. Психопатон Брејвик е исклучок, и поради глупавите закони, ќе одлежи само 21 година.
Искрено, не ти го сфаќам ова. Знаеш само кога би реагирала вака, од одмазда? Кога на мое дете некој нешто ќе му направи без да одговара. Или да ми е мене или на мој близок животот загрозен, па да реагирам во одбрана. Се знам каква сум и знам дека без да трепнам би го средила. Ама во екстремна, најекстремна ситуација. Ни за обивање, ни за точак, ни за вреѓање, не би ми текнало живот да одземам, па и да нема казна. Животот мој за мене е непроценлив за да го уништам така.