Ајде по не знам кој пат. Решението не е да земеш питшол во рака и да ги убиеш еден куп луѓе. Чуварот што му згрешил? Учителката што му згрешила? Првото девојче во глава без да трепне го застрелал.
Се дур не ни се деси нешто "кај нас во двор", постапуваме различно. Почнувајќи од најбанални ситуации. Ако не ги препознавате "Мене нема шанси да ми се деси такво нешто", "Мене вака да ми напраи некој, ќе види што ќе му се деси" - типовите на луѓе во вашето друштво, можеби токму сте вие тие типови. Исто и со оној Завадлав од Хрватска, што го одбрани брат му од дилери и тројца ги реши на лице место. За некого херој, за некого насилник. Сѐ дур државата/институциите не се борат да ги искоренат проблемите, ќе гледаме како некој пооткачен од откачените си презема правда/решение во свои раце.
Замислете таткото да дознаел нешто пред ова да се деси и да го удри детето?! Веројатно ќе беше осуден од вас овде ако не од државата пошто дете со шамари не се воспитува нели. До пред 80 години во секоја куќа имало бар 2-3 парчиња оружје и тоа на ѕид закачени па ниту една случка немам слушнато дете да земе оружје и да коси све пред себе во село или во школо. Како што кажа некој пред мене, да подметнеше пожар, веројатно ќе беше крива продавачката од трафиката што му продала упаљач. Криви сме сите по ред, бидејќи забораваме што се морални вредности, што е правилно воспитување, култура, што чини а што не. Пушти тв, курви дрога мафија криминал, отвори инстаграм исто, отвори било што исто. А што очекувате? И не тропајте каков булинг. Тие што сте постари од 30 години знаете какви случки имало низ штоло па на никој ништо не му фали денес никој не посегнал по оружје. Ќе се дознае мотивот ќе отворат негов компјутер или телефон. Се изнагледал колумбајн или нешто слично гарант. Како и сите останати скулшутери.
Ич не ти е муабетот на место. Ама ич. Утре може да се пожали дете од твое дете. Ќе го советуваш другово да го мавне со камен меѓу очи или како? Или твое дете нема шанси да е такво? Шуто и рогато работи по училишта, ама и родителиве се многу арни ко шо гледам.
Доста бе со игрине,јужни ветар ,задруги .Опрајте се малце . Од каде да знаеме дали бил свесен или не за време на масакарот додека не даде изјава психијатар ? Знаете како звучите ? Играл кантер,и додека играл му текнало дека може да направи масакар. Задруга и јужни ветер не се криви за системот "наместо во институција,на улица и училиште ,, .Проблемот е мнолгу подлабок од тв и игра.
Истово размислување го има и масовен убиец кој го оправдува и рационализира делото. Не, не треба да се преземаат работите во свои раце. Не треба да одиме око за око. Не треба да се воспитуваме со шамари. Секое насилство раѓа насилство ама некако не приметувате.
Death Note(аниме серијал) Каде главниот лик става на список грешници и ги убива. А деца во цел свет ја гледат серијата. Чисто на тоа ме потсети, муабетот е дека буквално се се собира и влијае на детскиот мозок. Се филмат до степен да убиваат или малтертират луѓе. Кешким ова да е последно. Мислам дека се повеќе деца и возрасни ќе се охрабруваат на истиот чин. Трагично.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/ген...и-но-и-лесна-цел-за-манипулации/32380287.html Ама ние ко бевме деца...Ама стално имало насилство...ама булинг, ова, она. Деца пораснати на платформи, без способност да разграничи реалност и да резонира за последици, па уште дај му пиштол и научи го да пука. И пландемија да не заборавиме, и препуштени сами на себе. Па овој земал пиштол, тие у Германија со нож избодиле соученичка сред бел ден, оние завчера 8 годишно дете силувале. Сите помлади од 14. Не гледате нзс?
па бил свесен чим имал план луѓе ова е планирано не знам како не сфаќате. Не е као сеа јас и ти да се скараме, да ти опцујам мајка и да ми ја залепиш една у афект прво бил обучуван за оружјето второ имал пристап до оружјето имал ЛИСТА на деца со име и презиме имал НАПРАВЕНО молотови коктели отишол у школо спремен првото девојче добило метак у чело без утка на аудио снимката се слуша континуирано пукање, значи пукал у нив еден по еден имал план за бегање едно друго мртов ладен сам се пријавил у полиција ова ако не е свесно...и со умисла психопатче мало
Оваа трагедија не е резултат на видео игри, не е резултат на серии, не е резултат на кантер факинг страјк, ова е резултат на начинот на воспитување, неодговорноста на наставници, родители, директори, психолози, педагози и сите други вмешани кои честопати знаат дека одредено дете е жртва на булинг - а скоро никогаш не го сфаќаат сериозно тоа и не превземаат ништо во однос на тоа. се додека некое дете не се поремети психички и не го направи ова. Буквално има интервјуирани деца кои кажуваат дека претходно бил мирен, културен, одличен ученик - а честа мета на заебанции. Родителите на децата што вршат булинг ретко го сфаќаат тоа како сериозен проблем, родителите на жртвите на булинг најчесто не ни знаат дека нивното дете е жртва на булинг. Наместо сите во училиштата да се прават налудничави, треба да почнат да работат со децата коишто вршат булинг и да се обидат да ги доведат на прав пат, и тие деца имаат некоја психолошка причина за булингот. За жал, како и секоја друга трагедија така и ова ќе биде главна вест недела, две, месец, ќе зборат сите против булинг а после ќе се заборави и ќе си се врати стариот принцип на функционирање. Булингот бил отсекогаш голем проблем во основните и средните училишта. Не можам да опишам колку ме вознемируваат вакви ужасни трагедии оти јас на своја кожа искусив булинг, за среќа не ме поремети вака ко што го пореметило детево, туку кај мене се одрази со тоа што станав интровертен, и до ден денес имам социјална анксиозност во одредени случаи. А тоа што дете од 14 години имало пристап до оружје ми е тотално необјасниво. И пред да ми се закачите дека „тОа Не Е ОпРаВдУвАњЕ“, не пробувам да го оправдам, само го потенцирам можниот мотив.
Не, туку за жал, низ историјата е докажано дека мора да се случат колатерални штети, за да се земе сериозноста на проблемот во обзир. Почнувајќи од терористички напади, авионски несреќи, градежни несреќи и слично што ја променило безбедноста/технологијата на едно повисоко ниво. Најголемата свесност доаѓа по голем инцидент. Да не направело детето нешто вакво денес (што не го оправдувам), ќе било малтретирано подолг период до степен да се самоубие. И тогаш што? Греота дете, не требаше така, супер беше фин беше... и пак одново за секој нареден проблем. Детето од Корчагин никој не го спомнува веќе, а тие што биле виновни за булингот си живеат и понатака, сосема нормално. Институциите преземаа нешто? Утре ќе биде друго дете, од друго школо, од друг град, сеедно. Масакр не е решение, ама човечката лудост нема граници. Едит: Сега видов дека си допишала повеќе работи. Епа добро, тие што се силувани, нека бараат правда од институциите кои им вртат грб. Тие што се малтретирани при кражба во нивниот дом, нека ќутат кога ќе им влезе некој. Така криминалците ќе имаат поголема слобода. Хипотетички, да ти нападнат/убијат близок, дали ќе седиш мирна и ќе одиш да тропаш на институции за правда? Јас еве ти кажувам дека нема да седам мирен. Не се силам, не сум ни насилник ни ништо, ама тогаш ќе ми се откачи некоја жичка во паметот, и ќе бидам нерационален. Правда на светов нема, нема ни да има. Затоа се повеќе има убиства рандом, повеќе сообраќајки и никој не одговара, затоа што сите имаат врски. А некој друг ќе види дека тоа злодело не е казниво, и ќе го направи и тој. И така до бескрај.
Еден нзс што гледам е дека ние сме родители на тие 14 годишни деца, наши генерации се родителите. Што кажува тоа за нас?
А бре незнаете колку лоши генерации деца се овие, врска немаат со времето кога ние сме биле на таа возраст. Какви чудесии се изнаслушавме досега кај син ми...а само 6 одд.е. А за булинг, дефинитивно државата после оваа случка денес, треба да превземе нешто, незнам стратегии од психолози, педагози и др.кадри кои досега беа заспани. А чисто ме занима, дали тие двете малолетни деца што силувале девојче, од пред бекој ден е случајот, дали некпј за тоа ке одговара. Зашто закпнот не ги фаќа, имале пп 8 години. А жртвата, нека оди по пиштол, или нека ќути за секогаш. Ми се гади од настаниве
Муабетот е на место. Прво - моите деца ги учам да бидат “луѓе” и да имаат емпатија. Не само сега во ситуации како денешната, туку секојдневно. Ама ако си бара ќе си го добие. И друго што сум горда, ама ич не ми е гајле како ќе ме разбереш ги учам да избегнуваат насилни ситуации, ама ако некој го удри од чиста мира тогаш да возврати најдобро што може. Ако еднаш наведне глава, секогаш ќе биде жртва. Да бидам искрена (среќа го изолирав) спремна бев да го запишам на кик бокс, оти син ми ми вели јас минувам и го избегнувам, а тој доаѓа и ме закача. Денес ќе му земе цртеж ќе му скине, друг ден ќе го турне, трет ден друго. После некое време ми призна дека на одмор не излегувал заради него, а јас мислев дека му е ладно. Ти воспитувај си ги твоите како сакаш, ама да му се случува тоа на твое дете друго ќе размислуваш. И најжално е тоа што му реков да каже на учителката, а он ми возврати мамо тој е од одделение на ххх (другар на син ми) и тој ми раскажува дека и во училиште е таков и нема дете и родители кои не се пожалиле од него.
Точно. Ние еднаш ко мали си игравме заболекарки и сакавме со отварач за вино да си вадиме заби. Татко ми таква воспитна ми мавна да не ми текна уште еднаш. АЛИ океј. Денес воспитната од родител е семејно насилство и се пеијавува во сите институции.
Тука би додала дека за личност болна од психоза ,скоро сите се НЕПРИЈАТЕЛИ .Овие деца може и збор да му немаат кажано ,а во неговота глава да се непријатели кои мора да умрат.
ееее да си жива тоа е проблемот шо денес е понормално детето на 10год да има тикток него да му ја залепиш една пошо седи на Тикток, а не пишува домашна никад не сум ни за семејно ни за било какв насилство, ама теле се учи, вол не ако од мали не им стаиш граница и не им објасниш до кај смеат да идат, ќе идат другари мои како се понашаат со нивните, и како се изразуваат јас дома така да им речам, ај бе иди у курац не ме замарај, мислам со се куфер низ прозор ќе ме фрлат