затоа реков психопат.. несалам тие имаат колку толку емоции бил свесен ете и сам се пријавил како оној шо ги закла баба му и мајка му на Рузвелтова, па отиде кај матичната? е исти случај а социопатите немаат емоции и баш од полициско лице иам добиено лекција: од најтивките и најмирните да бегаш, поготово ако осеќаш дека нешто не е океј
А зошто се очекува социјални мрежи, ријалити програми и игрици да воспитуваат дете? Еве и брат ми ги играл истите тие игри со убиства, и брат ми бил закачан во школо, и тепан и се тепал ама зошто никогаш не му паднало на памет да земе нож со себе, боксирач или оружје? Затоа што секогаш подсвесно имал во памет а мама и тато после? Иста сум и јас и ден денес, за било која постапка прво ми е тоа на памет. Денес родителите први немаат авторитет над своите деца. Вие свесни сте дека сеа брзо имаше случај каде што наставник (мој близок ) фати група на деца, малолетни, во основно школо, во сред училна како пушат. Фино лепо известени родители, пријавено на директор, намалено поведение. Знаете која реакција ја имаше од родителите? Пишуваа по месинџер на е*ан фб, ало фб дали е точно дека и неговото дете било фатено на дело, дали може да им се пратат видео снимки да се уверат затоа што нивните деца тврдат дека не пушеле цигара. Абе ќе земеш ќе отидеш директива во школо, ќе збориш очи у очи со наставникот со директорот па ќе го подбереш после дома детето и ќе го научиш на памет. Каков фб каков месинџер. Па уште и не верувале дека тоа биле нивните деца. Море мрш. ( притоа да не се фатите за тоа дека може се на работа или не знам што, школото е локално значи во сред село, наставниците се од истото село, изговори за немарност нема!!!).
Како жртва на булинг низ школските години, ова ме потресува многу. Ама убиството не е решение. Никогаш не било. Според мене родителите треба да одговараат зашто прво, зошто носеле дете на стрелање. Не може 13 годишно дете да пука перфектно освен ако нема добро вежбано претходно. Го убил чуварот од 14 метри далечина. И верувам дека социјалните мрежи/филмови, игри влијаат ненормално многу. По улица ги слушам деца помали од 13 години на каков начин зборуваат и како се однесуваат. СТРАШНО Барем во денешно време, телефонот ги образува децата и тоа на многу лош начин. Што правиме кога детево ќе го пуштат на слобода после неколку години. Што ако го направи ова пак? Кој ќе одговара тогаш? Треба да се врати смртната казна под итно, од 10 години па нагоре. Многу одамна во Америка мислам исто деца напаѓачи на возраст од 11 и 13 години убија неколку луѓе. Едниот од нив и после ослободување си продолжил по истото.
Скроз друг муабет вртиш сега. Да, ако има нешто, сакам да знае дека може пред мене да плаче и да се жали. Слободно. Ако не пред мене, пред кого? И да, и нашите деца може да бидат оние што вршат булинг, само се разбира, немаме ние тука такви примери. Сите се нај нај.
чиста споредба Меси и Роналдо шо важат за најголемите голгетери во историјата на фубдалот, со бар 20 год кариера, се дешава на 11м да утнат пенал ова е чист перфекционизам.
А тогаш зошто не пишуваме масакарирање туку масакрирање? Ај, не е тамаваа за правопис, за што се фативте. Јас знам дека е масакр ама нема потреба сега овде на оваа тема за правопис да се фаќам.
Ама јас не раснам дете во тегла, знаеш. Да беше така, пеки, полесно ќе ми беше. Стварно имам проблем да разберам како на помлад тинејџер може да му работи мозокот без морален компас, без резонирање, без елементарно чувство за вина. Од негде тоа мора да иде.
Искрено, срам да ви е на поедини. Знам дека е форум, но немате нималку осет. Да се надеваме дека нашите деца ќе се подобри. Не верувам дека сите сме безгрешни за да се суди така лесно.
Пред две недели реагирав за булинг кој се врши на другарче на син ми , буквално им реков ве молам реагирајте наставници сте имате психолог служба во училиштево и слично. Детето е со говорна мана се дружи само со син ми , знам дека не е во ред но понекогаш му читам муабети на мсн со тоа дете , преинтелигентно е . Одговорот кој го добив беше , не можеме ништо, дури и на родителска ако нешто се кажело имало закани кон наставницитд. За мене се психопати оние кои се закануваат и уценуваат , а богами и оние кои молчат. Којзнае што било со детево, дали кулминација на премногу толеранција на булинг, дали психичка болест незабележана или неприфатена од родителите и другите, дали премногу внесување во игри ,што и да е е страшно. И не треба да се занемарува менталното здравје на децата ... Долга и широка е , жално за децата и еден куп уништени животи.
Не ми се пишува веќе на темава ама ај уште ова - вакви работи освен што си влечат трауми си носат и агресивно однесување, па тоа дете што е дома млатено има многу поголеми шанси после во школо да го повторува истото и да биде були за разлика од дете растено со тоа "модерно" воспитување кое го хејтате. Промовирајте вакво воспитување па чудете се кога ќе ги видите последиците на истото.
И таткото е виновен. Прво зошто да го носи на стрелање 13 годишно дете и второ како може детето да има пристап до оружјето? Значи тоа оружје не е соодветно чувано.
Мене уште една работа не ми е јасна. Како може на аудио снимките што искочија да има деца кои на ова се смеат? Значи дечково пука, умираат луѓе, тие се смеат. Зошто искочија скриншоти кај што деца се кикотат и викаат ааа арно и е на наставничката што му стаила кец. Или едно друго што имаше пишано дека барем сеа нема да мора у школо да иде хехехеех. Или тоа што имаше шернато негова слика со пиштоли емоџиња и хаштаг со ау браво царе. Да земат и сите на распит да ги однесат, да не се деси пак нешто вакво па после да бараме причини и мотиви. Не е нормално таквото однесување, не е нормално некој да пука а ти да се смееш. Тоа е уште некој ваков психопат, кој може нема да напраи масакар, ама ќе повреди други луѓе некако.
Мене искрено туѓ срам ме јаде кога ги читам мислењата на поединци во темава. Вие сте тие родители за кои зборам.
Можеби, не знам со сигурност како се однесуваат моите деца надвор. Не гарантирам. Ако си го бара нека си го добие. Ги учам да избегнуваат насилни ситуации воопшто. Еве пр. велики стои во дискотека со девојка и некој пијан се втурне намерно во него - му велам да гледа да смири ситуација, брат ово оно прави се и ти пијан и гитла најбрзо што можеш. Не знаеш дали има нож или пиштол и со која намера излегол од дома. Знам дека доволно се зборува секојдневно да знаат да разликуваат што е добро, а што не. Моето дете (малиш) е љубител на мачки и имало неко бебе маче и овој го земал и го удрил клоца. Си дојде плачејќи дома.
Оружјето било во сеф заклучено со шифра. Очигледно детето ја знаело шифрата. И со оглед на тоа колку куршуми се испукани не бил само еден пиштол во прашање. Сеа фино лепо детото во лудница а родителите и двајцата во затвор да биде пример што може да се случи на секој нареден. Па да видам после дали другиве родители нема да превземат нешто во воспитувањето над своите деца коа ќе знаат што може да ги чека.
Насилство со насилство не се решава.Произведува дополнително. Учете ги да избегнуваат такви ситуации да кажуваат на возрасните ама не и да вратат во иста мера. Оти она што некогаш беше насилство да го истегнеш девојчето за репче или удриш клоца сега во главите на овие генерации може да е и ова :пиштоли и молотови коктели. И ова дете може да е мое, ваше и тоа има родители кои до вчера сигурно не ни помислуваа дека ова е можно. Самокритичност и самосвесност ни фали.
Не била и не е воспитна мерка, туку отсекогаш било и е насилство! Секој удар е физичко насилство! Децата кои се удирани и малтретирани и на друг начин од родители многу почесто стануваат криминалци. Ќе ти дадам и пример. Познанички на блиска личност мислеа како некои од вас и си ги удираа децата. Мислеа дека нема ништо да им биде. Ама, во денешно време и двете мајки си ги посетуваат синовите во затвор. Едниот поради убиства, другиот поради силување. Не промовирајте нешто што е погрешно. Некој може да настрада поради вас.