Се додека не го сфаќате сериозно буллингот и како може да влијае на психата и да поремети човек ,уште многу school shootings ќе има.
изјавија дека ова е прв ваков случај во Србија, а кај нас фала му на бога немало, чиниш секој ден се среќаваме со пукање во училишта, а булинг на сите страни кај и да се свртиш по школите, вакви случаеви само стручно лице може да каже што се случува во психата на детево, далеку подлабок проблем лежи
Детето дошло до точка на "пукање", при што и буквално пукаше. Да се самоубиеше, ќе беше уште еден во низата и никому ништо. Проблемот ставен под тепих по милионити пат. Сега треба сите да си стават (ставиме) прст во чело и да се започне проблемите од корен да се решаваат. Баш е таа, упорно се зборува за менување чорапи, а нозете никако да ги измиеме.
Траума е се што ти направило да се осетиш многу лошо, а да се плашиш постојано од истото. Без разлика што и да е. Различно ја прифаќаме тежината на различните проблеми. За некој кец по математика е најголема траума што ја доживеал, а за друг смртта на близок. Можеби да бил од посиромашна фамилија што не поседува оружје немало да пука, можеби на друг начин ќе нападнел со нож можеби или било како. Секое дете различно ги процесира булинзите, зависи како и со што е одгледувано цело време и со какви пријатели е опкружен. Што најмногу гледа и учи од секаде. @Medea. Со самото убиство и изјава дека не чувствува каење се потврдува дека е психопат, иако воедно е и жртва на системот. @Misskirova Сега булингот е далеку понапреден, има повеќе “материјал за исмевање и напаѓање” отколку во твоето време. А, шо има врска времето, значи ли дека мора да постои и да се трпи сето ова? Како минуваат годините се полошо ќе биде во училиштата, а и општо меѓу децата ако со ваков mindset се продолжи.
Абе ај ако не и доктори да бидеме и да препишеме терапија, сакаш? Сфаќаш каде е проблемот или јок? Психопатските тенденции (макар не би залепила одма психопат на дете, има тука доста нарушувања други) не се очигледни. Не секое повлечено дете ги има. Ова конкретно дете до сега НЕМАЛО проблем со поведение. Многу деца имаат психички проблеми, тоа што повеќето родители се прават наудрени е друга тема. Што не значи дека ќе станат насилни, а не па масакри да прават. Да не зборам дека ако детето ти е "немирно", и пикаш под тепих девијантно однесување оти "само деца се", и те како храниш и придонесуваш на вакви (и слични) настани. Јас уште не сум доживеала родител на були да каже моево дете е були. Гуес вај, родителот е такоЏе були. Не може да шибаме деца со терапии зашо се депресивни што се отфрлени (толку за детево знаеме). За сега знаеме само дека "добростоечкото" семејство е толку сјебано, а и тие нечии були деца, исто така, некој заборавил дека треба да ги воспита.
Некој може и да е невин, а да признае убиство, тоа не го прави навистина убиец. Зборови на 14 годишник сведени на "не се каам" не ми паѓа на памет да ги земам за релевантни за крајна "дијагноза". И Србија има и те како добри психијатри, нека си проценат сами дали е или не е психопат, впрочем "психопат" ништо посебно не ни значи, пун курац ги има па не масакрираат. Можеме да му ги нагаѓаме дијагнозите, секако ќе биде детално истражен.
Прочитав дека е дете на разведени родители.Не се знае и дома он што гледал можеби кавги на родители.Во училиште трпел булинг секојдневно.Бил одличен ученик одел на натпревари,спорт, глума.Можеби мислел дека е сам, дека нема кој да го заштити, немал можеби доволно посветеност и внимание од родители и на кого да се искаже што го мачи.Ама ова никако не разбирам како можел да го носи татко му на стрелање, не е место за деца и да држи оружје да го учи да ракува со него.Што му барале дома толку пиштоли и детето да ја знае шифрата на сефот.Многу има невоспитани деца што навредуваат, сакаат физички да напаѓаат, се исмејуваат, се натпреваруваат кој поскапо марка ќе биде облечен, најнови телефони, чив родител кој, што работи.Наставниците не се како порано што биле и они каде имаат корист и кој родител е на јака функција тоа дете им е најдобро, најфалено и заштитено имаат и страв од некои родители.Кога без срам и за 8-Март бараат скапи подароци и отворено кажуваат што да им се купи.Кога некое дете трпи булинг тоа не го приметуваат, а има и наставници што гледале на часови булинг и се придружувале со подсмев, иронија и навреди врз тој ученик повреден а секогаш биле деца од ранливи семејства.Имаше и наставнички што училиштето им беше како модна писта за да се дотераат и да ни кажуваат цел час кај биле на викенд, колку имаат што и каде.Дури бевме и секојдневно масажери и се укочил вратот на наставничката и добро не научила во случај некој да влезе на час една демек брише табла, а друга демек одговара пред табла,па лакирање нокти и ако некој не слуша мава од катедра со пенкало, ленир, креда по глава.Па и се пријало ѓеврек и јогуртче и праќа ученик да и купува.Дури ни ја предвидуваа судбината во иднина кој ученик што ќе бил по професија со подсмев па и со прашање што ти работи родителот така се трансформира и оценка. Баш добро би било кога би можело да се има камери во училници и да може секој родител да следи како се одвива наставата.Голема чистка треба во образованието доста е веќе политика, врски и наследен стол на мама, тато и школовање со купена диплома.Родителите убаво да зборат со свои деца, да ги учат да имаат прво основна култура и на волшебните зборови "Добро утро, Добар ден, Благодарам, Извенете".Да го научат детето кога некое другарче нема нешто од училишен прибор да му се позајми,ако треба да му помогне за нешто, ако нема ужинка да ја поделат.Родителите да ги контролираат да бидат во тек со училиште, домашни задачи, кои се другарчињата, да се има дисциплина.Децата ги уништија со телефони и игри понервозни се, видот го уништуваат.Да може детето да се повери на родителот за било што без да му се вика и одма критикува.Да се има трпение без да го преќинува, можеби баш кога треба да се искаже најбитното родителот го преќинува и не е доискажано останало во детенцето.Жално отидоа многу животи недолжни и дете си ги зацрне рацете со оружје и крв и судбината ја запечати за цел живот.
Ако глуми дека не се кае тогаш имаш право. Детето после тоа веќе секако е социопат како последица на траума и физичко/психичко малтертирање. Баш ме интересира крајниот исход каков ќе биде, многу ме интересираат детали како размислувал тогаш, зошто така постапил, детали за родителот… сигурно и ќе потрае.
Мене ме тепаше едно девојче во прва средно. Причина? Немаше. Бев тивка и повлечена. Не ми паднало на памет да посегнам по оружје. Ич не ми е гајле "ама булинг, ама секој различно реагира, ама ова ама она..." си го планирал убиството, си имал листа, скица, оружје подготвено. Му нема рехабилитација. Зад решетки нека скапува.
Апсолутно. Плус го читав Вучиќ, вели детево рекло дека тешко дишело додека го вршело делото и дека повикало полиција оти мислело дека така е правилно. Па и не дека нема воопшто каење. Мислам, не е само “не се каам” не каење. Допрва ќе се анализира секој детал. Друга работа, ние сигурно нема ни да знаеме кое психолошко нарушување го има и што точно довело до ова девијантно однесување. Факт е дека психолошките нарушувања се земаат како “олеснителна околност” во ситуации како оваа за да се избегне затвор, па наместо тоа да оди во друга институција. Иако под овие околности не може кривично да се гони во овој момент, сепак може јавно да му препишат дијагноза за да му го олесни процесот по полнолетство. Значи ние секако ќе си останеме на муабет со претпоставки, оти сите информации треба да се земаат со резерва. Мора да сме свесни дека особено од сега па натака се што официјално ќе се пласира во јавноста ќе биде стопати премислено и премерено, а и детето секако ќе го штитат од јавен линч.
Тешко на тие што ќе земаат пример од тебе. Терај така ништо против немам, ама не кревај галама кога ќе видиш ваквк случки. Оружје во минатото имало во секоја куќа и не сум слушнала дете да земе и да решета се пред себе. Проблемот не е во тоа што има оружје. Ако е така треба ли забраниме ножеви? Пошто масакр може и со нож да се изврши.
Звучиш како родителите што ги тепаат децата и се правдаат со тоа што викаат па и мене ме тепаа еве што ми фали.
Точно.Коста е првата жртва.После трагедијава, сите треба да се запрашаме какво општество имаме.Колку самоубиства од истото ова.Да се самоубиеше, ќе беше и уште еден во низата , од премногу слаби и емотивни луѓе.Може е бизарно,но од се срце посакувам овој немил настан ,да не ОСВЕСТИ!!! Тешко ,претешко. Не ниту детето криво ,ниту другите.Нашето општество ,кај што ако си добар и љубезен ,од старт си сјебан.Семејства без љубов и семејни вредности.Само пари и моќ.Врски за на школо, по лекари ...несоодветен кадар.Родители што си се восхитуваат што нивно дете малтретира друго.Во фазон "браво сине, не биди глуп". Станавме хиени.Емпатија нула,човечност исто.Тие деца учат од нас. Многу ме погоди ова.Жален ден.
Како можете бе за некој кој ладнокрвно убива 9 лица и притоа дава изјави дека не се кае ДА КАЖЕТЕ ДЕКА Е ЖРТВА ? КАКО? Сведоци кажуваат дека одредени деца не сакале да се дружат со него и го избегнувале. Мене знаете ли колку деца ме избегнувале ? Требаше ли да ги масакрирам? А? Доста веќе . Не може сите да те сакаат и да се дружат со тебе . Ќе има такви кои ке те избегнуваат . И тоа е сосем нормално. И тоа она на кое треба да си ги учиме децата . За жал ,нема сите да ги сакаат.
Не знам ете ваљда нешто не е океј со нас што не сме решиле да ги убиеме сите што ни згрешиле. План ми е клучниот збор тука.Бидејќи имаш време да се предомислиш, не се предомислуваш, продолжуваш со планот. Сакаш да извршиш убиство. Може ќе се јави некој да објасни зошто. Зборувам како некој со неконтролирана лутина и испади. Одам кај психијатар, земам лекови, не се грижете не сум опасна по никој. Единствено разбирам убиство од самоодбрана. Веќе има нешто што изгледаат како фан страници на инстаграм. Spoiler: се намачив со спојлеров не знам како се става Али океј. Ајде да нормализираме убиства. Секој што ќе ти згреши - куршумот. И да не е крив и да се нашол на погрешно место во погрешно време, ти си тука жртва пак нели.
А наставничката по историја која што му ставила еден па ја упукал? Сакаш да кажеш дека не била она таргетирана? Замисли на дете со 5.00 просек она да стави еден. Па крај на свет. Значи после ова наставниците да се запрашаат кому ставаат оценка еден за незнаење. Плус што бил син на познат радиолог. Не знам стварно, мене ова не ми изгледа како да е последица од булинг. Да му пукнел филмот, да дошол и почнал да стрела се по ред би разбрала ама ова со планирано се на хартија, па уште и англицизми од типот primary target, first floor, мене ми укажува дека имал искривена перцепција за реалноста и дека не бил свесен ни за состојбата ни за последиците. И фактот што сам повикал полиција....
Сешто може да се каже сега за неговиот психолошки профил и да се товари со дијагнози и нарушувања, меѓутоа едно е клучно и сигурно во сето ова. Детево редовно било носено на стрелиште заедно со родител!!! Изјавено од српско министерство, не од квази портали. Каков сака добар човек нека е татко му, овој детал кажува се што треба да знаеме за ова семејство. Што работа има малолетник со оружје? Со пристап до оружје дома?? Ама под шифра било во сеф. Јеа, како да тоа ќе го спречи, еден фрлен поглед додека тато го отвора сефот и пристапот е овозможен... Мајндсетот на детево е поттикнуван да размислува за убиство. Што ќе му е на дете да знае да ракува со оружје (како професионалец, at that) и сам да знае да прави молотови коктели??