"Ми имамо 2 черке, једну чувамо ми и Бог, а једну само Бог" - преболна реченица... Колку сила имаат родителиве... Немам зборови. Покрај целата болка, зборат јавно за никогаш да не се повтори...
Не го изгледав уште целиот документарец, јака им душа, многу е потресно. Цело време скоро солзи ми течеа, сто пати језа ме пројде. Ужасна, бесмислена трагедија, ко војна со жртви, а оно психопатче мало ги унесреќи сите комплет. Се гледа колку им е уште несфатливо на сите нив. Во Америка школски масакри се веќе ко добро утро, ќе огуглаат лугето околу од ужас. Кога рече таткото најмал сериски убиец, не знам значи, што е доволно? Смртна казна нема таму, а доживотен затвор е малку, та за него, та за родителите " угледни". Гнаси одвратни
А Миљана? Споделуваат родителите како доаѓа на судења, ко да е најгорд родител на свет, место со закопана глава у земја. И уште дрско одговара на прашања. Ужас.
Мислам дека таа има најголема улога во обликување на своето дете во монструм... Барем малку да му посветила внимание, немало да дојде до ваква трагедија... Две години и шест месеци е затворската казна која ја следи, едно огромно НИШТО е во споредба со стореното...
Малце премногу обрнале внимание, само не е позитивно вниманието што го обрнале. Притисоци и психичко малтретирање наместо согледување на реалност и барање помош, пикање под тепих проблеми...
Со детево прашање е дали тие и воопшто разговарале во текот на денот, дали имале блискост како родители со дете.. Какви родители се тие воопшто да не забележат дека детето се спрема со оружје, молотови коктели? Дали и колку биле присутни со децата во секојдневието , е знак прашалник... Родител сум и му влегувам во собата, разговарам, гледам како е расположен, повремено и собата му ја средувам.... Стопосто сум сигурна дека мајката, ништо од ова не правела, па и таткото.... Сигурно детево покажувало некои знаци, ама биле слепи и глуви за него, пикале сѐ под тепих... Затоа велам малку внимание му било обрнато, од аспект на вистинска родителска љубов и грижа.... Затоа и мајката на едното од убиените деца, рече го сожалувам и Коста, никогаш не почувствувал родителска нежност и љубов....
Факт е дека да немал малиот обука за пукање со огнено оружје уште при првото пукање рацете ќе почнеле да му се тресат и немало никого да погоди толку прецизно во гради и глава.. Он сите што ги ѓагал ги погодил смртоносно, бидејќи бил обучен да пука..
Не е мајката, таткото е со нарцисоидно пореметување. Мајката не го тргнала Коста на време и не го заштитила. Затоа и е лут…. Докторот и после год дена кријат што дијагноза има самиот.
И детево има психопатски особини, ама тие да биле родители на место, ќе му помогнеле, а не да го носат на обуки за пукање.... Затоа и нивната вина е најголема...
И двајцата се виновни подеднакво. Овие се пример како не треба да се однесуваме со своите деца... Толку гнев и лутина да има дете кон родител, па секој би се запрашал што му сторил?Зошто детево има омраза кон мајката, а не љубов?
На психопат не може да му се помогне, за жал. Секако што му ставиле оружје во рска толку рано, придонесе за трагедијата. Ако малиот навистина е психопат, се надевам никогаш нема да го ослободат.
Секако дека двајцата се криви. Само е многу приметливо нарцисоидното пореметување кај таткото, а бидејки е угледен доктор ко што и сам си рече на судењето никој не ја кажува дијагнозата, тапкаат во место. Правилото дека нарцис раѓа нарцис се потврди. Тоа дали е омраза кон мајката е производ на српските трач медиуми. Јас мислам дека е тоа револт што не му помогнала. А мислам и дека се двајцата жртви на”угледниот доктор што го носел на пукање. Да почекаме.
Дентина, тој и во иднина ќе претставува опасност за околината, така да не треба никогаш да биде на слобода. Сигурно детево покажало некои знаци, дека не е сѐ во ред со него, зошто не е разговарано со него, како родител со дете?
И за мајката, родителите велат со дигната глава е на судењата, едно извини не рекла, како човек.... Па на секој нормален родител, грижата совест би го убила, како би им погледнал во очи на родителите.... Во родителите негови нема ништо човечко, затоа и монструм створиле....
Нешто меѓу редови ич не е во ред со оваа песна... како да сака злото да го стави во слатка обланда и отровот да го вбризгува понатака кај слушателите. Не можам со зборови да објаснам, но зад божемното сожалување како да се крие нешто друго. Можеби желбата да се профитира од туѓата трагедија... воопшто немам убаво мислење за песната.