Абе види И Јасна Шекариќ одела на стрелиште од 10 год возраст и земала појќе од 10 медали . Само кажав дека најголем и единствен проблем не е тоа што детето го однеле на стрелиште
Можеби не е толкав проблем, ама да станувало збор за обично нормално дете, а не за болно дете со потенцијал да стане и убиец како што стана. Неспособните родители уште поише допринеле да го извади од себе најлошото. И секако дека сите се сложуваме дека родителите ја имаат најголемата одговорност што ова се случи. Ако може и родители да се наречат.
Јас познавам 3 деца што одат на стрелаштво, во клуб, па не се масовни убијци. Ама детево не одело во клуб на стрелање туку татко му НЕпрофесионален стрелач го обучувал, не може да не е чудно. И не, не е нормално целокупното однесување на детето, а па на родителите ич. Мислам дека ова дете не само што е испуштено од раце, пропуштени се озбилни работи кај него.
Очигледно е дека детето има пореметување,многу веројатно нарцисоидно но е мал за дијагноза мислам. Он себе не се гледа воопшто како проблем, не покажува емоција ниту каење, уште кажува многу бил прецизен, а ги убил зошто бил отфрлен. Манипулира, типично за нарциси. Но зошто бил отфрлен? Српските медиуми цело време ја носат насоката кон мајката. Јас мислам е лут на мајката но лут не зошто му викала туку зошто не го заштитила од таткото. Нарцисоидноста ја наследил од него. Нели бараше да му се обраќаат со титула и почит во судница бидејки е доктор. Се гледа и на Видеото кое го снима татко му. Го снима да покаже каде ги реди, именува,брои. Обратете внимание на крајот кога му вели да го покаже
Како нема кога се инспирирал од јутјуб видео ? Добро ај нека кажи овде некој кој од нашите родители не тераа да учиме да бидеме најдобри ? Колку пати ни повишеле тон ? На колку години ни купиа телефон? Денешниве деца не се воспитани , девијатни се , родителиве се зафатени со своите животи не ги гледаат децата што им прават Пари ,телефони ,коли секакви задоволства само воспитување никакво
Ja preeska sakav na dve god dete da mu napraam muabet da si igrame, gledase na Tiktok abe niso ne me percepira, vikam ela da si igrame so dada, ela ke crtame, detevo kako hipnotizirano glease u telefon… greota
Детево мене се ми се чини дека е класичен психопат.Тоа што викаш никаква емоција,и на првото сослушување не покажал емоција.Тоа што се предал за да небиде повреден и убиен е уште еден показател дека е психопат, има емоции единствено само за себе . Сега не дека родителите не носат вина.Не сите психопати,а има во наше опкружување сигурно еден,не убиваат .Родителите кај него можеби биле тригерот да убие.И заедничко кај повеќето сериски убијци е што доаѓаат од дисфункционални семејства каде биле eмоционално запоставувани,со претрпено психичко и физичко насилство. Коста не бил физички можеби казнуван,ама бил оставен на дадилка додека родителите бркале кариери,а во останатото малку време со него му вршеле психичко насилство да биде најдобар по неговиот исказ.
Зарем со нарцисоидно пораметување може да убие толку лица? Мене ми стои нешто потешко дека е. Инаку родител на убиено дете изјави дека конечно покажал емоција и смета дека е така поради тоа што работат со него.
Изгледа може мене детево ми е социопат. И неговите се такви. Ај баш некој психолог нека каже мислење @JoyJoy
Може.Тешка дијагноза е, немаат емпатија воопшто. И сопствени деца што ги убиваат ако ти текнува на тој случајот со Австриецот во Хрватска кој ги отру децата со какао пред спиење, му утврдија нарцисоидно пореметување на личноста. Ги има сите симптоми Коста. Потреба за грандиозно внимание. Самоважност. Секогашсе жалат дека никој не ги сака и не им помага. Потреба од други да му се возхитуваат. Ако не , ќе се жали дека го одбегнуваат. (Тоа и го прави) Секогаш ќе укажуваат кллку се посебни и способни. (Дури и на судењево кажува сам колку бил прецизен, што е негова претпоставка) Немање емпатија. Експлоаторски однос кон други луѓе. Родителите требало да приметат, татко му е доктор ,но ова пореметување е почесто кај машки пол па можно е и да не приметил докторот зошто и самиот е болен од истото. Често е наследно ова пореметување. Еве и судскиов вештак го мисли истото, не знаев дека веќе утврдиле. https://www.sd.rs/zena/vesti/sudski...icnosti-roditelji-su-morali-da-2023-05-13?amp https://www.alo.rs/zena/zdravlje/75...-otkriva-da-se-radi-o-narcistickoj-traumi/amp
Он мисли, ништо немаат потврдено и соопштено. Се додека трае истрагата, ама родителитр зборуваат дека имало нешто и родителите знаеле. Бил и хоспитализиран на психојатрија претходно. Заради како беше губење мислам.
Мислам дека веќе имаат утврдено,само не соопштуваат јавно. Како и да е ако е оваа дијагноза таа е многу тешка.
Имаат, затоа што почнал да покажува емоции. Ваљда ќе откријат кога ќе заврши судскиот процес. Не знам, на српски читав, ако најдам ќе постирам. Како breakdown мислам.
Не почнал да покажува емоции. Сега читав изјава на мајката на малиот пијанист Чикиќ што му поставила прашање на Коста, ладнокрвно вели без емоции ми кажа дека го убил.
Јас па читав изјава од таткото на Ангелина мислам, беше во емисија. Пренесуваат баш дека на нејзиното прашање му се забрзал пулсот.
Не знам како заклучи дека го бранам. Проблемот е што детето било испуштено и запоставено од родителите со или без дијагноза. Јас не реков дека е океј, туку пробав да ја анализирам ситуацијата и општо за сите престапници да кажам дека без разлика на делото, треба со нив да се работи. Најлесно е да речиш дека бил психопат и готово. Најтешко е да го увидиш коренот на проблемот и да го разрешиш, да го препознајш навреме и да го спречиш, тоа ми беше поентата иначе. Детето умислило план како да возврати на насилството. Ама спроведувањето на планот било во афектна ситуација што не е чудно. Не дај господ деца од едно читање да прават вакви работи. Секој втор ќе беше убиец. Затоа се родителите, учителите, образованието да им укажат навреме како треба да се справуваат со предизвиците кои ги носи животот. Има работи кои се во НЗД кај вакви случаи. На тоа треба да се обрне внимание-менталниот склоп и внатрешниот морален компас, да си родител е предизвикувачка работа. И да бил психопат/социопат или не знам што, пак требало да се интервенира навреме.