Точно. И син ми игра, со другари, пријатели, кога беше помал играше и со лица кои не ги познава, збореа на англиски.... Го надгледував тогаш, што збореа, бидејќи еднаш ми рече дека некој Србин сакал да се запознае со него. Сега веќе не го прави тоа, игра со другари.... Зборот ми е детево немало близина и комуникација со родителите. Кога ќе го додадеме чатот од игрите и неговото пореметување ете што испаѓа на крај.... Се надевам, најискрено дека ќе се открие вистинскиот мотив зошто го сторил тоа и дали имало некој/некои други од виртуелноста кои го поттикнале директно или индиректно да го стори тоа...
На пример да се предизвика несигурност и страв кај народот. Луѓето масовно си го предадоа оружјето. Некако невозможно изгледа за 24 часа двапати масовни убиства , без јасна позадина, никој да не е вмешан, соло играчи да се и двајцата, а после се, заштитени да бидат , да се предадат, влакно да не им фали... Најверојатно се таргетирани нивните профили на личности и веќе има најави дека ќе се подигаат и нови обвиненија...
Јас мислам некогаш и немаат цел тоа се болни умови.Како што беше со играта син кит што наоѓаат дечиња што се психички нестабилни па ги тераа да се самоубиваат или некој да убијат.Колку деца се фрлаа од згради еден куп.
Изгледај го интервјуто и ќе сфатиш за што ти зборувам. Особено на Анѓелина таткото има многу добро се проучено.
На Коста нема да му се суди.Им се суди на неговите родители и ќе бидат осудени,обајцата со казна затвор колку да се испорача некаква си правда кон жртвите и јавноста. Според она што следев проценката на психијатрите е дека монструмот не е болен туку е псхихопат.Што значи нема ,психоза,шизофренија и др за што постојат лекови и може да се лечи.Психопатија е пореметување на личност,и за неа нема лек. Најмногу што можат е да го чуваат до 18 години на посматрање и потоа како што кажа еден психијатар,ќе им рече немам дијагноза и не прифаќам лекови,сакам да си одам и чао.Ништо не му можат.Си имал и свој фонд на пари,ќе си продолжи со животот. Што рече таткото на Ангелина,него не му смета за периодов што е во болница,тоа си го има предвидено кога го правел планот,знае дека е дел од сценариото и што потоа следи,психопат.
Точно! Најголем проблем е тој, што потоа. На Андрија мајка му вика дека им порачува на тие што се борат за неговата слобода и реинтеграција во општеството да го примат во одделението на нивните деца, да го примет дома, да дозволат нивните деца да бидат негови другари и да го продолжи животот со нив. Тешки психопати се сите до еден од семејството. Мајката не профаќа дека го занемарувала, таткото не прифаќа одговорност ама со дупла порака, Јас не се осеќам одговорен ама еве, казнете ме мене, остајте ги другите. Како прифаќаш казна ако не си виновен?
Кутриот он, ќе се жртвува, неправда му се дешава. Сака да сочуствуваме со него, гледај колку е храбар, он ќе ја превземел казната.
Тој нема да остане Србија,Ќе промени идентитет и ќе си замине надвор на студии како слободен граѓанин.Нема досие да има зад себе,отворени му се вратите.Има како што разбрав сопствен фонд на пари,лупале сигурно неговите кај него колку што нетреба за да си скријат валкан газ,пари стекнати од криминал,па ќе има повеќе од доволно за почеток. А на родителите се ќе им земат на име оштета затоа пробаа да скријат претходно ама ги открија. Порано ги сожалував родителите,си мислев ете им се родило такво.Ама после изјавата на мајката на новинарско прашање од каде нејзина днк и арогантниот одговор наместо да наведне глава ,исто таткото кон одбраната ,не обраќајте ми се јас сум доктор угледен ,го променив мислењето.Емотивно ладни,арогантни ,нарциси,не ме чуди од кого дете наследило такви гени и на кој начин го воспитале. Им го проширија обвинението по сведочењето на Коста ,фактички против нив сведочеше а во своја корист.Еј 8 часа сведочеше кој психопат. Туку мене сега ме плаши ,зошто законот не го менуваат општо во Европа.Вчера читав Германија 12 годишно девојче од Босна ја убило седумгодишната сестра. Мора да се менува закон,ако се болни во лудница ако не во затвор, доживотна. Не важи повеќе дете е,се побудале светов.
Србите имаат некои си 2 макс 3г да го сменат законот, особено за штитење законот. Или да се најде некој одвеан да го ликвидира кога ќе излезе. Нема друго. Што вели мајката на Андрија, лоша порака се испрати на децата, им се даде до знаење дека можат што сакаат да направат нема никој да им суди. Во еден месец после Коста уште 2ца посегнаа по животот на деца, исто деца, едниот додуша повозрасен. Многу политика, малку сочуство за родителите на тие деца, тоа е проблемот во Србија.
Мене многу ми се допаѓа Србија како се однесува како нација, како експерти, се прават емисии, се зборува на темава, отворете на ЈТ има стотици емисии со експерти на темава, родителите учествуваат, дебатираат, бараат правда... Кај нас за Вања немаше ништо освен пресови.
Тие а и ние може да го смениме законот,ама со Коста е завршена работа,за него си важи постоечкиот закон кога го направил делото.Затоа и реков родителите ќе завршат со затворски казни колку за некаква правда .Имаше и дебати,никакви се шансите тоа да се смени.Мислам и родителите на жртвите се. свесни за тоа. Требаше како во Америка на лице место да биде упуцан,ама не демократија,човекови права бр,бр.
За Вања е друго,Вања е ликвидирана од подземје,од мафијашки структури. Коста е синоним за какво ние денешново општество,семејни односи ,образование .Самите родители на жртвите сега бараат тука да се работи,интерввенира,превенира за да не се роди и створи друг Коста. Ние живеевме во друго општество,можеби не беше идеално,ама спиевме со отклучена врата.Се работеше,негуваше другарство,а сега булинг на секој чекор.Јас не верувам дека тоа може да се промени,премногу далеку е отидено.Потрфрливме и ние како родители а и целиот систем .
Со Коста е завршена работа, ама не смее да се крие и да не се зборува за него со лик и дело. Тоа дете ќе излезе од таму за 3г и ќе продолжи со својот психопатски ум. Мора да се зборува за тоа но не да зборуваме за тој Коста од пред годинаипол, да зборуваме за Коста од денес и за Коста од утре, оти ќе си заврши он работата и после пак ќе убива. На тоа мислев. Со ова на куп деца под 14г им се дава порака, убивај колку сакаш, ништо не ти можат. Да де, со тоа што они зборуваат директно со адвокатите, тие што биле таму на лице место, а кај нас комшиката Мара и рекла на Стојка чув на пазар вака и вака... За тоа зборам, кај нив јасно и гласно се кажуваат фактите, а кај нас е се рекла казала. За тоа зборам јас, не да поистоветувам случаи.
Valorant Ja igram pubg so godini uste ne go ubiv pola faks i sredno. Od sredno pocnav 2019 po 8h na den Drugari spijat na Valorant, Dota, LOL gleam normalni se
Сакам да кажам не мора да значи дека баш од играта се чакнал. Или дека сите шо играат ќе напраат масакр. Полошо било шо го носеле на пукање, ја на Пабџи дојдов до најјакото ниво, 2 левел, имав по 15 убиства. Не знам да држам пиштол и сум непрецизна.. не значи дека можам сега пау паи
Ама јас тоа не го кажав,објаснив во кој контекст се спомнува играта.Таман работа сите што играат да убиваат.
I nema niso loso da zapoznae vaseto dete nekogo. Ja zapoznav tip od Kairo. Koa bev u Egipet sve mi preveduvase, sea zivee u Istanbul. I za tamu bi mi pomognal ako otidam iako se neame videno u zivo. Se nudese koa bese u Kairo da mi kupi parfem eden, i koa ke ide nekoj u Istanbul da go zeme. Drugarki u USA so bea gi molev za eden karmin so ke si go platev i niso ne dobiv. Pa sea vie videte
Не е во тоа дали е до играта, стрелањето или не знам што. Има дечиња што се бават со спорт стрелаштво. Има држави во кои уште од мали деца ги носат на лов па не убиваат или се убијци после тоа. Детето нема разбиено основни емоции и поврзаност со човечко битие. Не е свесен а е мал. Нема емпатија, не разликува што е добро што е лошо. Тоа е пропуст од родителите. Дете што нема развиено чувство на блискост, љубов, емпатија, пријателство … и те како можат да влијаат игрите, односот со мајката и таткото. Вие ја играте играта но знаете што е реалност што е виртулно. Вие знаете дека е погрешно да убиете некого. Вас дома не ве третираат како психопат. Вие имате пријатели и знаете што е емпатија. Вие немате потреба од стручна помош. Он имал! Јас на крај мислам дека го направил да се одмазди на неговите родители.. како да е против нив постојано.