1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    2.929
    Пол:
    Женски
    За типкава “паметната” со статусот: Да си јак психички значи да пребродиш се на начин на кој што нема да се повредиш ни сам себеси ниту други. Во тој случај детево не е јак психички, можеби ќе бил ако побарал помош од психијатар. Не е срамота, на Балканот така е наметнато мислењето.
     
    На sj *O*, RainbowButterfly, Orchidea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Никој не оправдува убиство и не вели дека требало да ги убие но кој се опциите на дете што трпи булинг ај вака според вас.

    И немојте да почнувате со педагози и психолози дека требало да си ја бркаат работата пошто во вакви случаеви не можат апсолутно ништо да направат кога има оркестрирано врсничко насилство од целиот клас врз некое дете. На детето не му преостанува ништо друго освен да се брани само себе како знае и умее. Ако е физички посилен може да ги наќофта говедата и да не им текне повеќе да зуцнат. Но ако е мирен, повлечен послаб физички нема баш многу опции како да се одбрани освен да смени школо што е додатен проблем по себе пошто дечково според описот веќе сменал паралелка и таму бил малтретиран. Која е гаранцијата дека ако смене школо нема и таму да му се случи истото.

    Едноставно има деца што се помирни и поповлечени по природа и баш таквите настрадуваат од психопатчина цинични и зајадливи што им е во крвта да се понашаат одвратно.

    Булингот нема ама баш никаков начин на кој може да се спречи во јавниве школи никаков.
     
    На cresa-jagoda и baby-star им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Апсолутно.
    Напишав на почетните страници дека не може да се мери психата на децата.Моќна работа е.
     
    На cresa-jagoda, BraBru и Polyincognito им се допаѓа ова.
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Женски
    Проблемот е дома . Децата се чувани во стаклено звоно. Со ништо не ги припремаат за надворешниот свет кој за жал е суров . Се им даваат. Имаат све на тацна. Се што ке посакаат. Повишен тон никад ,а воспитна боже сочувај . И на крај кога детето ке се соочи со реалноста и за жал суровоста во светот околу него, каде нема да биде се по негово,каде тато и мама ги нема и каде нема сите да го сакаат ( зашто реалноста е таа дека не може сите да те сакаат) која почнува во школо ,еве ке се случуваат за жал се повеке вакви случаи.
     
    На Pixi5, *Amethyst*, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Пишуваат дека посетувал психолог.
     
    На BlackNight, cresa-jagoda, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    2.929
    Пол:
    Женски
    Сигурно има деца што трпат многу повеќе булинг од него, ама на друг начин минат низ сето тоа, и пак се враќаме на истото, има многу начини а убиството не е начин. Смешно е што прашуваш кои се опциите и убеден си дека нема други опции. Штом за сите имало опции: соодветна помош, разумен разговор со родители, соодветно воспитание и повеќе оддалеченост од неправилното користење на интернет за негови години. Ај сите да земаат сега пример од него и да убиваат и решен проблемот? Извини Joe Goldberg.
     
    На sj *O*, simoncelicius, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    јак си ако се соочиш со проблемот, и го решиш
    не си јак ако се убиеш или убиеш 10 души
    ама тоа е..
     
    На ZAHRA, buba4e89 и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    22.783
    И јас бев малтретирана.
    И јас бев мирна и повлечена.
    Едниот од нив загина во сообраќајка на бедни 23 години. Не ми беше нешто многу жал ама никогаш немаше да отидам да го убијам сама.
    Зашто колку и да ми ствараа пекол, не сакав сама да си го претворам животот во поголем пекол. Оти па еден ден нив немаше да ги гледам веќе ама во затвор ќе скапувам со години.
    Така да ај со емотивниве причи ве молам. Ко божем на сите нас ружи ни цветаат, не сме имале муки со соученици, родители, дечковци, колеги...
     
    На MeowMeow, Pixi5, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    2.929
    Пол:
    Женски
    Да, не е исто, ама како и да е нема веза, психолог очигледно му нема помогнато, а на психијатар не знам дали даваат лекови на деца за анксиозност, депресија, биполарно растројство итн итн.. Не сум до толку упатена во тоа. Дали има некое инфо од психологот на детето?
     
  10. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека мој врсник, дете од 14 години може да направи вакво нешто. И тоа убило неколку луѓе, читав секакви коментари по тик-ток на видеата, за жал на вистината на пола од децата работата им оди на смешка. Се изначитав секакви коментари, не дај боже никој да го снајде вакво нешто, да видиме дали би се смеел тогаш... Отворете tt сигурно барем 2,3 видеа на fyp ќе ви излезат, ќе видите за што ви зборувам. Јас искрено најмногу би ги осудила родителите, сепак детето има 14 години, го знаат уште од кога постои, ако трпело насилство, било жртва на исмевање, имало промена во однесувањето и слично, требало веднаш да побараат помош иако прочитав дека наводно одело на психолози, било префрлено во друго одделение од една страна тоа океј, од друга страна зошто не им се издале педагошки мерки на децата кои вршеле насилство или не биле казнети со исфрлање од училиштето, и зошто доколку е точно, татко му го учел како да користи пиштол?? (и тоа го прочитав по некој портал). И тие си придодаваат информации, но генерално, во сето ова постои некоја вистина. Виновник колку и да се бара, извршителот е секако виновен, но за жал во оваа ситуација има повеќе виновници... најголемиот проблем лежи во детето, но свесни сме дека има и друга позадина тука...
    Учам со секакви деца во клас, и буквално од исмевање, до пцовки, тепачки, оговарање, се постои. За жал ниту класната нешто ја интересира што се случува надвор од часовите(на одмор), ниту сме ги виделе и знаеме дали во школото има психолог, педагог... па ете веќе 9 години поминавме, фала богу не дошло до вакво нешто и не дај боже некогаш да дојде, но во секое училиште треба да учат и други деца една генерација заминува, други доаѓаат , лошото може да се случи кога најмалку очекуваме и треба да се вклучи мозокот на сите и на вработените и на родителите и да се разговара почесто со децата. И да би рекла дека како некое непишано правило машките деца кои учат и се паметни се секогаш трн во око, зошто не знам... Сличен пример на насилство и тоа online насилство знам од минатата година од ученици од ОУ ,,Александар Македонски" во Аеродром кои еден период објавуваа видеа константно на tik-tok со нивен соученик, инаку дете кое премногу учи и беше секогаш меѓу првите на државни натпревари по математика, физика... Тука ќе престанам, не сакам на форум да откривам ничиј идентитет, само ова го дадов за пример, дека булингот е многу честа појава и треба еднаш за секогаш да се стави крај!!
    Најпосле би сакала да изразам длабоко сочувство на родителите кои утрово ги испратиле децата на училиште, а само по неколку часа ги дочекале во ковчег... Прежално ;(;(;(;(;(:u::u::u:
     
    Последна измена: 3 мај 2023
    На *Amethyst*, azelea, tanjaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.604
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    Има да се зборува за ова до бескрај.. Секаде е потфрлено, од сите страни. Воспитувањето оди во погрешна насока... а многу се трескаат колку се најдобри родители, најдобри наставници, се докажуваат, се натпреваруваат и ете што се случува.

    Сега и звук од камерата во училиштето слушнав и крвта ми зовре, ме облеа топлина. Тешко на сите деца што биле во тоа училиште, траума за цел живот. Жално, трагично.. нека почиваат во мир дечињата и возрасните кои настадаа денеска во оваа страшна трагедија..
     
    На azelea, CameliaMiller, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    Булингот не е океј, во целост се согласувам.
    Но денешнава генерација на деца имаат поглем проблем а тоа е нарцисоидност, денес многу тешко се прифаќа критика поточно навикнати се да ги тапша човек по рамо.
    Јас разбирам и како родител да го заштитиш твоето дете колку што можеш, но, тоа само мора да увиди во животот какви луѓе постојат и како да се справи со нив на цивилен начин.
    Јас сум сигурна дека за оваа идеја да пушти корења во неговата глава тој исцрпил од некаде инспирација, дали од некои криминалци од америка што го направиле истото или пак има некој поголем проблем дома со родителите на кои не му е обрнато доволно внимание. Детето е на почеток на пубертет и често се случува во тој период да се бунтовни гневни, и тоа што неговиот татко свесно го носел на стрелање и свесно чувал дома оружје кое најверојатно било на дофат е за осуда.
    Жално и трагично што дојде до овој степен, тешко на родителите кои си ги загубиле дечињата.
    Без разлика на тоа што е малолетен треба да воведат казна каде ќе биде осуден на ниво на возрасен човек, ова е едноставно премногу, ова е планирано долго време и не заслужува простор за прошка.
    Што и да се направи нема да ги вратат починатите назад, ама можат одадат заслужена казна.
     
    На sonuvana, Гладиоли и simoncelicius им се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    8.422
    Булинг не е само некој ако некогаш ти префрил лош збор. Па да речеме, и мене ми се случило, па еве ме сега, супер бе.

    Обичен булинг пример од Србија:
    - На девојче му беше изместена вилицата при физички напад од врсничка, која инаку долго психички го малтретирала истото.
    Надлежните само "поразговарале" со страните.

    Еднаш и Коста бил нападнат, му била расечена усната и тие тогаш само поразговарале. Училиштето не го завел овој случај официјално.

    Не е поентата само проблемот дека децата дека се премногу сензизитивни и снегулки, туку и тоа што ни е нормално насилство од секој вид во училиштата
    "Ни се десило на сите, ај" мајндсетот.
     
    На Harper, potatoface, *Amethyst* и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Овие ми се хит
    Да им се забрани Фејсбук и интернет, ОДМА
    39B8743F-CC0E-48F5-82D2-DC72B6366963.png
    треба у Ангел да го прекрстат, да
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.523
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Има и имало секогаш деца во иста ситуација како убиецот (ако е точно за булингот), има деца во уште полоша ситуација (пример без родители, со ниски примања, сиромаштија, со фамилијарни трагедии, итн.) ама за колку вакви случаи сме слушнале? Ако сите што трпеле било каков булинг тргнат да убиваат, нема жив човек да има по улици.
    Во психологијата за социопатите и психопатите се смета дека иако околината и околностите влијаат на таквите личности сепак има и генетски предиспозиции и кога тогаш се јавуваат кај личноста. А детево ко што читав не појавува каење и ладнокрвно ги испланирал убиствата. Нормален човек еднаш нема да пукне, а не толку луѓе и толку пати.
    И психопатите ретко кој може да ги препознае дури не се случи вакво нешто, видете само колку убиства на сопружници или деца има низ светот, а пред тоа изгледале како најдобри за тие што ги познаваат. Пример Крис Ватс што си ги уби двете ќерки и трудната сопруга и многу други.
     
    На Pixi5, M.B., Ahoy и 6 други им се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    А зошто упорно се збори булинг и тука и секаде по социјални мрежи?
    Не видов некаде да кажат официјално дека тоа му бил мотивот или не сум видела?

    Ако само си претпоставуваме дека тоа може да е мотивот и сме се фатиле да се објаснуваме и караме за тоа упорно, малце дебилно звучи.
    Прво да видиме барем дали стварно мотивот му бил булиг и дали воопшто го имало реално…
     
    На kim.k, sj *O*, RainbowButterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  17. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Точно тука лежи најголемата грешка во воспитувањето. Јас сум 9то одделение, жално е какви испуштени деца постојат, , секој втор е со цигара во рака, а до вчера во игротека роденден славеше, излегуваат до 2 часот по полноќ, за губење невиност да не правам муабет. За однесување во училиште исто... поготово со дел од машките со кои учам, страшно невоспитани. Родителите кај им се стварно не знам.
     
    На cresa-jagoda, baby-star, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    257.698
    Ни детето заслужи да биде убиец, ниту пак децата да бидат вака убиени.
    Што и да зборуваме сега, предоцна е, ама можеме како родители и идни родители да бидеме што повнимателни и да ги воспитуваме децата што е можно подобро.
    Во ситуацијата потфрлиле родителите, училиштето, општеството.
    Во школото оделе деца на богати и угледни луѓе, па така и отприлика е јасно зошто проблемот се туркал под тепих. Детето барало помош!
    Не му помогнале. Се случува масакарот.
    Време е со прстот на чело и да се запрашаме со какви вредности растеме деца?
    За овие деца е за жал предоцна.
     
    На Harper, potatoface, *Amethyst* и 25 други им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.714
    Допаѓања:
    13.456
    Пол:
    Женски
    Епа ај ако не дома да ги тепаме за да научат да трпат ќотек, и да ги исмеваме и омаловажуваме за да знаат дека и тоа постои во животот..
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.951
    Допаѓања:
    187.306
    На senjorita-v, sj *O*, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.