Имаше во видео, родител на дете што учело со него зборуваше пред камера. Пишуваше и по порталите, било жртва на врсничко насилство, поради тоа наводно интервенирале во училиштето и било префрлено во друго одделение(иако за мене попаметно би било да биле казнети оние кои го потсмевале), сепак доцна е да се зборува веќе. Оценката по историја изгледа е шлагот на тортата во ситуацијата.
Ај разграничи прво некои поими, меѓу другото и дека никаде не ти реков дека си криминалец. Апсолутно не, измеша некои работи. Модерното воспитување не значи да се научиме дека не постојат лоши работи во животот, не знам од кај го извади ова. Воопшто не треба да се почуствува спротивното од комфорт и бескрајно внимание во детството, бидејќи целото развивање на мозокот и психата се случува во првите неколку години од животот и доколку родителот тоа свесно го дисруптира настануваат последици. Меѓудругото, и погрешни компензаторни механизми за справување со тие падови кои ги споменуваш. Затоа и нема логика лишување од љубов, за да се "спреми". Дете израснато во здрава средина многу полесно ќе се справи со ова сѐ што наброја и тоа не е ни за дебата. Пукањето под притисок се случува поради милион фактори и не може да го сведеш на едно нешто. Повторно, не сум тука да едуцирам за волку опширна тема за која што има толку многу да се чита, само сакам да посочам дека не може во тема кај што се зборува против булинг истовремено да се прифаќа булинг кон сопственото дете.
Не знам зошто, но мислам дека поради вакви работи на балканов ќе се повторуваат одредени насилства бидејќи не одредуваат казна. Ќе убие некој човек, ќе прегази, 2 години затвор па може и порано ќе те пуштат. Укради од државата, ќе лежиш цел живот зад решетки.
и за тоа за оценката не сум видела никаде официјални само низ коментари. Мене не ми е многу веројатно 7 девојчиња 7мо одд да правеле булинг ама ај да не збориме предвреме. Ќе се каже точно и официјално
Точно пиленце Абе они не расудуваат шо е зафрканција Шо е булинг изгледа Треба по школи да се држат предавања и на наставници/професори Пошо стварно останува тоа у мозок Мене некад ми текнува као ме влечеа за алишта Онака седиш, пиеш кафе и ќе ти текне 1000 извини да добијам не помага Не ми го бришат од мозок тоа Треба така одма мењање паралелка, школо ако треба А не у истиот клас да седат Со кој мозок Не треба у видик да се
На темата сите да си ја прочитаме Процес од Кафка уште еднаш. За сѐ има причина, секоја последица дошла од некаде. И дали може да те казни истиот систем кој те довел до тоа што си, пошто системот го прават сите: индивидуата, родителите, педагозите, психолозите, родителите, другите ученици, нивните родители, скапаново општество итн итн. Оправдување нема, за никој од горенаведените. Сите си имаат своја одговорност. Дека за да убиеш некој треба да ти фали нешто стои, ама уште не можам да верувам дека овие луѓе што биле одговорни за него 14 години, пред се родителите, после и цел персонал од воспитно-образовниот процес, никој не забележал дека нешто не е во ред. Уствари верувам дека многу забележале, ама вработените во образованието еве и нас пред нос ни се и гледаме која интернтна маса се, и не можам никако да ги апсолвирам од некаква одговорност. Да си го стават прстот на глава родителите и оние вклучени во воспитно образовниот процес. Според мене родителите треба да се кривично гонети, детето да си го помине животот во институција, ама да си сносат последици и овие што секој ден по 8 саата го гледале. За што постојат класни, за што постојат педагози во школо?
Повеќе деца кои дадоа интервју пред камера рекоа дека Коста бил мирен и културен и сите спомнаа дека бил исмејуван, нон стоп провоциран и малтретиран. Децата валјда меѓусебно најдобро знаат какво било секојдневието на училиште.
Деца во основно школо поим немаат што е психолог. Педагог, мене ден денес да ме прашате, не знам што улога има. Сите тие титули стоеја само ко закана дека ќе завршиш кај нив ако направиш нешто лошо. Деца се многу комплексна тема, не верувам дека има еден конкретен точен одговор. Не знам за вас, ама јас до пред пет години бев во школски клупи. Се носеа боксирачи, се носеа ножеви. Ако некого го фатеа, што е реткост, едноставно со некој укор поминуваа, кој на крај стоеше во сведителство. Да имаа пиштоли по дома, верувам дека можеби и тоа ќе носеле. За пола од средните училишта во Скопје, посебно што се подалеку од центарот, никој никаков ред не води.
Не, не...само втор случај за многу кратко време, можеби и трет...сторителот е млад малолетник, по никаков закон не може да му се суди...ама многу вака свесни и информирани сторителите. Нејсе, комплетно отсуство на кривица е многу страшен индикатор...за неколку работи. ..
Пред едно 15 години у основно пребација у 8мо едни двајца копиљаци од друго школо од општина кај нас, оти едниот носел на татко му Алфашкиот пиштол на школо, а со другиот заедно тепале наставничка у школо ради оценки.
Како тоа веќе го квалификувале? Врз која база? Врз овие информации што ги прешалтуваат моментално низ медиа? Детето е моментално на невропсихијатрија и ќе го следат експерти следните 48 часа, па ќе излезат со конкретна дијагноза. Читав гледање на хрватски психолог ли психијатар беше, вели точно детето имало списоци и оружје, ама не ги убило тие на список, сепак пукало од гнев по децата. Детето било длабоко скршено, кршено психички со години. Било прецизно, нормално е да си прецизен кога си трениран. Не е толку едноставно да се даде дијагноза, за жал не се само оние 5 симптоми Гугл што ги дава. Којзнае уште колку битни ситуации има за кои ние не знаеме, колку други се само шпекулации. Да не заборавиме дека сепак се работи за дете кое исто било под шок без разлика што е чинител на делото, неговото постапување и се околу тоа, исто како и оние што се смееле на кои се чудат, едноставно е своевиден trauma response. Тоа дете допрва ќе се следи и ќе се поставуваат дијагнози. Апсолутно не тврдам дека не е психопат и апсолутно нема оправдување и сум да одговара за делото. Исто, нигде не прочитав дека некој рече овие што го булингувале арно им е, боже мој колку вадите се од контекст. Без разлика никој не заслужува да заврши така. Ама сум и за тоа секој што врши булинг да биде соодветно легално санкциониран и со редовни разговори кај експерт како и нивните родители. Вие што ги романтизирате “воспитните” на децата, сигурно и на мажот дома кога ќе ви врзе шамарче оти не сте му направиле ручек му простувате на воспитната.
Ако внимателно се преслуша снимката, се забележува дека звуците наликуваат и на петарди - спротивно од преувеличениот филмски звук на пукање пиштол кој што повеќето го познаваат од филмовите, веројатно мислеле дека е некаква зафрканција (кога бевме средно имаше некои правеа такви мајтапи со пиратки, петарди и сл.) Како се зголемува напнатоста и се слушаат сè повеќе врисоци, смеењето запира. Тие се наоѓале очигледно во друга просторија, не гледале со очи што се случува па да знаат дека некој умирал во тој миг.
Ова на Гош погоре некако многу така звучи. Патем, не знаеме ништо за жртвите за вака да ги карактеризираме.
Да така е. Со повишен тон и воспитни дома до релниот суров свет надвор. Во школо со воспитни за да слушаат! На работа шефот со воспитни до поголема работна мотивација! Дома мажот со воспитни за по 3 оброци на ден! Тоа е решението.
Ова е насобран гнев,болка,фрустрација собирана долго време.Ова е повик за помош на кој никој не обрнал внимание.Ова е тој розев превез што мн родители го ставаат на очи и не признаваат дека детето им има проблем.Ова е глувост кога некој бара помош и внимание. Ова е безрбетноста и неспособноста на педагози и психолози низ школите. Не ги потценувајте децата,ниту нивните чувства.Лани во Скопје дете се уби поради вакви соученици.Се фрли од кровот на школото и остави писмо поради кого тоа го направи. Завчера во Црна Гора татко претепа були кој ја малтретирал керка му со месеци во школо.Човекот побарал помош од школото но никој не изреагирал,па сам превзел во свои раце. Огромна огромна трагедија. @Feminka22 никој не го брани,ниту го нарече јадно дете.Ама треба да се согледа случајот и од двете страни за во иднина да не дојде пак до истата трагедија. Нема апсолутно никој право да уништува туѓ живот.Никој нема право да ти ги кине книгите во школо,да ти соблакаат гаќите и ти се смеат додека те снимаат,да те навредуваат,да ти кубат косата,да те шутираат и идеш дома модар,да ти повлечат столче кога сакаш да седнеш и што уште не. Ако од нешто се плашам кога се децата и школите во прашање е токму ова.Скоро на керка ми некој во ранец и ставил писмо со огромни букви ТИ СИ РУЖНА.Она не ми кажа ништо.Да не го најдев самата она од срам ке ќутеше(има само 8 години).Кога ја прашав што е писмото ,плачејки и агресивно ми го зеде од рака.Место да се срами тој што го напишал она осекаше срам и нелагодност. Учителката нејзина се навреди бидејки сум кажала за случајот пред сите родители.Пази молим те…требало само нејзе.Нормално дека не се изпозамара ама ич.Епа денес е писмо,утре може ке ја истепа некој…Школото ќути..Епа јбг Ако е занемарлива малтретажата во школите тогаш зошто и дома не е?Зошто кога жена ке си го убие сопругот после години тепање ја правдате?Избегала од насилство нели? Бил ли тоа начин?Не бил Пријавувај во полиција к*е ги боли Тука пријавувај во школо и тие к*р ги боли…И се случува да сите се дојдени до степен да си ја земат правдата во свои раце… Распад систем на сите страни.
Ама сам сакал да оди во тоа оделение зашто имал 3 другари таму. Ама пелтечел и затоа го зезале најмногу. Родителите од него очекувале максимум, затоа и го запишале во тоа школо, каде што учат децата на видни луѓе, пеачи, доктори, новинари, се мој до мојега (инаку жртва е ќерката на тренерот на ракометниот Црвена Звезда), и го терале да биде најдобар во се, ама се заљубил и почнале да паѓаат оценките, добил единица.. претпоставувам дома притисок, на школо булинг.. татко член на стрелашко друштво, оружје на дофат, лоша комбинација.
Сум била жртва на булинг во основно сите што биле знаат како е...Тие деца кој го правеа тоа беа деца на угледни фамилии најчесто. Џабе што се жалевме на наставници и психолози ништо не се превземаше. Пример од моето оделение имаше еден кој скоро сите ги малтретираше, дете на богаташ пред својата мајка ме истепа ме турна во трња женава само изговори " Немој х мамичка немој така" јас целата изгребана плачам таа смрдла не трепна. Е сега сакав да му вратам ( не да го убијам) ама да го истепам го начекав во школски и со сета сила го турнав наземја додека стана избегав. Му се смееа и дојде госпожата му мајка да се расправа. Пред мајка ми и пред нејзе и кажав што направи и дека она не превзема ништо па мајка ми иако нели "обичен човек" и рече уште еднаш да ме допре син и ќе и ги собере сите телевизии и институции пред врата кој сака нека биде. Се собраа и други родители на малтретирани деца од негова страна и собра опашката. Од тогаш не ме чепна. Секојдневно иако и јас бев жртва на булинг бранев и други деца кој беа. Многу одвратен период од детството ми е основното. Многу од оние булинг деца се денес познати личности кој ми се блуе кога ќе прочитам нивен статус како осудувале булинг..
Учете ги децата да не вршат булинг. Утре некој во афект ако нема пиштол, нож ќе земе и ќе направи беља. Ве читам вака. Иста приказна, сите сме биле под притисок од невоспитани дечишта на богати родители. Им се прогледува низ прсти. Абе стопати оди им во школо, педагог, психолог, јави се во сектор за образованите во општина, пожали се од директор, наставник, јави се во просветен инспекторат, јави се на медиуми, затоа што тоа е школо, а не мачилиште.