https://faktor.mk/na-odmor-izvadila-sekira-od-ranecot-uchenichka-predizvika-incident-vo-srbija Чекам овие што го сожалувааа Коста да ја сожалуваат и оваа.
Поминаа неколку месеци од тој немил настан кој го потресе цел балкан. Но сиве овие месеци постојано ми излегуваат родителите на две деца кој беа убиени Ема и Андрија.. Родителиве буквално по сите телевизии и сите интернет портали се од фрижидер излегуваат мислам. Како другиве родители деца да не изгубија како да немаат болка која ќе ја чуствуваат цел живот. Постојано само за нив се пишува, "Родителите на Ема, родителите на Андрија што изјавиле, како изјавиле па интервјуа со детали како дознале....Боже прости ова да си го видоа како шанса "познати да станат". Другиве родители не изгубија ли деца, фамилијата на чуварот не изгуби член...сегде само овие.
Истово го помислив кога ја видов сега последно на видео мајката на Андрија така си зборуваше како искулирано,не можев да се начудам со која сила и снага дава интервјуа и некако бавно оди ова судењево дур ја истераат правдата,не знам чудно...
@VDT2906 татко и на Ема, Драган Кобиљски е тренер на одбојкарска екипа, мислам дека затоа повеќе е во јавноста, папараците повеќе го следат. А имам приметено и на тт дека сестрите на Ангелина имаат често интервјуа во емисиите.
Посебно од кога почна судењево од сите родители кој се таму само овие се одвојуваат и све само за нив се пишува, дури повеќе за нив пишуваат. Што изјавиле како реагирале па се онесвестила ( мајката на Ема) па криво ја погледнала мајката на Коста....па приватни тужби само они имаат поткренато ( нивно право) ама како само они дете да изгубиле.
Ок е тоа ама па не мора на сите портали и телевизии да бидеш и да прераскажуваш детали од денот. Како има сила цело време за тоа да збори по тв. Не знам како да се изразам, а да не бидам погрешно сфатена..
Зборуваат јавно, гласни се, за да се променат работите во трулото општество. Коста бил и е болен, занемарен од родителите. Затоа се секаде. Оти неговите родители ни сочуство не изразија, туку се осеќале невини. Кога реков дека и Коста е жртва на сооствените родители, скокавте. Детето еднаш било веќе хоспитализирано во психијатриска клиника.
Па неговите со непружање соодветна помош го доосакатиле. Место по болници на стрелање го носеле. И ете како го реши проблемот детето. Ги напуни другиве со олово. Ај он е мрднат не осеќа кривица, се гледа дека му фали нешто. Ама ,,родителиве”? Имаат 10тина жртви на совест бе. Шо ја немаат Јзк
Секој различно се справува со болка. Не се суди од страна или со гледање по тв. Коментар пак од типот дека мајка што загубила дете била превише искулирана…свашта, како ви иде рачето да пишете такви работи незнам. Некои се гласни и сметат дека треба да се борат и работите да се променат, некои се затвараат со себе и немаат сила или борбен дух. И што? Како е правилно според вас родител да пати?
https://www.kurir.rs/crna-hronika/4373682/otac-decaka-ubicre-sokirao-u-sudnici Добро јас бев. Ако морам да признаам Боже Господе Шизофренија 100%нема врска со реалноста
Па он ли е крив бе? Боже сачувај. Знам дека малку повеќе се припотресуваш, иако не знам од кои причини, но што е таткото крив за масакарот. Имал удел, тоа е точно, ама син му можел да ги потепа на било кој друг начин. Не е ни прв ни последен што учел да пука (иако тоа е грешка што дозволил татко му да го прави тоа, плус во клубот за стрелање што го овозможиле тоа). Индиректно имаат лривица и треба да одговараат пред законот за прекршување на законите и правилата, но никако за убиство. Затоа што тие не се извршителите. Ако е така, виновен е и тој што го произвел оружјето … Јас можам да сфатам дека луѓето се уништени за цел живот и нема назад, нема како да се промени реалноста, но сепак таткото не е крив за убиствата, па не ги пукал он мајку му стара, нити пак го с’скал син му да го прави тоа. Лесно е да се покаже со прст, кога не сте вие во приказната. Утре пример брат/сестра твоја ќе направи некое убиство, значи цела фамилија ќе бидете виновни затоа што не сте го/ја спречиле? Не ми е јасно.
Ама ова "Јас сум од угледна фамилија..." Си мисли Господ е, недопирлив е, моќен. Општо, сите што ја користат реченицава и фамилијата за да се оправдаат.
Он го држел пиштолот. Кој да е крив бе? Баба ми? Ај мисли со мозокот малце. Неговите само додале зачин у сѐ ова. Можеле да го носат на психолох/психијатар наместо на пукање. Ја реши сеа работата шо ги испука. Он го држел пиштолот ОН е крив. А неговите ПРИДОНЕЛЕ да е таков. Научете да расчленувате работи Го малтретирале, и зема 14 души ги испука ало. Обезбедувањето шо му е криво? Ќе кажеш дома, ќе те преместат Или мора да се учи у ,,елитно школо” Епа сѐ дур ве е** таков комплекс, такви деца ќе искачаат Он бил елита.. оф греву еден иди покриј се. Повеќекратен убиец. Елита бил
Чек чек, успораи малце, не е туку така ова. Како родител на две деца, одговорно можам да тврдам дела дете како што може да те загрози у живот, не може друг.. зашо ти е дете, нели и се ќе напраиш за него, па и според закон не е одговорно ако напраи било што до 13 или 18 години. А како 100% родителот да има удел 24 часа во текот на денот кај дете? Не одобрувам што се носел на пукање, меѓутоа детето е болно психички не е у ред, тука таткото може и не мора нн да влијае, мн родители прават грешки и ги носат децата на места што не им се дозволени, па тоа не ги направило психопати-убијци. Родителите треба да имаат одговорност ама не треба да го поминат животот во затвор поради непромислените постапки на синот психопат, кој не можеш баш и многу да му влијаеш. Детето кога тогаш ќе остане само, дома во школо, искачање и сл. Од каде да знаеме што ќе го удри во глава да напраи? Наркомани деца пример, сигурно не се воспитувани од родителите да тргнат по тој пат, јас познавам семејство од 2 сина, едниот наркоман, другиот првенец на генерација со докторат, воспитувани од исти родители на ист принцип сигурно зашо се близнаци. Мн работи имаат удел, друштво, школо, околности, деградирање итн... Сето тоа не е причина за да станеш убиец или наркоман.
Некогаш родителите се немоќни да, ама некогаш и од нас зависи. Конкретно, не е прв пат Коста да е на психијатрија. Детево е болно и за жал не му била укажана помош. Мајката е главната карика во случајот. Се е поради нејзе. Зошто, не знаеме оти се уште не е откриено.
Ја преовладува стравот и нервозата низ сите теми и затоа нерпомислено се расфрла со мислења. Значи убаво кажав, родителите негови имаат индиректен удел во целата случка, но единствен виновник директен е самиот извршител. Ниту бил присилен, ниту бил награден за стореното дело. Сигурно со татко му не го планирале убиството. Таткото може да е и лош човек, кретен, лигуш, ама никако не е убиец. Исто како што тебе нема да те направи убиец, ако твојот роден син утре заколи некој во школо. Не знам што е тешко да се разбере тоа.
Виновни се. Убаво вика @Feminka22 . Не смее да се носи малолетник на пукање. Треба да се носи кај стручно лице. Тоа што некои деца и покрај имањето лоши родители не станале лоши луѓе и криминалци е ради околности. Интервенирал некој друг од фамилијата или од околината, па се спасиле.
Лолл не ме сфаќате вие мене. Или си имате некој проблем со мене. и да го малтретираат и да не го малтретираат, не беше решение да ги испука. И тоа 14 души. Пази да не му згрешиле сите. Детето знаело дека не може да лежи, имало список, имало бомба, имало пристап до оружје и знаел да го ракува. Ова ако не е со умисла не знам што е. Мене цело основно ме малтретираа. Со плачење идев накај школо. И со плачење од школо. На крај памет не ми паднало да земам да го напраам ова. Напротив. Им се плашев. Ама кажував дома некогаш, па моиите ѕвонеа у школо, кај родителите на децата. Не ме носеа на пукање! Не го правдајте ни него ни неговите. Општо прво дете не смее да се носи на пукање. Не смее. Второ ако не ти е добро детето, ќе му помогнеш. Они не се ни замарале со него. За тоа се криви. Ама он е тој шо пукаше, не ја, не мајка, му не татко му. Тоа вие шо го праите се вика: Дифузија на одговорностите, укажува на фактор дека доколку секој е одговорен, на крајот никој не лично договорен. значи криви се шо го малтретирале, што го носеле на пукање. Епа ај жртвите да ги станеме од гроб да лежат. Они сите заедно ДОПРИНЕЛЕ, не се криви колку него