Воспитна спаѓа во тепање.Ти колку сакаш измислувај различни поими за иста работа, тоа не го менува фактот дека е исто и дека осудувате насилство и повикувате на насилство; сѐ во иста реченица.
Абе најјаки сте. Дете што е млатено дома има големи шанси да е агресивно,масивен убиец све и свашта. А она галеното,размазеното полно со љубов нема никакви шанси да изврши громорозно дело. Кога веќе генерализирате вака и сте полни со предрасуди баш оние кои се галени, размазени највеќе се исмеваат и тоа затоа што дома им дозволуваат сѐ. Буквално сѐ. Тепано дете не значи дека ќе прерасне во насилник и обратно. Навистина да се нема осет.
100ка си во право за СЕ! Џам! Инаку може да биде најмирен, најкултурен, најодличен и образован, баш такви се повеќето психопати. Спојлер: xD
Абе знаеш како јас мислев до неодамна дека се може со убаво и со разговор да се реши додека не почнав секојдневно да имам контакт со деца и родители. И од врата знаеш со кое дете ќе имаш проблем со кое нема. Затоа што тоа и да е немирно и неразбрано и исплашено и плачливо и да се дере полесно е коа имаш родител кој соработува. Значи ги имаш овие првиве кои знаат со саати ама луѓе со саати да се објаснуваат со децата, ајде мама, сега влези, сега седни, сега ќе те прегледа докторката, ама зошто плачеш, разговаравме дома. Ајде ако ме послушаш ќе те носам во зоолошка, ќе те носам во кфц, ќе ти купам хамбургер. Па ти ако го фатиш за рака да го соблечеш то се дере мајката тебе, пушти го . Па извинете ќе излеземе па ќе се вратиме. Па ќе се вратат па истото во круг. А дететво вришти ли вришти, па почнува да го фаќа нервоза да лупа по стаклата, да се заканува и да ги вреѓа родителите и знаете колку пати се случило дете да удри родител? Значи не дете од две, три години туку дете од 10, 12, 13 години. Да го тепа родителот со клоци и тупаници. Да не навредува и нас. А имаш и родител кој доаѓа со исплашено и уплакано дете и му вика плачи колку што сакаш, вришти дозволено ти е, само не мрдај те прегледуваат и те пуштаат за две минути искачаме од овде. И детето плаче ама не мрда. Завршуваш работа, се извинува на урлањето родителот и излага. Е тогаш увидов дека се е до родителите и колку они ќе му допуштат.
Не, ај чекај ќе го сменам прашањето. Како да знае што е молотов коктел и за што се користи? Не е дека сабајлево ќе станам и нема да одам на час туку ќе убивам луѓе. Ова било свесно планирано и детево не покажало ни трошка каење. Ајде за сите вие што го браните, чукнете си ја главата 2пати (ако има нешто во нејзе)
Значи, ако трпело булинг(што никако не се сложувам и сметам дека требало да побара помош соодветно,а и да има соодветна реакција назад) ондак е оправдано да убие или у најмала рака да врати со булинг? А при тоа сакаме да го нема булингот? Епа како бе драги мои??
Дали децата заслужиле да бидат убиени? И силеџии да биле, дали заслужиле да умрат вака? Пазете, пак збориме за деца. Системот потфрлил, не знаеме зошто тие деца биле такви, ама дека заслужиле вака да умрат, тешко. Нема да дознаеме дали би се промениле, не остануваат насилниците такви секогаш и во секој случај. Ама, погодете што, нема да дознаеме зашто се брутално убиени. Деца. Не може некој освен возрасните да е крив во случајов. Сите, општеството, образовен систем, све по ред.
Замисли после неколку години му дојде “паметот” и излегува од тој лош филм и почнува да се кае, ама до тогаш мислам дека него ќе го убие некој од блиските на убиените, организирано. Леле, цело време Ве читам сите, а во меѓувреме си ја замислувам сликата како ги убива и прска крв насекаде, обземена атмосферата во избезумие и паника, страв, дерење, барање помош.. Страшна слика. (имав такви слични сонови претходните 2 вечери и се разбудив потполно во страв и избезумено, не пак таму да сум била), шокантно ми е скроз.
До пред 80 години? Во 1943 година прашуваш зошто немало пукање во школи??? Нормално дека не треба да го удира детето, од насилство и дошла до таму работата.
Ете добро како сакаш . Ме тепале нека биде. И не сум криминалец ниту убиец . Сум имала авторитети низ животот . Прв ми бил татко ми.
Леле луѓе аман ,и во мое време имаше булинг ,па некако знаевме да се одбраниме и да стоиме на свои нозе. Знаевме дека е период и ке помине. Никој од нас не стана убиец а верувајте многу од нас биле жртви на булинг. Денешниве деца се размазени. Тоа е проблемот.
Модерното воспитување има еден проблем а тоа е создавање ехо комора околу детето.Процес во кое детето не резонира дека животот не е фер и дека ќе трпи ударци и падови низ животот и на крајот не знае како да се избори со притисокот утре.Затоа многу луѓе пукаат при првите проблеми и паѓаат ментално.Цел живот им е создавана атмосфера на комфор и внимание а никогаш не ја почуствувале таа спротивната.Непријатната страна која е доминантна низ животот.
Ај да пишам нешто може и себеси ќе се побијам негде ама тоа е Сите ние овде, а и општо луѓето, за слични ситуации реагираме/коментираме насилство Кај е главниот проблем? У општеството. прво е кај народот шо треба да воспитува деца. Треба децата да се научат дека е океј и кога е некој сиромашен, и албино, и шиптар, и индиец, и без едно око. И дека идат у школо да се дружат и учат и дека е баш интересно кога сме различни Е сеа, пошо се дешава некој да потфрли нели, треба да иаме НОРМАЛНИ институции шо ќе ги превоспитаат и родителите и децата. Ако јас ко Феминка не си го воспитам детето, и стане були, тепач, силувач, ватевер, треба да ми го одземат. А со него и ја у ќорка за да научам како се воспитува дете е сеа пошо сме мочан Балкан, кај шо цути мито, корупција, непотизам, ваквите институции се задња рупа свирала. пак ќе доам на истото знам дека сум досадна више сами сме си криви. А да не зборам за деца на ,,појаки'' особи ја само колку знам од Скопје шо досеа требаше да бидат у Шутка или Идризово или у малолетнички, ама не се, пошо кај шо врти пара, нема правдина абе авионот и шо подалеку од овде само и другите земји ги труеме у Германија годинава колку скандали имаше и убиства на крај ни со бугарски ни со никакви пасоши нема да нѐ примаат нигде
Премногу се нормализира булингот и од толку многу минимизирање на неговите последици, не ни се верува дека некој малтретиран може вака да прсне.
Епа тоа е. Ама и што друго да биде кога нема никаков систем. Наместо детето трпи булинг, да се испита од кого и зошто, тие деца на асален психолог, што се случува со нив, да се исправи кај е кривото, ама не, децата се на овој или на оној, да не се чепкаат, убиецот дете на човек што го носел на стрелање, знаел да си ракува со пиштоли и така. И сега ќе биде кој е крив. Се знае кој е, ама сега касно е.