https://kanal5.com.mk/obvinenie-na-...osta-go-smiruvale-kricite-na-zhrtvite/a605482 Па и ќе ми каже некој да се намалат лошите напади кон него, булинг трпело, монструмче мало, никогаш да не излезе од психијатриска болница.
И пак ако го брани некој, треба да се запраша каков му е паметот. Ова е уште една потврда дека е психопат. Дај Боже да скапе таму!
Секако дека е монструм и психопат. Тоа што го стори е ѕверско и ништо друго. Па и да бил бе мета на булинг, ова е за оправдување што го напраи? Колку од нас трпеле булинг со години, мобинг исто така па вака ли сме постапиле? Дај сеа за одмазда и да зеам да ги решам сите, да им пресудам.. Не треба никакви олеснителни околности за него, да си остане таму кај што е со години, не заслужува он нормален живот зашо самиот не е нормален. Ваков монструм у прва прилика ладнокрвно пак би извршил рецидив без око да му трепне.
И родителите нездрави. Нормални родители не би носеле и не би дозволиле дете да иде на такво место и да пука.
Miren, odlicen, zadovilen vo sekoj pogled a sepak monstrum. Se slucuvaat vakvi genetski zaebancii od vreme na vreme,za da izleze seriski monstrumski covek, sekako vo Amerika pocesto gi ima. Zaebana dnk. Plus ko ke mu dajs I klimatski uslovi( buling, razvedeni roditeli, Bez majka tatkoto go gleda) ko ke mu dajs se so ke posaka I mok pistol I go usovrsis preciznizno da puka. Si stvoril seriski ubiec Bez empatija poln so omraza. Zalno za decata.
Детето е психопат. Читам по интернет дека некои го жалат. Имало проблеми и кој знае како му било. А како им е на оние родители кои си ги изгубија децата? Никогаш повеќе нема да си ги видат. Монструм. А таткото со кој памет го носел на стрелање?
Јас не можам родителите да ги донажалам(родителите чии дечиња се убиени),кутри луѓе они знаат како им е на душата да не даде бог никому таква болка...а тоа монструмче треба да се мачи до степен најјаката болка да ја осети и да пати.
Пред некој ден гледав еден предобар филм за две деца брат и сестра кои одат на училиште. Филмот беше базиран на гледиште на сестрата на се она што го гледа и и се случува на училиште. И јас како вас прво го жалев детето кое западнала во тешка психоза за да направи такво злодело потоа го осудував ама после филмот ми се отворија очите. Вие не сте свесни децата што доживуваат на школо и како го гледаат тоа. Апел до сите родители да се прекине исмејувањето на школо, поголема работа со децата, помалку осудувања. Дете кое е жртва на булинг е способно до степен да убие или да се самоубие. Имаше и низ државава случаи на самоубиство на деца жртви на булинг ама нив никој не ги осуди а за овој случај какви не коментари се пишаа по социјални мрежи
Во право си целосно за апелот до родителите ама дека е способно да убие ладнокрвно? Ако не, да го оправдаме што уби толку деца плус и чуварот или што и да беше чоекот. Ти викам, сум била жртва на булинг со години, под притисок цело време функционирав и? Зашо не ми дојде мисла да ги убијам, не ми дојде ни да се убијам, а си патев цело време у себе. Знам дека сите неаме иста психа и самоконтрола ама не може ова да е оправдување никако. Детено монструм не се кае за стореното, напротив, најнормално и најискулирано се понашало и е среќно што ги уби сите, да го пуштат на слобода, одма би го повторил делото, нема многу да се мисли, верувај зашто монструм е. Не верувам ни со булингот да е толку поврзано колку што си има психопатски и социопатски карактер. Булингот, релацијата со родителите, воспитувањето и целокупната средина биле само отскочна даска, кои што го разбудиле уште толку психопатчето во него.
јас воопшто не оправдувам чин како што тој направил и тоа ладнокрвно. Ама сето тоа е последица од за жал булингот. Кај нас во времето ќе се степавме никој не одеше во крајност да биде жртва која ќе трпи толкав притисок долго време. Често одевме кај училишниот психолог и педагог во краен случај и кај директорот. Со нас се работеше викаа и родители одржуваме и класна средба сите ученици и сите родители на едно место, соочување решавање конфликт. Некој да се осмели да дојде до оружје и да убие значи дека се случило нешто неиздржливо. Не секое дете има ист праг на толеранција. Баш затоа булингот треба ако не друго барем да се наведе на минимум. Не е убаво некој пр со една ташна да оди на школо 3 години и тој што купува по 3 ташни годишно да го руга и да му се смее. Епа од таму идат тие психози кај децата. Не сме сите богати и тие што се богати подобро би било да помогнат отколку да се смеат со посиромашните. И не, нема оправдување ни за убиство ни за самоубиство. Затоа родителите повеќе да работат со децата.
Убаво е сето тоа, што имало соработка меѓу родители, наставници и ученици и успешно сте ги решавале конфликтите ама денес тажно е што тоа е реткост. Не само денес, еве и ја коа учев, пред 12 год, коа баш се соочував со булингот, абе со прст ме мрдаа ниту наставници, класна, стручна служба, не им се замараше уопште, ниту пак беа заинтересирани за соработка со родители. Денес уште полошо е, со чест на исклучоци каде што школото си фунцинира потполно како што треба и сѐ се решава во полза на ученикот. Иначе конкретно за детево, нели баш од угледна фамилија е, не е дека немале пари, па исфрустриран да бил поради тоа. У тоа школо и сите биле деца на видни луѓе, не се двоел он од нив во врска со тоа. Е сега тоа што немал љубов очигледно од неговите и што потфрлиле во однос на воспитувањето, да, влијае и те како но зборот ми е дека колку и да му било тешко и неиздржливо, не смеел да помисли на вакво нешто, а не пак да го стори и уште горд да е на тоа. Многу кажува ова за неговата личност и карактер пред се.
Бев жртва на булинг можеби некои добри 5-8 години. Никогаш ама никогаш не ми дошло до идеа да барам од татко ми да ме носи во стрелиште, да научам да пукам и притоа да одземам живот на соученици. Нема оправдание, никакво. Зошто да жалам болно монструмче и неговата фамилија ? Дали Коста се каел за стореното дело? Не. Потфрлила пред се неговата фамилија, училишниот систем доколку навистина трпел булинг. Потфрли општеството
Во ред е, сите трпеле булинг ама така секој ден си оделе во школо. Булинг постои, и ова е кривица на сите. Ама како луѓе, многу помалку би жалеле самоубиство, а и побрзо би го заборавиле. Коста ако се убиеше сам, ќе беше "греота, млад бил". Вака убива други, монструм. Психичката тортура е многу поболна, ама тоа никој не го приметува. Мобинг на работа, вршење притисок со години е пострашно отколку да те истепа некој еднаш. Штета што никогаш никој нема да прозбори за случајов, и ќе помине како изолиран случај на дете-монструм, наместо да се согледа целата ситуација во ова труло општество, поготово на Балканот, да се види дека сите имаат удел, а најмногу што се толерира булингот, како да е детска игра.
Го следам случајот на Тик Ток, започна судењето во граѓанска постапка. И почнаа да се отплеткуваат многу работи. Детето често изостанувало од училиште, било преместено без никакви документи, и некои проблеми биле веднаш средувани. Детето нема емпатија? Зошто? Што се всушност криело? Детето е болно. Ми стои на некое пораметување, некој аутистичен спектар. Има нешто што и родителите го знаеле, ама цело време чистеле место да го решат проблемот. Се надевам до крај ќе кажат што се навистина случи со детето.
Една од жртвите, ако не грешам Ангелина Ачимович барала да се премести од класот но никогаш не и одговориле.