Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    257.309
    Кои трошоци? Не верувам да им се товар на нив баш кога станува збор за добростоечки семејства. Парите не можат да бидат соодветна надокнада за изгубата на своите деца. Деца изгубија, пари бараат. Ок е, сакаат да бидат казнени, ама парично ли?
     
    На lovely91, LiquidLuna, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.247
    Допаѓања:
    26.560
    Пол:
    Женски
    Па на балканов има ли полоша казна од парична? Сите се живот даем , пари не даем
     
    На BraBru му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Добростоечки или не, трошоци се трошоци. Нормална пракса е тоа кога се суди/тужи некој. Знам, нема логика да бараш пари за да надокнадиш смрт на близок. Ама па што е подобро? Така да ги остават и да се помират?

    Нема казна за сторителот (барем не затвор)
    Нема надокнада за претрпениот стрес. страв, болка, тага.
    Не може да се врати човечки живот.

    И толку, тоа е тоа, идеме понатака со животот? Па и не баш, ама па не е ни решение и да не побараш паричен надомест. Тоа повеќе ќе ја уништи финансиски фамилијата на убиецот, отколку што ќе им помогне на оштетените. Не е баш "ми го уби детето, ај бар плати сеа некој денар."
     
    На sj *O* и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    257.309
    Финансиски ќе ги уништеле. Со оглед дека имаат многу добар адвокат, семејството мислам дека се има заштитено финансиски досега. А и не верувам дека во моментот им е дошло до пари. Уништени се. Детево е на психијатрија, другово полно со трауми и завршен живот во Србија, таткото ослабен 30 кг, мајкава со завршена кариера, всушност овие луѓе не ни можат да шетат слободно во Србија. Пари? Најмал проблем.
     
    На sino.o.oka и IRBBB им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    епа кај беа коа требаа да го воспитуваат место на пукање да го носат?
    или едното го истерале на прав пат, другово само може мислеле ќе се воспита/
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Епа добро чим така, нека ги повлечат тужбите и случајот нека се затвори. Убиените не се тука, виновникот е во установа, не знам што друго би дискутирале понатака.
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    257.309
    А он стана убиец од што го носеле на стрелање?
    Па што ќе смени еве ако парично ги обештетат? Ќе добијат пари. Што друго? Пари и ништо друго.
     
  8. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Па тоа де. Подобро пари, отколку ништо, не знам што е чудно толку.

    Тоа е судска пракса, не дека јас го измислив.

    Да се удри по џебот на сите што згрешиле, инаку ќе ги охрабриш и другите да го прават истото.
     
    На sj *O*, Ouravanture и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Па со самото тоа шо упука толку луѓе, некои и без утка, а и муабети од типот на ,,калибар” ,,отворив оган” значат дека тоа доста го поттикнало.
    Ако ништо друго бар имал одма начин како
    Затоа дете не носиш на пукање.
    Секакви фикс идеи имаат
    Он сеа што би рекле Србите, прсо је
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Веројатно дека се немоќни се трудат на било каков начин да им наштетат. Можеби се надеваат дека ќе ги остават без пари, а со тоа и без јаки адвокати.
     
    На tanjaaa и sonuvana им се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    И без можност да ја напуштат државата и да отидат некаде, каде би започнале нов живот...па еден ден да си го повлечат и синот,бидејќи законот е ослободителен за него....
     
    На tanjaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    257.309
    Тие термини сигурно не се учат на стрелиште. Јас како правник и магистратура по кривично право ги учев на факултет, а потоа ги среќавав во пракса. Толку. Вака на друго место не се употребуваат. Детево цитира фрази од Законот. Не си правете филмови, зборовите се од Кривичен законик.
     
    На sj *O*, poi, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    А од кај знае волку мало дете вакви изрази
    Т.е шо мајка бара основец да чита КЗ?
    Освен ако и тоа не му било точка коа се припремал
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    257.309
    Читал. Очигледно е дека се подготвувал.
    Син ми лани се интересираше за планети и какви се податоци и работи научи. Што има чудно во тоа?
     
    На daylight и IRBBB им се допаѓа ова.
  16. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.384
    Пол:
    Женски
  17. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    20.824
    Пол:
    Женски
    Детево е монструм. Тоа дека трпело булинг не го оправдува фактот дека уби девет негови соученци, чуварот на училиштето и зацрни девет фамилии. Па речиси сите ние во животот сме имале период во кој сме трпеле булинг и сега што, требало да земаме пиштоли и да се испоубиеме? Решение на неговата ситуација секако дека имало, ама ако размислел убаво и ако побарал во спротивно здрав разум ова не го прави.
    Пред месец дена во Грција се запознав со една жена од Србија и уз муабет ја прашав за масакрот, абе жената само зборовите хаос и хорор ги изустуваше. Психопат невиден.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Истрагата вели дека не трпело булинг, тоа биле само приказни, но молскавично се рашириа преку интернет и сега многу тешко да се исправи сето тоа. Затоа треба многу да се внимава што се пишува, препишува и што се пренесува понатака, било како медиум било како поединци на социјалните мрежи.
    Демек ако е од Србија, знае што се случило. :D
    И таа веројатно знае само од медиумите, не од официјалната истрага и психијатрија.
     
  19. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    20.824
    Пол:
    Женски
    Па ја прашав онака како е сега таму после сето тоа, не ја прашував некои конкретни информации.
     
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    9.439
    Пол:
    Женски
    Добро мене сè уште едно нешто не ми е јасно... детево одело во училиште најнормално? Изгледало најнормално, се дружел со останатите деца? Сè било океј и одеднаш, како гром од ведро небо ги упукува сите по ред?

    Во училиште психолози, педагози, професори нели приметувале дека не е океј со главата? Ова според мене било планирано некое време, никој ништо ли не приметил?