Е ајде бе Косми, ама како? Да снема струја евентуално, па да го снема сиот медиумски шунд. Инаку со се се согласувам. Живее балканот во некој мафијашки филм, ама иначе топли луѓе, гостопримливи И од Белград појма немам, ама гугл вика Врачар, афлуент ареа, некако типично...ваљда кој од кој поголема фаца
Сега баш читав и значи некое друго дете претходно го нападнало по Коста и му ја расекло усната, а не обратно. Истовремено тој веќе подолго време посетувал психолог. Но, очигледно знаел да ракува со оружје, бидејќи чуварот го убил од 14 метри. Истовремено, во станицата наводно не покажал каење.
абе шо ти е на тебе дали се читаш ти леле еден ден ако добијам инфаркт, од тебе ќе е дете било па шо ме боли ако е дете бе? убиец е убиец, дали било дете или дедо ич гајле не ми е како шо можел да праи план за убиство, молотови коктели итн, така сеа нека седи издрогиран ко зомби какво интегрирање какви бакрачи абе златна смртна казна, Убиеш ли поише од двајца, доживотен затвор со можност да те убијат без да те известат порано какви реформи требаат овде ллелеле и у Македонија и у цел Балкан. Па нека се рокаат пак пичка им материна шо сте волку меки не разбирам?
А смрт како се лечи? За овие другите деца прашувам? Нив како да ги интегрираме во општеството после 20години? Оти нели деца се, да не претеруваме…. Језеа ми е што те читам и што ме привоцираш да пишувам вакви работи…
Детето кога ќе наполни 18 години би требало да добие соодветна казна ако сега не може. И да, и таткото е виновен. За двата доживотен затвор.
Пак ќе го цитирам Вучиќ со неколку изјави од неговата прес - конференција. Ми изгледа дека детево ќе си биде заштитено "од горе'' поради xy причини, највеќе поради статусот на фамилијата. Не гледам зошто е важно да се напоменат примањата на родителите и нивниот углед. Што сака да се каже со тоа, дека оние со недоволни примања или не толку развиени кариери се лоши родители, а другиве добри? Исто и за тоа дека училиштето е во топ 3 во земјата. А да, гледам многу родители на ученици од тоа школо и на Твитер и на Фејсбук го критикуваат и свесни се за мааните, ама не ги преместиле или преместуваат своите деца. Зошто? Исто и за ова, не знам зошто сега се истакнуваат позитивните амбиции и аспирации на детето, кога очигледно си имало една поважна амбиција која веќе си ја реализира, и не покажал каење во однос на тоа. А тука веќе меѓу редови се минимизира и одговорноста на родителите во случајов, која апсолутно постои, и тоа не во така мала мера.
Е де де, психопатски малтретирачи цветаат у животот, се интегрираат, шефофи, политичари стануваат, а оние на кои им се посрале у детството, кој ги врти. Деца биле. Ќе пораснат.
Страшно значи.. Детето било воспитувано во таква средина во семејство кое го учело да пука, со часови по стрелаштво и којзнае се со какво перење мозок растено.. Со ваков план ко што тука споделувате веќе е јасно дека не се работи за излив на бес и состојба на афект, каде на човек му пука филм па истура бес по се што стигне, туку со умисла е направено. И тој опис од погоре дека е дете што е постојано нешто луто на сите, се нешто во конфликт со децата или наставниците во школо, често изолирано, не се вклопувало во различни групи, проблеми интерес за оружје и пукање...се ова се слични карактеристики кои ги делат овие деца масовни убијци. И на такви кога им се дава пристап до оружје, ете го резултатот.
абе сирот тој солзи ми течат еве ем малтретиран бил, па замисли уште да лежи затвор или психијатрија. Треба сеа на Бахами да го пратат. Да се одмори, сирот тој
Читај си ги постовиве полни со насилство, па после збори за насилството на другите Лицемерие? Контрадикторност? Свашта!!! Ама ај, ќе ти простам, млада си. Ќе пораснеш.
Еден популарно погубен фактор за нас колективно на овие простори е тоа што имаме копинг механизам дека секогаш ние сме загреота и под нечие влијание. Се некој друг ни е крив. Место да си погледнеме во нашите длабоко трули општества, нас, за се лошо што не снаоѓа, најлесно ни е да ја обвиниме Америка и западните вредности. Не деЌки. Сами сме криви. Почнувајќи од родителите, па сите останати физички и правни лица задолжени за издигање на новите генерации во психички и физички здрави единки. Не сме експерти, па да не го квалификуваме детето како психопат, или ако веќе се расфрламе со дијагнози, и сите булис се малтене “психопати” а богами и нивните родители. Е сеа, што би било кога би било и што би ние во некоја идна хипотетичка ситуација е долга и широка, а истовремено толку ирелевантно и небитно во овој момент и за тие луѓе. Штетата е направена. Семејства се завиени во црно, и за тоа можеме да го обвинуваме “психопатот” или целиот систем што не пружа ниту доволно заштита, ниту доволно едукација. Точно дека само еден пукал, ама виновници се многу повеќе. И како и секое чудо за 3 дена за овие наши длабоко длабоко скршени, трули и неспособни системи, овие денови ќе се пишат еден куп најразлични сценарија, секој ќе излезе со своја приказна и мислење, медиумите ќе си истераат сензационализам… и по 3 дена ќе се стави се под тепих…. До наредниот инцидент… Да разговараме со децата често. Да слушаме што ни зборат, а уште повеќе да гледаме. Да реагираме. И да се молиме ова да не дојде до нас. Господ да не чува сите.
лицемерие? на мое дете шо сакам ќе му праам. Ако моето дете иде и малтретира, тепа или не дај Боже убива други деца. Ќе го згазам бе. Нема тебе да те прашам шо да праам или било која друга овде. И да ми е малтретирано детето, има да иде на психолози, сеанси, психијатри и по сите установи по список у државава, додека не се опраи. А не, на мајка убавиот, иди у школо и убиј ги сите. Не ме интересира кој бил малтертиран или шо му праеле. Издржав 21 година, без да полудам, без психолози, психијатри итн. И не ми било лесно, ама се држев. Прво ради моите, не сум им се жалела за да не ги секирам. Еднаш кажав дома само, се јавија кај на еден неговите, па уште толку трпев малтретирање. Кај мене у основно еднаш машките се гаѓаа со НОЖИЦИ, цело одделение под клупи сме се криеле пошо летаа ножици насекаде. До ден денес го памтам тоа. Ништо не им напраија.
Дали би ги жалела децана шо го силуваа соученикит со стап и го снимаа, ако ги убиеше?! Дали цркавте да се затворат доживотно, и они и родителите? Дали?! И зашто не?!
Детето треба доживотен затвор (иако очигледно не е изводливо ради глупавите закони). На родителите не треба којзнае каква казна да им се даде. Може за воспитувањето, недоволна грижа и слично да, ама за тоа дека не го чувале соодветно оружјето е смешно. Дете што е спремно да убие 10+ луѓе испланирано до детали, мислите дека му е тешко да дознае код од 4-5 цифри за сеф со оружје? Да не бил пиштолот, ќе фрлел 4-5 коктели колку што имал спремно и ќе направел уште поголема беља, којзнае. Ако не биле неговите богати, ќе учел во некое мизерно школо и немало да го малтретираат другите богати деца... Многу ако Ќе станат појасни некои работи кога ќе се истражи подетално, ова е тек почеток. А инаку јас сум строго против вакви извикани училишта каде што се двојат богатите од сиромашните. Треба сите да учат во иста клупа, ако сакаме функционално општество. Нема назад, уште полоша ќе биде ситуацијата. Голем дел велите дека сте биле жртви на булинг. На ваше дете да му прават булинг од 1-2 месеци без престан, сигурно ќе сакате да се влечете по институции да тужите богати семејства, в-в-в-ажи. Да имам дете и да ми го малтретира некој посериозно каде што ќе биде психофизички малтретирано, прв ќе им пресудам на родителите, па на децата. (Децата се и тоа како виновни, не ги жалете дека се мали и не разбираат). Како јас а и многу други не сме правеле булинг на други деца? (Закачања имало честопати, но тие биле во рамките на нормалното да речам).