Нема "доза" за ова, за жал. Што и да можело (ако можело) да се направи, предоцна е. Бара филмови, дете е, него најмалку му е јасно сето ова. Што е уствари ужасниот дел од приказнава. Да е возрасен/полнолетен, нека гние за век и векова ама ич нема да ми е гајле, Коста е сепак дете, па гајле ми е што понатаму со него.
Најмалку јасно? Многу убаво знаел што правел, имал листа, солзавец, одел у стрелиште, гледал филмови и го простудирал законот убаво. Тоа дете, пардон, монструм направи дело што мора да биде казнето. Ич не ми е гајле колку години има.
Да ама што да прави? Нормално ќе сака живее, да прави нешто, во случајов да гледа филмови. Ако само седи во лудница, јаде и спие, подобро нека го усмртат, него вака да го малтретираат. Не дека ми е жал нешто многу, ама нема поента. Пример, нека му дадат нешто да работи да биде корисен за општеството (Не викам да го пуштат од затворена просторија, него да му најдат чаре како да биде нешто корисен. Затоа што вака јаде, пие и спие на државна сметка, нема да работи, само ќе троши пари и тоа е тоа. Ако е мрднат, ќе се мрдне уште толку, ако не е мрднат, дефинитвно ќе се мрдне. Жив мртовец, буквално.
Доза мислев на тоа што го прима Ако прима нешто уопште Ама за вакви шизомани треба само нешто што спушта Да не збеснува
И што е решението според тебе? Да глуми дека му е интересно? Да си ја треска главата од ѕид? Нормално ќе му е досадно, и тебе ќе ти биде ако те затворат 8 месеци во иста соба со постојан надзор. Никој не вика да го ослободат, ама за почеток може да го направат корисен. Да чисти, да помага, да прави нешто. Ако е доволно возрасен да убива невини деца, тогаш е способен и да работи. Друго ништо не му останува. Он не смее да се врати во цивилизација слободен, треба да е под постојан надзор. Е сега, ако планот им е да го држат дур не умре - во лудница или затвор, не е решение тоа според мене. Треба или да го направат продуктивен, или нека го усмртат.
Не читаш. Да, во светот постојат затвори и установи, каде што луѓето работат, прават нешто корисно, а се криминалци, убијци и педофили. Работат, пакуваат во некоја фабрика, работат амалски работи, прават нешто со себе. Не дека ми е жал за детето, ама сакам да кажам, тоа дете, а и многу како него, јадат, пијат и спијат на државна сметка од парите на народот. Ако не е продуктивен за општеството, нека го усмртат.
Добро, значи свесно прифаќаш од парите на народот да се двојат пари за негова егзистенција, не само на него, туку и такви како него?
Тој и таквите како него уништиле многу животи, не само на жртвите туку и на нивните семејства. Да било твое дете жртва нема да посакаш олеснување на животот на монструмите туку баш спротивно, ама тука сите у гради се лупаме и бараме разбирање. Воопшто не ме интересира што ќе се мисли за мене ако на таков тип на нелуѓе не сакам да им се олеснува. Прашајте ги семејствата на жртвите како им било кога си го закопувале своето чедо и што се мислат за Коста. Ама додека не се почувствува на своја кожа може да се барат оправдувања и начин да го разбереш детето. Ич не ми е гајле како е по Америките и останати понапредни земји и што прават осудениците. Таквите луѓе не заслужуваат ништо освен мачење у затвор а не, досадно му било, дете било, нејасно му било. Не мораш да се согласиш со мене, а ниту јас со тебе.
Абе и ти си во право, ама пак не ми одговори на прашањето. Дали прифаќаш со парите на народот, да се хранат монструми како Коста и да трошат струја и вода, без воопшто на било каков начин да придонесуваат за општеството?
Мене кога ме прашуваш би вовела смртна казна ама бидејќи тука нема... Нека си го живее животот во тешки маки. Плус, колку што го следам случајот народот дур се крена затоа што Коста имал онлајн часови, а не пак да подработува нешто колку да бил од корист и да не му биде досадно. Такви, не можат да бидат од корист. Е сега колку што знам Коста не може да оди во затвор туку само во психијатриска установа кај што има висока безбедност, работење таму колку е можно, не знам.
Доволно бил паметен да планира убиство на свои соученици па и да го разгледува српскиот закон пред тоа. За вас не знам ама јас немам жал за вакво. Дете било. Пфф. Што сака нека биде. Нека скапе таму кај шо е.
Ало, детево има извршено испланиран масакр. Буквално имал листа за ликвидација на соучениците. Се му било кристално јасно и испланирано. Нема што да им се дава шанса или пак работа. Штом решиле да бидат гниди во општеството каква работа може да ги испере? Тие не придонесувале кога требало, зар ќе придонесуваат од кога ќе завијат фамилии во црно за цел живот? Детето барало филмови, дете било, а што е со оние деца што ги стави под ладна земја?!
https://a1on.mk/region1/potresni-sc...2BwOqXZmtzEZCVZx0kK8lA_hiTv7JmmqK334pxNt4S50E е ова е судство И клубот ќе го јаде. Браво
https://www.vecer.press/коста-кецмановиќ-ги-шокирал-сите-во-кл/ Детево го дрогираат до овој степен шо збори глупости, или стварно одлепил?