Јас имам впечаток дека навистина монструмов е болен и пресметан, и ако излезе како што се надева, ќе го повтори ова на ист или друг начин. Немам зборови повеќе за ова, доста деликатен случај.
Слушав еден српски стручњак, ваљда психолог, вели дека целото судење му било многу исценирано, со драмски паузи, покрети, како на филм. Кој год да го треинрал добро го истренирал. Има нешто неразјаснето, игрица некоја што ја играл, се смета дека креаторот на игрицата е организаторот на убиството. Наводно имало преписка во која имало докази ама српското мвр ко што е бетер од нашето, ништо чудо и да не ги набават транскриптите од таа преписка каде што стоел муабетот побеѓу креаторот на играта и Коста.
Му фали нешто у црпката, и тоа многу. Ова не е само поради недостаток на внимание и љубов, детево е злобно и забегано. У филм е некој
Го слушам видеово од погоре, србите очигледно се многу лути на системот, дури се прогнозира и дека ќе го пуштат за година дена, дека поради тоа што го кријат а он е дете, расте, го менува ликот и никој нема да го препознава надвор, ќе смени идентитет и ќе продолжи со истото.
Па го кријат оти е малолетник. Тоа со играта го зборува и еден родител. На крај навистина ќе излезат точни теориите дека е организиран напад и дека детето е искористено.
Да, ама што кога ќе излезе и он ќе биде непрепознатлив? Што тогаш? Ок, го кријат за да го заштитат а кој ќе ја заштити нацијата од него? Дури и на судење бил свртен со грб кон сите, само кон судијата се гледало, никој не го гледа. Слушам со денови интервјуа и стварно не можам да си поверувам на тоа што слушам. А дали е организиран напад, па не верувам, мислам дека можеби побарал совет од тој креаторот па така да го имаат советувано, не верувам да е организиран напад. Што ќе има некој си јапанац од три лепе да организира напад во Србија, што знам.
Оо Србија е баш место каде се е возможно. Целта не знам која би била, јас кажав можен мотив, за мене се уште е валидно тоа дека детето е болно и жртва на сопствените родители. И опасен и не смее надвор. Ама Коста ги има најскапите адвокати, законот му е во прилог, може да остане на лечење и после некое време да излезе. Реално, нема цел живот да е затворен. Дури и сега да му го покажуваат лицето, за две три години, ќе се смени. Ме чуди зошто во судницата не го гледаат. И така е исклучена јавноста. Не знам што ќе испадне од оваа, ама има добра порака, а тоа е дека гнилиот систем на Балканот мора да се искорени. И менталитетот, оти не е срамота да си психички болен, децата мора да се лекуваат и да не се ставаат проблемите под тепих. Ама читајќи го коментарите, добар дел не ни сфаќа што е проблемот. Не е наивно и очекувано дете да убие.
Јас го слушав таткото на Ангелина во една емисија и кажа нешто што баш ми остана во главата.Од 11 год константно играл игрица незнам како се викаше мислам на В почнуваше.Играта е пет на пет и треба сите да се убијат.Е сега тоа е како во рунди и незнам точно колку трае една рунда ама неговото реално пукање траело точно колку и една рунда во играта.Кога го прашуваа зошто престанал со пукање немал некое објаснување рекол незнам.Они сега го поврзуваат тоа дека се исклучил од реалноста влегол изиграл една рунда и фактички воден по играта така и престанал.Не се така наивни игрите а кај него е сплет од околности.Притисок од родители,недоволна љубов,нарцисоидно пореметување...
Грешка си, Коста нема адвокат, он воопшто ни не се суди, имаат неговите родители. Он е заштитен сведок на некој начин. И да адвокатите на неговите родители го испитуваат исто така. Баш моментално го слушам адвокатот на родителите. Мислам дека нема видео што го немам ислушано во врска со овој случај. Многу ме погодува бидејќи и јас имам дете и сакам да бидам максимално спремна на се. Точно да, и он прашува зошто никој нема земено сеуште транскрипти од разговорите во чатот на играта.
Ангел и негови адвокати се. Немој да мислиш дека сето тоа, покриено лице, и ред други работи, се без да се вклучени адвокатите. Да, нему не му се суди, ама он има адвокати. Ајде ќе ја спомнам Кантер оти на сите ни е позната. Колку деца станаа убијци од играва? И јас ја играв. Постои опција да е врабувано, тоа да, ама дека убил оти ја играл играта е најштурото објаснување.
Точно, таткото повеќепати во гостувањата ја нагласува потребата од темелно истражување на неговите разговори во чатот со др учесници во играта која ја играл. Има онаму од цел свет личности.... А и нагласуваше како постоело начин самиот систем на играта да ги селектира оние со психички пореметувања и понатаму од нив да создаде убијци, без тие да се свесни за тоа...
Не е баш исто на пр ние кантер поголем дел го игравме во играчници и тоа на поголема возраст,значи пак сме живееле во некој нормален а не виртуален свет.Сега децата имаат искривена перцепција за многу работи.И игрите се многу покрвави и пореални него наш кантер.Оправдување нема к далеку ид тоа дека играта е главен виновник,ама кога ќе собереш нарцисоиден дечко со 20 часа на телефон без надзор родителски носен во стрелана и фален дека е предобар се добива ова што се случи.
Значи кај татково знаел дека син му цепа таква игрица, па уште и го носел да учи стрелање. Не бе, тоа родителите треба да добијат 2-3 декади затвор, гз ги заболело шо им праи детето, битно 5ки да носи дома. Кантер уште се игра, од дома. Јас лично потрошив 8 години или 8000 саати, па не станав убица. Мислам, океј, јас не сум дете, меѓутоа цел живот играм насилни игрици, од времето на флипери и нинтендо, до сега. Според мене се вадат родителите со глуп муабет. Им ги сјебаа животите на сопствените деца, а нивното дете одзема туѓи живот, им стави крај. Сите тројца треба да служат долги казни, а со убицата да се работи и да се пази на него доживотно. Утопија, знам....
Мислев на таткото на убиената Ангелина Ачимовиќ, тој гостува во емисии... Небитно, за другото се согласувам со тебе.
Добро јас пак ќе кажам, играта не е главен виновник.Родителите на убиените си истражуваат не на Коста.Сега децата имаат виртуелни дечковци девојки а во живо не приоѓаат и незнаат да разговараат,тоа доволно кажува колку децата се навлезени во тој виртуелен свет.И пак кажувам игри стрелана пиштол на изволте и пореметување довело до се тоа.
Маж ми е гејмер, какви игри игра, играл, не би рекла дека се скроз наивни. Син ми и цело негово одделение играат игри. Сите деца играат, некои помалку, некои повеќе. Да не се правиме сега наивни дека дете од 13 години не игра. Проблем е чатот. Таму има свашта. Јас на пример знам што игра син ми и со кого. Не исклучувам да е врбуван. Ама тоа е зошто има и те како основа. Детето не убива заради игра и точка. Ќе видиме што ќе излезе на крај.