Секако дека подлежи на вештачења, ако не иде на суд не значи дека не може да седи во болница. Значи ако само го одземеа старателството, на пример, немаше во болница да оди. Возраста нема допирна точка со воспоставена дијагноза и што сметаат лекарите, конкретно психијатрите. Со наод дека е опасен по себе и околина, ќе го држат и понатаму. Има многу вакви случаи во светот, не дека е прв пат.
Абе како ќе излезе "туку така", сериозно не ми е јасно. Што не излезе сега ако е за така, по желба, може де у дом за деца без родители по истава логика. Ако на 18 комисија рече "баткава е опасен по себе и/или други", може Коста да побара со адвокат на суд да идат да се докажуваат дека комисијата не е во право и "здрав е". А тоа тајно нема да биде сигурно. Е сега, Коста никогаш нема да одговара за убиствата, нема што тука да се мислиме. Како дете само може да се "рехабилитира". Дали и колку ќе се рехабилитира, ќе дознаеме.
Моментално државата има старателство и државата одлучува за него, затоа не може да излезе. Имала тетката привремено ама поради тоа што се плашеле дека ќе го извади останал на државата. Така јас разбрав од емисиите. А после 18 ако не сака сам не може. И кај нас е така, нажалост, ако нејќе алкос/џанак/психички болен човек да се лечи нема да го задржат, освен ако не направи лудост со која ќе се докаже дека е неурачунлив и штетен по своето и туѓото здравје. Не прашуј од кај знам, нажалост.
Ова не е било кој случај + ова што ти го зборам баш гледав емисија и го потврди адвокатот на семејствата на убиените. Значи го чуваат моментално затоа што се смета дека е опасен по себе и/или околина, кога ќе има возраст доволна за дијагноза (а за тоа се одговорни нели, психијатри) ќе се мисли на подолгорочно што и како. Нема Коста да излезе како ништо да не било, не решава еден човек за него, не зависи од ничија желба затоа што државата има механизми за истото. Е сега, ако државата сака да го пушти, џабе се секира народ, ќе си смисли како да го пушти. Ова важи таман и да е осуден некој на доживотен затвор, секако.
Дај боже! Инаку не знам дали го следите случајот со детето од Лазо Ангеловски, ако не се превземе нешто ќе биде исто сценарио. Детето се фалело дека знае да пука и има пиштол на дофат, дека сите ќе ги убие. Им цртал гробови со имињата. Премногу остави овој случај на цел регион.
Работата е вот тоа што јасна и конечна дијагноза за психопатија не може да се воспостави додека развојот не се комплетира некаде околу 18 година. Децата во текот на созревањето ја развиваат емпатијата ако сè е нормално во мозокот и животната средина. Не мора да значи, многу комплексно е сето тоа. Ние не знаеме каква душа е тоа лице. Душата уште пред да влезе во ново тело, носи со себе пориви и планови и одбира родители кои се барем приближно слични на нејзината вибрација, родители кои ќе овозможат трасирање на пат да се остварат истите. Одреден тип на воспитување, грижа или негрижа, поставеноста на општеството и други фактори можат да продинесат кон остварување, ублажување или неутрализација на тоа што душата го донела со себе. Така да сите тие имаат одредена одговорност, но не се единствен фактор.
Механизмот на државата кој интерно решава за ова дете во ризик до14год (тоа е стручниот термин за К.К.) е центарот за социјална работа. Ниту една друга институција не е надлежна ниту има законско право да биде.Сите контакти со детето во ризик мора да се вршат во присуство и со согласност од старателот.А како што прочитав во Спојлер: Закон за правда за децата https://www.google.com/url?sa=t&sou...CCEQAQ&sqi=2&usg=AOvVaw2x384SqNTJVLnuSbAXE_FG мора да му е доделен и адвокат. Со овој закон е определено како законски се постапува со деца во ризик,ако не ве мрзи прочитајте. И навистина немам никаква намера да се контрам туку сум загрижена кон каква пропаст се движиме ако механизмите кои ни се на располагање не се доволни.
Пред некој ден и во Србија идентична ситуација само ова е дете од четврто одделение. 58 родители групно ангажирале адвокат кога виделе дека проблемот не се решава. Спојлер: Четвртоодделенец во Србија И пак ќе кажам,родителите поради емоциите можат да имаат проблем со прифаќање дека нивното дете има проблем,НО никој друг од надлежните (училиштето и ЦСР ) НЕМААТ оправдување,туку имаат должност и кон детето кое врши насилство и кон децата кои трпат. Не знам дали има тема за врсничко насилство,булинг....
Не е до контрање, туку до објаснување како е фактички и побарај на УТ, адвокатот многу добро објаснува, мислам Уна ТВ дека е, ама може и грешам. Со Анѓелко Ачимовиќ заедно се во емисија. Не одлучува старател, туку судот одлучува врз основа на извештај од психијатрите, секои три месеци. Не може ретроградно да смислат нов специјален закон за Коста, но веќе каснат со носење на нови правни рамки за слични настани, бидејќи не, нема да е последен, иако би сакале да е така. А најстрашно мене лично не ми е што со Коста ќе биде, туку што толку е фокусот само на него, што никаква превенција не се размислува и којзнае каде чучи следниот.
Како започна новата година, со уште еден масакар.... страшно е ова што се дешава. Само што се разбудив се ми беше преплавено со вести од масакрот во Цетиње. Луѓево стварно се мрднаа веќе.
https://a1on.mk/region1/vuchikj-str...gi8NbNFx-ociQlft-s_aem_NnOnfDa-F8qPhE7uoHQLtA Нема да го дадат секако затоа што Србија ќе си го земе. За жал, ќе биде трениран да работи за државата. Како и впрочем завршуваат овие деца. Колку од нас ги величеме и ни се омилени ваквите ликови во филмовите, да бидеме искрени таен агент на ЦИА или М16. И сличните. А профилот на ликовите е ваков.
За жал. И пак нема да добие третман и лекување. Дали би се излечил, не знаеме, ама на некој начин би добил некоја терапија или помош.
Па само и тоа добива (како лице кое нема кривична одговорност) мерки на помош и заштита,тука е вклучено и лекување. Нема санкции за деца под четиринаесет години. Искрено неможам да замислам како некој кој пролеал толку многу крв би можел да се рехабилитира. Сум гледала емисии со сведоштва на жртви кои што убиле некој во самоодбрана и со години оделе или одат до крај на живот на психо терапии. Навистина неможам да замислам рехабилитација и реинтеграција на личност која извршила масакр. А што ќе се случи со навршување на 18години ќе видиме,бидејќи според ова во законот -ништо. Затоа и стравуваат родителите на убиените а и на ранетите деца. Точно,фокусот е ставен на извршеното злосторство бидејќи е монструозно,а за да се превенира треба да се стави и фокус на одговорноста која ја имаат надлежните институции (училишта,ЦСР,МВР,ОЈО) кога се во прашање деца,поготово деца ПОД возраста на кривична одговорност. Прва ,,институција,, е семејството ама кога тоа ќе затаи затоа постојат други надлежни лица кои земаат плата за да пријават,спречат,лечат девијантни појави,а со тоа и ќе обезбедат заштита. За изјавата на Вучиќ што да кажам...тој не повикан даде изјава и за малата Данка па сега излезе дека немало ништо точно во таа изјава. Собирање политички поени на сметка на вакви трагедии е нешто нечовечко. За масакарот во Цетиње ,жално многу жално... каков свет ќе им оставиме на нашите поколенија. Свет полн со ПРАВА,каде се повеќе невини страдаат а криминалците си ги бараат ПРАВАТА од демократијата.
Некои велат дека тоа ќе биде искористено од идните или можеби веќе од сегашните властодршци со цел да се одземат или намалат правата од граѓаните, народите. Привидно ќе има ред, а повеќето ќе биле своевидни робови. Во смисла ако сакате демек безбедност, ќе морате да ги прифатите законите за поголема контрола врз сите вас.