За случајов во Загреб колку што сум информирана (може и да не е точно), напаѓачот е психички болна личност, родителите барале да не се пушта на слобода од болница бидејќи е нестабилен и опасен, но сепак го пуштиле на „домашно лекување“. Убиено е 7 годишно девојче, наставничката е во критична состојба. Колку и да не сакам како човек, колку и да не мислам дека е решение полиција во училиштата, толку не гледам ни брз „лек“ за превенција на вакви настани поинаков. Како општество сите треба да се запрашаме каде тераме, од воспитување на деца, до третман на возрасни, но тоа не е процес што за месец, два, година ќе спречи ваков настан...
Абе да е до Балкан. Америне неделно имаат некое убивање во школо. Негде лошо ја грешаваме сите, не е исклучок тој. Мајка му дала изјава дека буквално денес бил на лекар, молеле да го задржат затоа што и тие се плашеле од него, тој од лекар право во школово... Шизофреничар е (така се пишува; не знам точно, ретко на 19 години е таа дијагноза) ама човек кој активно е психотичен, насилен, еве не знам кој психијатар одбил хоспитализација и како ќе живее со себе. 7 годишно девојче бе...
Еве пак потфрлиле институциите и во златна Њемачка... Најмалку 11 мртви во терористички напад на Божикен базар во Германија (Вознемирувачко видео)
Страшно, страшно, страшно! Отишле семејства да прошетаат, викенд почнува, сијалички светкаат, се смеат, се сликаат, разговараат и-оп!-манијак ги убил. Само уште еден потсетник за многу нешта. Меѓу другото: има многу манијаци и животот е прекраток + не знаеме што нѐ чека веќе во следната секунда. Буквално може таванот да падне врз мене сега.
Па за овој случај барем, лекот се вика клуч на врата. Во кое школо во кој свет секој може да влезе кога ќе му текне? Ова е грев за Хрватска, прекрасна земја, прекрасно матер и е.аа
Америве не се пример за ништо. Ама мајката бара хоспитализација, докторот вели не. Зошто е пуштен не знам.
Затоа што, ова е баш амерички пример. Немале пари за лудници, лудаците надвор. Тоа што општествата произведуваат лудаци е друга приказна.
Затоа реков, она детство што ти си го имала и јас сум го имала е минато свршено време, мора барем привремено да заборавиме на таа безбедност во која сакаме наивно да веруваме. Одев од 2 одделение сама на училиште, денес да имам дете нема шанса да го пуштам, да живеам во истата куќа нели. Ни главната улица не е тоа што беше, ни народот не е тој кој беше, ништо не е како што беше. Сакам да е, ама не е. Школо (за жал) мора заклучено и со обезбедување, макар обезбедување не помогна во Рибникар (затоа велам вооружено обезбедување), децата не се во затвор, а така би се чувствувале во таа ситуација. Но меѓу да ги сочуваме живи или да работиме повеќе на нивното психичко доживување на училиштето, некако не е тежок изборот.
За случајот во Загреб… само се прашувам како им е на тие деца што целата таа лудница ја виделе со свои очи во улилницата. Страшно, едно дете убиено а професорката со милион убоди во критична состојба. Само не ми е јасно зошто момчето било пуштено од психијатрија? Па нели доктори, нели гледаат и нели може да проценат што може а што не може да се отпушти од болница? Плус мајката штом молела да се задржи значи ситуацијата е бетер од тоа што сите мислат, која мајка би сакала детето да и лежи на психијатрија туку така? Ни една, што значи дебело нешто не било во ред, што на крајо тоа се испостави точно. Не знам како сега спие докторот што го отпуштил детето. Страшно и жалосно.
Докторот е истиот тој кој дозволил со мито да и го земат детето на Северина. Пишуваше на долго и широко она пред некој ден. Затоа реков, златен Балкан.
Не мора да има лична одговорност. Има тим во болница кој донесува одлуки. Директорот не мора да го контролира работењето на секој тим или поединец и да ја преиспитува секоја дијагноза и секоја одлука дали некој може да биде на домашно лекување или не. Директорот е менаџерска функција.
Па мора да знае што доктори има вработено нели? Што знам, одговорноста мора да биде што поглема и попроширена, особено кога се работи за вакви случаи.
Ако ти си директор на банка, и еден од 1000 вработени му текне да изврши вооружен грабеж каде што ќе рани 3-ца и ќе украде 2 милиона евра, на тебе треба да биде одговорноста?
30 декември ќе биде завршно рочиште.Незнам зошто ама мислам ниту мајката ќе добие казна ниту таткото уште долго ќе лежи.Ќе направат дека се болни или свашта нешто.Тешко на родителите што изгубија деца а правда неможе да има...