Не, ич нема врска емпатијата кон детево шо некои од тукаа викаа да не го викаат монструм, сфатете го, не му било лесно, бла бла. Да се исправам - болен монструм, немам емпатија ич кон него. Виновно е, и тоа и родителите и општо шо околина што се потфрли. Не било виновно. Свесен било кога гледало закони, како се прават молотови коктели, документарци за убијци. Имај емпатија, Јас немам.
Истиот муабет може да се каже и за силователи и педофили и сериски убици. Болни биле, имале лошо детство, биле запоставувани, биле малтретирани, итн, итн. Океј, факт, лошото е лошо, греота е секој невин што пати. Меѓутоа ако правиш лошо, нема место за емпатија и сожалување.
И до каде е процесот на судењето, на кој начин ќе биде казнет Коста, со оглед дека немал 14 г кога го сторил масакрот? Има ли нешто официјално од неговото судење, деновиве?
Кај ја слушнав песнава сабајле, душата си ја исплакав. Премногу жално, никогаш да не се повтори вакво монструозно дело. Греота за децата и вработениот во школото.
Музиката за песнава нели е на едноставеното машко дете , Андрија кое настрада во масакарот. Кога ја имаа пуштено само како мелодија која тој ја компонирал ми будеше толку убави чувства , не ми беше тажна , ја слушав преку еден ден што се вели. Сега со текстов , душата ми се пара И модната ревија со креации од девојчето Ангелина ми беше исто многу емотивна И животниот пат на малата Ема ме потресе Катерина па ( мислам така се викаше ) една прелепотица , и она и мајка и . Мајката 7 години помлада од мене . Се вратиле од Франција да живеат во Србија , сакајќи децата да им растат побезбедно . Сите деца преталентирани за нешто, мирни ,полни љубов, сакани,мазени,пазени... Абре да ти пукне душата Е*ате животот
Не постои човек за кој не чувствувам емпатија, а не па дете. Тоа е разликата меѓу мене и убиецот (итн.).
Заслужува емпатија монструозен ладнокрвен убиец? Без разлика што е дете, сепак убиец е. И ние што не сакаме да иаме емпатија кон вакви луѓе сме слични со убијците?
И јас немам никаква емпатија кон убиецот. Напротив, наместо со тек на време да ми поминува лутината, мене се повеќе и повеќе ме фаќа гнев. Тоа монструозното во него си го имал, никој не може да ме убеди дека човек што гуглал како да изврши масакр а да не го фати закон, седнал и направил листа со таргет цели, направил молотови коктели и испукал цел рафал куршуми без да му затрепери раката не е најголем монструм. Да можеш да ликвидираш со леснотија, прецизно да гаѓаш и после сето тоа да не покажеш грам емпатија е знак дека нешто не е океј. Колку сака нека е дете, тоа дете е ладнокрвен убиец.
Не коментирам за другите, јас имам мои ставови и можам да ги објаснам ако некого го интересираат. Пример ќе го земам Крис Ватс. Не само што не е дете, туку е возрасен маж што си ги уби жената, нероденото дете и двете ќерки. Семејството на жртвите бараа да не се бара смртна казна за него (сега веќе не постои во тој стејт, тогаш постоеше). Кон сè што дише имам емпатија, колку сака нека е монструозно, тоа не значи дека поддржувам или оправдувам. Само доволно знам за човековата психа, посебно детската, што може да се случи ако е некој pushed over the limits. Како времето проаѓа, се' повеќе излегува на виделина во каква средина тоа, пред сè, БОЛНО дете растело, и колку наместо да му помогнат, го турнале уште подлабоко родителите. Емпатија не значи поддршка, ниту оправдување, емпатијата е предуслов за да зборуваме за цивилизација. Инаку, за тие што прашуваа, не, на Коста нема да му се суди, а Урош ќе добие најмногу 20 години, поради возраста. Да беше Коста малку постар, исто максимум казна ќе беше 20 години. Такви се законите во Србија, а зошто се такви - не знам. Смислени се пред да си ја донесеме Америка дома ваљда. И двата случаи се без преседан.
Уште стојам на ставот дека неговите проклети родители се криви за масакрот и треба да лежат и двајцата у затвор а монструмчево што самите го создале со нивното однесување и занемарување ќе биде заклучено на психијатрија до крај.
И родителите на жртвите не го обвинуваат директно Коста, туку неговите родители и системот, позитивно се изненадив колку свесни личности се.
Болен-неболен, нема оправдување. Детево е убиец кој детално ги испланирал убиствата. Не заслужува емпатија.
Емпатија не е исто со оправдување, како што и наведов претходно. Ако чувствувам емпатија не значи дека го оправдувам. Тоа треба да се разграничи прво. И да, многу е важно дали е некој болен, а за дете ова да го направи, мора да е болно. Како што реков, не сум ни изненадена гледајќи ги родителите негови после сè.
Прекрасни луѓе се. И покрај се, на нозе се, да се борат за да не се случи повторно. Многу совесни и точно знаат каде е проблемот. Мајката на Ема многу пати спомна дека дури и е жал за Коста што не бил лечен. И овде не зборуваме за оправдување, за бранење, зборуваме за една деликатна ситуација во која родителите го создале убиецот. Има болно дете кое не било лекувано. Песната, родителите, децавата, видеата, не може некој да остане имун на ова. И никогаш да не се повтори. Ама ако не интересира колку ќе лежи Коста, а не зошто ги уби, тогаш ништо не сме направиле и вакви случаи ќе има пак. Тоа е поентата, за тоа се бораат и родителите на жртвите.
Браво Јуле ! Јас вчера дури видов дека има тема за оваа тема , не сум приметила ,а и кога се случи масакарот , не читав баш многу многу . Ти ги исчитав сите мислења, и апсолутно со све се сложувам со тебе. Одличен правник си ,одличен ! Можда малку е безвеза на оваа тема да фалам ,ама не само правнички гледано , туку и во сите аспекти кои ги опфаќаш си сосема во право . Јас се надевам дека сите институции ќе го дадат максимумот за да се реши овој случај . Не е битен толку ни епилогот на ова судење , колку што е битна сржта , да се најде што и како дојде до ова . За да не се повторува во иднина ,да не дозволиме на секој чекор да има по еден Коста , Урош ....
Јас повеќе го следам случајот од аспект на родител. Ја следам и разврската. Секако дека и како правник, ама повеќе како родител. И сакам да знам зошто. Оти сите ние растеме деца на овие простори.
Коста упорно потенцира дека ја мрази и презира мајка му, пошто очигледно нарцисоидната кучка го игнорирала цело време. И не знам кој би можел ова како оправдување да го сфати, она што е трагично и жално е што поради родителска негрижа се случи ваква трагедија. По се изгледа дека тоа е во прашање. А има многу такви родители, само што сплет на околности се во прашање дали ќе се случи нешто вакво. Децава се темпирани бомби со такви родители или пак во иднина стануваат исти како нив а можда и полоши. И многу површно, ограничено и субјективно размислување е 13 годишно дете да се гледа како главниот кривец иако во буквална смисла тој е убиецот, али кој разбере, разбере.
Ако почнеме со емпатија да гледаме на нештата испаѓа дека и мајката на Коста е умоболна и треба да имаме емпатија кон неа бидејќи никој од нејзиното семејство и/или фамилија не се обидува да и помогне/ да ја лечи. Го пишувам ова имајќи јас самата во фамилија потенцијален убиец на кој се проба да се помогне. Две лица од фамилија умреа, едниот затоа што се обиде да помогне, другиот затоа што беше гневен на тој што помогнал.Мало дете остана без татко. Затоа и никој не се меша веќе. Што е криво тоа дете што остана без татко што неговиот родител се замешал во друго семејство. Секој си го гледа само своето семејство. И тоа е најпаметно. Проблемот почнува кога не си го гледаш своето семејство. Кога мижиш свесно пред психички болен човек кој не може сам себеси да си помогне.
Баш ја долови поентата. За жал имаме пример од чести пукања во училишта во САД, со жртви. Наместо да го бараат коренот на проблемот, ги учат децата drills како да се скријат и нормално, ќе ги трупаат затворите, што се инаку приватни профитабилни институции Како да сме заборавиле што е суштината на тоа затворање, без оглед дали е психијатриски или во стандардна установа, не може целта да ни биде отпосле да ги затвораме починителите. Целта е да видиме каде ја грешиме работава, што можеме да направиме, како да не се повтори. Должината на казната едноставно е небитна, пре би да излезе за 5 години ама безбеден за околина, него 25 години да ги одлежи и да излезе полош, пример давам. Не само за Коста, општо за било кои криминалци. Најголем дел од убиствата и не завршуваат со доживотен затвор, овде наеднаш се многу жртви да, ама има уште повеќе убиства кај кои жртвата е една. И тие добиваат релативно ниски казни, излегуваат полоши него што влегле во затвор. Оти никого не го интересира зошто дошло до тоа што дошло, како да се превенира, како пак да не дојде кај некој друг. Родителите на децава, секоја им чест. Од најголемиот дел од изјавите, посебно на г-ѓа Кобиљски, ќе приметите дека тие чувствуваат емпатија кон Коста и вината ја гледаат и бараат таму каде што и е - од семејството, до институциите кои се должни да обрнуваат внимание на семејството какво е, како живее детето, како се однесува, како се однесуваат родителите итн. И те како имало можност да се избегне ваква трагедија, Коста не можел сам да купи оружје, сам да научи да пука, и на крајот, истото да го направи без никаква внатрешна емотивна повреда. Дали ќе биде 50 години на психијатрија, ништо не значи, и тоа дете е жртва и жал ми е што тоа не можете да го видите.