Зошто? Баш и е на место муабетот? Можеби суров, ама на место. Или за едните плукање, за другиве се најдобро?
Сите потфрлиле. Во Србија многу често има екстремни случаеви на булинг и жртвите најчесто по себе посегнуваат. Но, сега не било така. Во овој случај, Коста бил малретиран, претходно физички нападнат и решението? Него го префрлиле во друга паралелка. И со тоа ништо не се решило. Едноставно некогаш жртвите посегнуваат по себе, ама некогаш целиот потиснат бес го искажуваат вака. Потфрлиле родителите на децата што го малтретирале Коста. Потфрлиле родителите на Коста што го воделе на обуки за пукање. Потфрлиле вработените во школото што не си ја работат работата.
Не заебавај, поинтелигентна си барем за тролање теми има други. Овде значи проблемов е многу поширок и подлабок и би требало да гледаш од перспектива, дека поради некоја фрустрација детска се убиени неколку деца, убиен човек од обезбедување и ранета професорка и ред уште којзнае колку трауми на луѓе шо биле блиску до настанов. Типов го анализирав и мислам дека ни малку не личи на наивно дете. Според мене треба да е во поправен дом сега и после доживотно да лежи и гние во затвор. Не би имал ронка емпатија за вакви личности, ма и хипотетички гледано да бил малтретиран.
Убиецот ако го остават сам периодов многу веројатно е дека сам ќе си пресуди, докажа дека е способен за тоа да си ја стави јамката на вратот или на друг начин да се реши сам под притисокот што му тежи.
ме замисли, немаше да ги жалам пошо се ѓубриња, ама немаше ни детето да го оправдам. Сфаќате дека нема оправдание за убиство? Од силување многууу потешко се лечи траума него од булинг. Ја више заборавам, некад знае да ми текне. Ама пример силување знам дека никад нема да го ,,сварам'' и дека или ја ќе се убијам, или силувачот ќе го убијам. Затоа и не се исти казните за силување и малтретирање
Ја не жалам нарцисоидни створења со психопатски и социопатски карактеристики, кои ќе си го изедат стапот од кога ќе си ја скршат жртвата. Ги жалам нивните жртви, кои ќе ги лежат у затвор ко луѓе. Ој гуглај си reaktive abuse.
Ова ти покажува дека Балканот не е добро место за растење деца. Денеска читав пост од една мајка, која кажува како двете деца и биле малтретирани од деца на моќници, пцуени, понижувани, навредувани, ама таа била и мајка и психолог. Кај мораш да рмбаш како коњ да прехраниш деца и да платиш сметки, па и дежурен полицаец треба да бидеш. Во школите само одговарале „деца се, нека се челичат, суров е животот“. А тие вработени по школите па, кај смеат да гукнат на некој од партија, кога нив партија ги вработува. Трули темели, трули навики и тоа е. И Вучиќ како да го бранеше детево. Колку пати повтори дека бил амбциозен и дете од угледно семејство? Мислиш лично го знае детево, па одел на карате, во музичко, на глума. Абе кај сака нека одел, уби 9 луѓе и рани 6.
Значи ти го релативизираш нападов со то што хипотетички бил напаѓан омаловажуван итн и треба да се земе оружје во рака и да ги снема тие луѓе?
Ќе го затвориш во подрум ,и ќе си го решиш проблемот. Знаеш дека скратување на право на образование на дете е кривично дело ?
Цело школо не му вршело булинг. Не ми се верува дека релативизирате. Не ви е гајле за тие деца кои биле ни криви ни должни сведоци и кои засекогаш ќе бидат осакатени? Каков ќе им биде животот? Од кај знаете дека не починале и деца кои не го малтретирале туку биле таму во погрешно време на погрешно место?! Што ако булингот е само споредна причина? Што ако не знам, бил злоупотребуван на 5 години и последователно развил некое растројство, за кои има многу докази дека се развиваат после траума и доведуваат до последователни судири со општеството? Има многу може, може и може, најмалку што треба е сега да се алудира дека починати 13 годишни деца некако си заслужиле да умрат??!
Вакви работи кога се случуваат ме терат да размислувам за многу прашања. Навистина не си паметен кој е подобриот начин да воспитуваш дете. Стојам зад тоа дека детево има психички проблем, но што придонело до тоа ? Во првите години од детството машко дете си игра со пушки, пиштоли и колички. Не учеле и ги учат дека машко дете не треба да покажува емоции и да плаче - автоматски не смее да разговара за неговите проблеми и треба да собира у себе пошто нели тоа е за девојчиња машко е ,,повеќе ,, машко кога ќе се истепа и покаже агресивност, нема емоции секој еден родител не сака да си признае или мн касно прифаќа дека неговото дете има одредена болест без разлика дали е психичка или физичка ретко да најдеш родител да не прима критика - а моето дете не е насилник, моето дете не се дрогира, моето дете не оди со женети итн децава имаат неограничен пристап до секоја можна информација на нет децава играат насилни игри, и детските цртани не се тоа што беа, слушаат насилни ненормални текстови на песни, зборат на одвратен начин итн итн И родителите и целото општество е виновно за се што се случува во денешно време, не само за овој случај
Ќе се замешам во муабетов . Машките психози/шизофрени растројства почнуваат мнолгу порано од 18 год .Повеќето деца што имаат такви тенденции, уште на 13-14 годишна возраст ,во нивната глава имаат друга реалност.
Вака ко че го објаснувате сметам дека си психолог или нешто во таа сфера, ко да живееме во стаклено ѕвоно. Јас сметам сите што сме учеле во дравни училишта сме биле мета на булинг или било што. И секогаш сме гледае акциони филмови итн. па не дошло до ова. Според мене треба малку повеќе да се заозбилат психолозите и наставниците, а не само предај лекцијата и ајт, и секако да има во секое училиште обезбедување.
Ocigledno imal i iskrivena percepcija na realnost, na listot so planot ima pisano Primary Targets, 1st floor itn. termini sto se srekjavaat vo igrici so pukanje.
Детето било жртва на булинг. Неколку пати пријавувало кај школски педагог и психолог дека децата го малтретираат. Решение - го префрлиле во друго одделение. Булингот продолжува, а таткото го носи на стрелиште да учи да пука. После Цацко ни е крив. Жалосно за починатите деца и нивните семејства, жалосно за повредените, за сите што доживотно ќе ја памтат оваа трагедија, жалосно за детето на кое никој не му помогнало, ни од дома, ни од школо и цел живот ќе има црна дамка.
Само ќе те корегирам, дека овие фактори само го влошуваат проблемот. Но, не секогаш се причина за психопатологијата. Психопатите си имаат психичко растројство. И во грижливо семејство да се, пак ќе си бидат такви, само може ќе бидат помалку опасни зашто ќе бидат под надзор на тие што се грижат за нив... Причините се покомплексни.
Не, туку сакам да кажам дека детето АКО малтретирано, го скршиле психички, и ги убило. Нека лежи затвор цел живот, ако, треба, мора да сноси последици, али дали ми е жал да тие шо го малтретирале? Искрено, не, затоа шо а живи, а мртви, му се усрале у животот. Жал ми е за него. А они да сноселе последици на време, немало до ова да дојде. Али ок, може сеа место да им кажуеме на децата да не носат долги коси и да не се бубатори да не ги малтретираат и да ги дружат у школо, ќе им кажуваме да не мрчат многу по другарчињата и да си гледаат пред носот, да не ги убијат.