ова малово психопатче до таа мера било извежбано да сите жртви со само еден испукан истрел успеал да ги погоди, мирна рака, ни грам паника ниту страв, а вие се изнапишавте реферати за булинг чуда, верувам дека списокот си нема благе везе со булинг од сведоштвата, што му згрешил ондак типот од обезбедување што го убил? Кажуваат дека биле блиски и си разменувале пораки. Како што пишувате тука испаѓа дека секоја втора личност барем еднаш во животот била жртва на психичко малтретирање… што не посегнавте по пиштоли и бомби бе? Лелее згрозена сум максимално желудник ме здоболе
Не мора да значи. И екстроверти и нарцисоидни социопати се во листата на сериски убијци во светот. Најстрашно ми е како било се внимателно испланирано до детаљ, не се работи за афект или импулсивност, туку било мислено долго и темелно, со подготвена тактика... Каков е овој свет во кој деца се способни на тоа...
Значи само ако се самоубиеш тогаш е валиден доказ дека си бил жртва на булинг? Јас пак многупати имам читано за жртви кои бесот (што тлеел) подолго време го истураат врз оние од кои биле задевани. Секој е различен и секој различно реагира, поднесува и не знаеме никогаш како некој може да постапи.
Малиот 2 пати пријавувал булинг и никој ништо не направил. Возрасните се говна. Не е ни тој крив, ни тие што ги убил - и на двете страни животот им е згаснат.
Не, не важат ретроградно законите. Тоа ќе биде нов закон, а делото е сторено пред донесувањето. Што сте запнале со тој затвор не ми е јасно. На детево му треба лекување. Дома нема да е сигурно. Мислам дека ќе го стават во установа, што е и правилно.
@nextredstyle И така сме навикнати. Бил жртва на булинг, се самоубил, тажни коментари 1 ден и после назад во нормала. Ни некој одговара, ни се менува нешто. И сега кога некој не посегнал по себе, туку по други, неприфатливо ни е да биде тој жртва на булинг. Не ни е по стандарниот наратив со самоубиство. Тоа ми беше поентата.
Оди кажи им ова на родителите на убиените деца. Животите им згаснаа ради него.Крив е. Него ќе го пикнат во установа и после некое време ќе искочи. Мртвите нема да се вратат.
Штета. Би требало да одговара кога би бил психички стабилен, ама очигледно со намера го направил делото баш пред да биде 14 години.
А затвор, а установа Мора да одмори неколку години негде, Да полежи малце. Сфаќам дека го малтретирале, ама и неговите ако биле курац ипол и го научиле да пука, сигурно можеле да го префрлат во друго школо на крај краева. Не е решение да направи масакр. Ептен му се флипнало нешто на детево. Сепак уби деца. Деца. Плус возрасните…
Психопат? Како знаеш? Го виде? Знаеш дека психопатско однесување е и булинг и толеранција на булинг? Малиот е само жртва на системот, лошите родители и сите возрасни кои не го заштитиле него и неговите другари. Немал поведение на психопатско однесување кое се прати на цела траекторија, а не на еден настан. Додека имаш поединци кои во континуитет уживаат во малтретирање на други или игнорираат - пушти, деца, нормално е. Знаеш колку е комплексен детскиот ум кој ФИЗИЧКИ не е формиран? Мистерија е за психолозите, ама ние заклучивме - психопат е. Ако психотеророт е тежок за возрасните (погледнете си во секојдневието), тек за едно дете? За таа возраст суштинска е потребата за припаѓање и признание. Ужасно е, за осуда е, ама ако сакаме да превенираме, треба да разбереме каде е грешката. Каде го пишува ова дека е најчесто? Обата случаи се присутни еднакво.
Да, насекаде го има ова, за жал… Страшно во каков свет живееме. Деца убијци, бомбаши самоубијци во мол, аеродром, дојави за бомби во школи. Од лошо-полошо
А дали ти прочита зошто мета му била учителката по Историја? Или и таа му вршела булинг исто ко децата? Прочита ли дека бил одличен ученик со многу награди и признанија и дека последно што се случило добил единица по историја затоа и ја јурел наставничката да и упука куршум, ама утре некоја друга не за единица ами за повишен глас ќе ја упука слична ваква будала психопат. За сите што мислат дека не е криво детето им треба дефинитивно стручна помош
Не треба. Ама ако си рационално човечко битие. Ама ако си толку ментално истолчен, што од дома, што од школо (кај што немаш избор и мораш да одиш), каде што бараш помош, а сите се глуви... не знам? Тешко рационален останува возрасен, а не дете. Демонизирање на дете никогаш не ми звучи пријатно, затоа што дете не се раѓа лошо. Ни оној што е bully, ни оној што е bullied. И сите различно ќе постапат. Имав девојче, ја малтретираа во ненормални граници, знаеа наставници, знаеа психолог и педагог, знаеа сите. Тројца ја браневме, ама 30 ја малтретираа. Еден ден "пукна" и почна да ги гаѓа со што и' стигне при рака. Да имаше пиштол може и ќе пукаше, среќа имаше тетратки, лењири, моливи. Заработе укор, а зборувам за девојче што НИШТО не правеше, ја малтретираа зошто беше повлечена, "бубалица" и зошто не им враќаше никако. Како хиени и' се нафрлаа, од погрдни имиња, до фрлање ранец преку прозор, кинење тетратки, фрлање во канта, крадење на наочарите и вреѓање за физички изглед. Ја малтретираа од забава. Знаеш, тие никогаш не добија укор. Секогаш се сведуваше на "родителите да разговараат дома". Епа да разговараат родителите дома и да ги воспитуваат, нема да бидат булис. Како бе не се сите деца булис? Знаеш, тие клошари, денес се успешни луѓе, некои на раководни позиции и се изживуваат со тие под нив. Таа е невработен магистер. Затоа што не успеа никогаш да стекне social skills. Затоа што не може да оди на интервју за работа, толку е несамоуверена што не може ни да зборува. Потекнува од обично семејство. Не се сиромашни. Не се богаташи. Обични, нормални луѓе. Тоа девојче животот го помина по психолози, ама не беше единствената што требаше да оди. Оние кои ја доведоа да стане толку асоцијална, не добија никаква казна, опомена, не сфатија што направија затоа што и денес прават. Да не се чудиме. Тоа што едно ДЕТЕ го прави насилник, е прво домашно воспитување, а второ круг на врсници, што е нормално, што е прифатливо. Детево е трајно оштетено многу пред месецов, настанов. Дали насилните према него заслужиле смрт? Не. Уште помалку па невините жртви. Ама не демонизирајте дете, чии проблеми биле заќутувани, заташкувани, отфрлани. Не е демон. Само дете кое за жал живеело со ултимативно глупи и идиотни родители, во комбинација со други врсници од такви родители, во комбинација со немоќен кадар пред истиве. И да, пред да се чудите како било во "наше" време, овие деца се деца на луѓе родени цц 1980. Тие родители се. Каде е грешката во таа генерација прво, па после во оваа. Малиов е секако осуден за навек. Крив е. Крив е секако. Ама колку што имам жал за насилникот на Пале, толку имам жал за нивните родители (на убиените насилници). За насилниците имам жал, затоа што се само деца. Во сите овие жртви, и Коста да се вброи. Жртва е, не на себе, на целиот проклет свет и систем.
Значи со овој коперациски тон - по дома. Јас сочувствувам со родителите и барам причинител, а не само резултат. За секаква осуда е убиството! Ама директорот и педагогот на одмор да ги пратиме? Што правеле?
Ова е голема порака за сите,тие истите родители треба да се запрашаат каде згрешиле што нивните деца константно вршеле булинг врз детето,вината овде е на сите страни,сите потфрлиле.