Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    5.164
    Пол:
    Женски
    А за Коста која би била пресудата кажаа нешто?
     
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    17.549
    Пол:
    Женски
    Нема пресуда,малолетно лице.Ќе биде на психијатрија во зависност од неговата состојба ќе се одлучи до кога.
     
    На st-el, lovely91 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Тоа не е никаква гаранција, напротив може да биде многу опасно.
    Што ако инцидентот тргнал одвнатре? Што во случај на пожар кој забрзано се шири?
    Кој и каде ќе има клуч?
    Домарот? Чистачките?
    Домарот можеби ќе отиде во кладилница, на кафе, или можеби ќе биде чесен ама има обврски во подрумот, на таванот и тн. Додека го најдат, па додека се сетат кој клуч точно беше од излезната врата...

    Имаше еден (мислам поранешен хрватски функционер) говореше на тв дека всушност некои училишта во Загреб навистина се заклучуваат, но дека лицето или лицата кои имаат клуч се недостапни, и затоа барал воведување на врати кои од внатре имаат фиксиран клуч или механизам кој овозможува отворање (како помошните врати во моловите).
    Џабе е вооружено обезбедување ако обезбедувањето страда прво, што впрочем и се случило во белградското училиште.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.047
    Допаѓања:
    188.050
    Леле, како да ти кажам-научна фантастика е клучот. Има една врата, од надвор не може да се отвори, од внатре се отвора. По цела западна Европа сите ги имаме и по дома. Буквално е пет пари работава.
    Иако, ова овде е помал проблем- поголем проблем е здравствениот систем или расуло систем во случајов. Пишав веќе мислам -јадна Хрватска, матер и расплакаа;(
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Проблемот е што воглавно нема такви врати во Хрватските училишта.

    Инаку Хрватска ја мислев до пред некое време дека е посредена, дека ЕУ нели, ама изгледа членството во ЕУ не го менува автоматски и менталитетот и душевното здравје на народот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.519
    Таткото осуден максимално, 14,5 години, мајката 3 години.
    Ова нема да ги врати децата назад, не е пресуда за убиството никаква, АМА АМА АМА АМА

    СЕ НАДЕВАМ дека ќе служи за памет за сите слични на ним родители, иако овие конкретно ниту еднаш не почувствуваа вина, одговорност, било што што нивното дете уби деца, што психички осакати безброј други лица во тоа школо, што ментално цел регион го осакати.

    Така што, мене ми е драго што таткото посебно ќе си одлежи затвор, а и за мајката, овие двајца се пример зошто не секој треба да биде родител. Па само следејќи го она малку од судењето што беше за јавност, каков став имаа, како се одмота клопчето за некои работи...

    И да, колку и да е бизарно што Коста сведочеше како жртва, тоа е реалноста која е многу тешка да се прифати, повредени луѓе повредуваат други луѓе. Ако не земеме калаш да пукаме, не значи дека не повредуваме, затоа мислете секогаш што правите, лечете си ги раните и не ги пренесувајте на другите, посебно оние чија емоционална состојба и емоционален развој зависи најмногу од вас - вашите деца.
    Коста не може да биде казнет поради возраста, ќе си дреме на психијатрија до.... бог знае кога.
    Во Рибникар зборуваме за еден невооружен човек кој не ни очекувал вооружен напад од кого било, овој настан беше преседан на нашите простори.
    Зборувам за вооружени и заштитени полицајци (повеќе од еден, на пример двајца), сега ако некој тргне со снајпер терористички напад да врши, тоа е друго, но конкретно случајот со Коста можеше да биде превениран на таков начин.

    И види, апсолутно ми е грозна помислата децата да седат во школо со тројца вооружени џандари надвор, не мислам дека е тоа долгорочно решение, не мислам дека е тоа општество кон кое треба да се стремиме, само едноставно не знам брзо решение, кое ќе ги заштити децата. Секој детски живот изгубен е живот премногу изгубен.
     
    На 1209, SummerGirl, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  7. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.900
    Пол:
    Женски
    Ова е првостепена пресуда на која ќе поднесат жалба обвинетите. И имам претчувство дека ќе им бидат намалени казните.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.519
    Нормално, должината на казната тука ништо не значи толку, колку што се прогласени за виновни и сепак ќе одат во затвор. Можеби, можеби ќе стави некој прст на чело.
     
    На SummerGirl, st-el и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.420
    Допаѓања:
    108.217
    Пол:
    Женски
    Уште 3г, толку остануваат, додека наполни 18г.

    Не верувам!
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.047
    Допаѓања:
    188.050
    Ова не е никакво решение исто така.
    Замисли сценарио, има полицајци надвор. Иде ученик со нож во училница. Треба ли по еден џандар во училница?

    Не знам што докажа истрагата во Србија, мене уште не ми е јасно ништо. Ќе почнам да верувам во теории на заговор, дека ...не знам што...и пак не можам да разберам. Колку години има тоа дете, за да биде толку спремна машина за убивање?
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.519
    Идејата ми е дека и децата би проаѓале низ скенери, како на аеродром пример.
    Не знам, параноично "решение" е, ама реално премногу ми е страв, а дете немам. Не можам ни да замислам како ви е на вас кои имате.
     
    На SummerGirl, st-el и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.519
    И на 18 се лежи де на психијатрија не по своја желба :)
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    12.261
    Пол:
    Женски
    Премала е казната за мајката, заслужува повисока, толку не емпатично и арогантно суштество не е ни чудно каков е нејзиниот син
     
    На SummerGirl, st-el, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.420
    Допаѓања:
    108.217
    Пол:
    Женски
    На 18 ќе може да излезе бидејќи нема статус на судено лице, тој е во ситуацијава оштетен и затоа родителите на мртвите деца се бунат, бидејќи за брзо ќе излезе. После 18 не може против негова воља да го држат, односно не може ретроградно тогаш да го судат. Дури се плашеа и дека и порано ќе го ослободат.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и tambelina им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.519
    Не да го судат Ангел, на психијатрија да седи. И полнолетни против своја волја држат на психијатрија ако се сметаат за опасни.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и JuLleE им се допаѓа ова.
  16. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.900
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чудно како не се одважи ниеден клинички психијатар или некој од таа установа каде што е сместен К.К ,да излезе јавно и да каже како планираат да го задржат во таа установа и да се намали со шпекулации. Сигурно има процедура,протокол по кој постапуваат.
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    257.935
    Тоа што го зборував од почетокот дека е болен и нелекуван. Во 2017 бил во истата болница хоспитализиран со дијагноза проблеми со психата и нервите и изгубил свест. Бил упатен на психолог и терапија, ама родителите не го лечеле. Всушност нема никакви податоци.
    И кој е крив? Коста? Малку е за мајкава, прочитајте што зборува таткото на убиеното девојче. И да, Коста постигна тоа што имаше за цел, ги уништи сопствените родители кои го оставија без помош.
    Се надевам случајот ќе допре до многу родители и ќе се крене совеста, ама со оглед што пола нација и е битно монструмот да се обеси, за жал ништо нема да научиме.
    https://www.sd.rs/vesti/hronika/dob...a-presude-roditeljima-decaka-ubice-2024-12-29
     
    На Mumoftwo30, An-na, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.900
    Пол:
    Женски
    Кај нас на Балканот(па и низ светот) жртвите завршуваат на психијатрија,бидејќи тие што треба ниту се лечат ниту некој ги затворил во установа на време.Значи нема свест!

    Зарем ќе се најде доктор да тврди дека немало да се случи овој масакар доколку К.К БИЛ лечен?!
    Дете,од сега 14години, да седи смирено,неколку часа,во иста просторија,со вознемирени родители кои доживотно ги завил во црно и притоа да одговара на прашања(вкрстено испрашување) како од пушка,без двоумење и без грам емпатија... Јас навистина сакам да слушнам мислење од клинички психијатар за менталниот склоп на ова ,,дете,,. За какво запоставување зборуваат?
    По улиците имаме куп деца,за жал запоставени,злоупотребени на секој можен начин па не станале убијци камоли монструми од размерот на К.К.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.519
    Па не смеат, се третира како пациент, како таков заштитени се податоците за здравјето нели.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.519
    Не постои единствен "рецепт" за нечие однесување.

    Еве ти најпрост пример, да не одиме подалеку.

    Две деца се тепани од родителите. Едното продолжува така да ги "воспитува" и своите деца, другото не крева рака ни случајно.

    Двете се тепани нели, ама не доживеале или сфатиле исто.

    Не знаеме речиси ништо за психичката состојба на Коста и додека е жив нема да дознаеме, освен ако како полнолетен сам не изјави желба јавно да се расправа и проучува истото.

    Нема две исти лица на светов, нема две исти деца, единствено знаеме за сите кои доаѓаат до овој степен на монструозност дека живеат далеку од хармоничен живот и се и те како лишени од родителска љубов, а и воспитание.
     
    На daylight, Mumoftwo30, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.