Лицето ќе му се смени, но отпечатоци од прсти и уште поважно, ДНК, нема да му се смени. Во скоро време нема да излезе, ќе си го воспитаат во психијатриска установа, а и евентуално кога ќе излезе (ако било кога сметаат дека е безбеден за надвор) нема да им отиде “под радар“.
Нема тоа лесно да оди ако остане во Србија.Замисли се запише со твоето дете во ист клас,или шета по улица и трговски.Србите не би дозволиле би настанала општа паника.Ајде и да се пресели,сигурно таа држава би размислила едно 100 пати и би анализирала секој еден негов чекор и потег.Е освен Македонија ние би го примиле гостољубиви сме.
Нема да излезе толку брзо за во било кој клас да учи. Ќе најдат начин малце подолго да си поседи во установа, а освен тоа, и да се решат на реинтеграција, државата ќе го посматра одблиску уште толку долго. Не знам како замислувате, дека ќе го пуштат кај мајка му и татко му малолетен да си продолжи со животот? Ниту такво нешто ќе се случи, ниту толку брзо (евентуално) ќе излезе од психијатрија, ниту ќе има контакт со неговите во догледно време (и затоа што тој не сака, и затоа што е очигледно дека од нив потекнуваат многу негови фрустрации). Како и да е, не, нема да учи во ниту едно одделение воопшто, образование ќе заврши на психијатрија.
На кој начин и да излезе нема да биде ок за народот.И да тврдат дека е излечен луѓето ќе се плашат.Сигурно нема дома да го заклучат нели ќе излезе кога тогаш по улица.
Тек сеа ќе види шо е избегавање и игнор. Треба сите да ги учат децата дека е он убиец и да не се дружат. Психички терор до крај на животот. No mercy
Сакаш да ми кажеш дека нема ниеден закон што ќе му спречи слободно движење? Нема ни под надзор да биде, ни ништо?
Какви закони? Па Србија е исти курац како нас, ако му судат нешто откако ќе наполни 18 арно, ако не, ќе го пуштат и завршена прича. Колку криминалци таму се шетаат на слобода....
На србите предвидувањата се дека ќе замине во странство, сеуште му се префрлаат пари во фонд за учење и сметаат дека ќе фати џаде по странство. Он не е ни обвинет а камоли да го судат, он е на лечење ама на 18г ќе рече чао адио, јас излегов. И да излезе надвор, кој ќе му проверува отисоци? Ако воопшто и му се земени отисоци бидејќи процедурата не е како за возрасен, дете е, не е ни суден ни осуден нема ни да го судат. Апсолутно нема причина да го сопрат било каде. Тоа е голем проблем за србите. Ништо! Дури ни слики негови не смеат да се објават, ништо, за да се сочува неговиот идентитет. Ваквите деца најчесто ги зима тајна служба, он е ладнокрвен убиец, таквите им се во тајните служби препотребни, па претпоставуваат дека ќе ги земе тајна служба да убиваат за пари и тоа ќе биде најдобро бидејќи истите се строго контролирани па нема бар да убива насекаде од чиста мира.
Каков надзор,ќе му висат цел живот под балкон?Ќе си се отсели во САД,со променет идентитет и ќе си функционира. @AngelOfArh веќе објаснила подолу,да не должам.
Нашиве се идиоти, факт, ама Србите бетер. Го направија оштетен во целата постапка, сега него ќе го бранат и нема никогаш да одговара.
Па секако неможеше да одговара ради возраста,а за да се гонат родителите,т.е новото дело што им ги ставија на терет-запоставување на дете,нормално добива оштетен во постапката.
Одлична анализа. Обид да се допре до суштината, како дете станува монструм, улогата на родителите и светот во кој живееме....обид да се изнајде решение ....предизвиците со кои се соочуваат денешните деца...
Ако сакаш те молам кратко сиже, успеав до професорот да стигнам кога госпоѓава го праша дали е "демонизовано" детето. Башка екстремно нападна кон барем таткото на Ангелина и професорот. Па "злото го победило доброто", Коста не бил "момче", "добри деца" и "лоши деца", значи аман од вакви ликови. Да, Коста изврши монструозно дело, тоа не значи дека не е дете - дете е! Децата се деца, нема лоши и добри деца, не се "демонизовани" исконски, има добри и лоши родители. Психопатска структура на личност имаат многу луѓе, тоа не значи дека одат наоколу и прават масакри, треба да се вкрстат повеќе фактори за нештото да се случи. До крај зборат нешто паметно или треба да се бара некој за егзорцизам? Те молам објасни, не можам да ја слушам водителкава нападна со глупи муабети саат ипол. Па и оштетен е, не се "воспитува" така дете. Не треба да си родител по секоја цена, на пример овие не треба да имаат старателство ниту за сестра му на Коста, се гледа какви двајца се нашле. Глупа споредба, ама не можам подобра да направам, ако имам куче, и кучето те касне, кој е покрив? Јас или кучето? Кучето се дресира и се контролира, ако јас не сум успеала во истото во мене е проблемот, ако било агресивно и не сум преземала ништо итн. Слично и со малолетни деца, посебно малолетни кои имаат цели 13 години, ниту се, ниту можат да бидат одговорни за своите постапки, на родител е одговорноста и должноста, према детето и према цел свет, да го воспитува и контролира, ако види дека има проблем да реагира. Не гледаш сличност со Блажиќ? Ист профил на родител и двајцата имаат, и двајцата убијци имаат родители кои "кинат казни", учат деца да пукаат, да бидат "битни фаци" итн. Блажиќ во судница е дури дрзок, татко му не осеќал одговорност, он замисли ништо немал поима и не знаел. Абе седи раат, јас родителите и на едниот и на другиот би ги казнила дупло подолго него што може да се казни било кој од убијците. И пред некој да дефлектира "ама мене ме кршеа од ќутек, татко ми беше тепач, мајка ми проститутка, баба ми макро....." не е тоа поентата, не сме сите исти. Ете овие родители се толку за никаде што воспитале масовни убијци, комбинирано со проблемите кои децата ги имале и ги маскирале. Како што кучето ќе ми го успијат ако каса, а јас крива, така и Коста и Урош се "демони" и не, нема правда. Ништо никој нема да добие со "уууууу монструми, бесете на плоштад", туку ШТО ПРАВИМЕ со сите останати Коста и Урош што следни ќе пукаат? Да се надеваме дека не се "демонизовани", да поведеме нешто поконкретно околу едукација на родители, некако да превенираме, или да чекаме да пукаат па да ги бесиме...
Сите присутни во емисијава се согласни дека е невозможно да се изведе оваков масакар без нечија помош. Загрижува што ако им го следиме наративот, најчести жртви се тинејџерите, и самиот К.К. прво бил жртва, пред да го заслужи епитетот монструм. Поентата е секта принцип, кој се крие позади интернетот. Програми осмислени од врвни психолози, се пласираат еден по еден. Преку алгоритми се таргетираат одредени групи, буквално рибарење, па кој се закачи , се провлекува низ инка систем. Со само неколку најуспешни се преоѓа на офлајн. Коста е веќе идол ширум светот. Тешко дека некоја мајка од Мексико знае дека убиец е оној сладок лик на позадината на екранот на синот. Поради тоа е револтот кај новинаркава ,а и кај родителите на жртвите, кои инсистираат да се заборави убиецот, неговиот лик, неговото име, да остане само сеќавање на злосторството. Родителите се немоќни сами, потребна е контрола од државата, на тоа се инсистира. Обучени луѓе од областа на информатиката, психологијата, кои ќе го контролираат тоа непрегледно поле од информации кое нуди преголеми ризици за младите особено. Широка е темава, без духовна позадина можеби неразбирлива, требаше на религија да оди.
Затоа и ми нема поента, религија нема да спречи масакри, ене ги верници се во САД па се масакрираат. Не е до религијата, ама до неконтролирано достапно секакви можни информации, немање претстава и немање интерес за вистинско воспитување (што не е еве сине ние најшизици па сè ќе ти купиме) итн. Посебно неконтролиран пристап до интернет, абе на обичен ЈТ какви глупоштии има... Нормално дека треба да знаат што е технологија и што е интернет, но не е за џабе препорачно со родителски контроли да е истото, ограничувања итн. Едит: јас упорно зборам дека Коста како Коста не е важен. Не е важно дали ќе седи на психијатрија, затвор, манастир ватевр, сè додека е под надзор. Важно е да престанеме да создаваме нови "Костовци", тоа е важното, тоа треба да е фокусот.
Зошто мешаш религија сега хм хм За контрола се зборува...родителите и државните институции заедно во борбата против штетното влијание кое се крие зад екраните. Тоа е целата поента. Гостиве се верници и тоа те збуни изгледа. Зборуваат за злото и како тоа делува постојано и на најразновидни начини. Но тоа што користат духовна терминологија, не значи дека не знаат за што зборуваат, напротив... Секти се во прашање во случајов. Тие веќе не се присутни во реалноста како порано, сега се невидливи, но присутни како никогаш досега. Лов на души....хибридна војна...секако огромни пари позади сето тоа. А за да престанеме да создаваме нови Костовци не може поединечно да се работи и секој поединечно да се штити, бидејќи капацитетите не ни се еднакви....фокусот треба на државата да биде...ако се сака,нормално...
Смела ти е оваа изјава. Многу слични родители прават општествено успешни деца. Не е само до нив, иако и мене ми се пред се антипатични. Различни од родителите на другион убица, различни слоеви, единствено надменоста им е иста. Но,самиот факт дека се случуваат две масовни убиства, во два дена , многу говори....
Затоа што нивните деца не ги имаат "факторите" за да дојде до ова. Не значи дека ако не направиле масакр не прават на друг начин злодела. Можеби воопшто нема да прават злодела затоа што немаат психопатски карактеристики, може баш спротивно да станат. Комбинација на фактори е, не е една единствена. А дека овој вториов се окуражил од првиот, секако дека да. Ново е за нас, ама не е ново во светов. Од аспект на религија прво ми е неприфатливо да слушам, а дури и да слушам, неприфатливо е за дете да се вика дека не е "дете" и дека е "демонизовано". Освен тоа, секта се знае што е, ова ни едниот, ни другиот нема никаков доказ за секташки моменти, ама типично треба да си бараме сензации. Родителите од Мало Орашје и Дубона и ги разбирам, се обидуваат да направат преквалификација во терористички напад со надеж подолго да лежи тој, ама нема да им успее затоа што не е терористички напад. Океј нека си толкуваат верници како сакаат, само бар да се напомене дека не зборуваме за факти. Мислам жити прашањево објективно, сестра и' се молела во црква, затоа биле добро семејство, абе ајде. Тоа што Србите (и ние) треба да направиме е прво да си ги почитуваме постоечките закони, а ако не се почитуваат тоа да се казнува вистински, после сè останато. Дур дојде до убиствава родителите куп криминал имаат направено, не за џабе се судат и овие на Коста, и таткото на Урош.
Апсолутно. Но, што со ова сознание? И што со заклучокот дека родителите се единствените виновници? Зарем решението е дека треба да се дава дозвола за родителство? Сеуште не зборуваме за факти. Верувам дека стручни тимови, а ги има, веќе работат да се дојде до докази. Ќе видиме.
Не може никој никому да одземе право да стане родител, може да се едуцираат сегашни и идни родители, а не да релативизираме какви биле некои родители ужасни, ама децата не станале убијци.