Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.331
    Само затвор доживотен е решение за мини психопатчево.
     
    На Pixi5, sj *O*, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.247
    Допаѓања:
    50.831
    Пол:
    Женски
    Го ставиле на оддел невропсихијатрија?
    Колку време може да биде таму? И што понатаму?
    Немој за некоја година да го пуштат на слобода :worried:
     
  3. TheFiend

    TheFiend Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Eden novinar sega kazuvase deka po site propisi i zakon detevo treba doma da go pustat :D
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    23.114
    За Драган, чуварот читав стварно убави зборови. Деца, родители, сите го сакале.:u:
     
    На Pixi5, Billy Idol, sj *O* и 12 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.193
    Допаѓања:
    258.413
    Кате и психопатов и убиените деца се жртви. И тие што вршеле булинг не заслужиле вака да завршат. Никој не заслужува вакво нешто. Ама прстот треба да се впери на друго место.
    Детето барало помош. Сега читам интровертер бил. Не бил од што сака туку од што бил малтертиран и исмејуван. Но останале слепи и еве ја последицата. Невидена трагедија во која жртвите се деца.
     
    На Harper, cresa-jagoda, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Колку и да е тешко да се зборува за детето кое направило такво нешто со емпатичен тон, реалноста е дека е испуштено од раце и му требала помош.

    Џабе зборите дека многу деца се заебавани на школо и им и е тешко, па не убиваат, но ниедно дете не е израснато во исти околности, со исти родители и нема ист карактер за да ја има „формулата“ да дојде до степен да се справи со своите проблеми на ваков начин.

    Како прво, таткото кој вежбал пукање со него... немам коментар, воошто не треба 13 годишно дете да држи пиштол во раце. Како друго, сигурна сум, сигурна, дека поминувал многу време играјќи видео игри затворен во соба и кај никој тоа не вклучило аларми да размисли за квалитетот на како расте тоа дете и колку е океј за неговото ментално здравје што живее така. Како трето, децата кои вршат булинг во училиште кои исто така се испуштени од раце и се во болка, но го искажуваат тоа на тој начин. Како четврто, наставниците и родителите кои никако не се доволно едуцирани да препознаат таков проблем кај своите деца и да се залагаат за негово решавање.

    Како петто,

    148eb086922f05afabc67764cc183567.png

    Корелацијата е тука.

    И така. Праќам сила и сочуство до родителите на загинатите деца како и сите кои тој ден изгубиле некој. :l:
     
    На Waverly Raven, do-re-mi, Lella и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Буквално најлошо од се е што настрадале невини дечиња колку што разбрав и јас. Деца кои воопшто не биле во никаква расправија со детето претходно. Значи пак ќе кажам, иако му била укажана психолошка помош како што пишуваат, сепак се тоа било недоволно сфатено и не било доволно обратено внимание, психолошката помош не била доволна очигледно. Во случајов била потребна и сѐ уште е неопходна медицинската помош, особено од специјалист психијатар.
     
    На Victorian, simoncelicius, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    27.331
    Знаете со бранење и сочувствување на психопатов им давате елан на новиве генерации? И ако помине минимално дека се повеќе ќе фати замав ова пукање низ цел Балкан? Бетер од УСА ќе сме пошто децата ќе се Бог и батина. Има луѓе психопати има и имплусивни ликови што во момент им доаѓа блиц идеа и очигледно си ја реализираат.
     
    На Pixi5, azelea, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    9.051
    Пол:
    Женски
    Колку сме ние возрасните пореметени, тешко на децата со нас. Како е дозволено новинарски екипи да испитуваат малолетни деца од основно школо за оваква работа, за на телевизија, за кликови, каде е новинарски кодекс тука, каде е одговорноста? Како? Возрасни безмозочни амеби, па од кого да учат бре деца, од кого? Лудило.
     
    На sj *O*, Waverly Raven, LiquidLuna и 12 други им се допаѓа ова.
  10. notloyal

    notloyal Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    За истово правевме муабет со моите дома. Паралела ќе направам со лудово возење по булеварите. Сите кои до сега усмртија стотици луѓе, или слободно шетаат или се минимално осудени. И понатаму лудо се вози и секоја недела има по една сообраќајка. Исто ќе биде и со ова доколку помине неказнето и доколку не почнат сите школи да си преземаат мерки против булингот и агресивните ученици. Ова е страшно, но да не заборавиме дека од страшното може да има уште пострашно.
     
    На GirlRose и simoncelicius им се допаѓа ова.
  11. UnPapillon

    UnPapillon Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    195
    Како тие деца ќе се вратат во тоа школо после неколку дена или недели? Како ќе седат во таа училница, како ќе се движат низ тие ходници? Траума до крајот на животот за сите, но, посебно за родителите на жртвите. Да ти е страв да станеш родител, да се плашиш да имаш дете, да го пуштиш во школо. Некогаш барем школото беше безбеден простор. А, сега? Во која насока одиме. Страшно.
     
    На Pixi5, sj *O*, Billy Idol и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    заматени им се лиовите
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Булинг е доста поразвиено и покомплексно отколку некој што прави ваков масакр. Пред да ме сфатите погрешно, не ги споредувам тежините на двата исходи, но штетата е далеку поголема на долг рок со булингот.

    Со психичката и физичката тортура (тепања од дома за глупости, булинг во школо, силувања, семејни насилства), се уништуваат илјадници луѓе секој ден.

    Еве поради денешниов настан, паднавме во муабет за другар од основно, кој сега му е колега на работа на еден познаник. Детето во основно беше изложено на секојдневен булинг од локалните мангупи, па и од женските (тие попопуларните). Беше тепан, влечен, му беа уништувани книги, прибор, кажувани погрдни
    зборови, навреди. Се гледаше малку дека е да речам природно помалку интелигентен од останатите, ама со тек на време почна повеќе да забегува, со секое наредно плачење, и страв што ќе му се деси во школо следниот ден.

    Сега ми кажуваат на работа дека правел ептен неповрзани муабети, глупости, грешки во работата, чудно однесување, што е последица на булингот. Е сега никој не го есапи него за човек бидејќи е ненормален нели, и ниедна институција ниту пак човек не му помага. Ама да му текне да се самоубие или да убие некој, ќе биде или пичка во душа, или убиец.

    А такви како него се еден куп, сигурно и вие познавате некои кои се смениле на полошо поради тие психички последици. Постепено, тивко уништување на поединци во општеството, на подолг рок е поголема штета од епизодни масакри и слично. Убиство е нешто најлошо, ама па секојдневен булинг на 5 од 20 деца во клас, на долг рок дава нестабилни луѓе, потенцијални криминалци кои се опасност за секое општество. Затоа велам дека штетата е поголема од она што ние како луѓе не го приметуваме обично.

    Не потценувајте луѓе во афект, а поготово не оние на кои им фали некоја жичка во главата. Ама некој ако е нормален, не е интересен за булинг нели.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    9.051
    Пол:
    Женски
    Не, пред малку на порталот на Нова баш сочно си изнаприкажа новинарката со девојче, не ѝ беше заматен ликот, колку од убиените ги знаела, каков бил убиецот, каде ѝ се сега другарите, дали се дружеле, колку пати пукал. Мераци, еден кафе муабет си направија.
     
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.956
    Пол:
    Машки
    Извинете шо ќе вметнам мим, знам дека е сериозна темата, ама ова перфектно ги опишува училиштата.

    7er22f.jpg
     
    На sj *O*, Gosh, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа што слушав еден психолог на РТС вести како објаснува наводно како една од причината за ваквиот чин бил повлечениот карактер на детето. И што да правиме сега, сите повлечени и интровертни деца имаат потенцијална психопатологија ? Нема ништо лошо во тоа да си интровертен и не треба уште толку да се изложуваат на мета таквите деца.
    Друго, невниманието на родителот со оружјето го осудувам, затоа што татко ми е воено лице во пензија и јас и ден денес не знам каде го чува пиштолот, иако сум возрасна личност.
    Постои нешто што се нарекува "култура на насилство" што суптилно ни се проткајува низ секојдневниот живот, не сме ни свесни колку многу сме изложени на тоа.
    Но, се работи и за недостаток од критичко мислење, младите дигиталните информации ги конзумираат без да имаат време да ги обработат, најчесто преку социјалните медиуми. Распонот на внимание во просек е осум секунди, заради тоа бескрајно скролање.
    Системот и институциите дефинитивно се трули штом се случуваат вакви ужаси.
    Повеќе фактори допринеле до ова што се случило, и не е само индивидуално туку и колективно...
     
    На Pixi5, Waverly Raven, Billy Idol и 9 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.121
    Допаѓања:
    118.062
    Пол:
    Женски
    Дома ќе го пуштат за неколку дена. Нема никако да одговара дека нема навршено 14 години. Кажаа и на тв прееска.
     
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    7.958
    Пол:
    Женски
    Во меѓувреме може да се смени законот па да одговара?
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    не
    ама непишано правило е дека најтивките се најопасни
    и горе пишав. Искуство од наше полициско лице
    пошто гледаат со кого имаат работа
    тој шо е тивок, верувајте ми дека во главата му е гласно
    има разлика меѓу ќутам пошо сум интроверт и ќутам пошто не ми е добро во главата
     
    На Victorian, Angie1432, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.121
    Допаѓања:
    118.062
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали може така уназад да се рачуна. Ама ако може нека гласаат одма и нека одговара ѓубрето.
     
    На VDT2906, Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.