Лесно е, затоа што е виновен. Да немало пиштол, немало да убива. Да му се потресуваме сеа за неговите проблеми со булинг откако убил 10 луѓе е лудост.
Човек мора да има жичка у главата за да убие некој на таков начин а тоа да не е во самоодбрана. Терминот булинг стана премногу клише. Ај за секое срање ќе користиме булинг како изговор. Булинг ли е во прашање кога средновечни луѓе крадат малолетни деца на улица и ги затвораат во подруми со години и ги злоставуваат сексуални и физички? Не тоа е психичка болест и ментална патологија нејасна за медицината и ден денес. Да не се лажеме. Типчето си имал бубачки во мозокот. Секој некој некого заебавал во животот, дофрлувал или што ти не па не земал автомат да изрешета пола клас. Како и да е жално и пуста душа на тие родители што утре ќе ги закопаат своите деца а животот ќе си продолжи и понатаму. Кај и да е ќе дојде ова и кај нас. Да не се лажеме.
Нема оправдување за убиство. За ова детево заслужува цел живот да го помине во затвор и бел ден да не види. Ама тоа не ги враќа убиените деца и човекот. Не е оправдување, превенција треба за да не се случи пак во иднина. Ако не се работи на коренот на проблемот, секогаш истиот ќе постои и исти ќе се последиците.
Како бе не е виновен родителот?! Па, да не го оставал лесно достапен пиштолот, немало да се случи убиствово? Буквално му дал оружје во рака на детето. Детето не го обвинувам, дете како дете, се соочувало со проблеми и ова му се видело најлесен начин за да се справи со нив Секако дека не е исправен и ќе одговара за тоа. Не сите деца еднакво реагираат на булинг. Некои се поотворени, па зборуваат за тоа и бараат помош, некои, за жал, се затворени и чуваат во себе.
Да ама кај нас, пред сигурно 10 години. Дали сега знаеш што се случува во школите? Не смееш со повисок тон да се обратиш на дете, а со родителите не се ни разговара, и кога детето им има проблем и кога прави проблем се некој друг е крив. Како што напиша и членката погоре, да немало пиштол немало да има жртви. Во овој случај кога особено станува збор за малолетник, единствено родителот е крив.
Toкму тоа го велам... прв нека крени рака тој што не бил во некој момент исмеан на училиште, на тој што му била пишана неправедно пониска оценка. Не дека оправдувам булинг, ама да е оправдание за масакар... Младите ги добиваат овие идеи заради глорифицирање на негативците во филмовите последно време. Греота бил Џокерот, малтретиран ко дете, затоа психопат бил... срцка. Од денес сите го сакаме, кул е.
Не можам ни да замислам како им е на родителите на убиените деца. Го пушташ во школо, ти го враќаат во ковчег.
Ако решил да убие ќе најдел начин Не дека треба да му се потресувам, ама мора да се работи за да се спречат вакви појави во иднина Не реков не е виновен, туку дека не е само тој виновен. И од кај знаеме како дошло детево до пиштолот. Законски е дозволено да се поседува пиштол
И ако сите сме биле малтретирани, нормално е?!!! Пак ќе кажам, сите деца се различни, особено во пубертет. Не може да знаеш кој како би реагирал. Плус, ние не сме имале пиштоли при рака, да сме имале којзнае како би завршиле, на пример?
Како и да дошол, значи бил достапен и недоволно безбедно чуван. Пак е крив родителот чиј бил пиштолот. Чинам на таткото пишуваше дека е по медиумиве.
Па не знам дали би нашол начин за да убие 10 луѓе без да има оружје. И не е ни важно, затоа што ова не е хипотетичка ситуација, туку реалност. Го зел пиштолот од дома и убил. Можел и самиот несакајќи да се убие по дома, затоа оружје не смее да чепка секој. Булинг секако не треба да има, и треба многу да се работи на тоа поле, ама во ситуацијава не ни знаеме дали тоа бил проблемот.
Можел да земе нож, од било каде. Можел и сам да си купи џебно ноже, можел и да најде оружје. Се може… Не е само пиштол, ако не било тоа ќе било друго.
Со нож десет луѓе нема да убиеш, да не се лажеме сеа. Може еден ќе убиеш, после ќе те фатат. Пиштол е друго, затоа и е толку страотна трагедијава
Ама можел и секира да земе, само што тоа што го направил немало да се случи да немал огнено оружје. Со џебно ноже уште чуварот на врата ќе го совладал. Знаел тој што праи.
Да ама немало ваква штета да направи. Голема е разликата само да повлечеш, а друго е да идеш од човек до човек да бодеш. Несоодветно чувано оружје, за ова рпдителите се апсолутно виновни!
Да, трагедијата би била помалку фатална. Дека @crimson рече да немало оружје немало да убива. Ако сакаш да убиваш наоѓаш начини.
А и нема оправдување! Секое дете различно реагира на булинг (иако овде не знаеме дали имало) ама да земеш да убиваш, треба да имаш нешто психопатско во себе.
Голема трагедија. Инаку не е само булингот во прашање, во пораст се онлајн заедници(кои се и скоро непознати за генералната популација од 30, 40+ години, т.е родителите) кои радикализираат токму деца лесно подложни на радикализација - оние кои веќе имаат нарушено ментално здравје. Можеби не се ни работи за тоа, ама не може да се исклучи како можност бидејќи евидентирано е дека постои ширење на идеологии кои потикнуваат на тероризам. Да немал пиштол ќе имал нож, точно. Ама со нож не може 14 годишно дете толку лесно да убие неколку луѓе.
Сакав да кажам, немало да има school shooting без пиштол. И не ми беше ни тоа поентата, јасно дека може и на друг начин да убива, туку дека за КОНКРЕТНАВА СЛУЧКА родителите се виновни колку што е и детето затоа што практично му го дале оружјето. На страна тоа што детето очигледно имало потреба од некоја психолошка помош/ поддршка, ако има малку повеќе свесност за детски психолози, многу трагедии можат да се избегнат. За да дојде до ова, тешко ми е да поверувам дека детето не покажувало баш никакви знаци дека нешто не е океј.
Никако не оправдувам масакр. Вината е скоро подеднаква кај сите. Сите имаат некаков удел во оваа трагедија. Не било детето проблематично, па ајде да речете се очекувало или н знам што. Ако не било малтретирано, немало ни да му текне да направи масакр. Затоа не може да посочи кривицата во само една личност, вината е кај сите. Почнувајќи можеби од државата/институциите што не мрдаат со прст за да ги едуцираат децата и да го намалот степенот на булинг. И да, не сте сите биле под булинг ако ве закачкале малку. Ова веројатно е собирано со месеци, од целиот клас. Не дека сега сите треба да земаат правда во свои раце, ама некогаш на некој ќе му скурчи и кога е во афект/очај прави незамисливи работи. Секогаш најмирните во класот се заебавани, затоа или се самоубиваат, или прават вакви глупости. Ова треба да биде лекција да се искорени булингот, а не да земе замав уште повеќе. Многу семејства имаат легално пиштол во својот дом, па не гледам дека секој 5-ти човек убива. Родителот е најмалку крив тука. Мене ако ми текне да направам глупост, нема зошто мојот родител да е крив. Трагедија, ама тоа е последица на нефункционални институции, величење на школските мангупи уште од најмали нозе, недоволното обрнување внимание од страна на родителите и еден куп други работи.