А, родителите? Што буквално пред нивни очи планирал, татко му на 13 години го учел да пука. И, да, психопатија е да пукаш во толку деца без никакво чувство, ладнокрвно. Не е дека бил емпатичен во тие моменти.
А кога више толку се замарал да планира, можел да испланира само задевачите да ги тргне на страна и нив да ги изрешета. Или така немало да биде интересно, акционо, со адреналин, со она чувство дека околу тебе деца врискале, се плашеле а ти ко некој мафијаш минеш храбро низ нив.
Ок, прочитав, и? Знаеш дека сето е процес кој овие работи не ги гледа како "факти". Ако го извриш делото - де факто е крив. А зошто го извршил делото знаеш што значи? Ако ти мене сега ми упати навреда како тоа дека ми треба стручна помош, без тебе да те навредам јас зошто ти си под емоции, кој е крив? Ти или јас?! Не си вади на мене глупости те молам. Секое убиство е за осуда и тука останува се, до следното убиство додека се чудиме пак ко бидали - еее шо му стана... е шо му стана де? Проблемот е комплексен, а тука си играте тетки што плачат по погреби и ги возбудува трагедија за да лелекаат со леле како бе, леле будала, ненормален, а одма у следен чекор правите булинг - ДЕКА ТРЕБА НЕКОЈ ДА БАРА СТРУЧНА ПОМОШ. Ниџе логика... малце подалеку од носот да видите. Малиот е жртва на неговите и игнорантноста на училиштето.
Класична реакција на акутен стрес е. Може да ти се деси да се смееш на погреб на близок. Не од среќа, секако.
Малку покомплексен е механизмот на емпатија, а во моменти на психоза... сори... не ја очекувај. Повеќе го препознаваме сожалувањето и симпатијата. А друго, дома ако бил гмечен да е беспрекорен во очите на неговиот успешен татко, знаеш шо значело ова за него? Крај...
Ако ги тргнеш настрана твоите емоциите и уште еднаш добро прочиташ што сум пишала ќе сфатиш дека тебе не те посочив туку сама си се пронајде во последната реченица која одделно од текстот ја напишав кој не се однесува на твојот цитат, твој проблем ако се пронајде, јас никому лично не посочив ниту навредив член, впрочем и сама пиша дека сите се за осуда, според мене на прво место родителите што створиле психопат и го ‘хранеле’
И ова е училиште каде што учеле деца на битни фаци исто како и училиштето кое учеше детето кое се самоуби поради булинг. Пишав погоре и мене ми беше вршен булинг од деца на " големци" зошто знаеа дека ништо не им можат. За разлика од другиве "обични" ученици кој се суспендираа или бркаа од училиште за сличен проблем. Ако почнам да пишувам што се не правеа мамините и татините деца крај ќе нема. Истиве тие булинг деца сега се на битни позиции, некој од нив и познати фаци и тоа заради нивните родители кој секогаш кога имаше проблем со нивните деца се закануваа и не смееше ништо да се превземе против нив. Деца на доктори, адвокати, бизнисмени...
Сори ама и ова е претпоставка само. За првиот дел те читам и се расфрлаш со разни психолошки термини. Додатно се прават разно разни психолошки анализи на дете (за кое велиме дека има доста покомплексна психа) од лица кои не се психолози. Може во главата да си правиме милион варијанти, слободно. Бил малтретиран, океј. Што го малтретирал стражарот?
Нека не е психопат бе Лилит. Еве со убиец ќе го ословам, заради што тоа е. Тој убиец уби 2ца возрасни луѓе и 8 други деца. Готово. Ги нема веќе. Не ги турна на под, не им удри чврга, ги застрела ладнокрвно. А со другиве деца од класот што праиме? Што е со нивниот живот? Што е со фактот дека на толку млади години просведочиле убиство и пола нивен клас го нема? Јас сум пореметена што само го прочитав ова, а не па да го доживеам. Што е со тие деца што ќе треба повторно да зачекорат во тоа школо? Што е со децата што се на интензивна со дупки во стомакот и шаките? Пошто детето што го дебатираме точно знаело каде пука. И да преживеат, како тие деца ќе имаат нормален живот? Ама не, ајде да се фокусираме на убиецот. Имал потреба да припаѓа некаде. Ич, ама ич не ми е гајле, како да ти кажам. А за булингот и негова превенција и санирање ќе почнам да пишувам кога ќе излезат со официјална изјава и доказ дека убиените го малтретирале него, а не невини деца што случајно му се нашле на пат.
Се "расфрлам" можда со причина, си помислила? Или? Мислев ти строго со факти се бавиш, не претпоставуваш. Вучиќ откри нешто во неговото обраќање, во негов стил, а останатите фактори зборат сами за себе, кој бил татко му и стилот на "јачање". Чуварот бил афект или колатерал. Многу си буквалиста...
На ова додај и деца на партиски војници, на кои не смее да им се изрече педагошка мерка, само затоа што се од иста партија со раководството на училиштето. Или во најлош случај, најслабата мерка, колку да се рече дека е превземено нешто.
Претешка е темава, како да свртиш, пак е претешка. Многу црно-бели мислења прочитав, а и некако многу претпоставки што било и како било. Никој на темава не знае како било и што било, ниту што него му се мотало низ глава, ниту како стварно се однесувале со него. За едно само сум сигурна, не можам да сметам за нормален и одговорен родител кој поседува огнено оружје и не помислил на начин да спречи детето да дојде до него. Многу размислував на темава и се друго ми е во сива зона, ама за ова стварно не ми влегува во глава каков човек и родител треба да си да не помислиш на последиците што може да се случат. Како што реков, враќање назад нема, ова дете секако дека треба да ги сноси последиците за тоа што е направено, и не, не е доволно само тоа "обележан е за цел живот" зошто секој што има во себе да убие 8 луѓе не може да е функционален човек. Затоа си треба институционализација на детево, не може само епа добро дете е. Секако одговорност и тоа дебела одговорност треба да си сносат родителите, како и сите кои требало да обрнат внимание што се случува со децата во школо. Не знам кај ја згрешиле/згрешивме работата низ времето, ама школо барем по теорија треба да е прво воспитна, после образовна институција. Е сега зборуваме за казни, зборуваме за ресоцијализација и помош, ама прадоксот е, кој систем ќе го ресоцијализира или оправи детето, кога системот е тој што функционира на таков начин што дозволува да дојде до ова?
Да де, што се изживуваат врз хигиеничарката, оти им се може, оти од деца не сносат последици, оти од деца не се воспитувани. Детето bully станува возрасен були. Ама ако има позиција, тогаш е само "строг", "лош". Никако не е неемпатично гомно. Да се врати моќта на наставниците да ВОСПИТУВААТ, пошто основните и средните се ВОСПИТНИ И ОБРАЗОВНИ институции, а не родителиве да имаат ултимејт право како нивното дете е спешл сноуфлејк и ништо лошо не прави, наставникот го мрази. Не знам ни каде да почнам. Толку сум вознемирена денес што немам зборови. Што лично пред мои очи на деца е давано оружје... син на татко. И кога ќе речев - ај бе голема работа, не филозофирај. Не, не да филозофирам, тоа родители гниди да газам ми иде. Не деца.
Кате, сега ќе кукаме или ќе сфатиме дека возрасните ги сјебуваат децата за да не се деси пак? Мислам со описиве ако сакаш да ме трогнеш, не мора, ги замислив и онака без да пишеш ти и еднакво мачно и жално е, а само ми потврдуваш дека сме некрофилска нација која не емпатизира, туку мазохистички ужива во вакви црнила. Можам и чувството да ти го опишам - ко усвитена топка која ми падна во стомакот. Ако сакаш ќе кукаме... Јаките ние чак официјални изјави ќе чекаме за да отвориме јавна расправа на фемина. Дај уозбилете се.
"U razgovoru u prisustvu Centra za socijalni rad, dečak je izjavio da je bio ignorisan od strane društva u kojem se nalazio, i da je kroz svoj društveni život bio izopšten od komunikacije i igre na odmoru ili ekskurziji, i da ga je to navelo da kroz svoje misli i radnje učini to", rekao je Milić. Да се цитирам кога више стигнаа "официјалните изјави":
И ловење вештерки ми е врвот. Ок, Коста е крив, никој не мисли дека некогаш ќе може да се реинтегрира. Сурово мислам дека требало да сврти оружје кон полиција и да го ликвидираат. Ни за тоа дете нема да има живот, ич не се секирајте ако тоа ве секира. Него, како не ве секираат причините, оти во секое школо бар по неколку Коста има, тоа ме чуди. Прашањето на превенција... и да го утепаат ова дете денес нема НИШТО да се смени за милиони други живи деца, а за оние мртвите секако нема. Што и да му направат, на родителите децата нема да им се вратат... а од вас гледам само крволочност, одмазда. Со тој памет, до следниот пат.