Ова дете имало за жал пристап до оружје. Во Скопје отсекогаш ги имало ваквите настани, буквално убиства, само со други предмети, нож, палка, камен, го турнал паднал на глава во стативата се удрил, го претепале до потрес.... Ме потсети со претходниот пост на едно дете од моја генерација. Слично како девојчево што го кажуваше, беше дојден од страна, не беше од Скопје, и озбилно си го јадеше стресот од голем дел од генерацијата. Еден ден на сред час го провоцирале и му забоде шестар во рака на тој што го зезал. Раката можела лесно да е глава, око, артерија. Муабетот ми е да не се лажеме дека ова го нема околу нас. Да, може нема масовни вакви екцеси, ама поединечни случаи колку сакаш.
Јас како што читав/слушав порано детето било носено на психијатар од страна на родителите. Значи проблемот е како што кажав не прибирање во соодветна установа,дури кога е и неопходно. Детето е син на доктор,што ќе кажат комшиите ако го сместат во установа ? цц Рибата смрди од главата. Болен човек не можеш да го обвиниш оти е болен.
https://a1on.mk/region1/video-novi-...rad-ni-otkri-zoshto-nosel-4-molotovi-kokteli/ https://a1on.mk/region1/video-negov...zoshto-sum-na-listata-ne-go-poznavav-ubiecot/ Тоа дека сакам да те трогнам, дека сме некрофилска нација, која немала емпатија и мазохистички уживала во црнилава нема ни да го коментирам. Стварно не ми е до расправање, не на ваква тема и не денес.
А бре може некој дома има Коста или другар на Коста, аман. Секогаш чедно сакаме да мислиме за се наше драго, ама дали е така?! Леле ова со четов сега го видов... ми се згади. За вас нормално е ова "Ај кога ќе моеш препрашај ги децата..." ДЕЦАТА кои само што претрпеле траума! Ебате емпатијата! За што на тазе рана да чепкаш деца за да ти задоволуваат тебе љубопитство. Мене ова не ми е нормално...
Па со причина не се дешаваат масакри секој ден, со оглед колку деца се и малтрерирачи и малтрерирани. Не, нема да се "охрабрат" да пукаат. Малце повеќе заеб треба. На пример клошари родители, што ги имал Коста. Не е баш вообичаена семејна активност да си носиш 13 годишно дете во стрелана. За Србиве знам дека се еднакво мрднати како америте за поседување оружје, нека си почнат од таму. Никому дома не му треба оружје. НИКОМУ. Ни во сеф, ни без сеф. А потоа не Србите, цел цивилизиран (и ова веќе е прашање) свет да се почукне по глава што сервираме на децата. Кои вредности се пофалени. Што е важно да бидеш. . Летоска во Цеље имаше масакр. Не од дете. Пред 1 недела во сред Скопје 13 годишник силуваше дете. Некаде гадно грешиме. Ние, возрасните. Не децата.
Да де, знаеме дека малиот одел на психолози. И потоа назад кај што бил тригерот. Не викам дека немал психопатски тенденции, имал. Само што наместо да се помогне, го тонеле и тонеле се' повеќе, мајка му и татко му вклучително. . Во основно имав пресиромашно дете. Наставничката пошо тогаш не беше забрането наставник да воспитува, при секое малтретирање (во негово отсуство) на цело одделение ни' држеше предавање зошто не е ок нашето колективно однесување кон него. Не' научи да делиме од џепарацот за да му купиме патики. Вивидно памтам. И памтам дека во тоа одделение, барем повеќето, не станаа дегени. Сакам да верувам дека и на мене влијаеше подоцна во средно во слична ситуација да не скокнам на bandwagon и да заебавам девојче, него обратната страна да ја одберам. Реков... наставниците пак да бидат авторитет и да воспитуваат. Не може се' на совест и свест на родител. Оти секој може да биде родител. Не секој може да биде добар родител.
Не ти е, ама А1 затоа на срч на најјакото. Од ова, видов дека бил во психоза, во даден момент се освестил, му преовладал разум и повикал полиција... Типично... Сигурно очекуваше малиот да рече - па да, можда некад го заебававме дека е штребер.
2 минути после директорката ѕвонел. . А за вие што се чудите на смеењето. Озбилно мислите дека децава што во моментот не знаат дали се следни, навистина им е смешно? Онака, не знаеш дали за 3 минути од сега ќе умреш, стварно ти е смешно? Многу површно дечки.
Изјавил во полиција дека нема каење за убиствата. Пола од убиените девојчиња не се на списокот за убивање. И чуварот исто. Толку долго планирање, па и скица и списоци не ми изгледа за моментална психоза. Нешто подлабоко има.
Има изјави пред камера (заматени ликови) на ученици кои кажуваат дека бил малтретиран и повлечен. А има и нели, историја дека е префрлан во друго одделение поради врсничко насилство. Чисто да се знае, кога жртвата е префрлена, тоа го доживува како казна кон неа, а не кон насилниците и не осеќа правда. И не греши. Многу е различно како перцепира возрасен и дете. На тоа дете посебно што го интересирало наука, и те каков удар му било тоа префрлање. На сите деца е. Линија на помал отпор е префрлање, чисто како совет, ако децата ви се малтретирани, борете се со системот иако е очајна битка, не помагате баш многу со префрлање. Да, ќе ги нема тие насилници, ама трајна штета се прави на детето што е малтретирано, онака, доживотно да мисли дека е во него проблемот што е малтретирано, посебно кога виновниците продолжуваат како ништо да не било. Утре посериозно ќе му наштети некој (ај да речеме силува), и нема ни да пријави, или ќе ќути и трпи или ќе возврати со насилство еден ден. Школото е мини општество, никогаш не одете по линија на помал отпор. Па таман дете на претседател да е насилникот.
Страв ми е до работа да отидам веќе, а не пак светот да го шетам. Страв ми е од денешните деца(и општо од луѓето), не само за булинг, општо се чудни, непредвидливи, невоспитани и прават бесмислени работи, проститулук невиден. Родителите се гордеат со тоа очигледно.
Има, допрва ќе копаат и надежно ќе ископаат. Со волку малку точни ресурси поголеми се шансите да тргнал со умисла, но во моментот "планот" да му станал небитен. Туку исфрлање на тлеен бес да преовладал, кон секого, и недолжни тотално. Ќе дознаеме секако.
Тоа да, затоа шо треба да е филм за да излезе по планот, како прво дете е, а како второ реалност е. Не е режисер. 100% сум сигурна дека тежнеел во моментот да си го извади бесот за жал на тој свиреп начин, бидејки секако бил вооружен.
А бе да се чудиш. Преизненадени дека пази родители на деца биле гневни од настанов. Да си родител на дете и да ти го убијат и да те суди општеството ако покажеш гнев и лутина. Никој не оправдува булинг, да можев дел од душава да дадам за да нема врсничко насилство, одма ќе дадев. Можеш да не оправдуваш булинг и во исто време можеш да си гневен ако ти го земат најмилото. Па како можеле крволочни да се, без емпатија и што се не изпрочитав, дечкиии, остајте ги родителите на секое дете денес да си ја процесира секоја емоција, да си поплаче, да си опцуе и не кажувајте како треба да се осеќа некој на кој реално не му знаете како му е во кожата туку само филозофски муабети.
Па тие психотични тенденции не се од вчера.Чим очигледни биле таквите тенденции зошто детево ни примало терапија ? Кој тоа рекол дека само со разговор ќе се подобри состојбата на детето ? Психијатарот или таткото ? Од кога тоа за психотични тенденции не се пие соодветна терапија ? Не ќе да е проблемот само во булингот.
Agree. Реално е да се мине низ разно разни емоции и да не се потиснуваат никако, само во граници на самоконтрола да биде(во краен случај да се има надзор од психолог), да не дојде до дополнителни убиства/одмазди. Само така за нијанса полесно ќе се преброди најтешкиот период. Сите што се глупират дека тоа е недолично, едуцирајте се барем малку повеќе, општа психологија. Тотално нездраво е да се потиснуваат емоциите(дури и кога не го решаваат проблемот) кога најмногу се чувствуваат.
Ахам ,размазени се зошто не можат да трпат булинг checked. Па според коментарите во темава изгледа требало да се самоубие поради булингот тогаш ќе бил жртва Институциите спијат ,детето не е психопат туку е жртва на системот ,човековата психологија е многу комплексна и не секој се соочува исто со проблемите ,во случајов со психичко и физичко малтретирање. Психолозите во училиштата не знам зошто уопште постојат кога ништо не прават си дремат без врска. Се додека ништо не се превзема и се коментира "и мене ме булинуваа па ништо не ми е" ќе си има уште многу вакви дешавки. Детето е психички и физички малтретирано истрауматизирано ,колку треба некого психички да уништиш за да посегне по такво нешто? Треба вакво нешто да се случи за да се реагира?
дете од угледни и школовани родители, финансиски стабилни, го научиле на правилни вредности, да научи да ракува со огнено оружје. Трауматизирање е неизлечливи болести дома да гледаш пред свои очи, да немаш што да јадеш, на студ да немаш што да облечеш, да живееш со пијаница, коцкар, семејно насилство, силување, педофилија, пожар до темел да ти изгори куќата …и до утре вака… траума не е кец по историја, прекар бубалица, јер друго нешто официјално и конкретно не излезе, ако имало булинг што конкретно никој ништо не изнесе